TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аргентина ја прегази Србија и Црна Гора - 6:0

Утрински - 17.06.2006

Аргентина како експресен воз ја прегази Србија и Црна Гора, нанесувајќи и го најсрамниот пораз во историјата (фантастични 6:0), истовремено зацрнувајќи ја јубилејната 100-ка на капитенот Саво Милошевиќ во „синиот" дрес. И покрај тоа што и пред мечот беше познато дека квалитативно Аргентина е на ...

Хрватите и Србите се здружија во Лајпциг

Време - 16.06.2006

ФУДБАЛОТ ГИ СПОЈУВА СИТЕ, ПА И НАЈГОЛЕМИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ Златко Крстевски наш известувач од СП Дека фудбалот може да го стори и невозможното, дека бубамарата и Мундијалот може да ги спријателат и најзакрвавените непријатели покажа и примерот во Лајпциг, кога пред очите на вашиот известувач се ...

ДЕНЕСКА НА ТВ

Утрински - 16.06.2006

Група Ц Аргентина - СЦГ (15 ч.) Холандија - Брегот на Слоновата Коска (18 ч.) Група Д Мексико - Ангола (21 ...

Меси и Тевез чекаат шанса против СЦГ

Утрински - 16.06.2006

Двајцата аргентински таленти ги пикираат местата на Креспо и на Савиола, кои беа стрелци против Брегот на Слоновата Коска ХЕРЦОГЕНАУРАХ - Стартните единаесетмина на Аргентина изгледа се одредени. Но, фудбалската ѕвезда број 1 на оваа земја, Диего Марадона, врши притисок за поголема конкуренција.

„Лалињата“ не се отворени 10 меча

Дневник - 16.06.2006

Со истиот состав што минимално ја победи СЦГ на почетокот, Холандија ќе настапи против Брегот на Слонова Коска, во групата Ц, во Штутгарт. Рафаел ван дер Варт ќе остане на клупата, иако ја санира повредата на глуждот. Холанѓаните немаат пораз на 13 официјални натпревари, што е најдолга серија од ...

„Сините“ не паѓаат на танго

Дневник - 16.06.2006

Со неколку замени во тимот СЦГ сака да обезбеди продолжен престој на СП по дуелот со Аргентина Србија и Црна Гора не смее да си дозволи пораз во дуелот против Аргентина, ако „сините“ сакаат да останат во борба за едно од првите две места во Ц групата.

Србите повеќе гледале Хрватска-Бразил отколку Холандија-СЦГ

А1 - 15.06.2006

Ако се суди според пордатоците на Радиотелевизија Србија, повеќе луѓе во Србија го гледале натпреварот Хрватска - Бразил отколку Холандија - Србија и Црна Гора. РТС објави дека натреварот Хрватска - Бразил одигран во вторникот навечер во Берлин имал гледаност од 24,1%.

Холандија незадоволна од терените

Време - 15.06.2006

ВЕСТИ ОД СП Селекцијата на Холандија е незадоволна од состојбата на терените на 18. СП, особено од теренот на мечот против СЦГ во Лајпциг и поради тоа побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги наводнува терените пред мечевите. - ФИФА мода да направи нешто.

Србите повеќе гледале Хрватска-Бразил отколку Холандија-СЦГ

Канал5 - 15.06.2006

Ако се суди според податоците на Радио-телевизија Србија, повеќе луѓе во Србија го гледале натпреварот Хрватска - Бразил отколку Холандија - Србија и Црна Гора, пренесува МИА. Загреб, 15 јуни (МИА) - Ако се суди според податоците на Радио-телевизија Србија, повеќе луѓе во Србија го гледале ...

Пола Холанѓани гледале Холандија-СЦГ

А1 - 14.06.2006

Првиот натпревар во кој Холандија ја победи Србија и Црна Гора на СП во Германија во директен ТВ-пренос го гледале осум и пол милиони луѓе, нешто повеќе од половината од популацијата во таа држава, пренесува МИА. Според податокот кој денеска го објави Холандската телевизија 6,6 милиони луѓе тој ...

Меси сака да игра против СЦГ

Време - 14.06.2006

ФУДБАЛ Аргентинскиот фудбалски тинејџерски миленик, 18-годишниот Лионел Меси, бил незадоволен бидејќи го преседел целиот меч против Брегот на Слоновата Коска на клупата за резервни играчи. Според последните информации, Меси е целосно заздравен од повредата на коленото. - Лионел е подготвен.

Видиќ без настап го заврши СП

Време - 14.06.2006

ВЕСТИ Младиот српски дефанзивец на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, го заврши настапот на Светското фудбалско првенство без да одигра ниту минута, по тешката повреда на коленото на завчерашниот тренинг на селекцијата на СЦГ во Германија.

Видиќ се повреди пред да дебитира

Дневник - 14.06.2006

За дефанзивецот на Србија и Црна Гора, Немања Видиќ, Светското првенство заврши. Бранителот на Манчестер јунајтед не настапи во репрезентацијата на СЦГ на првиот меч против Холандија поради одлежување казна. На тренинзите Видиќ заработи повреда на лигаментите на коленото и нема да може да настапува ...

Американец продавал билети на црно за Холандија - СЦГ

А1 - 13.06.2006

Полицијата во Лајпциг соопшти дека привела еден Американец кој пред натреварот Холандија - Србија и Црна Гора пред Централстадион продавал влезници по цена од 300 евра, четири пати поскапи отколку што навистина чинеле. Како што пренесува МИА, 40-годишниот Американец, чиј идентитет не е соопштен, ...

Ван Перси љубоморен на Робен

Време - 13.06.2006

ФУДБАЛ Двојниот светски вицешампион Холандија неубедливо, но триумфално ја почна својата кампања на 18. Светско првенство, враќајќи се во Германија по 32 години, местото каде што го прокламира тоталниот фудбал и каде што го постигна најголемиот свој успех на мундијалите.

Србите не сакаат да се сретнат со Хрватска

Време - 13.06.2006

НЕ СЕ СИТЕ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ДВОБОЈ НА ГОЛЕМИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ Златко Крстевски наш специјален известувач од СП Српските навивачи, но и новинарите од таа земја не сакаат историски двобој со Хрватска, иако тоа е можно да се случи во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Германија, но само ако и ...

Откриени првите фалсификатори на влезници

Дневник - 13.06.2006

Во Германија, по приведувањето на десетици навивачи, беа уапсени и првите фалсификатори и џепчии. Тројца мажи се притворени во Лајпциг поради поседување на фалсификувани билети за мечот помеѓу Холандија - СЦГ, што се одигра во неделата.

Тактиката што носи успеси не се менува

Дневник - 13.06.2006

Тренерот на фудбалскиот прволигаш Македонија ЃП, Радмило Иванчевиќ, го анализираше за „Дневник“ мечот меѓу СЦГ и Холандија Тренерот на фудбалскиот прволигаш Македонија ЃП, Радмило Иванчевиќ, го анализираше за „Дневник“ мечот меѓу СЦГ и Холандија.

СЦГ е казнета за дефанзивата

Дневник - 13.06.2006

Холандија стартуваше со победа во „групата на смртта“ против Србија и Црна Гора (1-0). Арјен Робен беше стрелец на единствениот гол во 18 минута. Покрај голот Робен имаше уште неколку шанси и беше прогласен за играч на мечот.

Аргентинците ги припитомија „слоновите“

Утрински - 12.06.2006

Креспо и Савиола творци на победата од 2:1 над Брегот на Слоновата Коска, Дрогба стрелец за дебитантот Духот на кревкоста на аргентинската одбрана за малку не се врати за да го казни поранешниот двократен светски шампион, кој во саботата славеше минимална победа од 2:1 против Брегот на Слоновата ...

СЦГ „нокаутирана“ дома од Чесите

Утрински - 12.06.2006

БАРАЖ Ракометарите на Србија и Црна Гора се на прагот на неславно збогување од меѓународните натпреварувања под ова име, откако загубија од Чешка со 31:37 во првиот меч во Чачак од баражот за Светското првенство 2007 во Германија. Реваншот е в недела во Брно.

Стартна победа за Холандија во „групата на смртта“

Утрински - 12.06.2006

Единствениот погодок за „лалињата“ во дуелот со СЦГ на стадионот „Централ“ во Лајпциг беше дело на Арјен Робен во 18. минута Со голот на Арјен Робен во 18 минута репрезентацијата на Холандија ја порази Србија и Црна Гора со 1:0 на “Централ“ стадионот во Лајпциг со што е комплетирано стартното коло ...

Рикелме го трасира победничкиот пат

Дневник - 12.06.2006

Хуан Роман Рикелме беше креаторот на двата гола во победата на Аргентина против Брегот на Слоновата Коска (2-1), во првиот меч од Ц-групата. Рикелме асистираше на погодоците на Ернан Кресо и Хавиер Савиола. “Гаучосите” уште во првото полувреме го постигнаа двата гола и го решија победникот на ...