TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Околу 75 отсто уништен родот во општината

Време - 15.09.2007

ШТЕТИ ВО КРИВОГАШТАНСКО Околу 3,2 милиони евра изнесува штетата на земјоделските култури во општината Кривогаштани од августовското невреме. Просечен процент на штетата во општината е 75 отсто. Најголеми штети има во селото Крушеани, каде што родот на пиперките и тутунот е сто отсто уништен.

Еднократна помош добија пензионери без бавчи, пиперки и тутун

Време - 14.09.2007

ОШТЕТЕНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД КРИВОГАШТАНИ ТВРДАТ Децата ни ги бркаат од училиште бидејќи одат без чанти и книги, а ние немаме пари за леб, се жалат оштетените земјоделци од невремето во Кривогаштанско. Околу 120 семејства немаат добиено еднократна парична помош, која Владата им ја додели на земјоделците ...

Повеќе од 200 земјоделци од Кривогаштани и од Крушеани и денеска протестираа пред општината

Канал5 - 14.09.2007

Незадоволни од официјалните процени и од вчерашната одлуката на советот на Општина Кривогаштани, земјоделците да бидат обесштетени со 3 милиони и 200 илјади евра,денеска близу 200 градинари и тутунари повторно протестираа пред Општинската зграда.

Штетата во Кривогаштани е 3 милиони и 150 илјади евра

А1 - 13.09.2007

Конечно заврши проценката на штетата од невремето во општина Кривогаштани. Комисијата соопшти дека таа изнесува 3 милиони и 150 илјади евра. Оштетени се 1.400 семејства со 840 хектари површина и уништени се над 7.000 тони земјоделски култури. Просечната оштетеност на целата општина е 75%.

Три милиони 200 илјади евра е проценетата штета од невремето во Кривогаштани

Канал5 - 13.09.2007

Невремето што пред месец го зафати кривогаштанскиот регион предизвика штета од 3 милиони и 200 илјади евра. На 840 хектари уништени се 7000 тони градинарски производи и тутун. По извештаите од комисиите и барањето владата непосредно да им ја плати штетата на земјоделците оти општинската сметка е ...

Настраданите во Кривогаштанско бараат обесштетување

Утрински - 12.09.2007

ПРИЛЕП - Жителите на најзагрозените семејства кои претрпеа огромни штети во невремето што речиси пред еден месец го зафати кривогаштанскиот регион, вчера се собраа на мирен протест пред зградата на локалната самоуправа во Кривогаштани, манифестирајќи го незадоволството зашто, според нив, еднократна ...

Кривогаштанци бараат отштета од државата

Дневник - 12.09.2007

Педесетина земјоделци од Кривогаштани вчера протестираа барајќи еднократна државна помош од 14.400 денари, колку што добија производителите чии посеви беа оштетени од неодамнешното невреме. Според нив, отштета не добиле околу 120 семејства иако имале право, а пари им беа дадени на 910 земјоделци.

Кривогаштанци бараат ревизија на помошта

А1 - 11.09.2007

Врие во Кривогаштани, дел од жителите денеска излегоа на протести пред општината, барајќи ревизија на доделувањето на еднократната парична помош. Обвинуваат дека некои фамилии добиле и по три пати еднократна помош, а 120 семејства кои живеат само од земјоделство немаат земено ниту денар.