Американските авиони ги продолжија нападите врз скриените разбиени борци на Ал Каида. Бомбардирањата се концентрирани на регионот околу градот Завар во источниот дел на земјата, известува Афган Исламик Прес. Американските војници ги пребаруваат поранешните кампови за тренинг на борците на Ал Каида.
Вашингтон Вашингтон - Американскиот претседател Џорџ Буш го предупреди Иран да не го дестабилизира Авганистан. Додавајќи дека очекува од Техеран да ги предаде сите членови на мрежата на Бин Ладен, Ал Каеда, за кои се претпоставува дека пребегнале преку границата.
Додека воените лидери и разбојници организираат феудални имоти низ Авганистан КАНДАХАР - Додека воените лидери и разбојници организираат феудални имоти низ Авганистан, а американските војници вчера започнаа со разоружување на локалната милиција, првите воени затвореници ја напуштија земјата на пат ...
Првата група од борци на Ал Каида и на Талибанците се префрлени во американската база Гвантанамо во Куба. Било пукано на авионот што ги пренесувал борците, за време неговото полетување од аеродромот во Кандахар, јави американската телевизија CNN.
Неочекуван пресврт во предавањето на тројцата талибански министри во Авганистан КАБУЛ - Приказната за трите поранешни талибански министри кои се барани од страна на САД, вчера доби неочекуван пресврт кога авганистанските претставници коишто првично изјавија дека тие се предале, изменија делови од ...
Пазарно стопанство и демокртаски принципи, како што е слободата на медиумите, се основните цели за кои се заложи авганистанскиот премиер, Хамид Карзаи, за првпат по неговото доаѓање на власт. „За економски и социјален напредок на Авганистан неопходни се слободниот пазар и развојот на приватниот ...
Кандахар, 10 јануари - Министрите за одбрана и за правда и неколку други високи претставници на соборениот талибански режим им се предадоа на новите власти во Авганистан по што беа амнестирани. Според извори блиски на гувернерот на Кандахар Гул Ага, сите тие биле амнестирани откако ја признале ...
Пренесено од ТајмсТајните на Тора БораПридружувајќи ги борците на Заир влегов во некои од пештерите и тренинг камповите на Бин Ладен во Авганистан. Кампот се наоѓаше во долината Милава, близу Тора Бора во пазувите на величенствените Бели Планини.
Додека трае потерата по врховниот талибански лидер мула Омар КАБУЛ - Тројца поранешни министри на поразениот талибански режим им се предадоа на нивните освојувачи, додека потерата по врховниот талибански лидер повторно е насочена кон нерамните јужни планини.
За време на еден обид за бегство, изутрината во авганистанскиот град Кандахар, во воздух се крена еден борец на Ал Каида. Според изјавата на еден месен командант, тој се обидел да избега од болницата, во којашто се наоѓал повеќе од еден месец. При обидот за бегство тој активирал граната.
Американските бомбардирања на Авганистан продолжуваат со несмалена жестина КАБУЛ - Американски авиони вчера го бомбардираа источен Авганистан во потрага по мрежата на Осама бин Ладен додека племенските лидери се состанаа за да ја решат судбината на едно момче тинејџер осомничено за убиство на ...
Авганистанските власти ги заголемуваат напорите за апсење на преостанатите Талибанци На 20 - 30 илјади талибански борци им било дозволено да се вратат во своите домови Кабул - Околу 35 тврдокорни Талибанци и лидери на Ал Каеда и натаму се на слобода, а Авганистан се залага да ги изведе пред лицето ...
ЛОНДОН, 8 јануари (Ројтерс) - Еден британски муслиман кој тврди дека помогнал да се регрутираат повеќе од 200 талибански доброволци од Британија вчера изјави дека голем дел од нив ќе се вратат во Британија за да вршат напади на тамошните воени и политички водачи.
Околу 1.500 американски војници ќе бидат упатени во американската морнаричка база Гвантамо Беј на Куба за да ги извршат потребните подготовки за доаѓање на уапсените припадници на Ал Каида и на авганистанските талибанци во таа база, соопшти претставник на Пентагон.