TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Германска помош од 5 милиони евра за Косово

А1 - 26.07.2002

Германското министерство за соработка и развој одобри помош во износ од пет милиони евра наменети за Косово, со цел да се избегне енергетската криза која му се заканува по минатонеделниот пожар во термоцентралата „Косово Б“ во Обилиќ.

Последиците од хаваријата во Обилиќ ќе се почувствуваат зимава

Дневник - 25.07.2002

ЕСМ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА СТРУЈА Последиците од хаваријата што се случи во термоцентралата "Косово Б" во Обилиќ Македонија најмногу ќе ги почувствува во претстојниот зимски период ако треба да испорачува струја од нашиот електроенергетски систем за потребите на југословенската покраина.

Хаваријата во Обилиќ ќе ја влоши безбедносноста ситуација во Македонија

Утрински - 24.07.2002

Премиерот Георгиевски предупредува дека поради недостигот на струја во Косово ќе се создаде големо незадоволство што може да се прелее и кај нас Не е исклучено Цивилната администрација на Обединетите нации во Косово да побара од Македонија помош во електрична енергија, откако во Термоцентралата ...

Пожарот во термоелектраната „Косово Б“ го предизвикал човечки фактор, а не гром

А1 - 23.07.2002

Хидрометеоролошкиот институт на Косово по детални анализи ја отфрли можноста дека гром го предизвикал пожарот во термоелектраната „Косово Б“, соопштувајќи дека „виновен“ е „човечкиот фактор“, јави приштинската агенција „Косовалајф“.

ЕСМ го зголеми производството на струја по хаваријата во Обилиќ

Утрински - 23.07.2002

Намалениот напон на мрежата во Скопје беше првата последица по запирањето со работа Термоцентралата "Косово Б" НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Хаваријата која се случи во Термоцентралата "Косово Б" во Обилиќ, не предизвика некои поголеми проблеми во македонскиот електроенергетски систем, кој инаку е ...

Гром ја запали термоелектраната "Косово Б" и ќе ја остави покраината цела зима без струја

Дневник - 22.07.2002

ХАВАРИЈА ВО ОБИЛИЌ Еден хрватски инженер загина, а полесно се повредени 32 лица, меѓу кои и неколку македонски работници Еден човек загина во пожарот што завчера предизвикан од гром уништи еден реактор на термоелектраната "Косово Б" во Обилиќ, јави Бета.

Во пожар во косовската термоцентрала загина едно лице

Утрински - 22.07.2002

Како последица од удар од гром ПРИШТИНА - Едно лице загина, а 34 се повредени во пожарот што избувна во петокот вечерта во термоцентралата "Косово Б" во индустриската зона на Обилиќ, како последица на удар од гром. Според болнички извори од Приштина, во пожарот животот го загубил хрватскиот експерт ...