TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косовци сакале да се прошверцуваат како Швеѓани низ земјава

Утрински - 15.06.2007

Двајцата организатори на шверцот со мигранти од Косово се во притвор во затворот „Скопје“ Косовските граѓани, кои во вторникот беа задржани на граничниот премин Долно Блаце, со лажни шведски пасоши се обиделе да стигнат на Скандинавскиот Полуостров.

„Швеѓаните“ сепак биле мигранти

Време - 15.06.2007

МВР Седумнаесетте Косовци што во вторникот вечер беа задржани на граничниот премин Блаце, сепак, биле со фалсификувани пасоши и нивна крајна дестинација била Шведска. Организаторите на овој канал за трговија со луѓе исто така се приведени.

Косовци се правеле Швеѓани со лажни документи

Вест - 15.06.2007

НА ГП БЛАЦЕ ФАТЕНИ ОРГАНИЗАТОРИ НА ТРАНСПОРТ НА 17 МИГРАНТИ Азис А. (34) од Косовска Митровица и Дритон К. (32) од Подуево, со времена работа во Шведска, се главните организатори на шверц на 17 лица од Косово кои со фалсификувани патни исправи требало да бидат префрлени во Шведска.

Косовци осомничени за шверц на мигранти

Дневник - 15.06.2007

Двајца Косовци се осомничени за шверц на мигранти откако биле уапсени завчера на граничниот премин Блаце, обидувајќи се во земјава по легален пат да внесат 17 жители од Косово со фалсификувани шведски пасоши. Истражен судија на двајцата Косовци, кои живеат во Шведска, им одредил 30-дневен притвор.

Откриени 17 мигранти со фалс шведски пасоши

Вечер Прес - 15.06.2007

Во истрагата било потврдено дека исправите на седумнаесетте патници во минибусот биле оригинали, но со податоци на албански гастербајтери со шветско државјанство и дополнително вметнати слики од мигрантите Седумнаесет мигранти ,меѓу кои и шест деца од Косово, вчера биле фатени на граничниот премин ...

Притвор за криумчарите на косоварите на Блаце

А1 - 14.06.2007

30-дневен притвор за двајцата возачи на минибусот кои со оригинал пасоши како Швеѓани се обидоа да прокриумчарат 17 косовски Албанци на граничниот премин Блаце. Азиз Аземи и Дритон Конџели, кои биле шведски државјани, а родум од Косово, имале разработено шема која функционирала две-три години.

Приведени 19 странци

Дневник - 14.06.2007

Полицијата привела 19 странци поради евентуална злоупотреба на пасоши, завчера на граничниот премин Долно Блаце. Приведените поседувале патни исправи од Шведска. Лицата, меѓу кои имало и неколку деца, сакале да влезат во земјава.

Кривични пријави за двајцата возачи 19-те илегални косовски државјани со шведски пасоши

Канал5 - 14.06.2007

Одделот за организиран криминал при МВР, Сектор за трговија со луѓе до Скопското јавно обвинителство поднесе кривични пријави против лицата А.А. (34) од Косово, со место на живеење во Телбург, Шведска, и К.Д. (32) од Косово со место на живеење во Малме, Шведска, поради постоење на основано сомнение ...

Задржани Косовци со шведски пасоши

Време - 14.06.2007

НА ГП „БЛАЦЕ“ Дваесетина лица завчера биле задржани на граничниот премин „Долно Блаце“ бидејќи полициските службеници се посомневале во можен фалсификат на нивните патни исправи. Според официјалните информации завчера околу 19.30 часот во земјава влегло автобус – комби во кое се превезувале ...

Задржани Косовци со шведски пасоши

Утрински - 14.06.2007

Деветнаесет Косовци со шведски патни исправи се задржани при влез во Македонија заради проверка на нивните пасоши. Комбето со шведски национални ознаки на преминот Долно Блаце пристигнало во вторникот , а откако патниците, меѓу кои имало мајки со деца, покажале шведски пасоши, цариниците се ...

Откриени 19 фалсификувани шведски пасоши

Вечер Прес - 14.06.2007

Деветнаесет лица со шветски патни исправи биле задржани завчера од полицијата на граничниот премин Долно, под сомнение за нивна злоупотреба. Полицијата, завчера во 19,30 часот, на влез во Република Македонија, при контрола на автобус - комби со шведска национална ознака открила 19 патни исправи со ...

Косовци се шверцувале како Швеѓани на преминот Блаце

А1 - 13.06.2007

Косовци се шверцувале како Швеѓани, на граничниот премин Блаце од еден автобус биле симнати 19 Албанци од Косово кои сакале да влезат во Македонија, но не со пасоши на УНМИК, туку со шведски. По проверката откриено е дека пасошите не биле нивни.