TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костов ја кани антикорупциската Комисија на состанок

Вест - 02.10.2004

ПО ЗАТЕГНУВАЊЕТО НА ОДНОСИТЕ Владата и напиша на Антикорупциската комисија дека расправала за прашања кои не биле во нејзина надлежност и за кои немала документи и побара заеднички состанок. Во писмото на Генералниот секретар на Владата Мери Младеновска, кое вчера попладне било испратено до ...

Премиерот Костов и закажа средба на Антикорупциската комисија

Дневник - 02.10.2004

ВЛАДА Премиерот Хари Костов ги кани членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на состанок идната среда за да ја подобрат комуникацијата и да поразговараат за прашањата поврзани со гасоводот, продажбата на земјиште за изградба на американската амбасада и за изнајмувањето на ...

Нема договор за продажба на земјиште на Кале

Време - 02.10.2004

ПРЕМИЕРОТ СЕ ДОПИШУВА СО АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Владата никогаш не потпишала купопродажен договор за земјиште на локалитетот Кале, туку станува збор за договор за условна продажба во кој се наведени постапките што треба да бидат исполнети за склучување дефинитивен договор.

Продажбата на локацијата за амбасада е според прописите

Утрински - 02.10.2004

Писмо од Владата до Антикорупциската комисија по забелешките Кон крајот на октомври се очекува да се потпише главниот договор за продажба на локацијата за изградба Владата смета дека досегашната постапка за продажбата на земјиште за изградба на новата американска амбасада во земјава е спроведена во ...

ХАРИ КОСТОВ ГИ КАНИ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ НА СОСТАНОК

Вечер Прес - 02.10.2004

Владата не го доставила купопродажниот договор за Калето до Антикорупциската комисија затоа што таков договор нема, а постои само договор за условна продажба, и објаснува во писмото што вчера го испрати до Државната комисија за спречување на корупцијата генералниот секретар на Владата, Мери ...

Костов ја кани антикорупциската Комисија на состанок

А1 - 01.10.2004

Откако антикорупциската комисија ја нарече влада во сенка, премиерот Костов сега ги кани членовите на комисијата на средба во владата заеднички да разговораат за гасоводот, изградбата на американската амбасада на Кале и изнајмувањето на хотелот Магнус.

Премиер "на сонце"

Дневник - 01.10.2004

Коментар - Натали Н. Сотировска Премиерот Хари Костов повторно заглави со својот недипломатски речник, кога изјави дека Антикорупциската комисија се однесувала како "Влада во сенка". Можеби не е само речникот во прашање? Можеби неговиот вокабулар произлегува од неговото поимање на местото и на ...

Костов не трпи конкуренција

Време - 01.10.2004

Зоран Андоновски <> Се сеќавате на графитот од скопските улици „Не кради, Владата не трпи конкуренција“? Премиерот Хари Костов сака да владее без конкуренција. Нему не му се допаѓа ако некој му буричка во ингеренциите, па макар и тоа било само укажување или реагирање на евентуалните грешки.

Штитиме имот, а не страна во спорот за гасоводот

Дневник - 01.10.2004

АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА Да се заштити државниот имот во гасоводот, а не да се држи нечија страна беше целта на превентивното укажување на Државната комисија за спречување на корупцијата, изјави вчера претседателот на Комисијата, Јован Трпеновски.

ВЛАДАТА ГИ КРИЕ АНЕКСИТЕ?

Вечер Прес - 01.10.2004

Од сега овој проблем влегува во рацете на државните антикоруптори, и веќе на првата следна седница, во вторник, Комисијата ќе ја стави оваа точка на дневен ред. Договорот за условна продажба на локацијата дојде условно кажано "гол" односно без анексите за кои Антикорупциската комисија има сознанија ...

ПРЕМИЕРОТ САКА ДА СМЕ ВЛАДА"ПОД СЕНКА"

Вечер Прес - 01.10.2004

Државните антикоруптори се, благо речено, шокирани и револтирани од завчерашната изјава на премиерот Хари Костов дека Антикорупциската комисија дејствува како паралелна влада или влада во сенка. Сметаме дека ова е непримерна лична изјава на премиерот Хари Костов, и крајно неприфатлив начин на ...

Антокорупциската комисија станува влада во сенка

Дневник - 30.09.2004

ХАРИ КОСТОВ Премиерот Хари Костов вчера изјави дека Антикорупциската комисија ги надминала своите надлежности со случајот гасовод. - Очигледно дека е можно некои институции во земјава да се однесуваат како влада во сенка - истакна Костов.

Не се почитувани законските услови за продажба на Градиште

Утрински - 30.09.2004

ЗАКЛУЧОК Договорот за продажба на локалитетот Градиште во близина на скопското Кале, каде е планирана изградба на новата американска амбасада, направен е без претходно да бидат исполнети законските предуслови. Владата го задолжила министерот за транспорт и врски да го потпише договорот (со ...

Владата незаконски им го продала Градиште на Американците

Вест - 30.09.2004

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА СЛУЧАЈОТ АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА НА КАЛЕ Антикорпуциската комисија информира дека Владата склучила договор со Американците за продажба на 5 хектари земјиште на локалитетот Кале - Градиште за 50 евра квадрат, не почитувајќи го постојниот Генера Државната комисија ...

Владата го крие договорот за изградба на Амбасадата на САД

Време - 30.09.2004

СЛУЧАЈ АМБАСАДА НА ГРАДИШТЕ Мери Јордановска Владата го задолжила министерот за транспорти врски Агрон Буџаку да го потпише Договорот за изградба на американска амбасада на скопското Кале-Градиште, без претходно да утврди дали е изменет Генералниот урбанистички план.

Костов: Некој се однесува како влада во сенка

Вест - 30.09.2004

ПРЕМИЕРОТ КОНТРА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА "Комисијата има надлежност во случај кога ќе утврди дека државата, јас, кој било министер има судир на интереси во постапката со решавањето на спорот со гасоводот или ако има елементи на корупција.

Костов: Антикорупциската комисија дејствува како паралелна влада

Утрински - 30.09.2004

Премиерот за спорот околу сопственоста на гасоводот КОСТОВ: Ако утврдат дека јас сум корупмиран во случајот со гасоводот, тие имаат целосно право да поведат постапка против мене ШТИП - Антикорупциската комисија сў повеќе се поставува како паралелна влада во случајот со спорот околу сопственоста над ...

Костов: Антикорупциската комисија не е влада во сенка

Време - 30.09.2004

СЛУЧАЈ „ГАСОВОД“ Антикорупциската комисија ги надмина своите надлежности, оваа институција нема право да спроведува закони и да се однесува како Влада во сенка, изјави премиерот Хари Костов во врска со ставот на комисијата за случајот „Гасовод“.

Владата го крие договорот за амбасадата на САД

Дневник - 30.09.2004

АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА Владата го задолжила Министерството за транспорт и врски да склучи договор со непосредна спогодба за продажба на локалитетот Француски гробишта на Кале за изградба на Амбасадата на САД без да провери дали е извршена измена на детаљниот урбанистички план и без да постои ...

КАЛЕТО ПРОДАДЕНО, ВЛАДАТА ЗА ГУША

Вечер Прес - 30.09.2004

Според наводите на Комисијата, владата на 62. седница одржана на 10 декември 2003 година го задолжила министерот за транспорт и врски да го потпише договорот за отуѓување градеж но земјиште на локалитетот Француски гробишта со непосредна спогодба по цена од 50 евра за квадрат, иако не била завршена ...

Пропусти при договoрот за амбасада на САД на Кале

А1 - 29.09.2004

Владата, при склучувањето на договорот за продажба на локалитетот на Кале за изградба на американската Амбасада во Скопје, не ги испочитувала законски услови. Ова денеска го соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата, додавајќи дека од Владата се уште не го добила Договорот за ...

Костов: „Комисијата нема право да го креира спроведувањето на законите “

А1 - 29.09.2004

„На Антикорупциската комисија никој не и дава право да креира политика на спроведување на законите. Доколку оваа комисија има документ за евентуална корумпираност, моја или на некој министер, или пак дека постои судир на интереси, дури тогаш Антикорупциската комисија може да покрене постапка.

Владата не ги почитувала законските услови при продажбата на Калето

А1 - 29.09.2004

Владата не ги почитувала законските услови, кога донела одлука да ја продава локацијата на Скопско кале за изградба на американската амбасада, оцени Антикорупциската комисија. На последната седница, комисијата заклучила дека министерот Буџаку го склучил договорот, без да констатира дека е завршена ...

Владата да не се откажува од гасоводот

Дневник - 29.09.2004

препорака Државната комисија за спречување на корупцијата и порача на Владата дека треба да го штити јавниот интерес и нема да дозволи отуѓување на државниот капитал вложен во гасоводот. Комисијата вчера заклучи дека државните институции не ги дефинирале своите удели во финансирањето на изградбата ...

Владата не смее да се откаже од гасоводот

Вест - 29.09.2004

ДРЖАВНАТА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА СМЕТА: Јавното правобранителство ќе побара повторување на судската постапка, според која Република Македонија е задолжена на "Макпетрол" да му исплати отштета од 4,5 милиони евра "Владата не смее да се откаже од сопственичкиот дел на гасоводот и да дозволи влогот ...

Владата не смее да го продаде државниот капитал во Гасоводот

А1 - 28.09.2004

Владата не смее да го продаде државниот капитал во Гасоводот, заклучи денеска антикорупциската комисија откако ја прегледа целата документација за овој случај. Комисијата ја предупредува Владата дека не смее да дозволи влогот во Гасоводот да се смета за побарување што ќе му го препушти на Макпетрол.