TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За Далас заврши првенството

Дневник - 05.05.2007

Голден стејт е прв тим во НБА лигатата кој како 8. рангиран славел против најдобриот тим по лигашкиот дел од првенството Најдобриот тим во регуларниот дел од НБА-лигата, Далас маверикс е елиминиран уште во првото коло од плејофот, откако загуби со 86-111 од Голден стејт и со вкупен резултат од 2-4 ...

Голден Стејт го исфрли Далас, Јута се избори за „мајсторка“ против Хјустон

Утрински - 05.05.2007

„Вориорси“ го добија шестиот меч против маверикси“, кои имаа најдобар скор во регуларниот дел од сезоната (67 поб.-15 пор.), со 111:86 Кошаркарите на Голден Стејт ја продуцираа една од најголемите сензации во НБА лигата со елиминацијата на Далас (4:2 во победи) уште во првото коло од разигрувањето ...

Голден Стејт го елиминираше Далас

Вест - 05.05.2007

НБА ПЛЕЈ-ОФ Играше само со една нога. - Дејвис (Голден Стејт) шутира преку Новицки (Далас) Голден Стејт славеше со 111:86 во шестиот натпревар од серијата против Далас и го елиминираше најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната со 4:2.

Мавси пребавни за Вориорси

Вечер Прес - 05.05.2007

Тимот на Далас, со најмногу победи во регуларниот дел, се лизна во првиот круг од доигрувањето за титулата, против Голден Стејт Кошаркарите на Далас кои регуларната сезона ја завршија со најмногу победи во лигата (67) веќе во првото коло од доигрувањето на Запад се лизнаа.

Далас елиминиран на стартот од плеј офот во НБА лигата

А1 - 04.05.2007

Надежите на Далас за титулата во НБА лигата се распрснаа уште на стартот од плеј-офот. Иако убедливо најуспешни по регуларниот дел од сезоната, Маверикс со 4-2 во победи се елиминирани од аутсајдерот Голден Стејт во воведното коло од разигрувањето.

Торонто и Далас ја намалија негативата

Утрински - 03.05.2007

Репторси славеа на домашен терен во петтиот дуел против Њу Џерси со 98:96, а маверикси го поразија Голден Стејт со 118:112 Торонто и Далас успеаја да намалат на 3:2 во четврт-финалните плеј-оф пресметки во НБА лигата. „Репторси“ славеа на домашен терен во петтиот дуел против Њу Џерси со 98:96, а ...

Новицки спречи сензација

Дневник - 03.05.2007

Далас и Торонто ја спасија првата меч-топка на противниците, но се' уште се во минус од 2-3 во дуелите со Голден стејт, односно Њу Џерси во 1. коло на плејофот во НБА-лигата . Дирк Новицки даде 12 поени во серијата од 15-0 во последните 3:07 минути до крајот и придонесе за триумфот од 118-112.

Мавси се вратија во живот

Вечер Прес - 03.05.2007

Далас, благодарение на феноменалниот Новицки славеше значајна победа, дома, против Голден стејт и ја продолжи надежта дека може да игра и во полуфиналето во Западната конференција Кошаркарите на Далас се вратија во живот во четвртфиналната серија на Запад славејќи на свој терен против Голден Стејт ...

Далас - Голден Стејт 118:112

А1 - 02.05.2007

Најуспешниот тим по регуларниот дел од НБА сезоната Далас ја преживеа првата закана од елиминација уште на стартот од плеј-офот. Маверикс намалија на 3-2 во победи во западната четвртфинална серија со Голден Стејт, но се уште се далеку од пласман во наредната рунда.