TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Папата замина, Јован Павле Велики се враќа како светец

Време - 09.04.2005

ТРОГАТЕЛНО ИСПРАЌАЊЕ ВО РИМ Милион верници низ Ватикан и околу два милиони во целиот Рим вчера го испратија папата Јован Павле Втори. По величествениот погреб, на кој присуствуваа претседателите на половина светски држави, папата беше положен во криптата на базиликата „Свети Петар“, каде што почива ...

Светот се прости од Јован Павле Втори

Вест - 09.04.2005

Ватикан, 9 април (Ројтерс) - Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори вчера е погребан во Ватикан, во криптата под базиликата на црквата "Св. Петар". По мисата која траеше два и пол часа и ја Ватикан, 9 април (Ројтерс) - Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле ...

Сите патишта водеа во Рим

Утрински - 09.04.2005

Собир ДИМИТАР ЧУЛЕВ Четири милиони луѓе и 200 државници присуствуваа вчера на церемонијата на погребот на папата Јован Павле Втори, што претставува најголем религиозен и политички собир познат во историјата на светот. Познавачи на состојбите велат дека само погребот на југословенскиот лидер Тито во ...

Емоционално збогување на светот со папата

Утрински - 09.04.2005

Милиони луѓе и околу 200 светски државници вчера присуствуваа на погребот на Јован Павле Втори Громогласен аплауз се слушаше од големата насобрана толпа на крајот од погребот на Јован Павле Втори, малку познатиот полски кардинал, кој во 1978 година беше избран за папа.

Полска жалеше за својот најголем син

Утрински - 09.04.2005

Тага КРАКОВ - Се проценува дека околу 800.000 лица се собраа на големата полјана во Краков за да присуствуваат со видеолинк на погребот на папата Јован Павле Втори додека училиштата и установите беа затворени низ целата земја, бидејќи Полска тагуваше по својот национален херој.

Ватикан - папска држава во срцето на вечниот град

Утрински - 09.04.2005

Најмалата држава на светот која предизвикува најголемо внимание Секогаш било тешко да се допре до она што се случува зад затворените врати на Ватикан. Која е вистинската моќ на Ватикан, која е вистинската моќ на папата, колкаво е богатството на Римокатоличката црква, тоа се само некои од прашањата ...

Громогласен аплауз за "светецот" Јован Павле Втори

Дневник - 09.04.2005

ЗАВРШИ ПОГРЕБНАТА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ПАПАТА Со громогласен аплауз, биење на камбаната на базиликата "Свети Петар", стотици развеани полски и други знамиња и со скандирања "Светец", вчера во Ватикан стотици илјади верници и стотици државници се простија од папата Јован Павле Втори.

Папата испратен како светец

Дневник - 09.04.2005

фотовест Со громогласен аплауз, биење на камбаната на базиликата "Свети Петар", стотици развеани знамиња и со скандирања "Светец", вчера во Ватикан стотици илјади верници и стотици државници се простија од папата Јован Павле Втори.

Последното поклонение на Војтила

Дневник - 09.04.2005

Димитар МирЧев Војтила беше олицетворување на својата филозофија на ослободувањето. Скромен, срдечен и едноставен, тој создаваше околу себе, но и кај широките маси, една харизма на човек во кого треба и вреди да се верува, на човек што нема аура на светец ,туку мисли на свет начин И го испративме ...

Полска ќе го објави досието на државната безбедност за Папата

Макфакс - 09.04.2005

Варшава Полскиот Институт за помнење на народот наскоро ќе објави до сега непознати документи од досието на неодамна починатиот Папа, што за него го водела комунистичка државна безбедност додека Карол Војтила бил краковски надбискуп.

Првото патешествие на папата Бенедикт 16 ќе биде во Италија

Макфакс - 09.04.2005

Ватикан Папата Бенедикт 16 ќе тргне на првото официјално патување во јужниот италијански град Бари на 29 мај во врска со завршувањето на Италијанскиот евхаристички конгрес, соопшти денеска Ватикан. Новоста ја објави архиепископот на Бари монсињор Франческо Какучи, а е потврдена и од Ватикан.

Светот се прости од папата!

Вечер Прес - 09.04.2005

"Сега можеме да бидеме сигурни дека нашиот сакан папа не гледа од прозорецот на куќата на Отецот и не благословува", нагласи, меѓу другото кардиналот Рацингер, во емотивната реч за починатиот понтиф за време на вчерашната погребна церемонија на папата Јован Павле Втори,кој сите ја сметаат за ...

Светот се прости од несекојдневен човек

А1 - 08.04.2005

Светот денеска се прости од папата Јован Павле Втори. Тој попладнево беше погребан во криптата на базиликата Свети Петар во Рим. Спонтаните аплаузи од околу милион луѓе кои се собраа на римскиот плоштад Свети Петар и во околината ја покажаа несекојдневната врска што папата Јован Павле Втори ја ...

Погребан папата Јован Павле Втори

А1 - 08.04.2005

Папата Јован Павле Втори попладнево е погребан во криптата на базиликата Свети Петар во Рим. Неговото тело сместено во 3 ковчези е положено во гробница што се наоѓа близу до местото каде што се верува дека е погребан Свети Петар.

Што содржи тестаментот на папата?

Време - 08.04.2005

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА НА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ Бидете внимателни, не го знаете денот кога нашиот Господ ќе дојде - со овие зборови напишани во 1979 година почнува тестаментот на папата Јован Павле Втори. Последниот завет папата го пишувал во шест етапи, од 1979 до 2000 година.

Најмасовен погреб на сите времиња

Вест - 08.04.2005

СВЕТОТ ГО ИСПРАЌА ПАПАТА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ ВАТИКАН, 8 април (Ројтерс) - Претседатели и и патријарси вчера им се придружија на големиот број аџии во Рим додека светот се подготвуваше за погребот на папата Јован Павле Втори, најмасовниот погреб на сите времиња.

„И дај да најдеме некој што го сакал папата“

Време - 08.04.2005

АНТОЛОГИСКИ ЛАПСУС НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ Најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“ во неделата, ден по смртта на папата Јован Павле Втори, во интернет-изданието објавил негов некролог, во кој новинарите на Елајн Шиолино и Иан Фишер (известувач од Македонија за време на војната во 2001 година) ...

Буш прв се поклони пред одарот на папата

Утрински - 08.04.2005

ВАТИКАН ВАТИКАН - Американскиот претседател Џорџ Буш во средата се поклони пред одарот на папата Јован Павле, и е првиот светски лидер кој пристигна да му оддаде последна почит на римокатоличкиот поглавар, додека огромен број верници формираа редици за да го видат за последен пат.

Објавен тестаментот на папата

Утрински - 08.04.2005

ВАТИКАН - Папата Јован Павле Втори во својот духовен тестамент, што го објави Ватикан вчера, наведува дека ја разгледал можноста за оставка во 2000 година, кога веќе беше болен. Во документот папата не остава никаква материјална сопственост и бара неговите лични белешки да се запалат.

Верниците го блокираа Рим, Ватикан ги стопираше посетите

Утрински - 08.04.2005

Еден ден пред закопот на најпознатиот папа на дваесеттиот век, Јован Павле Втори Ред од неколку илјади лица се формираше зад официјалниот ред, кој полицајци со палки и оружје го одделија РИМ - Верниците на улиците во Рим кои пристигнаа од сите страни на светот во средата навечер плачеа кога дознаа ...

Ватикан - место каде што банкоматите работат на латински

Утрински - 08.04.2005

Папскиот град е помал од трговски центар во Вашингтон Во 2003 година Ватикан имаше приходи од 146 милиони евра, само од продажбата на поштенски марки, монети, медали и три милиони посети на музеите ВАТИКАН - Во светот, веројатно, постои само едно место каде што банкоматите даваат инструкции на ...

Папата се помирил со смртта уште пред две децении

Дневник - 08.04.2005

ОБЈАВЕН ТЕСТАМЕНТОТ НА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ Папата Јован Павле Втори во 2000 година сериозно размислувал да се повлече од функцијата откако ја одвел Римокатоличката црква во третиот милениум, пишува во неговиот тестамент на 15 страници, чија содржина беше обелоденета вчера, јави Ројтерс.

Древни ритуали на погребот на папата

Дневник - 08.04.2005

ДЕНЕСКА ВО 10 ЧАСОТ ЌЕ ЗАВРши ПОГРЕБНАТА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ И папите се смртници, но не обични. Затоа погребната церемонија на папата Јован Павле Втори е многу сложена, во согласност со древните ритуали, за кои обично нема логично објаснување.

Верниците жалат, бизнисот цвета

Дневник - 08.04.2005

МЕТЕЖ ВО РИМ Морето верници и туристи што пристигнаа во Ром за да му се поклонат на папата предизвикаа големи главоболки за силите за безбедност, но локалните продавачи и хотелиери го искористија метежот за да спечалат милиони долари.

Започна погребната процесија за починатиот папа Јован Павле Втори во Ватика

Макфакс - 08.04.2005

Ватикан Погребната процесија за Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, започна изутрината во базиликата Свети Петар во Ватикан. Погребната миса, што ја води деканот на кардиналскиот собор Јосеф Ратцингер започна во 10 часот, и на неа присуствуваат околу пет милиони луѓе и близу 200 ...

Погреб на папата

Макфакс - 08.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, денеска ќе биде погребан во Базиликата Свети Петар во Ватикан. Погребната миса, што ќе ја води деканот на кардиналскиот собор Јосеф Ратцингер треба да започне во 10 часот, а по три часа ќе започне погребот, на кој се очекува да присуствуваат ...

Црвенковски денеска на погреб на папата

Макфакс - 08.04.2005

Скопје Папата Јован Павле Втори ќе биде погребан денеска во Ватикан. Македонска делегација, предводена од шефот на државата Бранко Црвенковски, ќе присуствува на погребот. Поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде погребан денеска во 10,00 часот, во свештеничката гробница под Базиликата Свети ...

Погребан папата , верниците скандираа “светец“

Макфакс - 08.04.2005

Ватикан Починатиот поглавар на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори попладнево е погребан во криптата на базиликата Свети Петар во Ватикан во атмосфера на силни аплаузи и повици од илјадниците верници починатиот понтиф да биде прогласен за светец.

Во вечноста најблиску до Свети Петар

Вечер Прес - 08.04.2005

Погребната церемонија на понтифот на Римокатоличката црква, Јован Павле Втори, што ќе трае три часа, ќе почне денеска во 10.00 часот, со миса што ќе ја води германскиот кардинал, Јосеф Ратцингер. Во текот на погребната церемонија, папата преку лицело ќе има превез од бела свила.

Над 200 делегации на погребот на Папата Јова Павле Втори

Макфакс - 08.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, денеска ќе биде погребан во Базиликата Свети Петар во Ватикан. Погребната миса, што ќе ја води деканот на кардиналскиот собор Јосеф Ратцингер треба да започне во 10 часот.

Размислувал да се повлече во 2000 година!

Вечер Прес - 08.04.2005

Вчера беше отворено духовното завештание на папата Јован Павле Втори. Во него тој пишува дека размислувал да се повлече во 2000 година, кога наполнил 80 години и кога Римокатоличката црква влегла во новиот век, пренесува Асошиетед прес.

Македонска делегација ќе присуствува на погребот на папата

А1 - 07.04.2005

Македонската делегација, предводена од шефот на државата Бранко Црвенковски, утре ќе присуствува на погребот на папата Јован Павле Втори во Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде погребан утре во 10:00 часот, во свештеничката гробница под Базиликата Свети Петар.

Ватикан преполнет со верници

А1 - 07.04.2005

Ватикан, каде што моментно има многу повеќе од милион верници кои пристигнале за да изразат последна почит на папата Јован Павле Втори, не може да прими повеќе верници, изјави денеска шефот на италијанската цивилна заштита Гвидо Бертоласо.

Повеќе од милион верници се помолија за папата, уште милиони чекаат

Време - 07.04.2005

ВАТИКАН Низ базиликата Свети Петар во Рим, каде што е изложено телото на папата Јован Павле Втори, до вчера попладне минале над милион верници, кои му оддале последна почит. Пред катедралата чекаат околу 600.000 луѓе. Редиците се долги над километар, а просечно за влез се чекаат по 12 часа.Телото ...

Папата се молеше за Македонија

Време - 07.04.2005

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР МИРЧЕВ ИГОР ДАНИЛОВИЌ Проф. Димитар Мирчев беше амбасадор на Република Македонија во Словенија, задолжен и за Ватикан, во периодот од 1995 до 2000 година. За „Време“ тој раскажува за своите средби со папата Јован Павле Втори и воопшто за искуствата од Ватикан.

Папата ќе "живее" и во стрип

Дневник - 07.04.2005

КОЛУМБИЈА Папата Јован Павле Втори повторно се роди во колумбискиот стрип во кој е претставен како суперхерој што се бори против злото со капа против ѓаволот и со специјални "панталони на чесноста". Првата епизода од стрипот "Неверојатниот папамен" е готов за продажба во Колумбија и го прикажува ...

И Осама Бин Ладен тргнал на погребот на папата!?

Дневник - 07.04.2005

ПОВЕЌе ОД 200 кралеви, кралици и претседатели утре Ќе се збогуваат со папата Италијанската водечка новинска агенција АНСА вчера упорно ги демантираше извештаите дека терористичкиот лидер Осама бин Ладен тргнал кон Рим за да присуствува на погребот на Јован Павле Втори утре во 10 часот, јави Ројтерс.

Црвенковски утре на погреб на папата

Макфакс - 07.04.2005

Скопје Македонската делегација, предводена од шефот на државата Бранко Црвенковски, утре ќе присуствува на погребот на папата Јован Павле Втори во Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде погребан утре во 10,00 часот, во свештеничката гробница под Базиликата Свети Петар.

Папата ќе биде закопан под базиликата "Свети Петар"

Вест - 06.04.2005

РИМ, 6 април - Папата Јован Павле Втори ќе почива во "Ватиканските јами" под базиликата "Свети Петар", на местото каде што почиваше Јован 23-ти, одлучи вчера Конгрегацијата на кардиналите. Тестаментот на папата е познат, но тој се уште не е прочитан.

Море од верници на поклонение пред телото на папата

Утрински - 06.04.2005

Додека Римокатоличката црква се подготвува за погребот и избор на наследник на Јован Павле Втори Телото ќе биде изложено три дена и ноќи се до погребот в петок ВАТИКАН - Море од верници вчера мина крај телото на папата Јован Павле Втори во базиликата "Св.

Лаицизмот против државната тага за Јован Павле Втори

Утрински - 06.04.2005

Жестока полемика во Франција колкава треба да биде жалоста за папата Многу лаицистички интелектуалци го критикуваат Жак Ширак за присуството на мисата во Богородичната црква Од наШиот дописник Тони ГламЧевски Нанси - Франција земја на полемики? Одговорот е без двоумење - да.

Радоста од изборот на Јован Павле Втори

Утрински - 06.04.2005

Сведок >†Бев еден од малкуте Македонци присутен уште на изборот на папата Јован Павле Втори на 16 октомври 1978 годинааи, се сеќава г. Стојанов. †На плоштадот 'Свети Петар' со нетрпение го исчекувавме белиот чад што ќе означи дека кардиналите собрани во Сикстинската капела го избрале новиот папа.

Море од верници се поклонува пред папата

Дневник - 06.04.2005

ОГРОМНИ РЕДИЦИ ПРЕД БАЗИЛИКАТА "СВЕТИ ПЕТАР" Море католички верници од вчера мирно врвеа низ базиликата "Свети Петар" за да му се поклонат последен пат на папата Јован Павле Втори, додека Ватикан ја подготвува церемонијата за погребот, а кардиналите се собираат за да изберат нов папа, јави Ројтерс.

Јован Павле Втори

Дневник - 06.04.2005

Колумна - Љубиша Георгиевски Во сабота спроти недела (прогласена од папата за празник на Божјото Милосрдие) во 21.37 часот Исус Христос ги отвори тешките порти на вечноста за еден од папите со најдолг понтификат и, несомнено со најголема активност и со забележителни резултати, папата Јован Павле ...

Роналду ќе го крсти синот по папата

Дневник - 06.04.2005

фудбал Бразилскиот фудбалски ас Роналду изјави дека своето идно дете, доколку е машко, ќе го крсти во чест на папата, кој почина во минатата недела. Роналду, кој на почетокот на годинава се ожени, очекува принова со манекенката Даниела Чикарели, која е бремена во вториот месец.

Во базиликата Свети Петар, пред починатиот Јован Павле Втори до изутрината се поклониле над милион луѓе, околу 20.000 ...

Канал5 - 06.04.2005

Редот е долг околу два километра, а некои верници чекаат и над 12 часови за да му оддадат последна почит на понтифот. Стотина кардинали, денеска по трет пат се состанаа по смртта на поглаварот, за да ги завршат подготовките за погребот и да го Редот е долг околу два километра, а некои верници ...

"Реки течат" кон Ватикан!

Вечер Прес - 06.04.2005

Од вчера претпладне, посмртните останки на папата Јован Павле Втори се во базиликата "Свети Петар" каде што во редици чекаат, за последен пат да му оддадат почит на Светиот отец, стотици илјади верници од целиот свет. Со траор и солзи на лицето, покрај одарот на папата се редат и поклонуваат луѓе ...

Милион луѓе се поклонија пред Папата

Макфакс - 06.04.2005

Ватикан Над милион луѓе во базиликата Свети Петар се поклонија пред Папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата, соопштија извори во Ватикан. Според италијанското министерство за внатрешни работи пред посмртните останки на папата се поклонуваат меѓу 15 и 20 илјади луѓе на ...

Јован Павле Втори ќе биде закопан под базиликата „Свети Петар“

А1 - 05.04.2005

Папата Јован Павле Втори ќе почива во „Ватиканските јами“ под базиликата „Свети Петар“, на местото каде што почиваше Јован 23-ти, одлучи денеска Конгрегацијата на кардиналите. Тестаментот на папата е познат, но тој се уште не е прочитан.

„Должност на жената е да седи дома“

Време - 05.04.2005

КОНТРОВЕРЗИИТЕ НА ПАПАТА Паралелно со гласните пофалби на активизмот на папата Јован Павле Втори, кој придонесе за уривање на комунизмот низ целиот свет, многу потивко се јавуваат и критичарите на неговото дело. Најчесто на удар е одбивањето на папата да ја одобри употребата на кондомите, иако му ...

Папата ќе добие кралско испраќање

Време - 05.04.2005

ВАТИКАН СЕ ПОДГОТВУВА Кардиналите на Католичката црква вчера решија погребот на папата Јован Павле Втори да се одржи в петок, во 10 часот наутро, во криптата на базиликата „Свети Петар“. Телото на омилениот папа, кој почина во саботата по долга борба со Паркинсоновата болест, дотогаш ќе биде ...

Папата ќе биде погребан в петок во Ватикан

Утрински - 05.04.2005

Кардиналите се собраа да го организираат закопот на Јован Павле Втори и да разговараат за иднината на црквата Јован Павле Втори ќе биде закопан во базиликата "Св. Петар" ВАТИКАН - Католичките кардинали вчера го закажаа погребот на папата Јован Павле Втори за 8 април и почнаа да ја планираат ...

Јован Павле Втори ќе биде погребан в петок во Ватикан

Утрински - 05.04.2005

Католичките кардинали вчера го закажаа погребот на папата Јован Павле Втори за петок, 8 април и почнаа да ја планираат иднината на црквата по смртта на папата, кој ги водеше верниците повеќе од четврт век. На погребот во базиликата †Св.

Црвенковски ќе оди на закопот на Јован Павле Втори

Утрински - 05.04.2005

Делегација Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски ќе ја предводи македонската делегација на церемонијата на закопот на папата Јован Павле Втори, кој почина во саботата вечерта. На закопот што ќе се одржи на 8 април, в петок, со почеток во 10 часот наутро, се очекува да присуствуваат околу ...

Срцето се предаде по големата борба

Утрински - 05.04.2005

Во "Сведоци за надежта: биографија за папата Јован Павле Вториии° Џорџ Вигел го опишува апартманот како обичен и практичен, спротивен на сјајната апостолска палата со фрески од Рафаел, богати таписерии и мермер. Спалната на папата беше голема, меѓутоа едноставна, поделена со старомодни прегради.

Папата рече „амин“ и за миг подоцна беше мртов

Утрински - 05.04.2005

Последните денови на Јован Павле Втори во неговата битка со смртта Конечната драма се случи во папските простории кои гледаат кон плоштадот "Св. Петар° РИМ - Во последните мигови од својот живот, папата Јован Павле Втори лежеше во голема, меѓутоа, скромно наместена спална, што ја нарекуваше свој ...

Смртта на папата е голема загуба за целиот свет

Утрински - 05.04.2005

Бучковски Скопје - По повод смртта на папата Јован Павле Втори премиерот Владо Бучковски испрати телеграма со сочувство до кардиналот Едуардо Мартинез Сомало и до бискупот Киро Стојанов, апостолски администратор на Скопската бискупија.

Говорете македонски, ве разбирам, велеше папата

Утрински - 05.04.2005

Македонскиот државен и црковен врв секоја година имаше можност да биде примен од светиот отец Македонија е библиска земја, а Скопје родниот град на Мајка Тереза е симболот на хуманоста. Во моите молитви постојано е вашата земја.

Москва ја нагласува мудроста на починатиот папа

Утрински - 05.04.2005

Сочувство од Путин и од патријархот Алексиј Втори Од сочувството на патријархот се гледа и политичка порака до наследникот на папата ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Претседателот на Русија, Владимир Путин, и поглаварот на Руската православна црква, Алексиј Втори, упатија сочувство до ...

Светот изгуби духовен џин

Дневник - 05.04.2005

Коментар - Митко Билјаноски По смртта на папата, сите останаа посиромашни. Светот изгуби духовен џин, кој повеќе од кој било друг човек влијаеше позитивно врз светските настани. Полјакот Карол Војтила имаше кревко тело, но велик дух и непресушна сила за да проповеда мир и помирување.

Погреботв петок

Дневник - 05.04.2005

Папата Јован Павле Втори ќе биде погребан в петок во 10 часот, реши колегиумот на кардиналите, јави МИА. Градоначалникот на Рим, Валтер Велтрони, изјави дека ќе бидат преземени вонредни мерки во градот за да се овозможи нормално одвивање на погребната церемонија и за да им се овозможи на верниците ...

И атентаторот сака се поклони во Ватикан

Дневник - 05.04.2005

Мехмет Али Агџа, Турчинот што во 1981 година пукаше во папата Јован Павле Втори, побара да присуствува на неговиот погреб, јави Ројтерс. Мехмет Демирбаг, адвокатот на Агџа, изјави дека ќе побара од Министерството за правда на Турција да му дозволи на Агџа да го посети Ватикан.

Сињорачи го балсамира папата

Дневник - 05.04.2005

Ватикан Семејството Сињорачи од Рим ја продолжи семејната традиција - го балсамира папата Јован Павле Втори, пишува италијанскиот дневен весник "Кориере дела сера". Кланот Сињорачи бил задолжен за балсамирање на посмртните останки на последните три папи: Јован Дваесет и трети во 1963 година, Павле ...

Папата покажа почит кон нашата автокефалност

Вечер Прес - 05.04.2005

По повод смртта на Римокатоличкиот поглавар, Македонската православна црква испрати писмо до Светата столица во Ватикан. Во него, Архиепископот Охридски и Македонски Г.г. Стефан меѓу другото вели: "Папата Јован Павле Втори искрено ја покажуваше својата љубов и почит кон нашата Света Православна ...

НРСБ:Бугарски граѓани не се вмешани во атентатот врз папата

Макфакс - 05.04.2005

Софија “Бугарија на ниту еден начин не е вмешана во атентатот врз папата Јован Павле Втори во 1981 година“, се вели во специјалното соопштение од Националната разузнавачка служба на Бугарија, јавува агенцијата Бгнес. Во соопштението стои дека обвинетите бугарски државјани Сергеј Иванов Антонов, ...

Рим ќе го штитат ракети за време на погребот на Папата

Макфакс - 05.04.2005

Рим “Мини војска“ од 10 до 15 илјади луѓе, ќе се грижи за обезбедувањето за време на погребот на папата Јован Павле Втори, објавија денеска италијанските медиуми. Шефот на цивилната заштита во Рим Гвидо Берталоцо изјави дека ќе биде тешко да се одржи редот и безбедноста за време на погребот.

Ќе се откажат сите културни манифестации

Вечер Прес - 05.04.2005

Во многу земји во светот, по повод смртта на папата Јован Павле Втори, е прогласена национална жалост од еден или повеќе денови. Во Македонија, која е со мнозинско православно население, во недела ќе бидат откажани сите културни манифестации во знак на жалост за Јован Павле ...

Погребот на Папата в петок

Вечер Прес - 05.04.2005

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори ќе биде погребан в петок, соопшти градоначалникот на Рим, Валтер Велтрони. Тој додаде дека оддавањето почит на Светиот отец ќе се одвива непречено, а најави и засилени мерки за безбедност во пресрет на пристигнувањето на многу светски ...

Џорџ Буш прв американски претседател на погреб на папа

Макфакс - 05.04.2005

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш, со сопругата Лора, ќе ја предводи делегацијата на САД на погребот на Папата Јован Павле Втори што ќе се изврши в петок во Ватикан Буш ќе биде првиот американски претседател во историјата на таа земја, што ќе присуствува на погреб на еден поглавар на ...

Папата пред смртта оставил документ што уште не е прочитан

Макфакс - 05.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори пред смртта оставил документ кој се уште не е прочитан од кардиналите, кои денеска повторно се состанаа за да ја утврдат датата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква. Официјален Ватикан се уште не се соопштува кога ќе биде прочитан документот на ...

Кина ги забрани дискусиите за смртта на папата на Интернет

Макфакс - 05.04.2005

Пекинг Кина ги забрани дискусиите за починатиот папа Јован Павле Втори на водечките интернет сајтови. Според информации на кинескиот портал “Сина.ком“, забрането е на Интернет да се оставаат пораки во врска со смртта на папата, а одлуката била донесена на “високо ниво“, без да се прецизира дали ...

Биографија на Папата Јован Павле Втори

А1 - 04.04.2005

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Јован Павле Втори почина вечерва во Ватикан. Карол Јозеф Војтила, кој во октомври 1978 година откако беше избран за Папа го зема името Јован Павле Втори, е роден е во Вадовице недалеку од Краков на 18 мај 1920 година.

Погребот на папата на 8 април

А1 - 04.04.2005

Погребот на папата Јован Павле Втори ќе биде извршен в петок 8 април, во 10 часот по средноевропско време, реши колегиумот на кардиналите на денешната прва седница. Градоначаланикот на Рим Валтер Велтрони изјави дека животот во Рим в петок ќе запре, за да се овозможи нормално одвивање на погребната ...

Црвенковски ќе присуствува на погребот на папата

А1 - 04.04.2005

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе присуствува на погребот на Папата Јован Павле Втори в петок во Ватикан, соопштено е денеска. Папата ќе биде погребан во криптата на базиликата Свети Петар, одлучија кардиналите на првиот денешен состанок по неговата смрт.

Бучковски и Митрева со телеграми за смртта на папата

А1 - 04.04.2005

По повод смртта на папата Јован Павле Втори, претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски испрати телеграма со сочуство до кардиналот Едуардо Мартинез Сомало и до бискупот Киро Стојанов, апостолски администратор на Скопската бискупија.

ЕУ благодарна на папата за обединувањето на Источна и Западна Европа

А1 - 04.04.2005

„Му се поклонуваме на папата Јован Павле Втори чиј придонес за обединувањето на Источна и Западна Европа е неизмерен“ се вели во денешното соопштение на луксембуршкото претседателство на Европската унија по повод смртта на папата.

Атентаторот на папата сака да присуствува на погребот

А1 - 04.04.2005

Мехмет Али Агча, атентаторот на папата Јован Павле Втори, сака да присуствува на погребната церемонија, изјави денеска неговиот адвокат Мехмет Демирбаг за турската телевизија „Хабертурк“. Адвокатот на Акча, ваквото барање ќе го поднесе до Министерството за правда на Република Турција.

Згасна светлината на Ватикан

Време - 04.04.2005

Папата Јован Павле Втори се родил на 18 мај 1920 година во полскиот град Вадовице, мало место со околу 10.000 жители. Тогаш папата не бил познат како наследник на свети Петар, суверен на Ватикан или бискуп на Рим, туку само како Карол Јозеф Војтила.

Цитати на папата Јован Павле Втори

Време - 04.04.2005

Како што оди семејството, по него оди и нацијата, а по нив и целиот свет во кој живееме. Не очајувајте. Ние сме велигденскиот народ, Алелуја е нашата песна. Не плашете се да одите во непознатото. Едноставно бестрашно зачекорете, знаејќи дека јас сум со вас, оттаму не може ништо лошо да ви се случи.

Почина папата Јован Павле Втори

Време - 04.04.2005

Папата Јован Павле Втори почина на 2 април, во 21.37 часот. Тој и подлегна на Паркинсоновата болест, која му го уништи имунитетот, така што на крајот организмот не можел да се избори со инфекција. Тажната вест им била соопштена на околу 100.000 верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Срцето ќе почива во замокот „Вавел“ крај Краков

Време - 04.04.2005

Полска побара срцето на Јован Павле Втори, односно на нивниот кардинал Карол Војтила, да биде погребано во замокот „Вавел“ во Краков. Папата долги години служел како надбискуп на Краков. Весникот „Газета виборча“ пишува дека Ватикан неофицијално се согласил со барањето на ...

Смртта на папата го одложи роденденот на НАТО

Вест - 04.04.2005

Поради смртта на папата Јован Павле Втори одложен е хепенингот по повод роденденот на НАТО - 4 април што под мотото "Во еден глас - Македонија за НАТО" вчера требаше да се одржи во Скопје. Хепенингот, кој е дел од Програмата за промоција на евроатлантската идеја во земјава, го организира ...

Одложените мечеви во Серија А и Серија Б на 20 април

Утрински - 04.04.2005

Пореди смртта на Папата Јован Павле ИИ Националниот олимписки комитет на Италија (ЦОНИ) реши да ги презакаже натпреварите од 30. коло од двете италијански фудбалски лиги Серија А и Серија Б за 20 април. Тоа го соопшти и официјалниот сајт на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Јован Павле Втори беше човек на мирот и на љубовта

Утрински - 04.04.2005

Изјава на архиепископот Стефан Вчера претпладне, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ја посети Католичката бискупија во Скопје, за да го изрази сочувството за смртта на папата Јован Павле Втори, каде што беше примен од апостолскиот администратор на Католичката црква во Македонија, г.

Светот жали за починатиот папа

Утрински - 04.04.2005

По долго боледување, во саботата вечерта почина Јован Павле Втори, големиот пастир на католиците во светот Телото на Јован Павле Втори изложено во Ватикан, погреб в четврток или в петок ВАТИКАН - По тешко боледување, во саботата почина папата Јован Павла Втори.

Замина човекот со највисок морален авторитет

Утрински - 04.04.2005

Сочувство од Бранко Црвенковски Бранко Црвенковски, претседател на Македонија, по повод смртта на папата Јован Павле Втори, испрати писмо до Светиот стол: ?Со чувство на длабока болка и тага ја примив веста за смртта на папата Јован Павле Втори.

Папата кој ја смени улогата на Католичката црква во светот

Утрински - 04.04.2005

Јован Павле Втори или Карол Војтила беше една од најпознатите личности во светот Изборот на Карол Војтила за папа во 1978 година, го вчудовиди католичкиот свет. Никој не очекуваше дека 58-годишниот кардинал од Краков ќе ја добие главната функција.

Јован Павле Втори икона на дваесеттиот век

Утрински - 04.04.2005

Контроверзиите и минатиот труд на Полјакот на челото на Светиот стол Морален авторитет каков што немаше во светот ДИМИТАР ЧУЛЕВ Смртта на Папата Јован Павле Втори е планетарен настан. Исто како што беше значајно влијанието на човекот, што го почна животот како Карол Војтила, на планетарно ниво во ...

Јован Павле Втори беше спортист во душата

Дневник - 04.04.2005

ПАПАТА и СПОРТоТ Починатиот папа Јован Павле Втори, меѓу другото, беше познат и како пријател на спортистите, а во младите години и самиот беше спортист. Во младите години, Карол Војтила практикувал повеќе спортови. Кога беше избран за папа, тој често се среќаваше со познати спортисти.

Црвенковски: Македонијаќе му биде благодарна на папата

Дневник - 04.04.2005

Со смртта на папата светот се збогува со личноста која со својот највисок морален авторитет, со својата духовна сила и вљубеност во мирот и слободата, постави нови вредносни и морални критериуми, и беше еден од неговите најголеми заштитници, се вели во писмото до Ватикан од претседателот на ...

Папата замина меѓу бесмртните

Дневник - 04.04.2005

ПОЧИНА ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ, ПАПАТА ШТО ГО СМЕНИ СВЕТОТ Папата Јован Павле Втори, поглаварот на Римокатоличката црква, почина во саботата во Ватикан на возраст од 84 години, по тешко боледување. Јован Павле Втори, првиот неиталијански папа по многу векови, помина 26 значајни години на папскиот трон и ...

Погребот в четврток

Дневник - 04.04.2005

Папата најверојатно ќе биде погребан в четврток, под базиликата Свети Петар, на местото каде што веќе со векови се погребуваат папите, освен ако откако ќе биде отворен неговиот тестамент, тој не изразил поинаква желба. Веќе е отпочната процедурата на балсамирање на неговото тело, опремување, а ...

Телото ќе почива во Ватикан, а срцето во Краков?

Дневник - 04.04.2005

Последните часови од својот живот Јован Павле Втори ги поминал со единственото семејство што му останало - со своите најблиски помошници од Полска. Неговите двајца приватни секретари од Полска, полскиот кардинал и полскиот надбискуп отслужиле миса покрај неговата постела во Апостолската палата во ...

Срцето на Војтила да се погреба во Краков

Вечер Прес - 04.04.2005

ВАРШАВА, 4 АПРИЛ (МИА) - Полјаците сакаат да го погребаат срцето на нивниот сонародник Јован Павле Втори во татковината, во кралскиот замок Вавел во Краков каде папата со години служел како краковски надбискуп. Желбата за тоа, наводно своевремено ја изразил папата, а претставниците на полските ...

Претсетадателот Црвенковски на погребот на Папата

Макфакс - 04.04.2005

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе присуствува на погребот на Папата Јован Павле Втори в петок во Ватикан, соопштено е денеска. Папата ќе биде погребан во криптата на базиликата Свети Петар, одлучија кардиналите на првиот денешен состанок по неговата смрт.

Погребот на Папата во петок

Макфакс - 04.04.2005

Ватикан Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори ќе биде погребан в петок, соопшти градоначалникот на Рим Валтер Велтрони. Тој додаде дека оддавањето почит на Светиот отец ќе се одвива непречено, а најави и засилени мерки за безбедност во пресрет на пристигнувањето на многу ...

Почина Папата!

Вечер Прес - 04.04.2005

Завчеравечер, во 21,37 часот, почина поглаварот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори. "Господ своите рајски порти ги отвори за папата и тој се врати дома" - со оваа длабоко христијанска и возвишена мисла беше соопштена веста за неговото заминување од овој свет.

Илјадници верници на поклонение во Рим

Макфакс - 04.04.2005

Ватикан Илјадници верници од утринава започнаа да пристигнуваат на римскиот плоштад Свети Петар за да му оддадат последна почит на папата Јован Павле Втори, јавуваат италијанските медиуми. Tелото на Папата попладне ќе биде преместено од Клементинската сала на апостолскиот дворец во катедралата ...