TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Венецуела ќе купи100.000 калашникови од Русија

Дневник - 21.05.2005

И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ ОД САД Русија и Венецуела вчера во Каракас потпишаа договор за купување на 100.000 калашникови АК-103 за потребите на венецуелската армија, јави МИА. Договорот го потпиша венецуелскиот министер за одбрана Хорхе Гарсија и регионалниот претставник на компанијата ...

"Нашите фирми се обединуваат"!

Вечер Прес - 21.05.2005

На петтото заседание на Советот на министрите на Франција и Германија, што пред три дена се одржа на Сорбона во Париз, Ширак и Шредер беа единствени во ставот дека фирмите и концерните од двете земји треба да се обединат во настапот на светскиот пазар за успешно да ја издржат конкуренцијата.

Алезиа и Фабио ќе кажат "да" на 29 мај

Вечер Прес - 21.05.2005

Фудбалерот на римски Лацио, Фабио Бацани и неговата долгогодишна девојка, Алезиа Мерц, една од најатрактивните италијански ТВ-водителки и манекенка, на 29 овој месец ќе се венчаат. Италијанските медиуми се уште не откриваат каде ќе се одржи чинот на венчавката, ниту дали ќе биде голема журка или ...

"Мала Богородица" ја отвора Пандорината кутија

Вечер Прес - 21.05.2005

Осигуреничка на Фондот за здравствено осигурување преку судските инстанци се "изборила" да и биде рефундирана целокупната сума во износ од над 75 илјади денари за породувањето во приватната болница "Мала Богородица" (Систина).

Светскиот ум во "Планета на духот"

Вечер Прес - 21.05.2005

Издавачката куќа "Табернакул" го најави почетокот на проектот/едиција "Планета на духот" со промовирање на тритомното дело "Историјата на верувањата и религиските идеи", на светски познатиот стручњак од областа на историјата на религиите, Мирча Елијаде.

Трпковски и натаму ќе ги "средува" телекомуникациите

Вечер Прес - 21.05.2005

Новоформираната Комисија за информатичка технологија за директор на новата Агенција, која треба да ја замени досегашната Управа за телекомуникации, како што се дознава, го избрала Коста Трпковски кој и изминативе две години беше на чело на Управата.

Сите шушкаат за "порничите" на професорот, никој не кажува за банкротот на гимназијата

Вечер Прес - 20.05.2005

Припеската полиција поднесе кривична пријава против професорот по музичко воспитување Б.Ј. (44) за силување, обљуба и за прикажување на порнографски материјал на деца, а Општинското јавно обвинителство, преку истражниот судија, го притворило професорот.

"Мисија"

Вечер Прес - 20.05.2005

Сиван Мори; Нејази Бајрам; Мучтаба Џабар; Мирослава Мима Јарамаз; Мартин Гугоски; Маида Салихефендиќ; Лада Хорка; Јетон Весели; Христина Христова; Дијана Величкова - Којчева; Давор Политов; Данијела Мекиќ; Христијан Кардели и Аднан Кустура се новите 14 учесници во четвртиот циклус реално шоу ...

"Банк Аустрија кредитаншаталт" заминува од Македонија?!

Вечер Прес - 20.05.2005

"Банк АустријаКредитаншталт" ќе го затвори своето претставништво во Македонија. Ова се шпекулации кои деновиве се пласираат во банкарските и финансиските кругови во земјава, а кои како што дознаваме, се темелат на извештајот што оваа австриска банка го изработи за состојбите на политички и ...

Сага за децата на "душманите"

Вечер Прес - 20.05.2005

Долгоочекуваната премиера на филмот "Големата вода", Македонскиот кандидат за Оскар, на "домашен терен" ќе се оствари вечерва (20.30 ч.) во кино "Култура". По трката на неколку фестивали и презентацијата пред филмската академија, филмот на режисерот Иво Трајков својот живот го продолжува во ...

Синовите на "царот" вмешани во корупција?

Вечер Прес - 20.05.2005

Издавањето на магистралата "Тракија" под концесија без тендер или конкурс е беззаконие кое може да ја чини Бугарија 100 милиони евра. Тоа деновиве го објави авторитетниот германски весник "Франкфуртер алгемајне цајтунг". Според извори на весникот, Европската инвестициона банка (ЕИБ) веќе го ...

Кинескиот текстил "цунами" за САД и ЕУ!

Вечер Прес - 20.05.2005

Во време на се поголема напнатост на односите меѓу САД и Кина, кинескиот министер за трговија изјави дека нема да воведе забрана на извоз на текстил од Кина. Тој тоа го изјави откако Вашингтон ги лимитира квотите на кинески текстилни производи, бидејќи американските производители не можат да го ...

На Пановски му го "сместија" и сработеното од претходниците

Вечер Прес - 20.05.2005

Државните ревизори на актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување д-р Никола Пановски му го "сместија" и она што го сработија неговите претходници.Според сознанијата до кои дојдовме, првиот фондовец подзинал кога видел кои се "гревови" биле ставени во нивниот извештај за фондовското ...

"Јасен" ја спречува врската со светот!

Вечер Прес - 19.05.2005

Мештаните од Порече постојано инсистираат патот во должина од 7,8 километри што треба да ги поврзе со Скопје да биде завршен во најкус можен рок. За неговата изградба е одговорен ЕСМ, за што деновиве тие ги задолжиле "Балкан Консалтинг" да излезат на терен и да започнат со трасирање на патот.

Мерки за раздвижување на "успаната" економија

Вечер Прес - 19.05.2005

Владата утре ќе ја промовира новата економска програма, што се најавува веќе со месеци наназад, а со која конечно треба да се постигнат двете цели - раздвижување на македонската економија преку зголемување на растот и намалувањето на невработеноста, најави премиерот Владо Бучковски.

Украдено "толедо" на македонското МО

Вечер Прес - 19.05.2005

Непознати сторители вчераноќ околу 22,30 часот во Софија украле автомобил на македонското Министерство за одбрана. Официјални лица на македонското министерство изјавија дека случајот веднаш е пријавен до сите тамошни надлежни институции.

"Сакам да станам мајка"

Вечер Прес - 19.05.2005

Откако Американката Габриела Рис, пред некоја година се повлече од одбојкарските терени (на плажа), титулата најубава одбојкарка на светот (во сала), гордо и самоуверено и независно ја носи Италијанката Франческа Пичинини, која во исто време, покрај Маурициа Качатори, е носител и најдобриот играч ...

Венецуела купи 100 000 "калашникови"!

Вечер Прес - 19.05.2005

Русија и Венецуела завчера во Каракас потпишаа договор за купување сто илјади автомати "калашников АК-103" за венецуелската армија. Договорот е потпишан од венецуелскиот министер за одбрана Хорхе Гарсија и од регионалниот претставник на "Рособоронекспорт", Сергеј Ладигин.

"Зидан е најдобар играч во последните 10 години"

Вечер Прес - 19.05.2005

Бразилската фудбалска легенда Пеле изјави дека Французинот Зинедин Зидан е најдобриот фудбалер во последните десет години. "Зидан е најдобриот фудбалер во последната декада. Фиго Раул, Бекам, Роналдо и Кака се, исто така, извонредни играчи, но Зидан е најстандарден", изјави Пеле пред новинарите на ...

"Поштенска" оди во рацете на холандската ИНГ

Вечер Прес - 19.05.2005

Владата ќе ја продаде "Поштенска банка" на холандската групација ИНГ. Како што дознаваме од банкарски кругови, во Кабинетот на Бучковски веќе се расчистени дилемите околу тоа кој ќе биде идниот сопственик на Поштенска. Впрочем, и премиерот во повеќе наврати јавно истакна дека на Македонија е ...

Во прав и шут "по свое барање"

Вечер Прес - 19.05.2005

Изградба на уште еден кат на врвот на зградата или можеби подобро речено - потпокривните простории станаа тренд во градот. Потребно е "само" одобрение од станарите и инвеститорот добива пристојна квадратура. И се е во согласност со законот за градба, деталните урбанистички планови и одобрение од ...

Марадона: "Ќерките ме вратија во живот"

Вечер Прес - 18.05.2005

Легендарниот Диего Марадона на прес-конференцијата веднаш по враќањето во Аргентина, откри дека стариот начин на живот би го убил денеска и оти им е благодарен на ќерките кои му помогнале да не им се врати на пороците. "Нема да се вратам одново на тоа, можеше да ме убие.

"Шпигл" ги стресе бугарските генерали!

Вечер Прес - 18.05.2005

Една германска "солена" шега ја дигна на нозе целата бугарска држава. Специјалните служби во Генералштабот завчера цел ден расправале за една "хумореска" објавена во "Шпигл". "Во Бугарија има оружје за масовно уништување", објави весникот во своето интернет-издание, што го пренесоа речиси сите ...

Повлечен "нацистичкиот" правилник!

Вечер Прес - 18.05.2005

Заменик-министерот за образование и спорт Романа Капут Јогуница, која неодамна предложи да бидат кривично прогонувани лицата кои носат непристојни костими за капење и кои се "олеснуваат" во морето, е разрешена од функцијата, изјави нејзиниот шеф, министерот Драган Приморац.

Вакцините Ди Те ПеР се уште "пристигнуваат"

Вечер Прес - 18.05.2005

Пратката вакцини ДиТеПеР во земјава се очекува да пристигне за 10 дена до две недели. Министерството за здравство пред две недели најави дека потребните дози за имунизација на новороденчињата кои се обезбедни со посредство на УНИЦЕФ и Светска здравствена организација само што не пристигнале во ...

Спортските "оскари" за Холмс и за Федерер

Вечер Прес - 18.05.2005

Најдобриот светски тенисер, Швајцарецот Роже Федерер и двојната атлетска олимписка шампионка од Атина, Британката Кели Холмс, се освојувачи на главните награди "Ларус", кои завчера вечер беа доделени во Есторил, Португалија. - Кога дознав за победата, само извикав "Уау".

Треба да го "забетонираме" името

Вечер Прес - 18.05.2005

Не ми е јасно зошто на некои политичари во земјава им е страв од тоа ние да го забетонираме нашиот став дека не го менуваме името и зошто им треба тој простор за некогаш, ако мора, тие нешто да променат - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по реакциите на речиси сите политички ...

"Шамиите" повторно на улица

Вечер Прес - 17.05.2005

Околу 10.000 лица протестираа во Анкара против забраната жените на универзитетите да носат шамии во религиозни цели, јави турскиот телевизиски канал НТВ. Митингот почна под зајакнати безбедносни мерки и заврши без инциденти. Учесниците развиорија огромна шамија со површина од 240 квадратни метри.

На Скопје ќе му се случи "Рамстор"

Вечер Прес - 17.05.2005

Градежните работи на трговскиот центар "Рамстор Македонија" се при крај и неговото свечено отворање ќе се случи многу наскоро. Иако од менаџерскиот тим не можевме да добиеме официјална потврда и најава за точниот датум, дознаваме дека ако работите се одвиваат со оваа динамика, трговскиот центар ќе ...

Пет месеци рок за "престројување" на фабриките

Вечер Прес - 17.05.2005

За да се спречат условите за појава на разни треви во реките и езерата т.н. еутрофикација на нашите води и езера, Министерството за животна средина и просторно планирање од први наредниот месец го забранува производството и прометот на детергенти за машинско перење на текстилни производи со ...

Поповски вели "да", Герамитчиоски - "не"

Вечер Прес - 16.05.2005

Поради несогласувања со министерот Азис Положани, државниот секретар во Министерството за образование и наука, Зоран Поповски, веќе најави оставка, а наводно тоа ќе го сторел и заменик- министерот Тале Герамитчиоски. Поповски јавно кажа дека постојат несогласувања во ставовите со министерот и оти ...

Шоу на Венус Вилијамс на мостот "Босфор"

Вечер Прес - 16.05.2005

Од денеска до крајот на идниот викенд, во Истанбул ќе се одржи првиот ВТА турнир во овој град, со награден фонд од 200.000 долари, на кој ќе учествуваат 54 тенисерки од целиот свет. Турнирот ќе се игра на отворено, на црвена земја, слично како и на Ролан Гарос, така што може да се рече дека ...

"Милионерот", најомилен кај гледачите

Вечер Прес - 16.05.2005

"Милионер" го сакаат и го гледаат секој четврток и недела повеќе од половина милион луѓе во Македонија. Шоуто што привлекува милиони гледачи во целиот свет и остварува рекордни рејтинзи каде и да се емитува, е една од главните забави на македонските гледачи.

Шестмина "комити" на суд во Данска

Вечер Прес - 16.05.2005

ЛЕГЕНДА: За тепачката пред "Брондби Хале" им се заканува казна од 30 дена затвор Инцидентот што се случи во 2000 година на реваншот во финалето на ЛШ, во Скопје, помеѓу Кометал Ѓ. Петров и австриската Хипо, кога од неодговорен гледач беше нокаутиран газдата на "банкарките" Гунар Прокоп, по што ...

"Генекс" - нов сопственик на печатницата "Младост"

Вечер Прес - 16.05.2005

КОЧАНИ.- Собранието на доверители на АД "Младост" во стечај во петокот одлучи дел од имотот на печатницата да биде продаден на единствениот понудувач "Генекс" од Кочани, која обавува иста дејност. Од печатницата "Младост" на продажба беа печатарски машини, управната зграда и хали со површина со ...

"Само весело да е", за публиката

Вечер Прес - 16.05.2005

"Само весело да е", изведена од Гоце Арнаудов, е победничката за ова, 21. издание на најреномираниот "Фолк Фест Валандово", песната која доби најголеми аплаузи од публиката во салата при Домот на културата "25 мај" во Валандово.

"Бато" - реанимиран

Вечер Прес - 16.05.2005

По цели 18 години, откако премиерно се најде на ЛП плоча и касета во екс-југословенскиот дискографски Magnat PGP RTB, антологиската снимка "Бато" (оригинално насловена "Роѓени", инаку авторско дело на Ромео Грил) на Калиопи, деновиве прв пат се најде на ЦД-формат, пишува МММ.

"Оган и лед"

Вечер Прес - 16.05.2005

Пред присутните гости - колеги, новинари, но и бројни обожаватели, Мартина, која патем мора да забележиме одлично изгледаше во розе комбинацијата, вчера во хотелот "Александар Палас" го претстави своето првенче, насловено како "Оган и лед".