TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Промоција на „Шмизла“ од Сашо Тасевски

Утрински - 18.10.2007

Денеска на малата сцена во Драмскиот театар во Скопје, во 18.30 часот, ќе се одржи промоција на книгата-драми "Шмизла" од Сашо Тасевски. Драмите ќе ги претстави писателот Венко Андоновски, кој е и автор на поговорот, додека фрагменти ќе интерпретиреаат актерите Јелена Жугиќ, Роберт Велјановски и ...

Претставување на драмите на Сашо Тасевски

Вест - 18.10.2007

"Шмизла", заедничкиот наслов под кој издавачкиот центар "Три" издаде пет драми од Сашо Тасевски, промоција има вечерва (18,30 ч.) во Драмскиот театар во Скопје. Покрај "Шмизла", останатите се "Канибали", "На девет по Рихтер", "Интермецо" и "Киклоп".

Промоција на „Шмизла“ од Сашо Тасевски

Дневник - 18.10.2007

Книгата драми „Шмизла“ од актерот Сашо Тасевски, во издание на „Три“, ќе биде промовирана вечерва во 18.30 часот, на малата сцена во Драмскиот театар во Скопје. За петте драми што ги содржи првата книга на Тасевски ќе зборува писателот Венко Андоновски.

Промоција на Шмизла

Вечер Прес - 18.10.2007

Промоција на книгата драми "Шмизла" од актерот Сашо Тасевски ќе се случи вечерва (18,30 ч.) во Драмски театар, мала сцена. Драмите ќе ги претстави Венко Андоновски, кој е и автор на поговорот, а фрагменти ќе интерпретираат артистите Јелена Жугиќ, Роберт Велјановски и самиот автор, Сашо Тасевски.

Актерот Сашо Тасевски издаде книга драми

Дневник - 16.10.2007

Првата книга драми „Шмизла“ од актерот Сашо Тасевски излезе од печат во издание на „Три“ од Скопје. „На девет по Рихтер“, „Шмизла“, „Интермецо“, „Канибали“ и „Киклоп“ се насловите на драмите за кои писателот Венко Андоновски напиша предговор.