TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата нема абер да даде зелено светло за увоз на струја

Канал5 - 13.10.2007

Македонија 2008 мата може да ја почне со недостиг од струја, сметаат енергетичарите. На два и пол месеци пред крајот на годината Владата се уште не одлучила кога МЕПСО да го распише тендерот за увоз на струја. Македонија 2008 мата може да ја почне со недостиг од струја, сметаат енергетичарите.

ЕЛЕМ може да му конкурира на МЕПСО и на ЕСМ

Вест - 12.10.2007

УКИНАТИ МОНОПОЛСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЕЛЕМ од неделава може да побара лиценци за снабдување со струја на потрошувачите, доколку менаџментот на компанијата се уште ги сака лиценците, какви што досега имаат само МЕПСО и ЕСМ Дистрибуција.

Пазарната цена на струјата ќе предизвика социјални немири

Вечер Прес - 12.10.2007

Големите потрошувачи не се подготвени струјата да ја купуваат на берза. Според нив, ако либерализацијата на пазарот на електрична енергија стартува од 1 јануари в година тие ќе имаат сериозни проблеми во работењето, што пак ќе донесе последици и на социјален план.

Индустријата мора да купува струја на берза

Време - 11.10.2007

МАКЕДОНИЈА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА електриЧна енергија Трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕСМ, Владата и експертите заземаа заеднички став - големите потрошувачи од 1 јануари мораат да купуваат струја од берзата.Сите беа едногласни дека ова е единствен начин за да може да се одржи ...

Владата не отстапува од либерализација на струјата

А1 - 10.10.2007

Големите потрошувачи уште еднаш ја предупредија власта дека ќе згаснат, доколку од 1 јануари излезат сами на пазарот со струја. Владата не отстапува, имаме законска обврска да пристапиме кон либерализација. „Први коишто би требало да излезат на пазарот се директните потрошувачи, почнувајќи од 1 ...

Либерализацијата на пазарот ќе го затвори металскиот комплекс

Утрински - 10.10.2007

Либерализацијата на пазарот на струја ќе го затвори металскиот комплекс, предупредуваат големите потрошувачи. "Фени", "Силмак", "Макстил" и други пет големи компании предупредуваат дека им се заканува клуч доколку Владата го либерализира пазарот.

МЕПСО увезувал струја без да плати ДДВ

Вест - 10.10.2007

МЕПСО не плаќал ДДВ на увезената струја. Царинската управа извршила контрола на увозот и констатирала дека во периодот од јануари до август, за целата количина увезена струја не е платен данок на додадена вредност. Владини извори за "Вест" потврдија дека Царината веќе го подготвува решението со кое ...

Како енергетскиот пазар ќе ја поднесе либералзизацијата?

А1 - 09.10.2007

Колкав удар за македонската економија ќе биде либерализацијата на пазарот со струја и затворањето на големите потрошувачи? Нема одговор од владата на нивниот апел дека од 1 јануари 2008-ма не се подготвени сами да излезат на пазарот за електрична енергија.

Индустријата на берза од јануари, домаќинствата од 2014

Време - 09.10.2007

РЕВИДИРАН ПАЗАРОТ НА СТРУЈА ОД „ХАНТОН ЕНД ВИЛИЈАМС“ Големите потрошувачи да купуваат струја од берзата од следната година, а домаќинствата од 2014 година.Ова е препораката на консултантската куќа „Хантон енд Вилијамс“ за либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Пазарот на струја да се отвори во 2009 година

Дневник - 09.10.2007

Либерализацијата на пазарот на струја да се одложи за една година предлага консултантската куќа „Хантон и Вилијамс“, која беше ангажирана од Владата да ги оцени новините што ги носи Законот за енергетиката. Министерката за економија Вера Рафајловска вчера изјави дека предлозите ќе ги разгледа ...

Вжештени мозоци... згаснати сијалици!

Утрински - 09.10.2007

Мислења АГИМ ЈОНУЗ А возот кон Европа фул гас! Во свој, препознатлив стил на употреба на наједноставен народен јазик честопати ми се случило луѓето да мислат дека сум вулгарен или непристоен! Тоа генерално го коментираат токму оние кои своите комплекси си ги компензираат со интелектуализирање на ...

Владата ќе им плаќа струја на сиромашните

Вечер Прес - 09.10.2007

Со помош на ЕБОР е подготвен проект со кој се предвидува Владата на околу 72.400 социјални семејства да им ја плаќа дел од потрошената струја Пазарот на електрична енергија во Македонија треба да се отвори постепено за да се заштитат граѓаните и помалите потрошувачи од зголемувањето на цената на ...

На металските компании им се заканува либерализација

А1 - 08.10.2007

„Фени“, „Силмак“, „Макстил“ и уште пет големи металски компании предупредуваат дека им се заканува клуч, доколку владата во 2008 година ги испрати сами на пазарот на струја. Вознемирени менаџерите на компаниите и испратија писмо на владата, во кое бараат да не се воведува новиот модел за ...

Не треба да се брза со пазарните цени на струјата

Утрински - 08.10.2007

Експертите од „Хантон Вилијамс“ уште еднаш повторија да не се брза со промена на енергетскиот модел Треба да се обезбеди стопроцентна наплата на струјата за да може да се формира берза за тргување со струја, препорачуваат од „Хантон“ МАЈА ТОМИЌ Владата по втор пат е предупредена дека не треба да ...

Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски остана сам

Канал5 - 08.10.2007

Министерката Рафајловска контра првиот човек на ЕЛЕМ Чингоски кој остана сам во идејата за брза либерализација на енергетскиот пазар. Ги поддржува заклучоците на консултантската куќа Хантон и Вилијамс која и во вториот извештај ја предупреди Владата да не брза со отворањето на пазарот на енергија.

„Фамилијата“ во ДПМНЕ го сака пазарот на струја

Време - 08.10.2007

СДСМ Станува јасно дека брзањето на Владата на премиерот Никола Груевски да го либерализира пазарот на електрична енергија е директно поврзано со бизнис-интересите на „фамилијата“ во ВМРО ДПМНЕ, обвинија вчера во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

СДСМ стравува од набавка на струја во четири очи

Дневник - 08.10.2007

Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно одговорни за многубројните афери што се случуваат во енергетскиот сектор, обвини вчера СДСМ. - По корупциската афера со продажбата на ТЕЦ „Неготино“, тајното издавање на ХЕЦ „Тиквеш“ под концесија на 70 години, дојде и скандалозниот предлог за измени на ...

Либерализацијата на пазарот за струја треба да започне во 2009

Макфакс - 08.10.2007

Скопје Либерализацијата на пазарот за електрична енергија во Македонија ќе се одвива етапно во периодот од 2009 до 2014 година. Ова намера на Владата денеска ја соопшти министерката за економија Вера Рафајловска, информирајќи дека планот го изработила консултантската куќа „Хантон и Вилијамс“ и тој ...