TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протест на Грција пред ОН во врска со името на Македонија

Канал5 - 12.10.2007

Грција вчера протестираше пред ОН за тоа што претседателот на Генералното собрание на Светската организација и поранешен македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим неодамна ја нарече земјата со нејзиното уставно име - Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми.

Името не е критериум за во НАТО

Дневник - 12.10.2007

Спорот за името помеѓу Грција и Македонија не е критериум според кој НАТО ќе ја оценува способноста на Македонија да стане членка на воената организација, изјави вчера во Брисел д-р Срѓан Керим , претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.

Средба на Срѓан Керим со Солана и со Валднер

Утрински - 12.10.2007

Срѓан Керим БРИСЕЛ - Претседателот на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, вчера престојуваше во Брисел, по покана од Дописничкото биро на ВАЦ, кое на формален начин го прослави своето отворање со прием. Посетата на Брисел, Керим ја искористи, исто така, за да се сретне со високиот претставник ...

Срџан Керим: Името не е пречка за прием на Македонија во НАТО

Канал5 - 11.10.2007

Зачленувањето на Македонија во северно атлантската алијансата не е поврзано со спорот околу името, изјави денеска за Канал 5 Срѓан Керим. Тој пред две недели во Њу Јорк на Генералното Собрание на Обединетите Нации го употреби уставното име на нашата земја предизвикувајќи остри реакции во Атина.

Од решението за името нема сите да бидат среќни

Дневник - 08.10.2007

МЕЃУ ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА Претседателот на Генералното собрание на ОН, Керим, беше ставен во тешка и непријатна ситуација при најавувањето на претседателот Црвенковски во Њујорк, вели Нимиц Грчката делегација во Њујорк, а потоа и грчките медиуми жестоко реагираа кога претседателот на Генералното ...