TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Укинат притворот за тројцата Германци осомничени за поставување бомба

Макфакс - 29.11.2008

Укинат притворот за тројцата Германци осомничени за поставување бомба. Приштина /29/11/ 10:46. Судскиот совет на меѓународните судии во Приштина синоќа го укина притворот на тројцата германски државјани, осомничени за подметнување бомба во дворот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина.

Берлин побара од Приштина да ги ослободи германските агенти

Нова Македонија - 29.11.2008

Германската влада го повика Косово да ги ослободи тројцата германски државјани, осомничени за бомбашкиот напад врз Меѓународната цивилна канцеларија на ЕУ во Приштина. Истовремено, германската разузнавачка служба БНД потврдила дека тројцата уапсени Германци на Косово се нејзини агенти, јави АФП.

Албанска организација презеде одговорност за нападот во Приштина

Макфакс - 27.11.2008

Непозната албанска паравоена организација презеде одговорност за бомбашкиот напад што пред две недели се случи пред претставништвото на Европската унија во Приштина. „Нападот е почеток на вооружената борба против мисијата на ЕУ на Косово, ЕУЛЕКС, која работи под услови што ги поставија Србите, а која Албанците ја отфрлаат“, објави непознатата организација „Војска на Република Косово“.

Сакаат војна со ЕУ и Србите!

Вечер Прес - 27.11.2008

"Нападот е почеток на вооружената борба против мисијата на ЕУЛЕКС, која Албанците ја отфрлија", објавила засега непозната паравоена организација Војска на Република Косово. Непозната паравоена организација од Косово ја презела одговорноста за бомбашките напади пред две недели во дворот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина.

Уапсените агенти на БНД ќе бидат префрлени во Германија

Вечер Прес - 26.11.2008

Агентите на германската Сојузна разузнавачка служба (БНД) кои се уапсени во Приштина поради сомневање дека учествувале во нападот на Меѓународната цивилна канцеларија можно е уште неделава да бидат префрлени во Германија, објави денеска весникот Зидојче цајтунг.

Германци провоцирале нова војна на Балканот

Вечер Прес - 24.11.2008

Тројца државјани на Германија, за кои е потврдено дека се агенти на БНД, се уапсени под сомнение дека подметнале бомба пред зградата на Мисијата на Европската унија во Приштина. На агентите им е одреден 30-дневен притвор. Германците провоцираат нова војна на Балканот.

Приштина го изнервира Берлин!

Вечер Прес - 24.11.2008

Германската влада сакала дискретно решение на проблемот со осомничените агенти на БНД, меѓутоа осомничените остануваат во притвор. Политичарите во Берлин несомнено е дека се изнервирани поради апсењето на тројца Германци осомничени дека го подметнале експлозивот пред зградата на Европската унија во Приштина, пишуваат германските весници.