TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжија протестите на вработените во „Стратус“

А1 - 15.03.2006

Протести на вработените во „Стратус“. И денеска пред просториите на фирмата го изразија своето незадоволство од односот на пазарната инспекција, која при неодамнешната акција ја затвори фабриката од технички причини. Вработените стравуваат за своите работни места.

Пазарната инспекција нашла неправилности во фирмите на Рамковски

Утрински - 15.03.2006

Инспекциските органи констатирале пропусти и непочитување на законите СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Неисполнети минимални технички услови во работењето, немање декларации на македонски јазик и на кирилично писмо на производите и непријавена евиденција за вршење трговија на големо се пропустите што ги најде ...

Државата со години го штитела Велија

Вест - 15.03.2006

ПОВРЗАНИТЕ ФИРМИ "СТРАТУС", "УНИПРОКОМ ВЕМАКС", "АКСТРА ТРЕЈД", "АКС-СТРА" и "ХЕДИС" ПРОИЗВЕДУВАЛЕ И СКЛАДИРАЛЕ ВО ИСТА ПРОСТОРИЈА Во една просторија на улица Перо Наков број 60 во Скопје, петте фирми на Рамковски со години произведуваат и тргуваат со смоки, алва, чоколатца, бонбони и други ...

Откриени неправилности во пет фирми

Време - 15.03.2006

ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ Кај фирмите „Стратус“, „Уни Проком Вемакс“, „Акс-стра“, „Акстра-трејд“ и „Хедис“, сите лоцирани на улицата Перо Наков број 60, утврдени се неправилности во работењето, соопшти вчера Државниот пазарен инспекторат по контролите извршени од седми до десетти овој месец.

Затворени пет фирми во А1-телевизија

Дневник - 15.03.2006

ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА Пазарните инспектори затворија пет фирми сместени во просториите на А1-телевизија, јави МИА. - Инспекторите утврдиле дека фирмите "Стратус", "Уни проком вемакс", "Акс-стра", "Акстра-трејд" и "Хедис" не пријавиле минимални технички услови за работа, немаат материјална евиденција ...

10 дена „Стратус“ затворен од власта

А1 - 14.03.2006

Наместо на работа вработените од „Стратус“ поминаа уште еден ден во кругот на фабриката. Протестираа за да ги чуе власта и да им ја отвори фабриката што им ја затвори пред десет дена. „Работниците остануваат надвор и така ќе биде се додека не се реши состојбата“, вели Жаклина Георгиевска, ...

„Владата да ни ги отвори фабриките, ние не сме политичари“

Време - 14.03.2006

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИРМИТЕ НА РАМКОВСКИ Стотина вработени од фирмите „Стратус“, „Уни проком Вемакс“, „Акс Астра“ и „Акстра трејд“, сместени во просториите на А1-телевизија, вчера протестираа пред работните места поради привремена забрана за работа изречена од Управата за јавни приходи.

Инспекторите ја затворија „Стратус“, вработените на протест

А1 - 13.03.2006

Со протести по парче леб. Наместо на работа, вработените во „Стратус“ денеска преседоа пред фабриката, откако инспекторите им ставија катанец на портите. Цела недела не работат, не им е јасно зошто е затворена нивната фабрика.

Протест оти Владата им ги затвори фабриките

Време - 13.03.2006

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИРМИТЕ НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ РЕВОЛТИРАНИ Стотина вработени во „Стратус“, „Уни проком Вемкас“, „Акс астра“ и „Акстра трејд“ денеска ќе протестираат пред кругот на фабриките што се наоѓаат во зградата на А1-телевизија.