TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Влошена состојбата на 7 трудови инвалиди од Саса

А1 - 19.06.2005

7-мина од трудовите инвалиди од ноќеска не се под шаторските платна. Двајца од нив се хоспитализирани во кочанската болница. „Ни можеме да јадеме, ништо. Ќе умрам, готово, живот немам. Моите нема со што да дојдат, нема пари. Ни некој дошол да не посети, ни да не види.

Бучковски конечно ќе ги прими трудовите инвалиди од Саса

А1 - 18.06.2005

Најавата на гранковиот синдикален лидер Пеце Ристевски за можна средба помеѓу трудовите инвалиди премиерот Владо Бучковски и министерот Стевче Јакимовски за момент ги зарадува луѓето кои го поминуваат 23-тото штрајкувачко деноноќие.

Пари на рака дури не стигнат пензиите

Време - 18.06.2005

РУДАРИТЕ НЕ ПОПУШТААТ Поранешните рудари од „Саса“, кои повеќе од три недели протестираат среде Каменица, не веруваат дека продажбата на рудникот брзо ќе им го реши статусот на трудови инвалиди. Тие велат дека ќе и веруваат на Владата дека ќе го потпише купопродажниот договор со потенцијалниот ...

Македонскиот индекс на сиромаштија

Дневник - 18.06.2005

Димитар МирЧев Единствени што не се потресоа од болните и трагични слики и приказни на каменичките рудари и просветарите, за кои деновиве ударно објави - "Дневник", беа оние од Владата и високите државни функционери. "Дневник" отвори една благородна кампања на предупредување дека освен во Лесото, ...

Рударите се гладни, не политизирани

Дневник - 18.06.2005

ТРУДОВИТЕ ИНВАЛИДИ НА "САСА" РЕВОЛТИРАНИ ОД ВЛАДАТА Трудовите инвалиди од рудникот "Саса" се револтирани од ставот на Владата дека протестот имал политички мотивирана заднина и оти рударите биле политички изманипулирани. Тие и вчера, и покрај повикот од Владата да го прекинат тринеделниот протест, ...

Рударите од Саса бараат измени во законот за трудови инвалиди

А1 - 17.06.2005

Неповолната општествена клима трудовите инвалиди ја поистоветија со невремето што синоќа ги зафати. „Имаше невреме, вода, дожд, грмотевици и сега се чудиме дали да висиме, да стоиме или да лежиме на душеците, а што ќе лежиме кога е мокро.

За Владата, штрајкот на рударите е политички

Дневник - 17.06.2005

ПО ТРИНЕДЕЛНИОТ ПРОТЕСТ во македонска каменица Штрајкот на рударите од "Саса" е со политички мотивирана заднина, оценила вчера Владата на Република Македонија. Таа ги повика рударите да го прекинат штрајкот. - Рударите се изманипулирани од поединци, кои имаат политички мотивирана заднина - изјави ...

Јакимовски да види дали рударите се заштитени како мечки

Дневник - 17.06.2005

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за труд и социјална политика Стевче Јакимовски да отиде во Македонска Каменица и да се увери дали рударите од рудникот "Саса" се заштитени како мечки во планина, како што милува да каже за работниците.

Коруптивната јаловина ќе не задуши сите

Дневник - 17.06.2005

Бранко ЃорЃевски Еднократната парична помош од десет илјади денари и инвалидските пензии се сламка што живот им значи на осумдесетина рудари што гладуваат во Македонска Каменица. За нив уште нема пари, нема решенија. Има само некакви услови, правила, молби, жалби, судења, продажби, сомнителни ...

„Ром трејд“ ќе ги превземе рудниците Саса

А1 - 16.06.2005

Најдоцна до 5 јули оваа година „Ром трејд“ ќе го превземе владението над рудниците Саса. Според информациите од Владата, 3 милиони и 20 илјади евра во текот на идната недела ќе бидат уплатени. Новиот правен субјект ќе започне со работа, а вработените ќе си ги остварат своите права.

Груевски се враќа на местото на злосторството

Вест - 16.06.2005

СЛУЧАЈ "САСА": МИНИСТЕРОТ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ГО ОБВИНУВА ЛИДЕРОТ НА ВМРО - ДПМНЕ ЗА ЛИЦЕМЕРИЕ "Замисли Ратко Младиќ да оди во Сребреница и да побара од КФОР да го најде злосторникот и да го казни. Како Ратко Младиќ да отишол кај мајките на оние што ги испотепа, така и Груевски отиде во 'Саса'.

Власта и опозицијата се караат за стечајот на „Саса“

Време - 16.06.2005

ДОДЕКА РУДАРИТЕ ГЛАДУВААТ Оваа влада не е виновна што рудникот „Саса“ повеќе од две години е во стечај, туку сета „заслуга“ за тоа ја има гарнитурата во која Никола Груевски беше министер за финансии, изјави вчера министерот за труд и социјална политика Стевче Јакимовски.

Рударите очајнички бараат помош

Дневник - 16.06.2005

продолжува штраЈкот со глад во МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Ако итно не ја добиеме бараната еднократна помош од 10.000 денари за семејство, многумина од нас нема да го преживеат ова лето, рекоа вчера трудовите инвалиди од рудникот "Саса", кои три недели протестираат со глад во Македонска Каменица.

Чекаат на средба со премиерот

Вечер Прес - 16.06.2005

ШТИП.- Протестот на трудовите инвалиди од рудникот "Саса" продолжува. Тие остануваат на своите барања да им се реши статусот и да добијат еднократна парична помош од 10.000 денари. Според нивните зборови, претседателот на Синдикатот на металските работници Пеце Ристевски, треба да им обезбеди ...

Политичарите меѓусебно се обвинуваат за Саса

А1 - 15.06.2005

Додека штрајкувачите од Саса се во критична состојба, политичарите се препукуваат меѓусебно без при тоа конкретно да се зафатат и на луѓето кои се дојдени до работ на амбисот да им помогнат. Министерот за труд, Стевчо Јакимовски, не најде време за 20 дена да ги посети штрајкувачите со глад во ...

Ќе умреме, нема да бараме пари за лекување

Време - 15.06.2005

РУДАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВО ОЧАЈ Мирче Котевски Државата нема намера да ни дозволи бесплатно да се лекуваме, па не ни останува ништо друго освен да умреме среде Каменица, едногласни се стотина трудови инвалиди од рудникот „Саса“.

Каменица околу вратот

Време - 15.06.2005

МИРЧЕ КОТЕВСКИ Некогашните ударници од рудникот „Саса“ уште еднаш докажаа дека на човека животот ништо не му значи кога нема што да јаде. Здравјето си го оставија по јамите, а две години откако фирмата им ја турнаа во стечај, останаа на немилост на сиромаштијата, дотепани и целосно заборавени од ...

Не штрајкуваме со глад, гладуваме со штрајк

Дневник - 15.06.2005

РУДАРИТЕ ОД "САСА" ВО ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЈАМА Веќе не чекаме милост од Владата, туку само од Мајка Богородица, велат со изнемоштен глас стотина рудари, трудови инвалиди, кои веќе 20 дена штрајкуваат со глад пред управната зграда на рудникот "Саса" во Македонска Каменица.

Се потешка здравствена состојба на трудовите инвалиди

А1 - 14.06.2005

Ни остана само да се молиме дека некој ќе ни помогне - во очај зборуваат трудовите инвалиди од Саса кои 19 дена штрајкуваат со глад. И покрај секојдневната лекарска помош здравствената ситуација на овие луѓе е алармантна. Миле Јовановски е речиси неподвижен, тешко зборува, преживеал два мозочни ...

Се влошува здравјето на рударите од „Саса“

Време - 14.06.2005

ВО КАМЕНИЦА СТАНУВА ДРАМАТИЧНО Мирче Котевски На дел од трудовите инвалиди од рудникот „Саса“ што трета недела протестираат во центарот на Македонска Каменица, сериозно им е нарушено здравјето и тие веднаш треба да се згрижат во болница, укажуваат од нивниот таканаречен штрајкувачки одбор.

Се влошува здравјето на рударите од "Саса"

Дневник - 14.06.2005

ПРОТЕСТ СО ГЛАД ВО КАМЕНИЦА Здравствената состојба на трудовите инвалиди од "Саса", кои 19-ти ден протестираат со глад пред Управната зграда на рудникот во центарот на Македонска Каменица, се влошува. Исцрпените рудари вчера ги посети медицинска екипа од Здравствената установа во Каменица, при што ...

9 штрајкувачи од Саса самоволно ги напуштиле болниците

А1 - 13.06.2005

Само двајца од вкупно 11 трудови инвалиди, учесници на 18-дневниот штрајк, и денес се хоспитализирани во скопската и кочанската болница. Останатите 9-мина го напуштиле болничкото лекување и се вратија под шаторите пред управната зграда на рудниците Саса.

Рударите бараат поддршка од пратениците

Дневник - 13.06.2005

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Трудовите инвалиди од Рудникот за олово и цинк "Саса", од Македонска Каменица, кои веќе три недели протестираат со глад, очекуваат средба со премиерот Владо Бучковски. Тие завчера и од Советот на општината добиле поддршка да истраат во барањата и ветување дека проблемот наскоро ...