TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се крои општинската карта на Македонија

А1 - 06.06.2004

На средбата кај Премиерот Костов коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и ЛДП треба да се договорат за пакетот закони за децентрализација. На маса се отворени и најспорните прашања за изгледот на општините Кичево и Струга, но и границата на општина Чаир.

СДСМ, ЛДП и ДУИ ги ставаат на маса Кичево и Струга

Утрински - 05.06.2004

Кабинетот на премиерот Хари Костов со експресна брзина го отвора децентрализацискиот пакет од триесетина закони Партнерите ќе разговараат за општините овој викенд КАТИЦА ЧАНГОВА Коалициските партнери во власта овој викенд ќе ги стават на маса своите предлози како да се најде лек за ...

Костов со коалицијата ќе крои територијална карта

Дневник - 05.06.2004

ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Оппадна варијантата Арачиново да се спои со Скопје Премиерот Хари Костов утре со претставници на СДСМ, ЛДП и ДУИ ќе ги усогласува ставовите за новата територијална поделба и за законите за децентрализација. Тројцата потпретседатели на социјалдемократите, Али Ахмети од ДУИ и Ристо ...

Хари премиер

Вест - 04.06.2004

ПРЕД ПОЛНОЌ ИЗБРАНА СТАРО-НОВАТА ВЛАДА Во кабинетот на Костов останаа сите министри од претходната влада на Бранко Црвенковски, а ново лице е само министерот за внатрешни работи Силјан Аврамовски, кој доаѓа од професионалниот состав на МВР.

Пазарните принципи приоритет за новиот премиер

Време - 04.06.2004

ИЗБРАНА ВЛАДАТА НА КОСТОВ Хари Костов стана премиер, а во неговиот кабинет остануваат истите министри од владата на Бранко Црвенковски, освен новиот министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски. Ваквиот владин состав завчера пред полноќ го изгласа Собранието, по тридневна бурна расправа.

На локалните избори не се избира премиер!

Утрински - 04.06.2004

Хари Костов Имаме концепциска разлика како треба натаму да се води државата. Нашиот пристап води кон пазарна економија со вклучување на слободата на претприемаштвото, гаранцијата за примена на правото, човековите слободи. И во самото воведно излагање кажав дека ова се само стратегиски цели на кои ...

Костов официјално седна на премиерската фотелја

Утрински - 04.06.2004

Прва седница на ново-стариот кабинет на извршната власт Хари Костов и официјално седна на премиерската фотелја. Ден по изборот на ново-стариот кабинет, претседателот на Владата и министрите вчера одржаа конститутивно-работна седница.

Избрана Владата на чело со Хари Костов

Утрински - 04.06.2004

По тридневна маратонска собраниска дебата еден час пред полноќ По тридневна маратонска и на моменти жестока дебата, во чиј тек беа искажани навреди, тешки квалификации и обвинувања, на адреса на владината коалиција, но и на екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, Собранието завчеравечер, околу ...

Мандатите на Хари

Дневник - 04.06.2004

Колумна - Стојан Андов Политика што од секого и сегде бара мир и покорност - од издаваштвото, преку медиумите, невладините организации, економијата, судството до синдикатите и опозицијата По "славниот" 15 септември по телефон ми се јави еден долгогодишен пријател од Брисел, уште активен во ...

Костов не вети бројки, туку многу работа

Дневник - 04.06.2004

ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА Опозицијата не присуствуваше на давањето свечена изјава Привлекување странски инвестиции, евроинтеграција, спроведување на Рамковниот договор и борба против организираниот криминал и корупцијата. Тоа се главните приоритети на Владата, кои новиот премиер Хари Костов ги објави ...

Собранието ја избра новата Влада на Хари Костов

А1 - 03.06.2004

Новата влада денеска ја одржа својата конститутивна седница. Костов седна на премиерската фотелја. По жестоките собраниски тридневни расправи Хари Костов успеа како четврти премиер по осамостојувањето од Македонија да ја формира 14-тата влада, која од претходната раководена од Бранко Црвенковски се ...

Костов од Македонија ќе направи бантустан, тврди Георгиевски

Утрински - 03.06.2004

Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието остро го нападна новиот манадатор ГЕОРГИЕВСКИ: Хари Костов е еден од главните виновници за востанувањето тоталитаризам ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Експремиерот и доскорешен поченсен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, вчера од собраниската говорница изјави ...

Костов го обвини Георгиевски за криминално владеење

Утрински - 03.06.2004

Жесток дуел меѓу експремиерот од Вмро-ДПМНЕ и мандатарот на новата Влада Костов го праша Георгиевски како купил вила на Водно со плата од 45.000 денари ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Љупчо Георгиевски со својот настап го испровоцира мандатарот Хари Костов да стане и од собраниската говорница да одговори на ...

За Костов пазарните принципи ќе бидат закон

Дневник - 03.06.2004

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА НОВАТА ВЛАДА Мандатарот Хари Костов вчера одговори на си-те обвинувања од опозицијата искажани во тридневната дискусија за избор на новата влада. Владата ќе се залага за спроведување на пазарните принципи каде ќе опстанат само оние фирми што умеат да работат, наспроти ...

Костов седна во фотељата на Црвенковски , Собранието ја избра новата Влада

Канал5 - 03.06.2004

Собранието на Република Македонија по тридневна расправа синоќа со 68 гласови “за” и 12 “против” ја избра новата Влада предложена од мандатарот Хари Костов. Попретседателот на Собранието ги прочита имињата на претседателот на Владата и министри Собранието на Република Македонија по тридневна ...

Вербална војна Костов-Георгиевски

А1 - 02.06.2004

Третиот ден од дебатата околу старо новиот владин кабинет на Костов конечно проговори и Љубчо Георгиевски. Во речиси едночасовното обракање Георгиевски од песимистичките прогнози дека Костов ке ја игра улогата за разнебитување на Македонија до лични оценки кој бил Костов и неговите ангажмани како ...

Опозицијата со жестоки критики на говорот на Костов

А1 - 02.06.2004

Собраниската седницата за избор на нова влада продолжи со жестоки критики на опозицијата. Тоа што ви се случи да ме наречете криминалец и убиец како пратеник и претставник на одредена партија во парламентот да не ви се случи уште еднаш, директно на мандатарот Костов му се обрати пратеникот Ѓорѓи ...

Црвенковски ќе реши каде ќе живее Костов

Време - 02.06.2004

ДОБИЈА НОВИ ФУНКЦИИ - НЕ ГИ СМЕНИЈА РЕЗИДЕНЦИИТЕ Александра М. Митевска Новиот претседател Бранко Црвенковски и идниот премиер Хари Костов продолжуваат да живеат на старите адреси. Тие ќе чекаат да се реши статусот на семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски за да се преселат во ...

Едноставна рамка...

Дневник - 02.06.2004

Колумна - Ѓунер Исмаил Значи, се на се г-дин Костов, сосема ги оправда очекувањата. Ќе се држи за континуитетот, а како ќе се најавуваат и појавуваат темите, каков ќе биде тактот, динамиката, ќе се компонира на друго место. Веројатно, строго му е напоменато, само една работа не ќе треба да прави! А ...

ДПМНЕ со остри критии за новиот мандатар

Канал5 - 02.06.2004

Собранието на Република Македонија ја продолжи шеесет и петтата седница на чиј дневен ред е изборот на новата влада, предложена од мандатарот Хари Костов. Расправата за изборот на новата влада почна завчера, откако мандатарот Костов пред пратен Собранието на Република Македонија ја продолжи шеесет ...

Собранието не ја избара Владата на Костов

А1 - 01.06.2004

Денеска реприза на опозиционите ставови во однос на старо новиот владин кабинет на Костов. Опозицијата не верува дека тој тим ќе успее да ги реализира дадените ветувања на победничката коалиција во 2002-та. За лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски излезот е во предвремени избори.

Приоритет за реформите, за НАТО и за ЕУ

Време - 01.06.2004

ЕКСПОЗЕ НА ХАРИ КОСТОВ Новата влада ќе ги продолжи економските реформи, ќе промовира пазарен начин на стопанисување, намалување на државниот интервенционизам и создавање поволен макроекономски амбиент, рече мандатарот Хари Костов во своето експозе пред пратениците.

Хари како Берлускони

Време - 01.06.2004

ВЛАДАТА И ПРОГРАМАТА НА АНАЛИЗА ВО СОБРАНИЕТО Го добивме својот Берлускони. Сега како да се враќаме во 1991 година, кога избравме премиер што тогаш не беше член на парламентарна партија. Во западните демократии таков образец се практикува само во вонредни околности, бидејќи премиер обично е лидерот ...

Без лажни ветувања

Вест - 01.06.2004

ХАРИ КОСТОВ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ВЛАДИНАТА ПРОГРАМАТА Мандатарот вети дека Владата ќе работи јавно, без тајни мисии, преговори и без задржување на лошите и непријатни вести " Можам да ви ветам законско, чесно, одговорно и транспарентно работење на секој член на Владата", рече мандатарот Хари Костов во ...

Некогашниот банкар и прв полицаец сега кандидат за премиер

Утрински - 01.06.2004

Хари Костов, мандатар на новата Влада Хари Костов е роден на 13 ноември 1959 година во село Пишица кај Пробиштип. Дипломирал 1983 година на Економскиот факултет во Скопје. Зборува англиски јазик. Костов бил заменик-министер за финансии и претседател на Управниот одбор на Агенцијата за санација на ...

Опозицијата се сомнева дека Костов ќе биде успешен премиер

Утрински - 01.06.2004

Жестока дебата во парламентот по експозето на новиот мандатар Говорот на Костов во Собранието го следеше претседателот Бранко Црвенковски а беа присутни речиси сите парламентарци од владината коалиција ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Во парламентот вчера се отвори жестока дебата по експозето на мандатарот Хари ...

Ахмети: Новата Влада ќе биде одговорна како и претходната

Утрински - 01.06.2004

ОЦЕНА Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера, честитајќи му на мандаторот за новата Влада, по завршувањето на експозето на Хари Костов во Собранието, изјави дека верува во неговиот избор на луѓето кои ќе ја сочинуваат извршната власт.

Костов најавува повеќе работа и ентузијазам за реформите

Утрински - 01.06.2004

Новиот претседател на Владата во своето експозе вети чесност, одговорност и транспарентност во работата на министрите „Верувам дека Владата со уште поголем ентузијазам и работливост ќе може да го продолжи зацртаниот пат на реформите.

Мандатарот Костов најави долг и тежок пат

Дневник - 01.06.2004

НОВАта ВЛАДА ПРЕД СОБРАНИЕТО Македонија ја чека долг и напорен пат кон евроатлантските интеграции, кој во најголем дел е нејзина домашна задача, најави вчера Хари Костов, мандатарот за состав на новата македонска влада, во експозето пред пратениците за работата неговиот кабинет.

Старата влада со стари ветувања

Дневник - 01.06.2004

РЕАКЦИИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА - Ниту во Владата ниту во програмата што ја понуди мандатарот има нешто ново од ветувањата на тогашниот премиер Бранко Црвенковски, коментираа опозициските пратеници на експозето на Костов. Зоран Крстевски од ЛП рече дека единствена новина е што претседател на новата влада ќе ...

Опозицијата без големи очекувања од Хари Костов

А1 - 31.05.2004

Хари Костов ќе игра со старата екипа на Црвенковски од која опозицијата не очекува спектакуларни резултати и реформски пресврт. „Еден наш колумнист вели „Што очекувате од влада на која премиер е Бранко Црвенковски, човек кој цел живот не донесол никаква одлука.

Лазаревски: „Костов прво треба да си ја среди сопствената влада“

А1 - 31.05.2004

Доколку владата на Костов има амбиција да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните најнапред мора да воспостави систем на одговорност во своите редови и вистински да се вреднува она што го работи секој министер. До тогаш, смета Лазаревски од институтот за политички истражувања, сите најави ...

Костов: „За краток рок нема спектакуларни резултати“

А1 - 31.05.2004

Првиот македонски премиер - економист, најавен како можен реформатор, Хари Костов, во своето експозе ги пресече надежите за брзи економски резултати. Сиромаштијата и невработеноста се најголемите проблеми кои, рече Костов, не се решаваат брзо.

Новиот премиер најмоќна непартиска личност

Време - 31.05.2004

ХАРИ КОСТОВ ДЕНЕСКА ГО ПРЕЗЕМА КОРМИЛОТО НА ВЛАДАТА Александра М. Митевска Хари Костов денеска ќе ја напушти министерската фотелја во полицијата и ќе го преземе кормилото на извршната власт во Македонија. Тој ќе биде четвртиот премиер од 1991 година, по Никола Кљусев, Љубчо Георгиевски и Бранко ...

Денес избор на нова влада

Вест - 31.05.2004

Собранието денес треба да гласа за избор на нова влада на чело со Хари Костов како премиер. Во новиот владин кабинет на Костов нема позначајни промени на министрите. Ново име е само Силјан Аврамовски, кој ќе го замени Костов во фотелјата на Министерството за внатрешни работи.

Децентрализацијата и судските реформи приоритети на Костов

Утрински - 31.05.2004

Денеска Собранието ќе ја одржи 65. седница на која треба да ги верификува мандатите на премиерот и на министрите КАТИЦА ЧАНГОВА Децентрализацијата и судските реформи се приоритетните задачи во првите три месеци од функционирањето на новиот кабинет што ги потенцира мандатарот Хари Костов, во ...

Владата на Хари Костов денеска пред пратениците

Дневник - 31.05.2004

СОБРАНИЕ Мандатарот ќе настапи со стариот кадровски состав, освен за МВР каде што за министер е предложен Силјан Аврамовски од УБК Собранието денеска ќе гласа за поддршка на новиот владин кабинет и програмата предложени од мандатарот Хари Костов.

Одвоено против новата влада

Дневник - 31.05.2004

ВМРО-ДПМНЕ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која треба да се гласа за новата влада предложена од Хари Костов, ќе настапи некоординирано, без претходно усогласен став, дознава "Дневник". Неофицијално дознаваме дека и покрај тоа што партиските противници Никола Груевски и ...

Реакции по експозето на Костов

Канал5 - 31.05.2004

За пратениците од партиите на власта експозето на Костов е содржајно, додека за опозиционерите тоа не понудило ништо ново. “Излагањето на Костов беше амбициозно и се базираше на успесите што тој ги имал во неговите претходни ангажмани и како дир За пратениците од партиите на власта експозето на ...