TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Канатларовски се уште селектор !!!

Вест - 18.05.2001

Според генералниот секретар на ФСМ, Бошалевски: " На последната седница, членовите на Управниот одбор на ФСМ му дадоа овластување на Претседателот на Сојузот Ламба Арнаудов да разговара со Канатларовски и истовремено да го разреши од селекторската функција.

Ѓоко Хаџиевски тренер на Слога Ј.?

Дневник - 18.05.2001

АКО ЈОВАНОВСКИ БИДЕ НОВ СЕЛЕКТОР Веднаш по официјалното назначување на Ѓоре Јовановски за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, постои голема веројатност Слога Југомагнат да го ангажира поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски.

Сите заложници на Цапар

Дневник - 17.05.2001

Коментар-Милорад Стојмановски Некој лаже: или фудбалскиот селектор (поранешен?) Драган Канатларовски - Цапар или претседателот на ФСМ, Ламбе Арнаудов. Целата македонска јавност го слушна Ламбета јасно и гласно дека Цапар му се јавил телефонски и поднел оставка пред да се разгледува точката на ...

Ѓоре Јовановски нов селектор

Вест - 16.05.2001

ФСМ веднаш најде замена за Канатларовски Досегашниот тренер на Слога Југомагнат Ѓоре Јовановски од вчера е новиот селектор на нашата најдобра фудбалска селекција. По вчерашниот разговор што Јовановски го водел со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Македонија Ламбе Арнаудов постигнат е договор во ...

Канатларовски поднесе оставка

Вест - 16.05.2001

На состанокот на УО на ФСМ Смената на селекторската функција на нашата најдобра фудбалска селекција што како шпекулација последниве неколку дена беше во центарот на интересирањето на не само фудбалската јавност, сепак се оствари.

Ѓоре Јовановски — нов селектор на Македонија

Дневник - 16.05.2001

ФУДБАЛ - ПО ОСТАВКАТА НА КАНАТЛАРОВСКИ Ѓоре Јовановски е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, откако на вчерашната неформална средба со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Македонија, биле договорени сите детали за преземањето на селекцијата.

Избрани селекторите на младинските селекции

Дневник - 16.05.2001

ОД СЕДНИЦАТА НА УО НА ФСМ * Никола Илиевски-Џиџи од завчера и официјално е селектор на младинската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година. Тој досега функцијата ја извршуваше како вршител на должноста. На завчерашната седница на УО на ФСМ беа промовирани и другите селектори на младинските ...

Цапар побара да остане на платен список на ФСМ

Дневник - 16.05.2001

ДОДЕКА НЕ НАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН Поради тоа што, сега веќе, поранешниот селектор на репрезентација на Македонија Драган Канатларовски не беше разрешен, туку си поднесе оставка, ФСМ нема обврска да го исплаќа до крајот на договорот со важност до крајот на 2004 година.

Цапар поднесе оставка пред да добие отказ

Дневник - 15.05.2001

ФУДБАЛ - СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФСМ Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Драган Канатларовски вчера поднесе оставка на редовната седница на УО на ФСМ. Оваа негова одлука уследи откако осум членови на УО побараа на дневен ред да се стави точката за негово разрешување.