TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стимулативниот додаток е правно неиздржан

Дневник - 22.06.2002

ПРАВНИЦИТЕ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВНИК ЗА ПРАТЕНИЧКА УСЛУГА Одлуката за секое стискање на копчето за гласање пратениците да добиваат по 100 денари го испразни собранискиот ресторан По гафот со усвојувањето на "законот за пратенички привилегии" што и по шест месеци од неговото донесување, претседателот на ...

За пратениците по 100 денари за секое притискање на копчето за гласање!

Утрински - 21.06.2002

ПРИВИЛЕГИИ Народните избраници отсега само затоа што ќе го притиснат механизмот за гласање, независно дали ќе биде зеленото или црвеното копче, ќе добијат дополнителен паричен надоместок. Имено, за секое гласање по точките од дневниот ред на седницата ќе добиваат по 100 денари, а за секое ...

За секое кревање рака, плус 100 денари за пратениците

Вест - 21.06.2002

СРАМОТА НЕМА КРАЈ НА ПРАТЕНИЧКАТА АЛЧНОСТ За гласање на секој амандман, пак, народните избраници ќе добијат по 50 денари Пратениците на Собранието на Македонија од завчера, за секое гласање по точките од дневниот ред на седниците, ќе добијат плус сто денари.

Пратеник во македонски парламент - колку профитно звучи

А1 - 20.06.2002

На пратениците им беа потребни екстра пари за да седнат во собраниските клупи. Од денеска за секое притискање на копчето за гласање, во зависност од тоа дали гласаат за закон или амандман, тие ќе добиваат по 100 или 50 денари.

Парламентот го усвои законот за изборни единици

А1 - 18.06.2002

Со 76 гласови „за“ пратениците попладнево го донесоа третиот и последен од пакетот изборни закони - законот за изборните единици, со кои се дефинираат шесте изборни региони во кои според пропорционалниот модел ќе се избираат по 20 пратеници за наредниот парламентарен состав.

Зелено светло чека само уште законот за изборни единици

А1 - 17.06.2002

Собранието на продолжението на седницата закажана за утре, треба да усвои уште еден од пакетот изборни закони, со што се отвора патот престојните септемвриски парламентарни избори да се одржат според нова легислатива. Парламентарците треба да го усвојат уште законот за изборни единици, откако ...

Собранието го изгласа новиот закон за избор на пратеници

Дневник - 17.06.2002

ПО ДВОНЕДЕЛНОТО ДОЦНЕЊЕ На наредните парламентарни избори ќе се гласа според пропорционалниот модел во шест изборни единици кои ќе даваат по 20 мандати. Гласачите, наместо со избирачката легитимација, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош, а можноста од двојното гласање ќе се елиминира ...

За усвојување чекаат уште девет закони од Рамковниот договор

Утрински - 17.06.2002

Донесени законите за избор на пратеници и за избирачки список САШО ЧОЛАКОВСКИ Собранието ги донесе Законот за избор на пратеници и Законот за избирачки список. На парламентарното изјаснување во петокот, за Законот за избор на пратеници гласаа 89 пратеници, еден беше воздржан, додека Законот за ...