TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелски тенкови влегоа во кампови во Газа

Утрински - 14.09.2002

Нови воени операции во палестинската автономија ГАЗА - Израелски тенкови, поддржани од хеликоптери, вчера навлегле во два палестински кампа за бегалци, во потрага по милитанти, предизвикувајќи престрелка, во која израелските војници застрелале еден Палестинец.

Загина Палестинец, ранети седуммина

А1 - 13.09.2002

Во нападот на израелската војска на бегалскиот камп Бразил во градот Рафах на палестинската територија денеска загина еден Палестинец, а ранети се седум, јавија агенциите повикувајќи се на изјави на очевидци. Според истите извори во нападите учествувал и хеликоптер, а во кампот влегле 50-тина ...

Арафат закажа избори за 20 јануари, владата поднесе оставка

Вест - 13.09.2002

ЕРУСАЛИМ, 13 септември, (АП) - Во четвртокот мнозинството Палестинци ја поздравија одлуката на нивниот парламент, кој побара оставка од кабинетот на Арафат, сметајќи го дека е корумпиран и неефикасен, но сепак се воздржаа од критики упатени кон Арафат лично.

Јасер Арафат составува нов кабинет

Утрински - 13.09.2002

По оставката на целата палестинска администрација Палестинскиот лидер Јасер Арафат разгледува начини за формирање нова администрација, по оставката на целиот кабинет. Групата министри во средата поднесоа заедничка оставка откако палестинските пратеници се заканија дека ќе го отфрлат тој состав, што ...

Јасер Арафат распиша избори за 20 јануари

А1 - 12.09.2002

Лидерот на палестинската самоуправа Јасер Арафат распиша избори за 20 јануари идната година, откако вчера владата поднесе оставка. Во претходните два дена во Палестинскиот законодавен совет се водеше остра расправа, а кабинетот на Арафат беше соочен со гласање за доверба.

Палестинските избори закажани за 20 јануари

Утрински - 12.09.2002

Палестинскиот претседател Јасер Арафат пресече РАМАЛАХ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера донесе одлука за закажување на претседателските и легислативни избори за 20 јануари. Потегот, соопштен за време на седницата на палестинскиот парламент, ја претвори администрацијата на Арафат во ...

Израелските сили влегоа во северниот дел на Газа

А1 - 11.09.2002

Израелските вооружени сили рано изутрината влегоа во подрачјето во северниот дел на појасот Газа што се наоѓа под палестинска контрола, јавија западните агенции, повикувајќи се на очевидци. Околу 25 тенкови влегле во селото Беит Ханун, северно од градот Газа, а при влегувањето биле пречекани со ...

Eден Палестинец загина

А1 - 10.09.2002

Еден припадник на палестинската разузнавачка служба е убиен, а други двајца ранети изутрината во акција на израелската војска во близината на градот Рамалах на Западниот Брег. Израелското радио јави дека нападот го извршиле припадници на израелските тајни служби.

Арафат ги осуди нападите против Израелците

Утрински - 10.09.2002

Палестинскиот лидер говореше во парламентот Палестинскиот лидер Јасер Арафат им изјави на пратениците дека го осудува "секој терористички чин против израелските цивили", во неговото прво појавување пред палестинското собрание по 18 месеци.

Израелските сили упаднаа во бегалските кампови во појасот Газа

А1 - 09.09.2002

Израелските сили ноќеска упаднаа во автономната палестинска зона, се до бегалските кампови Буреиј и Нусеират во појасот Газа, а во меѓусебната пресметка ранети се десет Палестинци, се дознава од палестинските извори за безбедност.