TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НСДП- Владата да бара резолуција и од ОН

Утрински - 20.11.2008

НСДП- Владата да бара резолуција и од ОН. НСДП оценува дека поднесената тужба од страна на Владата до Меѓународниот суд во Хаг и' оди во прилог на Грција, затоа што на тој начин само ќе се одолжува решавањето на спорот со името. Со тужбата се симнува проблемот со името на пониско ниво, затоа што се бара Грција во иднина да не ја крши Привремената спогодба, што не значи и гаранција за прием во ...

Битката за името треба да се извојува во ОН

Дневник - 20.11.2008

Референцата ПЈРМ уште долго ќе биде привремена. Пред да се поднесе каква било тужба пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), треба да се разреши правното прашање во врска со легалитетот на сегашните обврски на Македонија во ООН. Откако ќе се покаже дека условот со привремената референца „поранешна југословенска република Македонија“ е без правна основа и нелегален, може да се разгледува штетата ...

Владата блефира

Време - 20.11.2008

Тужбата против Грција во Меѓународниот суд во Хаг е уште еден блеф на владата на Никола Груевски, кој наместо да ја приближи, ќе ја оддалечи Македонија од НАТО и од ЕУ, обвини вчера Тито Петковски, лидер на НСДП. - Која е гаранцијата дека Македонија по пет години ќе го добие спорот и доколку го добие, дека Грција ќе ја почитува одлуката на судот - праша Петковски.

НСДП: Не тужба туку незадолжителна резолуција од ОН

Вест - 20.11.2008

Место тужба против Грција во Хаг, Македонија треба од Генералното собрание на Обединетите нации да побара незадолжителна резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правда за спорот со името. Ова е предлогот на НСДП, кој вчера го презентираше лидерот на партијата Тито Петковски. Според него, Македонија треба да го следи примерот на Србија за проблемот со признавањето на Косово.

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски, Петковски и Фрчкоски имаат ист став како Бакојани

Вест - 20.11.2008

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера оцени дека претседателот Бранко Црвенковски, лидерот на НСДП Тито Петковски и професорот и ексминистер за надворешни и за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски имаат идентичен став во врска со тужбата на Македонија против Грција со ставот на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

ДНЕВНИК: Битката за името треба да се извојува во ОН

Нетпрес - 20.11.2008

ДНЕВНИК: Битката за името треба да се извојува во ОН Пред да се поднесе каква било тужба пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), треба да се разреши правното прашање во врска со легалитетот на сегашните обврски на Македонија во ООН. Откако ќе се покаже дека условот со привремената референца „поранешна југословенска република Македонија“ е без правна основа и нелегален, може да се разгледува ...

ВМРО-ДПМНЕ: Петковски внесува забуна кај македонската јавност

Нетпрес - 20.11.2008

ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека се изненадени од вчерашните тврдења на Тито Петковски во врска со тужбата која Република Македонија ја поднесе пред Меѓународниот суд. Имено, на својата вчерашна прес-конференција Тито Петковски излезе со тврдење дека Република Македонија и Владата на Република Македонија доцни неколку години со поднесувањето на оваа Тужба.

ВМРО-ДПМНЕ: Тито не знае математика!

Форум - 20.11.2008

Изненадени сме од вчерашните тврдења на г-динот Тито Петковски во врска со тужбата што Република Македонија ја поднесе против Грција пред Меѓународниот суд Хаг поради кршењето на Времената спогодба. Имено, на својата вчерашна прес-конференција г-динот Тито Петковски излезе со тврдење дека Република Македонија и Владата на Република Македонија доцни неколку години со поднесувањето на оваа Тужба.

Македонија со тужбата се оддалечувала од НАТО

А1 - 19.11.2008

Тужбата против Грција во Хаг е уште еден блеф на Владата на Никола Груевски кој наместо да ја приближи, ќе ја оддалечи Македонија од НАТО и ЕУ, обвини денеска лидерот на НСДП Тито Петковски. Која е гаранцијата дека Македонија по пет години судски процес со Грција ќе го добие спорот.

НСДП за нова резолуција

Канал5 - 19.11.2008

Тито Петковски предлага Македонија преку Генералното собрание на Обединетите Нации да побара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата – дали се легитимни двата услова што и се наметнати на земјава, да стане членка на организацијата со привремено име и да се упати на преговори со друга земја, во случајов Грција?. Петковски вели дека двете актуелни резолуции се спротивни на Повелбата на ...

НСДП - подобро да се побараше резолуција од оон

Телма - 19.11.2008

Нова социјалдемократска партија-НСДП предлага Република Македонија од Генералното собрание на Обединетите нации да побара т.н. незадолжителна резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правда, кое потоа ќе биде искоритено како силен аргумент на земјава кај членките на ОН.

ВМРО-ДПМНЕ бара Црвенковски, Петковски и Фрчкоски да замолчат

Алсат-М - 19.11.2008

ВМРО-ДПМНЕ ги повика претседателот Бранко Црвенковски, лидерот на НСДП Тито Петковски и професорот и ексминистер Љубомир Фрчкоски да се воздржат од изјави што можат да и наштетат на Македонија. Тоа според ДПМНЕ е поради тоа што тие во однос на тужбата пред Меѓународниот суд во Хаг тие имаат идентичен став со ставот на Дора Бакојани, шефицата на грчката дипломатија.

Петковски: Тужбата против Грција е задоцнета

Алсат-М - 19.11.2008

Продолжуваат препукувањата меѓу партиските претставници во земјава по покренувањето на тужбата против Грција за прекршување на Времената спогодба од 1995 година. За претседателот на НСДП, Петковски, оваа судска процедура на владата е задоцнета.

НСДП: Македонија доцни со тужбата шест години

Форум - 19.11.2008

НСДП смета дека потегот на Владата со тужбата против Грција, пред Меѓународниот суд на правдата, е задоцнет шест години. Како што кажа, Тито Петковски, многу подобро решение би било Македонија да бара незадолжителна резолуција од Генералното собрание на Обединетите нации, отколку да покренува тужба.

Незадолжителна резолуција во ОН е подобро од тужба во Хаг

Сител - 19.11.2008

Нова социјалдемократска партија-НСДП предлага Република Македонија од Генералното собрание на Обединетите нации да побара т.н. незадолжителна резолуција за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правда, кое потоа ќе биде искоритено како силен аргумент на земјава кај членките на ОН.

ВМРО - ДПМНЕ: Црвенковски, Петковски и Фрчковски во однос на тужбата имаат ист став како Бакојани

Нетпрес - 19.11.2008

“Господата Бранко Црвенковски, Тито Петковски и Љубомир Фрчкоски повторно, и во однос на тужбата, имаат во целост идентичен став со ставот на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани“, изјавија на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски, Петковски и Фрчкоски имаат прогрчки ставови

Алфа - 19.11.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвини шефот на државата Бранко Црвенковски, лидерот на НСДП Тито Петковски и професорот Љубомир Фрчкоски за прогрчки позиции. Членот на раководството на партијата, Коце Трајановски посочи дека и во однос на тужбата, имале идентичен став со мислењето на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Црвенковски, Петковски и Фрчкоски со прогрчки стaвови

Форум - 19.11.2008

Секоја изјава на Претседателот Црвенковски, лидерот на НСДП Тито Петковски и експертот Фрчкоски, во процесот пред Меѓународниот суд на правата може да биде употребена против Македонија, предупреди денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Коце Трајановски на денешната прес конференција ги повика Бранко Црвенковски , Тито Петковски и Љубомир Фрчкоски повторно, ...

Црвенковски, Петковски и Фрчкоски да не и штетат на Македонија со своите изјави

Сител - 19.11.2008

ВМРО-ДПМНЕ ги повика претседателот Бранко Црвенковски, лидерот на НСДП Тито Петковски и професорот и ексминистер за надворешни и за вантрешни работи Љубомир Фрчкоски да се воздржат од изјави што можат да и наштетат на Македонија, оценувајќи дека во однос на тужбата пред Меѓународниот суд во Хаг тие имаат идентичен став со ставот на Дора Бакојани, шефицата на грчката дипломатија.