TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најголем раст на БДП досега

Вечер Прес - 21.09.2008

Најголем раст на БДП досега Најновиот раст на бруто-домашниот производ (БДП), според премиерот Никола Груевски е продолжување на растот на економијата започнат минатата година, што е пак најголем во споредба со сите претходни години.

БДП се зголемил за 6,5 проценти

Нова Македонија - 19.09.2008

Бруто домашниот производ во второто тримесечје од 2008 година се зголемил за 6,5 отсто во однос на истиот период од лани, што е резултат на додадената вредност во сите сектори, соопшти Државниот завод за статистика. Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера изјави дека се работи за извонредни резултати.

Македонија остварила раст на БДП од 6,5 отсто

Макфакс - 18.09.2008

Бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија во второто тримесечје е зголемен за 6,5 отсто во однос на истиот период од минатата година. Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, појаснувајќи дека наведената стапка на пораст е резултат на порастот на додадената вредност во сите сектори.