TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Киднапираните ќе се вратат во Басра

Утрински - 23.02.2006

Во семејствата Адеми и Рамадани прексиноќа се славеше ТЕТОВО - Фарук Адеми и Расим Рамадани, двајцата тетовци што беа киднапирани, па ослободени во околината на Басра во Ирак, прексиноќа се видоа со своите семејства. "За две недели повторно се враќаме во Ирак.

Валандовчани од Ирак заминуваат на работа во САД

Утрински - 23.02.2006

МИГРАНТИ ВАЛАНДОВО.-Моментално на работа во Ирак се наоѓаат 12 валандовчани, кои таму престојувале меѓу три и шест месеци. Се очекува тие да се вратат во земјава на 5 март. Сите тие, како и минатата година, на работа во Ирак заминуваат преку една италијанска фирма, чиј сопственик е македонски ...

Над 700 кумановци работат во земјите со висок ризик

Утрински - 23.02.2006

Ирак и Авганистан и натаму се атрактивни дестинации Главен работодавец за Ирак, Авганистан и Кувајт и натаму е американската фирма "Браун и Рут" СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - Трагичната судбина со тројцата кумановци Далибор Лазаревски, Зоран Настовски и Драган Марковиќ, кои беа киднапирани, а потоа и ...

Глава в торба во Ирак за 1.500 долари

Утрински - 23.02.2006

Според МНР, во Ирак по заработувачка се заминати околу 1.500 македонски државјани, но реално таму има неколку илјади Киднапираните, па ослободени тетовци наскоро повторно ќе се вратат во Басра ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Според процените на Министерството за надворешни работи, околу 1.500 македонски ...

Во Ирак и Авганистан работат над 1.200 тетовци

Утрински - 23.02.2006

Ниту киднапирањата не можат да ги одвратат луѓето од тетовскиот крај да заминуваат на работа во кризните држави Најмногу работници во Ирак има од Мала Речица и населбата Теќе како и во селата Гајре, Шипковица, Желино, Требош и Селце ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - Во двете кризни држави Ирак и Авганистан ...

Киднапираните се вратија

Дневник - 22.02.2006

скопЈе Фарук Адеми и Расим Рамадани, кои беа киднапирани во близина на ирачкиот град Басра, по повеќедневното заложништво, вчера се вратија дома. Тие пристигнаа на скопскиот аеродром со приватен авион, а веднаш потоа заминаа во своите домови во ...

Ослободените тетовци долетаа во Скопје со приватно авионче

Вест - 22.02.2006

ЗАВРШИ ДРАМАТА СО КИДНАПИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ИРАК Двајцата Македонци киднапирани во Ирак, Расим Рамадани (37) и Фарук Адеми (24), вчера се вратија во Скопје. На Скопскиот аеродром ги пречекаа по некој роднина и повеќе претставници на "Еколог", фирмата за која работат во Ирак.

Киднапираните тетовци се вратија дома

Утрински - 22.02.2006

Заврши неколкудневната заложничка драма на двајцата тетовци во Ирак откако беа грабнати од криминалци во Басра Двајцата киднапирани тетовци Фарук Адеми и Расим Рамадани, по неколкудневната заложничка драма во Ирак, вчера попладне со специјален лет од Истанбул пристигнаа на скопскиот аеродром.

Двајцата тетовци од Ирак пристигнаа на скопскиот аеродром

Време - 22.02.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ Фарук Адеми и Расим Рамадани, двајцата тетовци што завчера беа ослободени по тридневно заложништво кај криминална банда во Ирак, вчера попладне пристигнаа на скопскиот аеродром. Беа пречекани од најблиските роднини и од новинарите, но не беа расположени за разговор.

Пристигнаа киднапираните тетовци

Вечер Прес - 22.02.2006

Двајцата тетовци, Фарку Адеми и Расим Рамадани, кои беа киднапирани во четвртокот во Ирак, вчера пристигнаа на Скопскиот аеродром. Адеми и Рамадани беа пречекани од членовите на нивните семејства и од претставници на МНР, по што заминаа за родното Тетово.

Радост во семејствата на Адеми и Рамадани

А1 - 21.02.2006

Конечно заврши заложничката драма; двајцата Тетовчани Фарук Адеми и Расим Рамадани се вратија дома. Во Тетово, најпрво, добредојде им посакаа колегите од тетовското претставништво на „Еколог“, германската компанија преку која тие работеа во Ирак. Паднаа прегратки и солзи радосници.

Ослободените Адеми и Рамадани пристигнаа во Скопје

А1 - 21.02.2006

По неколку одложувања на летот и 4 часа чекање, приватниот авион на германската компанија „Еколог“, од Истанбул слета на скопскиот аеродром Петровец. Единствени патници беа Фарук Адеми и Расим Рамадани кои по 5 дневно заложништво во Ирак и вчерашното ослободување, се вратија дома.

Ослободени киднапираните тетовци во Ирак

Утрински - 21.02.2006

Преговорите што ги водеше компанијата "Еколог" со грабнувачите завршија со среќен епилог Преговорите со криминалната група, како што изјави државниот секретар во МНР, Емил Кирјаз, ги водела фирмата "Еколог", додека надлежните власти во регионот на Басра учествувале во ослободувањето на Расим ...

Тетовците Адеми и Рамадани денес се враќаат дома

Вест - 21.02.2006

ОСЛОБОДЕНИ КИДНАПИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ИРАК "Во понеделникот рано утрото екипа експерти на "Еколог интернационал", предводена од сопственикот на фирмата Назис Дестани, успешно го реши случајот и ги ослободи двајцата свои вработени", стои во кусото соопштение на фирмата за која работеа Ирачките ...

Киднапираните Рамадани и Адеми се вратија дома

Канал5 - 21.02.2006

Работниците на „Еколог“ Расим Рамадани и Фарук Адеми се вратија во Македонија. Со приватен авион на компанијата тие слетаа на скопскиот аеродром околу 16 часот. Работниците на Еколог Расим Рамадани и Фарук Адеми се вратија во Македонија.

Пеколот помина, го чекам Фарук да ми се врати!

Време - 21.02.2006

РОДИТЕЛИТЕ НА ОСЛОБОДЕНИТЕ ТЕТОВЦИ ПРЕСРЕЌНИ Емил Зафировски Тетовците Фарук Адеми и Расим Рамадани, кои беа киднапирани во четвртокот во близина на ирачкиот град Басра, биле ослободени вчера утрото по неколкудневни преговори со киднаперите.

Фарук и Расим се враќаат во Тетово

Дневник - 21.02.2006

по откупот Двајцата македонски државјани Фарук Адеми и Расим Рамадани, кои во минатата недела беа киднапирани во Ирак, вчера изутрината биле ослободени и се очекува денеска да се вратат во Македонија, потврдија од македонското Министерство за надворешни работи и од компанијата "Еколог".

МНР не знае дали е платен откуп

Вечер Прес - 21.02.2006

Двајцата тетовци Фарук Адеми и Расим Рамадани, кои беа киднапирани во четвртокот во Ирак, беа ослободени вчераутро, соопшти МНР. Министерството за надворешни работи уште во текот на неделата добило навестување дека двајцата македонски државјани ќе бидат ослободени, изјави вчера државниот секретар ...

МНР ја потврди информацијата за ослободувањето на Македонците

А1 - 20.02.2006

Министерството за надворешни работи денеска и официјално ги потврди информациите за ослободувањето на македонските државјани кои во четвртокот утрото беа киднапирани од криминална група во регионот на Басра, јужен Ирак. Преговорите со криминалната група, како што изјави денеска државниот секретар ...

Ослободени двајцата македонски државјани во Басра

А1 - 20.02.2006

По пет дена заложништво, Фарук Адеми и Расим Рамадани се ослободени рано изутринава во близина на ирачкиот град Басра. Специјалната екипа за преговори на германската компанија „Еколог“, за која работеа, го платила откупот на киднаперите, но не открива за колкав износ се работи .

Семејствата на киднапираните ја примија веста за ослободувањето

А1 - 20.02.2006

Празник во куќата на семејството Адеми. Портата е отворена, доаѓаат гости. Со солзи радосници и големо олеснување, утринава ја примиле веста за ослободувањето од заложништво на нивниот син Фарук. Таткото, Шереф Адеми, вели дека утрово се слушнал со својот син во Ирак.

Олеснување во тетовските семејства Адеми и Рамадани - нивните Фарук и Расим се живи и здрави

Канал5 - 20.02.2006

Среќни сме - велат најблиските на ослободените Фарук Адеми и Расим Рамадани. Таткото на Фарук, Шефер, по неколкуте непреспиени ноќи поминати во исчекување и молитви за помош, во пет и пол денеска изутрина ја слушнал, како што вели, најубавата вест во неговиот живот.

Семејствата Адеми и Рамадани чекаат добри вести

Време - 20.02.2006

ПО КИДНАПИРАЊЕТО НА ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ВО ИРАК Александар Самарџиев Загрижени сме за судбината на нашиот син, не знаеме ништо, само се надеваме дека се добро ќе се заврши - тоа е кратката изјава на семејството на тетовецот Фарук Адеми, кој заедно со Расим Рамадани е киднапиран минатиот четврток во ...

Грабнувачите бараат милион долари за Фарук и Расим

Вест - 20.02.2006

ВО ИРАК ГРАБНАТИ ДВАЈЦА ТЕТОВЦИ Тетовците Фарук Адеми и Расим Рамадани се грабнати минатиот четврток близу Басра, во Ирак, а фирмата "Еколог" за која тие работеле, неофицијално, ќе треба да плати милон долари за нивно ослободување Тетовците Фарук Адеми и Расим Рамадани се грабнати минатиот четврток ...

Ослободени Фарук Адеми и Расим Рамадани

Канал5 - 20.02.2006

Фарук Адеми и Расим Рамадани патуваат за Македонија. Заминале од Басра и се очекува најдоцна утре да бидат во земјава. Вечерва ќе преспијат во Турција. Киднаперите денеска рано наутро ги ослободиле двајцата тетовци, кои од четвртокот беа во заложништво во Ирак.

Таткото на Рамадани се надева заложничката драма да заврши со ослободување

Утрински - 20.02.2006

Мачна атмосфера во семејствата на киднапираните тетовци Роднините без контакт со македонските власти Гојко Ефтоски ТЕТОВО - Во двете семејства на киднапираните во Тетово владее мачна атмосфера, проследена со солзи и исчекувања за нивно ослободување. Кај Фарук Адеми никој не сакаше ни да зборува.

Грабнувачите бараат откуп од 1 млн. долари

Утрински - 20.02.2006

Фарук Адеми и Расим Рамадани од Тетово во четвртокот биле киднапирани во близина на ирачкиот град Басра Двајцата македонски државјани, Фарук Адеми и Расим Рамадани од Тетово, кои во четвртокот беа грабнати од криминални групи во близината на Басра во Ирак и натаму се во заточеништво, а ...

Дозирана грижа!

Време - 20.02.2006

БОБИ ХРИСТОВ Со вториот јавно обелоденет случај на киднапирање македонски државјани на работа во Ирак, македонските власти уште еднаш се исправени пред огромниот предизвик да ја демонстрираат способноста за грижа за сопствените граѓани.

Чекаме Фарук и Расим да се вратат од Ирак

Дневник - 20.02.2006

СЕМЕЈСТВАТА НА КИДНАПИРАНИТЕ ТЕТОВЦИ ЖИВЕАТ ВО НАДЕЖ Не знаеме ништо за нашиот син, освен тоа што го чувме на вести, велат таткото и мајката на тетовецот Фарук Адеми, кој во четвртокот заедно со Расим Рамадани биле киднапирани во близина на ирачкиот град Басра.

Двајца тетовчани киднапирани кај Басра

Вечер Прес - 20.02.2006

Двајцата македонски државјани киднапирани во реонот на ирачкиот град Басра, според информациите на македонската Влада, се Фарук Адеми и Расим Рамадани од Мала Речица, Тетовско, кои во Ирак работеле за германската фирма "Еколог".