TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Силите на СРЈ во тампон - зоната викендов

Вест - 10.03.2001

Силите на безбедност на СР Југославија (СРЈ) во текот на викендот би можеле да влезат во делот од тампон - зоната кон границата со Македонија, јави Агенцијата Фонет, додавајќи дека тие ќе имаат дозвола да користат митралези со поголем калибар и лесни минофрлачи, но не и тешко оружје, воени единици ...

НАТО дозволи српски сили во тампон зоната на границата со Македонија

Вест - 09.03.2001

Југословенскиот претседател Воислав Коштунуца ја прифати понудата на НАТО српските сили да влезат во тампон зоната и рече дека се надева оти тие ќе можат да влезат во текот на месецов. БРИСЕЛ, (Ројтерс) - НАТО алијансата се согласи да им дозволи на српските безбедносни сили да влезат во тампон ...

Од бараната тампон зона, ништо

Вест - 09.03.2001

Во заклучоците на Советот за безбедност на Обединетите нации никаде не е споменато формирањето на тампон зоната која ја бара македонската Влада. Како што н&ицирц; информираа од Министерството за надворешни работи, идејата за тампон зоната воопшто и не била на дневен ред.

Тампон зоната заврши како "максималистичко" барање

Дневник - 09.03.2001

Коментар-Жана П. Божиновска Македонија доби безрезервна поддршка од Советот за безбедност на ОН и признанија за своето внимателно и мудро однесување во справувањето со албанските екстремисти. Земјава доби и ветување дека КФОР, овојпат, вистински ќе се ангажира од косовската страна на границата.

Намалувањето на тампон зоната ќе почне на 10 март

Вест - 08.03.2001

Белград, 8 март - Српскиот заменик-премиер и претседател на Координативното тело на југословенската и српската Влада за јужна Србија, Небојша Човиќ денеска вчера изјави дека првата фаза од намалувањето на тампон зоната на административната српско-косовска граница ќе започне меѓу 10 и 12 март.

Алијансата против тампон зона

Вест - 08.03.2001

Њујорк, 7 март (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон исклучи секаква можност за создавање нова копнена тампон зона на границата меѓу Македонија и Југославија во делот кон Косово, пренесува МИА. "Не мислам дека создавањето друга копнена безбедносна зона е одговор во овој случај" изјави ...