TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трајковски ја поддржува МПЦ во конфликтот со СПЦ

Утрински - 31.05.2003

РЕАКЦИЈА "Претседателот Борис Трајковски ја поддржува Македонската православна црква", изјави вчера неговиот портпарол Борјан Јовановски во врска со актуелните состојби на релацијата МПЦ и Српската православна црква. Јовановски дополни дека претседателот Трајковски го повикува официјален Белград да ...

Власта против декларација за Црквата

Дневник - 31.05.2003

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА во парламентот Парламентарното мнозинство се откажа од идејата на опозицијата Собранието да и даде поддршка на Македонската православна црква во спорот со Српската. Во СДСМ сметаат дека нема потреба за "државен патронат врз црквата", а во ЛДП вели дека "нема ...

МПЦ има доволно владици да му судат на Јован

Дневник - 31.05.2003

ДОКОЛКУ СЕ ПОКРЕНЕ ЦРКОВНА ПОСТАПКА Секое криминално дело што го направил разрешениот велешки владика е доволно за тој да биде расчинет, па дури и исклучен од христијанската заедница, наведуваат во МПЦ Македонска православна црква има доволно владици за да може да му суди и да го расчини ...

Партиите не договорија собраниска декларација за поддршка на МПЦ

А1 - 30.05.2003

Партиите од власта и од опозицијата не успеаја да се договорат дали Собранието треба да донесе декларација за поддршка на Синодот на МПЦ во спорот со СПЦ. На денешниот неформален состанок на пратеници на СДСМ, ЛДП и на ВМРО-ДПМНЕ не бил договорен заеднички став за поддршка на оваа иницијатива на ...

Српската црква сака да ни ги смени и државното и црковното име

Дневник - 30.05.2003

ВЛАДИКАТА ПЕТАР ПРОТИВ НАПАДИТЕ ОД СПЦ Зад непризнавањето на МПЦ стојат личните интереси на Српската, на Руската и на Грчката православна црква, смета македонскиот владика Македонска православна црква никогаш нема да прифати "паралелен синод" поставен од Српската православна црква, поставен за да ...

Од две цркви, ДПС се крсти во стан

Дневник - 30.05.2003

Коментар - Катерина Блажевска Помина цела недела откако македонската јавност со консензус и посебен пиетет се изјасни за "врамување" на одлуката на СПЦ во најблиската канта за отпадоци, како што му прилега на секој безвреден лист хартија.

Г. Петар: СПЦ сака да го смени името на нашата Црква и на државата

Утрински - 30.05.2003

За митрополитот на Преспанско-пелагонската епархија, последната атака на Српската црква е со политичка заднина ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Српската православна црква со последните потези за формирање синод на т.н автономна охридска архиепископија и со притисокот врз Македонската православна црква, сака да ...

Петар: Проблем е името на државата, а не црквата

Вест - 30.05.2003

МПЦ НА ВАЛКАНАТА ИГРА НА СПЦ ЌЕ ОДГОВОРИ СМИРЕНО, СПОКОЈНО И СКРОМНО Битолско - пелагонскиот митрополит Петар настапувајќи од името на Синодот на МПЦ рече дека "не пречи никому самостојноста на Македонската православна црква, проблем е името, како и дилемата дали ќе се смени и "Не пречи никому ...

Митрополит Петар: „Владиката Јован е криминалец“

А1 - 29.05.2003

Без да соопшти детали од документот владиката Петар денеска истакна дека МПЦ ќе испрати предлог за воспоставување на црковно единство со српската и со останатите сестрински цркви според кој би се раководеле се до конечно прифаќање на МПЦ од останатите цркви и до добивање на афоткефален статус.

МПЦ-СПЦ

Канал5 - 29.05.2003

Зоран Вранишковски, основал три фирми преку кои по пат на позајмици одлевал пари од црквата, за кои тешко може да се најде крајниот корисник. Едната фирма, регистрирана е како хуманитарно друштво ,,Воскресение,,, а другите две фирми се регистрирани по Зоран Вранишковски, основал три фирми преку кои ...

Злоупотребите на Јован тежат најмалку 250.000 евра?

Дневник - 29.05.2003

КОМПЛЕТИРАНО ДОСИЕТО ЗА БИВШИОТ ВЕЛЕШКИ ВЛАДИКА Црковни пари расчинетиот владика трошел за луксузни автомобили и за опремување апартмани и им давал кредити на блиски роднини Злоупотребите што ги направил разрешениот велешки владика Јован додека работел во три епархии на МПЦ тежат најмалку 250.000 ...

Митрополит Петар: „Паднаа маските на браќата Срби“

А1 - 28.05.2003

„Паднаа маските од браќата Срби и проблемот не е во Македонската православна црква, туку прашањето е како ќе се вика Република Македонија“, изјави синоќа за битолската телевизија „Тера“ владиката Петар. „Во прашање е постоењето на оваа држава, а тоа знаеме кому пречи.

Иринеј: Острите реакции на МПЦ се очекувани

Утрински - 28.05.2003

По протестот на Македонската православна црква до СПЦ Членот на Синодот на Српската православна црква и епископ нишки Иринеј, вчера изјави дека очекувал бурни реакции и осуди од „канонски непризната Македонска православна црква" на одлуката на СПЦ да формира синод на „автономната Охридска ...

МПЦ е стожер на опстојувањето на македонската нација

Утрински - 28.05.2003

Не стивнуваат реакциите на политичките партии и здруженијата на граѓани по скандалозната одлука на СПЦ ?Потегот на Српската православна црква претставува директна атака врз македонската нација и има за цел да се искорени сў што е македонско и притоа да се урнат корените и традициите на Македонската ...

Владата застана зад МПЦ во одбрана на автокефалноста

Утрински - 28.05.2003

Премиерот Бранко Црвенковски вчера прими висока црковна делегација по најновата провокација од Српската црква Сочувувањето и одбраната на автокефалниот статус и целосноста на Македонската православна црква, сочувувањето и одбраната на нејзиното име, кое е директно поврзано и со националниот ...

Власта и опозицијата се обединија за Црквата

Вест - 28.05.2003

ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ Г.Г. СТЕФАН ВО МИСИЈА Црковна делегација, предводена од архиепископот г.г. Стефан , по повод најновиот обид на СПЦ за разнебитување на МПЦ, се сретна со премиерот Бранко Црвенковски и со лидерот на опозицијата Никола Груевски Владата и Македонската православната црква стојат ...

Српскиот патријарх не ќе може да ја помине македонската граница

Дневник - 28.05.2003

СЕ ЗАОСТРУВААТ ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРПСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА МПЦ ќе преземе канонски мерки против Јован и тој ќе биде расчинет ако се докаже неговиот арамилак, изјави владиката Тимотеј На српскиот патријарх Павле нема да му биде дозволен влез во Македонија и тој ќе биде вратен во Србија ако во јуни ...

Владата и МПЦ со единствен став за провокацијата на СПЦ

А1 - 27.05.2003

Владата и архиереите на Македонската православна црква се со заеднички став дека по последните испади и самоволија на српската црква потребно е да се одбрани интегритетот и идентитетот на македонскиот православен народ, на македонската држава и името на МПЦ.

Нишкиот владика Иринеј очекувал бурни реакции

А1 - 27.05.2003

Членот на Синодот на Српската православна црква и епископ нишки Иринеј очекувал бурни реакции и осуди од „канонски непризната Македонска православна црква“ на одлуката на СПЦ да формира синод на „Автономната Охридска архиепископија“.

Груевски: „Атак на СПЦ врз македонската државност“

А1 - 27.05.2003

„Последните напади од Српската кон Македонската православна црква се еден непријатен акт, а целиот македонски народ ова го чувствува делумно и како атак врз македонската државност“, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан.

Валкани игри на СПЦ за разнебитување на МПЦ

Утрински - 27.05.2003

Митрополит г.г. Кирил ТЕТОВО - "Од потегот на Синодот на Српската православна црква не да сум изненаден, туку згрозен. Тоа се валкани игри кои траат со децении и се насочени кон разнебитување на Македонската православна црква и за понижување на нашата држава.

СПЦ смислено ја урива МПЦ

Утрински - 27.05.2003

Вонредна седница на највисокото црковно тело на МПЦ по скандалозниот чекор на Српската православна црква Синодот на Македонската православна црква, вчера на својата вонредна седница, едногласно ја отфрли последната одлука на Српската црква која за време на викендот прогласи паралелна црква во ...

Српските владици сакаат да ги уништат македонската нација и црква

Дневник - 27.05.2003

Македонската православна црква ОДГОВОРИ НА ПРОВОКАЦИЈАТА НА БЕЛГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА Тоа што го прават не е ниту христијански ниту евангелски, туку вулгарно ги прекршуваат црковните канони и ја ставаат СПЦ во служба на националшовинизмот, изјавија во САС на МПЦ Српската православна црква во духот ...

Валкана и безумна одлука

Вест - 27.05.2003

СИНОДОТ НА МПЦ ВЧЕРА ЗАСЕДАВАШЕ ПО ОДЛУКАТА НА СРПСКАТА ЦРКВА ДА ПРОГЛАСИ ПАРАЛЕРНА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА Не сум изненаден од валканите игри што ги играше Српската православна црква во изминатиов период, со цел цел да ги разнебити МПЦ и македонската нација, но сега сум згрозен од нејзините најнови ...

СПЦ ни објави света војна

Дневник - 27.05.2003

"Се потврди дека формирањето паралелен синод на МПЦ е производ на "нишкиот договор", со кој се бара бришење на името "Македонска", а со тоа се посегнува и по националниот и државотворен идентитет на македонскиот народ", реагираа вчера македонските иселеници од Австралија.

Верниците и македонскиот народ да застанат во одбрана на МПЦ

Утрински - 27.05.2003

Жестоки реакции на црковните и на граѓанските здруженија по атаката на СПЦ врз Македонската православна црква Македонската заедница во Австралија остро реагираше на одлуката на Српската православна црква за формирање Синод на ?автономната Охридска архиепископија".

Осуда на одлуката на СПЦ и од државниот врв

А1 - 26.05.2003

Владата ќе го чека ставот на синодот на МПЦ пред да изгради конечна позиција за последната провокација од Белград. Најповиканиот владин функционер за ова прашање, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Цане Мојаноски, смета дека станува збор за флагрантен ...

Неготинчани и Велешани против одлуката на СПЦ

А1 - 26.05.2003

Од секогаш сме биле верници на македонската православна цркава и тоа ќе останеме, вака денеска порачаа парохиските свештеници при црквата св. Атанасиј од Неготино. „Не смееме да дозволиме да се уништи она што долги години го создававме, затоа треба да се стави крај на самоволието на СПЦ“.

Официјален Белград не реагираше по повод одлуката на СПЦ

А1 - 26.05.2003

Одлуката на СПЦ да се формира Синод на Охридската Архепископија ја објавија сите белградски медиуми заедно со осудата на неименуваното лице од МПЦ кој овој потег го окарактеризира како објава на војна. Белградските власти се уште не се огласиле по повод скандалозната одлука на СПЦ.

МПЦ ги отфрла сите донесени одлуки на СПЦ

А1 - 26.05.2003

Српската православна црква уште еднаш покажа дека е слугинка на политиката и грубо и алчно ги пројавува своите апетити за присвојување на Македонската Православна Црква. Ова е став на синодот на МПЦ со кој јасно се отфрлаат сите донесени одлуки на Српската црква, а се однесуваат на македонската.

СПЦ прогласила паралелна црква во Македонија на чело со Јован

Вест - 26.05.2003

НАЈНОВ ОБИД НА СРПСКАТА ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА Расколникот Зоран Вранишковски е поставен за епископ на т.н. "автономна Охридска архиепископија". Ултимативно барање до сите македонски епископи да се одделат од МПЦ и да стапат во канонско единство со ...

Евангелие по Јуда: Србизирај го ближниот свој!

Дневник - 26.05.2003

Додека папата Јован Павле Втори завчера се молеше за Македонија, врвот на Српската православна црква во своето четничко дувло повторно ги оживеа "равногорските принципи" за предизвикување раскол во МПЦ. Не ме чуди што СПЦ го стори тоа токму на денот кога македонска црковна делегација се поклонуваше ...

Српската црква прави нов синод во Македонија со свои владици

Дневник - 26.05.2003

СРПСКИТЕ АРХИЈЕРЕИ СО НОВ УЛТИМАТУМ ДО МПЦ Српската православна црква соопшти дека си конституира свој синод на автономната Охридска архиепископија, дека го суспендира владиката Кирил, а на другите епископи на "расколничката МПЦ" им остави можност до 1 септември да стапат во канонско единство со ...

СПЦ формира синод на Охридска архиепископија!

Утрински - 26.05.2003

Српската православна црква влезе во агресивна кампања против Македонската православна црква Претставниците на Македонската православна црква вчера останаа неми на најновата провокација од Српската православна црква, чии владици на седницата на Архијерејскиот собор донесоа решение да конституираат ...