Зоран Поповиќ , амбасадор на Србија во Македонија. Димитар Чулев Претседателот Тадиќ минатата недела испрати политичка порака до Скопје и до Подгорица да ги пополнат „испразнетите“ амбасадорски места во Белград. Дали постои такво расположение кај српските власти? Политичката порака и иницијативата на претседателот Тадиќ за нормализирање на односите со Македонија и со Црна Гора и за именување нови ...
Се топи мразот меѓу Македонија и Србија. Висок раководител во македонското Министерство за надворешни работи вчера имаше средба со амбасадорот на Србија во Македонија, Зоран Поповиќ, на која била разгледана ситуацијата по октомвриската нота на српската влада, со која македонскиот амбасадор во Белград, Александар Василевски, е прогласен за персона нон грата во таа земја.
Српскиот претседател Борис Тадиќ го откажа своето учество на Регионалниот економски форум што денес и утре се одржува во Охрид под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски. Тадиќ до пред само една недела беше во агендата на петтиот економски форум, но од вчера неговото име не стои во програмата на настанот.
Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, чие присуство беше претходно потврдено на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа во Охрид, денеска не дојде на форумот. Неговото име го нема ниту на агендата активности закажани на форумот. Неговото отсуство се образложува со презафатеност.
Претседателот на Србија, Борис Тадиќ изјавил дека Белград направил се за со Обединетите нации да се постигне договор за реконструкција на меѓународната цивилна мисија на Косово и дека очекува договорените решенија содржени во шесте точки да бидат применети. “Ова е договор кој не е насочен против било која страна, но го чува интегритетот и правата на сите кои учествуваат во овој замрзнат конфликт.
По повикот од претседателот Борис Тадиќ Србија очекува од Македонија наскоро да именува нов амбасадор во Белград - информирал српскиот амбасадор Зоран Поповиќ на вчерашната средба во македонското Министерство за надворешни работи. Од МНР велат дека очекуваат официјален допис од Белград за и да ја почнат процедурата за назначување нов амбасадор.
Ова денеска во македонското МНР го соопштил амбасадорот на Република Србија Зоран Поповиќ, кој се сретна со висок претставник на министерството по покана на македонска страна. Поповиќ потврдил дека со изјавата на претседателот на Србија Борис Тадиќ е покажана волја Македонија да назначи нов амбасадор.
Македонија ja почнала процедурата за нов амбасадор во Белград откако Србија го прогласи Василевски за персона нон грата...белградски Данас денеска објавува дека во македонското МНР веќе се бара кандидатот за оваа функција. МНР демантира. Портпаролот на надворешни вели дека сеуште не размислуваат за ова прашање.
Македонија веќе го почнала процесот за именување на свој нов амбасадор во Србија, додека Црна Гора тоа ќе го стори во следните неколку дена, објавува во своето денешно издание белградскиот весник “Данас“. Во текстот се вели дека, македонското министерство за надворешни работи веќе разгледува неколку потенцијални кандидати за нов амбасадор во Белград.
Македонците во Србија го поздравуваат ставот на Тадиќ. Белград - Националниот совет на македонската национална заедница денеска оцени дека Србија повторно покажала демократско убедување и оти сака да гради добри меѓусоседски односи. Советот ги поздравува настојувањата на српскиот претседател Борис Тадиќ за подобрување на билатералните односи и за повторно воспоставување дипломатски односи на ниво ...
Зошто на Белград наеднаш му е важно да ги нормализира односите со Македонија и со Црна Гора, но не и со Хрватска. БЕЛГРАД - Побрзо отколку што се очекуваше, официјалните лица на Србија се огласија со „помирувачка“ порака до Подгорица и до Скопје дека е време да се стави точка на натамошното влошување на односите на Србија со своите соседи.
"Ставот на Тадиќ треба да биде канализиран на дипломатски начин, а преку тој став Србија ќе даде јасен сигнал доколку ја променила избрзаната одлука за протерување на македонскиот амбасадор Александар Василевски од Белград" - велат во МНР. Министерството за надворешни работи ќе го повика српскиот амбасадор Зоран Поповиќ официјално да ја претстави позицијата на Србија во однос на празното мсето во ...
Македонскиот премиер Никола Груевски е охрабрен од изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ, за нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји. Премиерот „со позитивен пристап и охрабрување гледа на последната изјава на претседателот на Република Србија Борис Тадиќ”, се наведува во соопштението од македонската влада, откако Белград побара од Скопје да го направи првиот чекор за ...
Премиерот Никола Груевски смета дека добрососедските односи на Република Македонија со сите соседи се од највисок приоритет. Ова се вели во соопштението на Секторот за односи со јавност на Владата во кое се додава дека Груевски со позитивен пристап и охрабрување гледа на последната изјава на претседателот на Република Србија Борис Тадиќ во која се повикуваат Македонија и Црна Гора да именуваат ...
Игор Чавески Македонските власти сметаат дека Србија е таа која треба да ги направи првиот чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји по македонското признавање на Косово. Завчерашниот повик на српскиот претседател Борис Тадиќ, Македонија да почне процедура за именување нов амбасадор во Белград, во македонското МНР се толкува како своевидно признавање дека Србија згрешила со ...
Македонскиот премиер Никола Груевски е охрабрен од изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ, за нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји. Премиерот „со позитивен пристап и охрабрување гледа на последната изјава на претседателот на Република Србија Борис Тадиќ“, се наведува во соопштението од македонската влада, откако Белград побара од Скопје да го направи првиот чекор за ...
Претседателот на владата, Никола Груевски смета дека добрососедските односи на Македонија со сите соседи се од највисок приоритет, соопштуваат од неговиот кабинет. Исто така премиерот Груевски со позитивен пристап и охрабрување гледа на последната изјава на претседателот на Република Србија Борис Тадиќ и цени дека односите помеѓу двете земји би требало да се вратат во нормала.
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и Претседателот Бранко Црвенковски со позитивен пристап и охрабрување гледаат на последната изјава на српскиот претседател Борис Тадиќ, дека Македонија и Црна Гора треба да именуваат нови амбасадори во Србија „Премиерот Груевски смета дека добрососедските односи на Република Македонија со сите соседи се од највисок приоритет.