TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одбележана двегодишнината од несреќата кај Мостар

А1 - 26.02.2006

Семејството ја одбележа двегодишнината од смртта на Борис Трајковски. Почит на Претседателот му оддаде државниот врв, армијата, дипломатите, пријателите, соработниците. Вилма Трајковска не ги заборави луѓето кои работеа со нејзиниот сопруг и кои загинаа со него .

Двегодишен помен на соработниците на претседателот Трајковски

Канал5 - 26.02.2006

Тага и болка остана во семејствата на соработниците на претседателот Трајковски кои со него загинаа во авионската несреќа кај Мостар. На двегодишнината од смртта, нивните вечни домови ги облеаа солзите на најблиските. Семејства велат дека две години живеат во агонија по тоа кобно утро, на 26-ти ...

Одбележана 2 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Канал5 - 26.02.2006

Двегодишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски беше одбележана на неговото вечно почивалиште - во алеата на великаните на гробиштата Бутел. Сеќавањето е болно за неговите најблиски - сопругата Вилма, децата Сара и Стефан и таткото Кирил положија цвеќе и ги примаа утешните зборови ...

Човекот со љубов за Бога и за луѓето

Дневник - 25.02.2006

Доста Димовска Од загинувањето на Борис Трајковски до денес има различни пристапи во разбирањето на неговата личност и политичка активност. Од целосна негација, потсмев и девалвирање до негово величање или, пак, реална оценка.

Цвеќе за Трајковски во Мостар и во Скопје

Вест - 25.02.2006

НА ДВЕ ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Двегодишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски ќе биде одбележана утре со положување цвеќе на градските гробишта Бутел и на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротмиље, кај Мостар.

Свежи и спомените и сомнежите

Време - 25.02.2006

ДВЕ ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Диана Младеновска Со се помалку почести и со повеќе сомневања Македонија ја одбележува двегодишнината од трагичната авионска несреќа на кобната кота 524, кај Мостар, во која загинаа тогашниот претседател Борис Трајковски и осумте негови ...

Од оспорен претседател до признат државник

Вечер Прес - 25.02.2006

Денеска на Градските гробишта во Бутел ќе биде одбележана две годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Роднините и претставниците од државниот врв, без официјална церемонија ќе се присетат на авионската несреќа што се случи во близината на Мостар, Босна и Херцеговина, кога ...

Вилма Трајковска: Мојот сопруг беше визионер

А1 - 24.02.2006

Мојот сопруг беше визионер, човек кој знаеше да гради односи со луѓето. Знаеше да се шегува често и на своја сметка, а токму тоа ги разоружуваше сите, дури и неговите политички непријатели. Борис беше човек кој љубеше безусловно.

Почна одбележувањето на двегодишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Канал5 - 24.02.2006

Меѓународната фондација Борис Трајковски ја одбележува две годишнината од трагичното загинување на претседателот. Трајковски загина на 26 февруари 2003 година ,при урнувањето на владиниот „кингер“ крај Мостар. Меѓународната фондација Борис Трајковски ја одбележува две годишнината од трагичното ...

Државниот врв нема да организира церемонија во спомен на Трајковски

Утрински - 24.02.2006

Скромно од бележување на двегодишнината од смртта на трагично загинатиот претседател Црвенковски ќе положи цвеќе на гробот на Трајковски во Бутел Државниот врв годинава, за разлика од лани, нема да организира официјална церемонија за да ја одбележи двегодишнината од смртта на трагично загинатиот ...

Семејствата нема да го посетат местото на несреќата во Мостар

А1 - 23.02.2006

Телефоните заѕвонија по втор пат. Онака како што очекуваа семејствата на претседателот Трајковски и на членовите на неговата делегација. Повторно, на неколку дена пред одбележувањето на две годишнината од трагедијата кај Мостар.

Планинарски марш ...

Вест - 23.02.2006

30 тина планинари од Струмица, Радовиш и Неготино, вчера од Струмица тргнаа на планинарски марш чиај крајна дестинација е гробот на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски на гробиштата Бутел во Скопје. Маршрутата долга приближно 175 километри која поминува преку повеќе ридови и планини, ...

Планинарски марш за Борис Трајковски

Дневник - 23.02.2006

СТРУМИЦА Со едноминутно молчење и положување цвеќе на споменикот на Борис Трајковски 30-ина планинари од Струмица и одНеготино вчера го почнаа петдневниот марш до гробот на трагично загинатиот македонски претседател во Скопје.

Стартуваше меморијалниот марш „Борис Трајковски“

А1 - 22.02.2006

Трагично загинатиот претседател Борис Трајковски ги сакаше и почитуваше спортистите и затоа во негова чест ќе испешачиме 175 километри до неговиот вечен дом во Скопје, изјавија учесниците на меморијалниот марш „Борис Трајковски“ на стартот од пред неговиот споменик во родната Струмица.

Нема официјално одбележувањето две години од смртта на Трајковски

А1 - 22.02.2006

Освен сопругата Вилма Трајковска и пријателите на починатиот претседател, никој во државава нема да организира ништо официјално по повод одбележувањето две години од неговата смрт. Дали ќе има комеморација, владините служби немаат одговор.

Поправен споменикот на Трајковски кај Мостар

Дневник - 22.02.2006

ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ По седум месеци откако беше оштетен, градските власти на Мостар, БиХ, го поправија споменикот подигнат во чест на македонскиот претседател Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација што загинаа во авионската несреќата кај селото Ротимле.

Само три семејства ќе одат на помен во Мостар

Дневник - 21.02.2006

НА ДВЕГОДИШНИНАТА ОД УРИВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АВИОН Марјан Блажевски Александар Трајковски, брат на загинатиот претседател Борис, сопругата на дипломатот Миле Крстевски и сопругот на советничката Анита Кришан-Лозановска ќе одат со претседателот на Собранието Љупчо Јордановски на 26 февруари во ...

Признание за Баросо за поддршката на Македонија

Утрински - 21.02.2006

фондација "трајковски" Скопје - Меѓународната фондација "Борис Трајковски" му додели признание на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во знак на сеќавање на пријателството со претседателот Борис Трајковски и поради неговиот исклучително голем придонес во процесот на ...

Јордановски со делегација ќе оди во Мостар

Време - 21.02.2006

НА КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ТРАЈКОВСКИ Претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, ќе ја предводи државната делегација што в недела, на 26 февруари, ќе замине за Мостар, каде што ќе се одржи комеморација по повод двегодишнината од авионската несреќа во која загинаа тогашниот претседател Борис Трајковски ...