TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ценев нема да го прости долгот на Рашче

Дневник - 23.10.2004

ДИРЕКТОРОТ НА "ВОДОВОД" СЕ СРЕТНА СО ДОЛЖНИЦИТЕ Не се правете будали. Нема да добиете вода без пари. Такво нешто нема никаде во светот. Вие дури плаќате два денара поевтино за вода отколку скопјани. Нема ни да ја преземеме селската водоводна мрежа ако не се согласите да платите за приклучоците.

Илегална полиција

Вест - 23.10.2004

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Полицијата не може да открие кој го уби матурантот Ванчо во Тетово, ама откри дека убиените кумановци не живееле толку лошо за да одат во Ирак 1 МВР откри зошто се убиени кумановците во Ирак. Биле алчни за пари.

Рашчани ќе стават индивидуални водомери, а „Водовод" ќе ја преземе мрежата

Утрински - 23.10.2004

Жителите на Рашче и надлежните делумно ги надминаа проблемите За долгот на селото спрема †Водовод" не се говореше многу, селаните побараа тој да се заборави, а според молчењето на Ценев, може да се заклучи дека тоа ќе биде одобрено САЊА НАУМОВСКА Жителите на селото Рашче и директорот на ?Водовод и ...

„Водовод“ и рашчани се договорија половично

Време - 23.10.2004

ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ МРЕЖАТА ВО РАШЧЕ Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го преземе одржувањето на водоводната мрежа во селото Рашче, а на дополнителни состаноци ќе се договори со селаните под кои услови и со кои цени ќе го стори тоа.

ВОДА БЕЗ ПАРИ НЕМА, ПА ДУРИ НИ ЗА РАШЧЕ

Вечер Прес - 23.10.2004

Водоводната мрежа на Рашче да се приклучи на системот на "Водовод и канализации", да се исклу- чи колективниот водомер и да се постават индивидуални, за секое домаќинство поединечно, е устниот договор по вчерашната средба меѓу жителите на Рашче и директорот на јавното претпријатие Јане Ценев, што ...

Средба меѓу жителите на С.Рашче и Директорот на ЈП.,,Водовод,,

Канал5 - 22.10.2004

Два часа жителите на село Рашче полемизираа со Директорот на ,,Водовод,, Јане Ценев. На средбата во Општината Кондово присуствуваа и претседателот на месната заедница на Рашче и Градоначалникот на Кондово. Иако директорот Ценев се обиде да им објасни на Два часа жителите на село Рашче полемизираа ...

Рашчани незаинтересирани за проблемот со плаќање на водата

Утрински - 22.10.2004

Жителите на Рашче не се појавија на закажаната средба во „Водовод" Група жители на Рашче вчера се сретнале со градоначалникот на Кондово Средбата помеѓу селаните од Рашче и директорот на ?Водовод и канализација", Јане Ценев, вчера не се одржа.

Рашчани го чекаат Ценев во селото

Дневник - 22.10.2004

ПРЕГОВОРИ Жителите на Рашче вчера не се појавија на договорената средба со директорот на "Водовод" Јане Ценев бидејќи сметаат дека преговорите треба да се случат во нивното село или во општината Кондово. Групата од 20 селани, која требаше да разговара со директорот Ценев, најави дека средбата сепак ...

Селаните од Рашче го чекаат Водовод на нивни терен

Вест - 22.10.2004

ЗАКАНИТЕ ЗА НОВА БЛОКАДА НА ВОДАТА ЗА СКОПЈАНИ ПРОДОЛЖУВААТ Во "Водовод" вчера требаше да се одржи средба меѓу директорот Јане Ценев и селаните од Рашче за да најдат решение за проблемот со наплатата на долгот за вода, но рашчанци не се појавија и, неофицијално, денеска Во "Водовод" вчера беше ...

Директорот на „Водовод“ бега од проблемот со Рашче

Време - 22.10.2004

НЕДОРАЗБИРАЊА ЗА НАДЛЕЖНОСТА Јане Ценев, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, се прогласил за ненадлежен за проблемот со водоснабдувањето во Рашче. Целата одговорност тој ја префрлил на месната заедница, за која рекол дека целосно го стопанисува водоводот во тоа село, кој селаните сами си го ...

ЈАНЕ ЦЕНЕВ ПОВИКАН ДА ДОЈДЕ ВО РАШЧЕ

Вечер Прес - 22.10.2004

Средбата што вчера во 10 часот требаше да се одржи во просториите на ЈП "Водовод и канализација" меѓу група жители на Рашче и директорот Јане Ценев, се одложи. Причината за одлагањето, според рашчани, е таа што тие воопш то не биле повикани да присуствуваат на состанокот, но имаат најава дека ...

Месната заедница Рашче бара индивидуални водомери

Утрински - 21.10.2004

Пред денешната средба на рашчани со „Водовод" Договорот, според кој домаќинствата ќе плаќаат паушално, е нереален ?Целиот проблем околку водоснабдувањето на селото Рашче лежи во нејасниот договор помеѓу ?Водовод" и Месната заедница.

Водата од Рашчее наша

Дневник - 21.10.2004

Коментар - Петар Чулев Директорот на јавното претпријатие што со вода снабдува третина од државата неколку дена никаде го нема да им објасни на граѓаните зошто селото Рашче се заканува дека ќе го остави Скопје со суви чешми. Јане Ценев, првиот човек на "Водовод", упорно се крие од новинарите и од ...

Жедта во рацете на директорот на "Водовод"

Дневник - 20.10.2004

БЛОКАДАТА ВО РАШЧЕ ЌЕ МИРУВА ДО УТРЕ Жителите на Рашче ја прекинаа дводневната блокада на патот во близина на селото и протестот го ставија во мирување до утре поради ситуацијата со македонските работници во Ирак. Во текот на утрешниот ден, претставници од Рашче треба да се сретнат со директорот на ...

„Водовод" не попушта, рашчани мора да плаќаат за водата што ја пијат

Утрински - 20.10.2004

Заврши протестот на селаните од Рашче, кои бараа бесплатно користење на водоводот Месната заедница „Рашче" уште во септември писмено сама побарала од „Водовод" да секнат славините САЊА НАУМОВСКА Јавното претпријатие ?Водовод и канализација" нема да отстапи од барањето жителите на селото Рашче да ...

Преку вода - фонтани

Време - 20.10.2004

Гоце Трпковски Кога Јавното сообраќајно претпријатие би ги укинало автобусите во некоја населба, тамошните граѓани слободно би можеле да побараат да им воведат хеликоптери за јавен превоз и да ги возат бесплатно. Жителите на скопско Рашче, откако им ја сопреа водата, побараа да им се изградат две ...

Месната заедница побарала да се исклучи водата

Време - 20.10.2004

ЖИТЕЛИТЕ НА РАШЧЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ИЗИГРАНО Месната заедница од Рашче на чело со претседателот Рафис Ковачи ги изиграла жителите на селото со тоа што на 29 септември побарала од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ да им ја исклучи водата бидејќи не го плаќаат долгот, обвинуваат селаните.

Изворот Рашче одблокиран

Вест - 20.10.2004

РАШТАНЦИ ГО ТРГНАА БАГЕРОТ ОД МОСТОТ, НО САМО ЗА ТРИ ДЕНА Жителите на Рашче завчера попладне ја тргнаа блокадата од влезот на селото, но на властите им дадоа рок од три дена да почнат да им ги исполнуваат барањата, а доколку не видат резултати за три дена повторно ќе го в Селаните од Рашче кои два ...

ПРОТЕСТИТЕ ПРЕКИНАТИ - ДОГОВОРОТ УТРЕ

Вечер Прес - 20.10.2004

По два дена блокади на патот, жителите на Рашче вчера ги прекинаа протестите. Се чини, успеаја да договорат состанок со првиот човек на “Водовод и канализација", Јане Ценев, што е закажан за утре. И покрај нашите напори и инсистирања да ја слушнеме другата страна и ставот на Јавното претпријатие, ...

КОМУНИЗАМ ВО РАШЧЕ!

Вечер Прес - 20.10.2004

ПИШУВА: ВАЛЕНТИНА МАРЈАНОВИЌ По десетдневно немање вода за пиење, околу 2.500 жители на скопското село Рашче го скршија катанецот и самоволно ја пуштија водата да тече во нивниот водовод и со тоа целокупната состојба ја ставија под своја контрола.

Решен проблемот со водоснабдувањето на Рашче

А1 - 19.10.2004

Селото Рашче беше повторно приклучено на водоснабдителната мрежа уште во неделата, информираат градските власти на Скопје, со укажување дека водата во селото беше исклучена заради голем број неплатени сметки и по барањето од МЗ Рашче.

Жителите на Рашче се заканија дека ќе ја прекинат водата за Скопје

Утрински - 19.10.2004

Откако „Водовод" ја исклучи водата поради неплатени сметки Селаните се решени да протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања Жителите од селото Рашче упатија ултиматум до надлежните во ?Водовод и канализација" дека доколку не им се одобри бесплатно да ја користат водата, ќе ја запрат ...

Вода без пари за Рашче или Скопје жедно!

Дневник - 19.10.2004

СЕЛАНИТЕ ПОРАЧУВААТ Неофицијално дознаваме директорот на "Водовод", Јане Ценев, побарал полицијата и војската да ја расчистат блокадата Жителите од скопското село Рашче ќе го остават цело Скопје без вода за пиење ако "Водовод и канализација" не им обезбеди непрекинат и бесплатен дотек на вода во ...

Две фонтани среде село или Скопје ќе нема вода

Време - 19.10.2004

УЛТИМАТУМ НА ЖИТЕЛИТЕ НА РАШЧЕ Најмалку две фонтани да се изградат во селото Рашче како симбол дека водата извира од нашите ниви. Во спротивно, ќе ја сопреме водата за Скопје. Ова е најчудното од низата барања што жителите на ова село ги поставија до јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на ...

ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ БЕСПЛАТНА ВОДА И СРЕДБА СО ЦЕНЕВ

Вечер Прес - 19.10.2004

По десет дена без вода, жителите на Рашче завчера, доцна вечерта, самоиницијативно ги пуштија вентилите. Вода сега имаат, но блокадите на влезот од селото не се отстранети, а жителите с&"162; уште бараат средба со генералниот директор на Водовод, Јане Ценев.

Блокадата кај Рашче продолжува

А1 - 18.10.2004

Во село Рашче да се пушти вода, а парите одземени од вработените селани во Водовод за подмирување на долгот да им се вратат. Ова се барањата, што од блокадата кај изворите на Рашче, околу 200 селани му ги упатија на директорот на Водовод Јане Ценев и го повикаа да дојде во селото, за лично да се ...

Втор ден од блокадите во Рашче.

Канал5 - 18.10.2004

Рано изутрина жителите на ова село го блокираа патот кон селото и изворот, не го пропуштија ниту камионот што го снабдува селото со леб. Тие велат нема повлекување, блокадите ќе траат се додека од нашите чешми не потече вода.