TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Студентите размислуваат за поинакво организирање во заштитата на нивните права

Канал5 - 23.02.2007

Студентите од универзитетот св. Кирил и Методи сакаат промени во студентското организирање, да се воведе студентски парламент. Шестиот ден од петицијата што ја организира Македонскиот образовен форум, собрани се повеќе од 8 илјади студентски гласови, со што се потврдува дека на студентите им е ...

Студентите незадоволни од третманот во општеството

Утрински - 22.02.2007

Анкетата на невладината организација „Македонски младински прес“, извршена на репрезентативен примерок од 1.100 студенти, покажа дека 85 отсто сметаат дека студентите не се правилно третирана категорија во општеството. Потврдно одговориле само 10,9 отсто, а 3,3 отсто немале одговор.

Дозволата за престој - најтежок испит за нашите студенти во Грција

Дневник - 22.02.2007

Овој проблем треба да го решат властите во Грција, а не високообразовните институции, објаснува Ели Константину, директорка за меѓународен маркетинг и регрутирање на Сити-колеџ Нашите студенти што студираат на Универзитетот „Шефилд“ во Солун со месеци не може да добијат дозвола за престој, а ...

Професор условувал студенти да ја купат неговата книга ако сакаат да се појават на испит

Канал5 - 22.02.2007

На секој трети студент професорот му бара поткуп – корупцијата е различна - најчесто пари, спонзорство за печатење книга, или задолжително купување учебник од предметниот професор, подарок или противуслуга. На секој трети студент професорот му бара поткуп корупцијата е различна - најчесто пари, ...

Форум на студенти од Европа

Дневник - 22.02.2007

Педесетина студенти од 29 европски држави во наредните четири дена ќе учествуваат на интернационалниот студентски форум во Пробиштип. На форумот студентите ќе работат на повеќе различни меѓународни проекти. - Во спроведувањето одредени идеи досега бевме мошне успешни, дури бевме чекор понапред и од ...

Фаворит Самоил Малчевски

Вечер Прес - 22.02.2007

Н. Невладината организација Македонски младински прес која е заинтересирана за студентите и студентскиот стандард, деновиве спроведе анкета за актуелните проблеми на студентите, како и за рејтинзите на актуелните кандидати за претседател на ССУКМ.

Студентите незадоволни од општеството

А1 - 21.02.2007

Студентите се незадоволни како се третирани во општеството, им недостасуваат реформи во образовниот систем, за кој сметаат дека е корумпиран. Ваква, накратко, е оценката на студентите за високото образование, според анкетата на невладината организација „Македонски младински прес“.

700 нови кревети за студентите

Вест - 21.02.2007

ЗА ДВЕ ГОДИНИ НОВ СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР За две години треба да биде готов првиот објект од новиот студентски центар, кој ќе ги замени постојните руинирани бараки во "Стив Наумов". Како што најави Перо Стојановски, државниот секретар во Министерството за образование, тендерот за идејно решение треба да ...

Ќе се гради нов студентски дом во Скопје

Дневник - 21.02.2007

Ова ќе биде прва државна инвестиција во комлексот на студентската населба „Стив Наумов“, изградена пред 43 години Во скопскиот студентска населба „Стив Наумов“ в година ќе почне да се гради нова зграда, со капацитет од 500 до 700 легла, најави вчера државниот секретар за образование Перо ...

Ќе се гради нов студентски центар

Време - 21.02.2007

ВО ГАЗИ БАБА Во општината Гази Баба в година ќе се гради нов државен студентски центар, соопштија вчера претставници од Министерството за образование и наука на средба со Коце Трајановски, градоначалникот на општината. Тие најавија дека ќе се изградат вкупно три студентски згради, од кои првата ќе ...

Место распаднатите бараки, нови згради за студентите

Утрински - 21.02.2007

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда ќе добие три нови згради. Објектите ќе се градат етапно, а старите студентски бараки ќе бидат испратени во историјата. Првиот објект ќе се гради на површина од 7 илјади квадратни метри, веднаш зад Хемискиот факултет.

Студенти бараат студентски плурализам

Време - 21.02.2007

МОФ Младинскиот образовен форум (МОФ) собрал 4.287 потписи од студентите што поддржуваат воведување плурализам во студентското организирање и формирање студентски парламент. Потписите биле собрани за само три дена од почетокот на петицијата.

Бараките ќе станат минато

Вечер Прес - 21.02.2007

Во студентскиот дом "Стив Наумов" руинираните бараки ќе ги заменат три нови објекти. Првиот се очекува да биде изграден во 2009 година Катастрофалните услови во кои се сместени студентите по домовите, ќе се санираат. Во студентскиот центар "Стив Наумов" ќе се градат три нови објекти, што ќе ги ...

Студентскиот дом „Стив Наумов“ во мизерна состојба

А1 - 20.02.2007

Бруцошите од Делчево академската кариера ја почнаа од последната барака на студентскиот дом „Стив Наумов“. А нивниот дом е без врати, тоалетите се вистински извор на болести, нема вода за пиење, бањите се на 50-тина метри од нивната барака.

До студентска соба по електронски пат

Утрински - 20.02.2007

Студентите од новата учебна година ќе аплицираат за соба преку Интернет До студентска соба по електронски пат. Вака накратко може да се опише проектот „Електронски домови“ што Министерството за образование ќе го реализира со поддршка на Владата.