Сликата на скопските семафори со години назад е иста. И денеска овие деца бришеа стакла на коли за ситни пари, но и покрај се тие остануваат на крстосниците. Злоупотребата на трудот, присилната работа, порнографијата се дел од криминалните лавиринти во кои се вклучени децата.
Околу 18.000 деца во Македонија не се вклучени во образовниот систем, а најмалку 2.000 го минуваат детството на улица. Ова го соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, по повод Меѓународниот ден против злоупотребата на детскиот труд - 12 јуни.
Илјадници деца под 12 години се жртви на безмилосната злоупотреба на детскиот труд Јулијана Кимовска Над 2.000 деца во Македонија место да се радуваат на безгрижните детски игри, живеат на улица во најголема беда и се принудени да питачат или да работат тешки физички работи, рамо до рамо со ...
Во Република Македонија над 18.500 деца не се вклучени во образовниот систем, а најмалку 2.000 деца се на улица и се жртви на злоупотреба на детскиот труд, соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод 12 јуни - Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд.
АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ НА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДЕТСКИОТ ТРУД Голем број деца се почесто се жртви на најсурови форми на злоупотреба на нивниот труд. Ним детството им станува сурова игра, што ја водат нивните родители и општеството, наместо да им биде најубавиот и најбезгрижен период во животот.