TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Идно минато

Вест - 19.02.2005

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Кога државата не можеше да влезе во Кондово, зошто би можела да ја пробие и блокадата кај Чешиново 1 Половина од власта ни се на некакви црни листи, а само судиите се вознемириле. Зошто паника? Цел свет ни кажува дека судството ни е одлично, само Американците ...

Битката изгубена, борбата за општина не

Дневник - 19.02.2005

ЧЕШИНОВЦИ ГИ ТРГНАА БАРИКАДИТЕ Чешиновци вчера ги тргнаа барикадите од магистралниот пат и го прекинаа протестот, кој траеше 23 дена. Стотината трактори и комбајни тргнаа кон Чешиново и околните села, а демонстрантите разочарано порачаа дека ја изгубиле битката, но дека борбата за Општината ...

Чешиновци ја деблокираа магистралата Штип - Кочани

Утрински - 19.02.2005

Вчера заврши 23-дневниот протест на жителите од Чешиново Оваа битка ја загубивме, но борбата за Чешиново како општина продолжува и понатаму, порачаа вчера чешиновци Иван Бојаџиски ШТИП - Вчера околу 11 часот жителите на Чешиново ја прекинаа 23-дневната блокада на магистралниот пат Штип - Кочани - ...

На нов референдум ќе се решава за седиштето

Време - 19.02.2005

ЧЕШИНОВЦИ ЈА ТРГНАА БЛОКАДАТА ОД ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ Жителите на Чешиново ја тргнаа блокадата од патот Штип - Кочани, се оградија од палењето на државното знаме, им се извинија на патниците и по локалните избори ќе одржат референдум за седиштето на општината.

Чешиновци се повлекоа

Вечер Прес - 19.02.2005

По 22-дневна одисеја на поларни студови, Чешиновци вчера ја прекинаа блокадата и се повлекоа од регионалниот пат. Градоначалникот на Општина Чешиново, Игор Манов, најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд, од кого ќе бара да се оспори законитоста на измените во Законот за територијална ...

Чешиновци ја прекинаа 23-дневната блокада

А1 - 18.02.2005

Главната сообраќајница во источниот регион е целосно ослободена и 10 часот претпладне на М-5 се случува нормална фрекфенција на сообраќајот. На жителите на Чешиново, кои во изминативе 23 деноноќија, преку континуирана блокада протестираа против укинувањето на нивната општина, им беше потребен само ...

Чешиновци го запалија државното знаме

Дневник - 18.02.2005

РЕВОЛТ ПО ОДЛУКАТА НА СОБРАНИЕТО Чешиновци на барикадите ги запалија и државното и сите партиски знамиња веднаш штом Собранието одлучи да го прифати владиниот предлог седиштето на општината да биде во Облешево. Демонстрантите на регионалниот пат ги изгореа своите партиски книшки, поставија дрвен ...

Во Чешиново се палеа државни знамиња и партиски книшки

Утрински - 18.02.2005

По одлуката на парламентот, на магистралата излегоа 2.000 граѓани да протестираат Приказната за чешиновскиот непокор не е завршена и Чешиново допрва ќе го брани своето право на општина, вели Маре Јордева Иван Бојаџиски ШТИП - Вчерашната одлука на Собранието на Македонија со која на Чешиново му се ...

Чешиновци ќе чекаат со сила да ги тргнат од патот

Време - 18.02.2005

ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗГЛАСАА ОПШТИНА ВО ОБЛЕШЕВО Жителите на Чешиново се закануваат со радикални протести откако Собранието вчера го прифати предлогот на Владата новата општина да се вика Чешиново-Облешево, а нејзиното седиште да биде во Облешево. - Сега револтот е уште поголем.

Деблокирана магистралата Штип Кочани. Чешиновци се повлекoа, преку референдум по изборите ке го кажеле својот став

Канал5 - 18.02.2005

Жителите на Чешиново ја остранија блокадата на магистралниот пат Штип- Кочани.. По три недели секојдневни протести тие денеска го прифатија владиниот предлог, по локалните избори да одржат референдум за иднината на општината..

Собранието не попушти на притисокот на чешиновци

Утрински - 18.02.2005

Усвоени измени на Законот за територијална организација Собранието вчера не попушти на притисоците на чешиновци, кои подолго време го држат под блокада магистралниот пат Штип - Делчево, и со 55 гласа “зааа” и еден воздржан ги усвои измените на Законот за територијална организација, со кои се ...

Чешиновци ги искршија телевизорите, а на Бучко му запалија свеќи

Вест - 18.02.2005

ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ОТСЕЧЕНА Чешиновци најавија дека патот Штип - Кочани ќе се одблокира само ако некој од Владата им вети дека на претстојните локални избори ќе има и трето ливче за изјаснување на граѓаните каде сакаат да биде седиштето Откако заврши парламентарната седница на која ...

Можен прекин на блокадите кај Чешиново

А1 - 17.02.2005

Блокадата на главната сообраќајница во источниот регион од пред половина час е половично ослободена од барикадите. Функционира само едната коловозна лента на која има голема фреквенција на возила од кои најмногу камиони во неколку километарски колони.

Собранието донесе одлука седиштето да биде во Облешево

А1 - 17.02.2005

Собранието пресече, Облешевци и Чешиновци ќе имаат една општина. Мнозинството го прифати владиниот предлог за измени на законот за територијална организација со кој се формира општина Чешиново-Облешево со седиште во Облешево.

Свирежи и аплаузи за пратениците

Дневник - 17.02.2005

ЧЕШИНОВО Околу 200 чешиновци вчера на блокадите го следеа директниот телевизиски пренос од собраниската седница, на телевизор поставен на еден од камионите. Одекнуваа аплаузи или свирежи за пратениците, во зависност од тоа дали зборуваа во прилог или против барањата на чешиновци.

Чешиново ќе испровоцира блокади во западна Македонија

Утрински - 17.02.2005

Пратеник од ДПА предупреди да не се попушта под притисокот на чешиновци Пратеникот од ДПА, Џевдет Насуфи, вчера во Собранието предупреди дека не смеат да се прават корекции на новата територијална поделба под притисок на жителите на Чешиново.

Парламентот пресече, седиштето на новата општина ќе биде Облешево а ќе се вика Чешиново -Облешево

Канал5 - 17.02.2005

Парламентот пресече.. Седиштето на новата општината ќе биде во Облешево, а ќе го носи името Чешиново - Облешево.. Опозицијата не гласаше за владиниот предлог.. Ја напушти собраниската сала пред изјаснувањето.. Претходно, заменик министерката з Парламентот пресече..

Бизнисмените бараат итен прекин на блокадата кај Чешиново

Време - 17.02.2005

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА Овој проблем мора да се реши итно за да се спречат понатамошните штетни последици врз стопанството и врз другите сегменти од животот, предупредуваат бизнисмените и граѓаните од повеќе града во источна Македонија.

Од Брисел до Чешиново

Утрински - 17.02.2005

Ерол Ризаов По историскиот ден во Брисел нашата делегација се враќа дома со полни едра и со многу реални надежи за европската иднина на Македонија. Предавањето на прашалникот на администрацијата на ЕУ сите го доживеавме како прва страница на македонскиот пат кон Европа.

„Ќе се тепаме и со војската и со полицијата!“

Време - 17.02.2005

ВОЈНАТА ЗА ЧЕШИНОВО НА ТРИ ФРОНТА Жителите на Чешиново вчера се заканија дека ќе ги бранат „ако треба и со сила“ своите барикади на патот Штип-Кочани, додека пратениците во Парламентот жестоко расправаа за спорното седиште на нивната општина, а локалните стопанственици се заканија дека ќе ги ...

Жителите на Чешиново го запалија државното знаме откога собранието не го усвои амандманот за опстојувањето на нивната ...

Канал5 - 17.02.2005

Жителите на Чешиново го запалија државното знаме откога собранието не го усвои амандманот за опстојувањето на нивната општина.. Во неконтролиран револт тие денеска на блокадата на магистралата не ги пропуштаа ниту амбулантните коли и се заканија со граѓан Жителите на Чешиново го запалија државното ...

РЕФЕРЕНДУМ ЗА СЕДИШТЕТО НА ОБЛЕШЕВО-ЧЕШИНОВО

Вечер Прес - 17.02.2005

Собранието на Република Македонија вчера расправаше за предлогот на ВМРО-Народна ,Чешиново и Облешево да останат посебни општини, а по четири години да остане само онаа што ќе може да функционира самостојно. Ставот на парламентарното мнозинство и на Владата е новата општина да се вика ...

Операција Чешиново

Вечер Прес - 17.02.2005

ПИШУВА: Емил СТЕРЈЕВСКИ Може да е само една од класичните македонски приказни како онаа за Прилеп и Битола, за Струга и Охрид, за Гостивар и Тетово, за Љубојно и Брајчино, за козата на соседот, за прлето и магарето, но може да е и тажна приказна за гледањето сеир и за хроничната немоќ на државата и ...

Стопанствениците бараат блокадите кај Чешиново да престанат

А1 - 16.02.2005

И додека Парламентот дебатираше за проблемот, огромна колона патнички и товарни возила и автобуси и денеска застана на блокадите кај Чешиново. Стопанствениците од регионот, поради блокадите што ги трпат, бараат блокадите да престанат.

Во Собранието расправа за Чешиново и Облешево

А1 - 16.02.2005

Чешиново и Облешево да бидат две посебни општини. Ова е амандманот што низ жолчната собраниска дебата го бранеше опозицијата, како алтернатива на владиниот предлог, тие да останат единствена општина Чешиново-Облешево, со седиште во Облешево.

Инциденти помеѓу патниците и демонстрантите

Дневник - 16.02.2005

БЛОКАДА КАЈ ЧЕШИНОВО Целосната блокада на магистралниот пат Штип - Кочани - Делчево, која вчера во 7 часот ја почнаа чешиновци, создаде километарски колони возила и голема нервоза кај возачите и патниците. Вчера во последен момент биле спречени два инцидента.

Отворено писмо до Владата, Чешиново и Облешево

Дневник - 16.02.2005

Писмо Соочени со дваесетдневната блокада на магистралниот пат М-5, која граѓаните на Чешиново ја спроведуваат се поригорозно, стопанствениците и граѓаните од Регионот во писмена форма и се обраќаат на Владата на Република Македонија со повик овој сериозен проблем да се реши итно за да се спречат ...

Полицаец и патници им се спротивставија на чешиновци

Време - 16.02.2005

ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ Два инциденти без посериозни последици се случија вчера на магистралниот пат Штип-Кочани, поради револт на патниците кон жителите на Чешиново. Чешиновци целосно го блокираа патот очекувајќи го исходот од вчерашната собраниска седница, на која пратениците ...

Што треба да се случи за да се одблокира патотот Штип - Кочани?

Вест - 16.02.2005

БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА РЕВОЛТИРАНИ ОД ИНДОЛЕНТНИОТ ОДНОС НА ВЛАДАТА КОН БЛОКАДИТЕ НА ЧЕШИНОВЦИ Стопанствениците отворено се прашуваат кој ќе им ги надомести штетите кои со одолговлекувањето на блокадата на патот се се поголеми Стопанствениците од источна Македонија изразуваат ...

Беровци и виничани се обиделе да ги турнат тракторите во нивите

Утрински - 16.02.2005

На дваесеттиот ден од блокадата на магистралата кај Чешиново имаше два инцидента Педесетина момчиња стасале со повеќе возила и започнале да ги туркаат тракторите од патот во оризовите ниви Иван Бојаџиски ШТИП - Вчера, на 19. ден од блокадата на магистралниот пат Штип - Кочани, се случија два ...

Чешиновско-облешевската одисеја стигна до собранието..

Канал5 - 16.02.2005

Уличната од денеска стана и парламентарна демократија.. Пермутации на тема Облешево - Чешиново, Чешиново - Облешево.. Опозицијата е за опстанок на двете општини, бидејќи како што тврди така најлесно ќе се реши проблемот кој со блокадите на патиштата ги на Уличната од денеска стана и парламентарна ...

Секој на своја страна

Вечер Прес - 16.02.2005

Во Собранието на Република Македонија вчера беа доставени две одделни декларации од Облешево и од Чешиново. Во декларацијата што ја испратија жителите на Облешево се известува дека тие уште на 28 ноември минатата година спровеле успешен референдум и, според резултатите од него, името на ...

Чешиновци целосно го блокираа сообраќајот

А1 - 15.02.2005

Од 6.30 минути утринава па се до овој момент не функционира главната сообраќајница во источниот регион. Освен возилата за итна помош жителите на Чешиново не дозволуваат преку барикадите да поминат ниту припадниците на АРМ, граничната полиција и полицијата од другите градови.

Чешиновци денеска со телевизорите на магистралата

Утрински - 15.02.2005

Патот Кочани - Штип блокиран трета недела ШТИП - Чешиновци денеска ќе постават неколку телевизори на магистралата Штип - Кочани за да можат групно да ја следат седницата на Собранието на Македонија, на која ќе се расправа и за нивниот проблем.

Со блокада против "Бучково село"

Дневник - 15.02.2005

ЧЕШИНОВО Одборот за протести на Чешиново вчера одлучил од денеска во 7 часот целосно да го блокираат магистралниот пат Штип-Кочани-Делчево. Ако Собранието денеска го усвои предлогот на Владата за измени на Законот за територијалната организација, со кој општината би се преименувала од Чешиново во ...

Владата не направи бунтовници и Ескими

Дневник - 14.02.2005

ЧЕШИНОВЦИ СЕ ЗАКАНУВААТ СПРОТИ УТРЕШНИОТ ДЕН "Д" Чешиновци со нетрпение го очекуваат утрешниот ден, кога пред пратениците треба да се најде предлогот на Владата за измени на Законот за територијалната организација, според кој Општината Чешиново треба да се преименува во Чешиново-Облешево, а ...