TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откупени 5.000 тони пченица

Време - 19.08.2006

КИЧЕВСКО Мелничките претпријатија досега откупиле околу 5.000 тони пченица од земјоделците во кичевскиот регион, пренесува МИА. Според информациите од подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пченицата е со просечен квалитет на лебното зрно, а цената по ...

Мелничарите откупиле околу 5.000 тони пченица

Дневник - 19.08.2006

Мелничките претпријатија од кичевскиот регион досега откупиле околу 5.000 тони пченица од земјоделците. Според информациите од Подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пченицата е со просечен квалитет, а цената по која се одвива откупот е седум денари за ...

Погледите свртени кон новата влада

Вечер Прес - 19.08.2006

Земјоделците незадоволни од ниските откупни цени што им ги нудат мелничарите пченицата ќе ја чуваат во амбарите. Тие чекаат да се формира новата влада од која очекуваат дека ќе им помогне откупната цена на пченицата да достигне до 10 денари за килограм.

Власта го доведе бизнисот со брашно пред колапс

А1 - 18.08.2006

Нелојалната конкуренција и шверцот со брашно ја разјадуваат мелничко-пекарската индустрија. Власта ги толерира дивите мелничари, а бизнисот со брашно го доведе пред колапс, обвинуваат мелничарите кои работат легално. Револтирани од хаосот во домашното производство, инсистираат да се воведат ...

Земјоделците размислуваат есенва да не ги засадат нивите со пченица

Канал5 - 18.08.2006

Ова земјиште на земјоделецот Цветко Петрушевски на есен нема да биде посеано со пченица. Жетвата одамна заврши, а дел од годинешниот род се уште не му е откупен. Од продадената пченица пак парите се уште ги нема. Со кои тогаш средства на есен на почнам со работа, кога немам есап објаснува ...

Државата со огромни загуби од мелничарите кои работат на црно

А1 - 17.08.2006

Фантастични два милиони и 200 илјади евра губи државата од мелничарите кои работат на црно. Дури 60% од пченицата што се увезува и произведува во земјава, се преработува во мелници кои работат нелегално и не плаќаат ДДВ, или 122.000 тони брашно годишно завршуваат на црниот пазар.

Во Кривопаланечко собрана пченицата

Дневник - 15.08.2006

Во Кривопаланечко заврши жетвата на околу 3.400 хектари што беа посеани со рани житни култури, од кои најмногу се застапени јачменот и пченицата. Поради неповолните временски услови, ниските температури и големата влажност во почвата, годинава се остварени средни приноси од околу 2.400 килограми по ...

Стартот на откупот на пченицата е во застој

А1 - 14.08.2006

На место во брашно квалитетниот род на пченицата се преработува во евтина добиточна храна. Затоа уште на стартот откупот на пченицата е во застој. Споредено со истиот период лани кога беше откупено 70% бериќетот од годинава тој изнесува едвај 20%.

Пченицата ќе ја јадат свињите

Вест - 14.08.2006

РЕВОЛТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ОБЛЕШЕВО И ЧЕШИНОВО Незадоволни од ниската откупна цена, земјоделците ќе ја користат пченицата за сточна храна Револтирани од ниската откупна цена, 50-ина производители на пченица од Облешево и Чешиново вчера со трактори го носеа родот од годинашнава реколта во мелница за ...

Од ожнеаните 53.000 тони пченица, во силосите само 3.000

Вест - 14.08.2006

Во најголемиот мелничко-пекарски комбинат во Пелагонија “Жито Битола” се предадени само 3100 тони пченица, а останатиот род се уште се чува во амбарите и дворовите на земјоделците. Тие не сакаат да го дадат за цена од 7-8 денари, која, според нив, е прениска и бараат 10 денари по килограм и 2 ...

Дилерите ја намалија цената на пченицата

Вест - 14.08.2006

МЕЛНИЧАРИТЕ ПРАЌААТ ПРЕКУПЦИ КАЈ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА ГО СОБЕРАТ ЖИТОТО Диви откупувачи во Пелагонија ја намалија цената од 7 на 6 денари за килограм. Изминатите две недели тие шетаа од амбар до амбар и им нудат пари во готово на земјоделците кои сакаат да го дадат родот.

Годинашниот род со послаб квалитет

Време - 14.08.2006

ПРЕСПА Последните дождови на подрачјето на преспанската општина ги забавија жетвените работи. Прибирањето на лебното зрно, кое требаше да заврши до десетти овој месец е пролонгирано и се очекува жетвените работи целосно да завршат до половината на месецов.

Жетвата во Прилепско заврши, откупот неизвесен

Утрински - 14.08.2006

ЗЕМЈОДЕЛСТВО Земјоделците се незадоволни од ниските откупни цени од 8 денари за килограм Жетвата во Прилепско заврши. Земјоделците собраа над 10.000 тони лебно зрно. Дел складираа во домашните амбари, а дел дадоа под закуп во силосите на мелничките претпријатија.

Амбарите полни, џебовите на земјоделците празни

Дневник - 14.08.2006

Педесетина земјоделци вчера протестираа во селото Облешево, незадоволни од откупните цени на јачменот и на пченицата Педесетина земјоделци од Кочанско вчера со десетина трактори протестираа во селото Облешево, незадоволни од откупните цени на јачменот и на пченицата, која е 7 денари за килограм.