TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

БиХ "лежи" на 100 милиони тони нафта?!

Вечер Прес - 09.04.2005

Ако може да им се верува на водечките стручњаци од областа на геологијата, иднината на БиХ и РС не е толку црна, затоа што таа земја "лежи" на нафта. Според најновите пресметки во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северниот дел на Република Српска се наоѓаат близу 50 милиони тони нафта.

Крај со желбата на "Танец" за здравје и бериќет

Вечер Прес - 09.04.2005

Со настапот на ансамблот за народни песни и игри "Танец", синоќа во Македонската опера и балет, свечено беа затворени 29. Денови на македонска музика. Со премиерната изведба на етнокореодрамата "За здравје и бериќет", во режија на Сашо Миленковски, "Танец" за многубројната публика приреди големо ...

Стартува "битката" за клиенти

Вечер Прес - 09.04.2005

"Нова љубљанска банка", "Љубљанска банка" и "Тутунска банка" од една страна и "Прва покојнинска дружба" од Љубљана и "Комерцијална банка" од друга, како две групации кои во иднина ќе менаџираат со приватните пензиски фондови, вчера официјално ги добија дозволите за основање друштва коишто ќе ...

Гимназијата "Нова" ќе гради спортска сала

Вечер Прес - 09.04.2005

Приватната гимназија "Нова" и официјално може да започне со изградба на спортската сала која е предвидена да биде во продолжение на објектот со површина од 6.120 метри квадратни. Новата градба е вклопена во новиот Детален урбанистички план за дел од месната заедница "Тафталиџе", а кој беше изгласан ...

Алонсо: "Ги искористивме грешките на Ферари"

Вечер Прес - 09.04.2005

Изминаа одвај само три трки од 56. првенство на Формула 1, а тимот на Рено веќе се наметнува како доминантен. Во центарот на вниманието со две еднодпоруго победи се најде Фернандо Алонсо. Шпанецот, кој е воздржан на зборови даде интервју за рускиот "Спорт експрес".

Вардарци не се извлекоа од "бунарот"

Вечер Прес - 08.04.2005

Актуелниот шампион Ф. Работнички вторпат во годинава му зеде мерка на, до ова коло, лидерот на табелата, Вардар осигурување. Заслужено. Иако играа без повредените Димитровски и Ѓуров, "шпедитерите" знаеја да се наметнат со квалитет, го ставија противникот во шема постојано да ја брка негативата.

"Пробно" вработување на судиите!

Вечер Прес - 08.04.2005

Владата на Република Македонија до македонскиот Парламент го достави предлогот за пристапување кон измена на Уставот, а кои се однесува на зголемување на ефикасноста на судството. Според оваа иницијатива, која е во согласност со Стратегијата за реформи во правосудниот систем, предвидува за ...

Р. Карлос: "Не отпишувајте го Реал (М)"

Вечер Прес - 08.04.2005

Одбранбениот играч на Реал (М), Роберто Карлос, ги повикува навивачите да не го отпишуваат тимот од борбата за титулата во шпанската Примера. "Многу е важно навивачите да се со нас", вели Бразилецот по повод претстојното неделно дерби со лидерот на табелата Барселона на "Сантјаго Бернабеу".

Дејмон Хил не сака да вози со "старците"

Вечер Прес - 08.04.2005

Поранешниот светски првак во Формула 1, Англичанецот Дејмон Хил одби да земе учество на Мастерс Гран При трките на ветераните, изјавувајќи дека тоа би било премногу ризично. Првата трка на бившите Ф-1 возачи ќе се одржи во ноември годинава, во Јужна Африка, а уште шест се планирани за идната година.

Повеќенаменската сала "добива" покрив

Вечер Прес - 08.04.2005

Повеќенаменската спортска сала кај хотелот "Александар Палас", деновиве почна да се покрива. На овој спортски објект, со капацитет од 8 080 места, пред три дена започна да се поставува кровна конструкција од челик, чиј распон по спојувањето ќе изнесува околу 73 метри.

"Свиленкаст пат", на пат

Вечер Прес - 07.04.2005

"Стринг Форсис" својот нов албум ќе го насловат "Свиленкаст пат", кој ќе биде доснимен најдоцна за две-три недели. На него ќе има вкупно 13 песни, а пред неговото излегување ќе го објават новиот сингл "До езерата". Членовите на познатата група "Стринг форсис" се во дилема кога е најдобро албумот да ...

Ограбен "Макфест"

Вечер Прес - 07.04.2005

Синоќа, непознати крадци извршиле грабеж во службените простории на забавниот фестивал "Макфест". Украдени се касети и компакт дискови и тоа над 2 илјади парчиња. На касетите и дисковите е снимена музика на "Макфест". Штетата што е направена во овој случај се проценува на околу 10 илјади евра.

Пепси го "шутна" Бекам

Вечер Прес - 07.04.2005

Новиот промотивен спот на популарниот пијалак "пепси" нема како главни ѕвезди да ги нагости младите и популарни, на пример, Бритни Спирс или Дејвид Бекам, туку 89-годишниот Кирк Даглас, кој сега, за три милиони фунти, го глуми Спартак, кого веќе го играше во истоимениот филм во 1960 година.

"Планетариумци" денеска со свечен коктел

Вечер Прес - 07.04.2005

Екипата на "Планетариум", Киро Урдин, Иван Митевски, Венко и Васко Серафимов, Владимир Петровски - Картер и соработничката Маја Павловска, денеска во 11.30 во Музејот на современи уметности - Кале, преку прес и коктел ќе го прослават големиот успех за македонската кинематографија, односно првата ...

Ќе се "кастрат" бесплатните услуги

Вечер Прес - 07.04.2005

Министерството за здравство ги потврди информациите дека се планира ревидирање на пакетот здравствени услуги кои пациентите ги добиваат бесплатно или со партиципација по основ на здравствено осигурување. Образложението за ваквиот потег, кој од Македонија го бараат и ММФ и Светската банка, во ...

Вечерва "Onionz" во процес?

Вечер Прес - 07.04.2005

Вечерва во "Процес" настапува Онионз. Влезниците се 150 денари до 24 часот, кога почнува журката, а потоа 200 денари. Овој диџеј, кој настапува во рамките на "Кока кола фјузн фестивал" учете од најрана возраст, Ендру Венегас алијас DJ ONIONZ го следел својот татко, кој свирел на бас со кралевите на ...

Холанѓаните носат понуда за "Поштенска банка"

Вечер Прес - 06.04.2005

За вчера попладне, во земјава се очекуваше да пристигне делегацијата на холандската ИНГ-банка која изрази интерес за купување на Поштенска банка Скопје. Дознаваме дека високите претставници на банката доаѓаат со цел на Владата да и ја достават понудата за купување на Поштенска, за што денеска ќе ...

Бомба за директорот на "Здравје"

Вечер Прес - 06.04.2005

Под автомобилот на генералниот директор на "Здравје" АД - Лесковац, Горан Стоилковиќ, завчераутро експлодира бомба. До експлозијата дошло во 7,35 часот во моментот кога Горан и неговиот тригодишен син се наоѓале во автомобилот.

Мартина со спот "Под ѕвезденото небо"

Вечер Прес - 06.04.2005

Таа му припаѓа на ѕвезденото небо. Малечка по години, ама наша голема евровизиска ѕвезда - Мартина, завчера го снимаше видео спотот за песната што сама си ја напиша "Под ѕвезденото небо". Снимањето се одвиваше на четири локации - кај неа дома, во Капиштец, во парк и во студио, од 7.30 наутро до 22 ...

По "Ленинградска" ниту со коли, ниту пеш

Вечер Прес - 06.04.2005

По улицата "Ленинградска" на која се сместени подрачните единици на Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, повеќе дуќани, како и една детска градинка, граѓаните велат дека веќе не може да се движат пешаци, а за колите и не станува збор.

Отворање со "Дневник Дали"

Вечер Прес - 06.04.2005

Со премиерата на модерниот балет "Дневник Дали", работен на музика на Ј. С. Бах, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин во Универзалната сала, на 13 април (20 ч.) ќе биде отворен Меѓународниот фестивал "Танц - Фест". Во претставата настапуваат: Ирена Ветерова, примабалерина на Државниот балет ...

"Сонот" на Вучиќ ќе го снима Трпчевски

Вечер Прес - 06.04.2005

Евровизискиот преставник Мартин Вучиќ конечно ја избра видеопродукцијата, која ќе треба да го сработи неговиот евровизиски спот. Спотот за песната "Ти си сон" или "Make my day" како што е насловена англиската верзија дефинитивно ќе го работи Мартин Трпчевски и неговата "Зоомвидеолушн" продукција.

"Голема е милоста божја"

Вечер Прес - 06.04.2005

Веќе осум години во соборниот храм "Свети Климент Охридски", се одржуваат бесплатни часови по вероучение. Идејата за приближување на христијанските верски обичаи до обичниот човек, потекнала од Билјана Суклеска, која по завршувањето на студиите по теологија, решила своето знаење да го пренесе на ...

Хрватските богаташи "тежат" три млрд. евра!

Вечер Прес - 06.04.2005

Педесетте најбогати Хрвати минатата година имаа вкупен имот вреден 2,4 милијарди евра, а годинава го зголемија на 2,9 милијарди. Тоа го остварија благодарение на порастот на вредноста на акциите и вредноста на недвижнините. На листата и годинава редоследот на првите десет е неизменет, рокади има ...

Папата не излезе "голем" како Шопен!

Вечер Прес - 06.04.2005

На цела Полска, конечно, и е јасно дека Папата Војтила нема како Фредерик Шопен своето срце да и го дарува на татковината. За разлика од славниот полски пијанист и композитор, чии посмртни останки се наоѓаат во Париз, а срцето во црквата "Светиот крст" во Варшава, Папата Јован Павле Втори не остави ...

"Морал" во мај со концерт во Универзална

Вечер Прес - 06.04.2005

Во почетокот на мај, се закажува концерт на хард рок групата "Морал" во Универзална сала. Ова ќе биде нивни прв целовечерен концерт на овој простор, открива харизматичниот пејач Влатче, кој од неодамна е еден од менаџерите во ноќниот клуб "Вега".

Грција "оранжерија" за корупција!

Вечер Прес - 06.04.2005

АТИНА, 6 АПРИЛ (МИА). - Грција е рекордер според појавите на корупција и неказнување на извршителите, стои во извештајот на Комисијата за борба против корумпираноста на Советот на Европа. Во извештајот се истакнува дека Грција е "оранжерија на корупцијата со чии плодови се сладат службеници ...

Премиерно со "Фани се враќа сам"

Вечер Прес - 06.04.2005

Со премиерната изведба на пиесата "Фани се враќа сам" од Ресул Шабани (вечерва, 20 ч.), а во режија на гостинот од Албанија, Адолис Филипи, Албанскиот театар - Скопје ја отвора годинава првпат под новиот бренд по "раздвојувањето" на некогашниот Театар на народности.

Марица "шуми ли, шуми"!

Вечер Прес - 05.04.2005

Дека во бегството од шенгенскиот визен режим Македонците побараа спас во добивањето бугарско државјанство, што подразбира патна исправа која е значително поблиска до Европската унија и отворени граници, е веќе одамна познато.

Грција во дипломатска "научна фантастика"

Вечер Прес - 05.04.2005

"Смешна научна фантастика". Ова е реакцијата на дипломатски извори од Атина за најавите на грчкиот весник "Катимерини" дека "е можно распишување референдум за примањето на соседната земја ( се мисли на Македонија) во ЕУ, по примерот на референдумот што во почетокот на 70- тите години на минатиот ...

"Кока кола лајт" и мода

Вечер Прес - 05.04.2005

На гламурозната ревија на Цоца-цола лигхт, што се одржа во хотелот "Александар палас", под називот "Сребрено искушение" својата визија на сребреното искушение го покажаа десет македонски креатори: Курим Муслиу, Никола Ефтимов, Розе Трајчевска, Ненад Секирарски, Искра Петровска, Јован Петревски, ...

Во "Кале" падна и страшниот Загреб

Вечер Прес - 05.04.2005

Во прекрасна атмосфера во "Кале", со френетично навивање во сите 60 минути, но и со големо задоволство по завршувањето на натпреварот, нашиот првак му го зеде "скалпот" на големиот противник, хрватскиот Загреб, победувајќи го со 23:21 (10:11), во првото полуфинале на Купот на националните куп ...

Обвинителот денес ќе го "брани" обвинението

Вечер Прес - 05.04.2005

Доказната постапка за случајот "Раштански Лозја" заврши. Судската постапка против Александар Цветков, Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков обвинети за убиство на седуммина Азијати, продолжува утре кога застапникот на обвинението ќе ги каже завршните зборови.

"Каде песно моја" ќе се продава на интернет

Вечер Прес - 05.04.2005

Продуцентската куќа М2 во соработка со интернет- страницата МММ (македонска музичка мрежа ) од утре ќе ја промовира новата песна на Ламбе "Каде песно моја". Интересно е тоа што првпат во историјата на македонската музика една песна ќе може да се купи, т.е да се даулодира преку инернет, преку ...

Алонсо повторно го понижи "Ферари"

Вечер Прес - 04.04.2005

Продолжува победничката серија на тимот на "Рено", кој и на трката во Бахреин ја потврди доминацијата во првенството. Шпанецот Фернандо Алонсо, на многу убедлив начин ја обезбеди и втората победа сезонава, возејќи фантастично од стартот до целта, во ниту еден момент загрозен од конкурентите.

Ноа ја напушта "Итна служба"

Вечер Прес - 04.04.2005

Американскиот актер Ноа Вајл реши во мај да ја напушти серијата "Итна служба", во која единаесет сезони го играше доктор Картер. Тој е единствениот кој остана од првобитната актерска поставка на популарната серија, која во текот на оваа година ја напуштија многу актери, меѓу кои Џорџ Клуни, Ентони ...

Со пушка ја "предупредил" сосетката

Вечер Прес - 04.04.2005

Меѓусебни недоразбирање е причината поради која Б.А. (68) од кривопаланечкото село Мождивњак, во саботата попладнето со ловечка пушка стрелал во неговата сосетка, триесет и тригодишната С.С. Жената била погодена во левата рака поради што е пренесена во Медицинскиот центар во Крива Паланка.

Публиката "уловена", ќе има реприза

Вечер Прес - 04.04.2005

Приказната за љубовта меѓу Катарина Шпаровиќ и францускиот офицер Рене Марулиќ, земена како основа за претставата "Бокешки Д-мол", која вчеравечер беше прикажана во салонот на МОБ, поради големиот интерес на скопската публика ќе биде прикажана и денеска во 20 часот.

Памела Андерсон ново лице на "Вива Глам Б"

Вечер Прес - 04.04.2005

Памела Андерсон е новото лице на "Вива Глам В" кармините и сјај за усни, кои се главно оружје на американскиот фонд М.А.Ц. АИДС за собирање средства потребни за ширење свесност во тестирање на ХИВ вирусот. Памела е една од низата славни личности која се вклучи во акцијата на М.А.Ц.

Македонци копале руда во "Обуе"

Вечер Прес - 04.04.2005

Главни аспекти од историјата на Македонија, меѓу кои и илинденскиот период, балканските војни, Првата и Втората светска војна, осамостојувањето од југословенските републики, и како тие биле претставувани надвор од границите на државата од француските дипломати во последните 150 години, се ...

"Во здраво тело - здрав дух"

Вечер Прес - 04.04.2005

Во Детската градинка " Буба Мара", која се наоѓа во скопската населба Лисиче, дечињата се воспитуваат како да го негуваат своето здравје и правилно да се хранат. На ниво на градинката функционира интерен акционен проект " Во здраво тело - здрав дух".

Во Прилеп напаѓаше "ОСА"?

Вечер Прес - 04.04.2005

Во инцидентот на локалните избори во Прилеп учествувале еден припадник на агенцијата за обезбедување "Оса" и еден телохранител на поранешниот градоначалник Сашо Пиргановски и двајца прилепчани, соопштија вчера од ВМРО-Народна.