TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полска не сака изолација, сака решение за ЕУ уставот

Вест - 15.06.2007

ВАРШАВА, 15 јуни (РОЈТЕРС) - Полска бара компромис околу своите услови за преговори за нов договор на ЕУ и сака да ја избегне изолацијата од дебатата за која се закани дека ќе и стави вето, изјави вчера претседателот Лех Качински.

Качински:Полска ќе дозволи самитот на ЕУ да пропадне но нема да го прифати евроуставот во оваа форма

Канал5 - 15.06.2007

Полска е подготвена да дозволи самитот на ЕУ што ќе се одржи наредната недела да пропадне, но нема да го прифати договорот за уставот со кој се намалува тежината на полскиот глас при донесувањето одлуки во Унијата, изјави полскиот претседател Лех Качински за денешното издание на „Тајмс“.

Саркози ја убедува Полска за уставот

Време - 15.06.2007

БЛОКИРАНИ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Францускиот претседател Никола Саркози отпатува во Полска во обид да го убеди полското раководство да го прифати неговиот предлог за прифаќање на скратен устав на Европската Унија. Уставот беше отфрлен од гласачите на Франција и на Холандија, а Саркози смета дека помала ...

Саркози: Полска не смее да го блокира Уставот на ЕУ

Вест - 14.06.2007

ВАРШАВА, 14 јуни - Полска не смее да ги спречи реформите на ЕУ со блокирање на напорите за усвојување на новиот европски договор, порача вчера францускиот претседател Никола Саркози во интервју за полскиот весник "Газета Виброча".

Европа ја притиска Полска да прифати нов устав на ЕУ

Утрински - 13.06.2007

ВАРШАВА - Европските лидери ја интензивираа кампањата за да ја убедат Варшава да го повлече отпорот за нов устав на ЕУ пред клучниот самит во Брисел идната недела. Полска и Велика Британија се покажаа како најтешки земји откако германската канцеларка Ангела Меркел се обидува да постигне согласност ...