TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата вети економски препород, ќе успее ли?

А1 - 18.12.2004

Имало ли барем една македонска Влада, што не рекла дека од неа почнува решавањето на економските проблеми? Така и најновата. Не вети бројки, но вети уште повеќе - економски препород. Силен збор. Од неа ќе почнеле и реформите.

Бучковски вети мерливи успеси

Време - 18.12.2004

ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА Александра М. Митевска Македонија вчера доби нова Влада, трета од парламентарните избори во 2002 година. Собранието, по тридневна расправа, со 71 глас „за“ и со 25 „против“ го избра 18-члениот кабинет на премиерот Владо Бучковски.

Бучко вети повеќе милиони од Бранко

Вест - 18.12.2004

ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА Износот што Бучковски го ветува како инвестиции што ќе се реализираат до 2006 година е многу поголем од 200 милиони евра што ги вети Бранко Црвенковски при изборот за премиер во 2002 година Парламентот со 71 глас "за" и 25 "против", ја избра новата Влада на Република ...

Бучковски има две години да ги исполни ветувањата

Утрински - 18.12.2004

Избрана новата Влада со 71 глас од партиите на владиното мнозинство, опозицијата гласаше против Новиот премиер вети пораст на индустриското производство од шест до седум проценти и рестартирање на дел од стопанските капацитети ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера, десетина минути по 13 часот, ја ...

Проштална средба меѓу Владо Бучковски и Хари Костов

Утрински - 18.12.2004

Новата Влада одржа конститутивна седница Само два часа по изборот во Собранието, новиот владин кабинет на премиерот Владо Бучковски вчера ја одржа првата конституитивна седница. На првата средба во нов состав се избрани и четворица потпретседатели: Радмила Шекеринска, Муса Џафери, Јован Манасиевски ...

Тимот што доби треба с' да менува

Дневник - 18.12.2004

СОБРАНИЕТО ЈА ИЗБРА ВЛАДАТА Состојбата во Македонија не е така црна како што ја претставува опозицијата, оцени премиерот Владо Бучковски Со 71 глас "за", 25 "против" и ниту еден воздржан, македонското Собрание вчера ја избра Владата што ја предложи мандатарот Владо Бучковски.

Бучковски и зеде мерка на иднината

Дневник - 18.12.2004

ВТОРО ЕКСПОЗЕ НА ПРЕМИЕРОТ Пораст на индустриското производство од шест до седум проценти, бруто-домашниот производ идната година ќе порасне за 3,8 проценти, зголемен извоз и намалување на трговскиот дефицит. Ова се дел од ветувањата што мандатарот Владо Бучковски им ги даде на пратениците и на ...

Бучко се понуди за голман

Вечер Прес - 18.12.2004

Премиерот Владо Бучковски на коктелот одржан по изборот на новата влада имаше интересен дијалог со пратеникот од редовите на либералите Слободан Даневски. Со оглед дека Даневски е селектор на парламентарната фудбалска репрезентација, Бучковски му се понуди со своите голмански квалитети, што особено ...

Костов му ја предаде должноста на Бучковски

А1 - 17.12.2004

Хари Костов, кој со својата оставка го ослободи премиерското место за наследникот Бучковски, денеска и формално му ја предаде функцијата. За разлика од својот претходник, Бучковски ја искористи привилегијата како прв министер да состави владин кабинет по свој избор, со дури девет нови имиња.

Бучковски доби честитки од пратениците и новите министри

А1 - 17.12.2004

Новиот министер за животна средина, Зоран Шапуриќ, не дочека да заврши собраниската процедура за изборот на новата Влада. Тој не можеше да ја сокрие радоста. Истрча да му го честита изборот на својот нов шеф. Го спречи спикерот Јордановски. „Господине Шапуриќ, ќе има време да се честита.

Избрана новата влада на Република Македонија

А1 - 17.12.2004

Собранието ја избра новата Влада, Бучковски го доби премиерскиот мандат, во кој влегува со премногу оптимизам - решавање на проблемите на граѓаните, клучните економски, создавање на бизнис амбиент, со претходна безбедносна стабилизација на земјата, вели премиерот.

Парче хартија без конкретни мерки

Време - 17.12.2004

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ПРОГРАМАТА НА БУЧКОВСКИ Излитени зборови, излитени стратегиски цели и реформи, без идеја за механизмите и институциите што ќе овозможат реформите да се спроведат, коментираат експертите по излагањето на мандатарот Владо Бучковски. „Тој не подготвил нова економска програма.

Бучковски во говорот ги прескокна законските мерки за Кондово

Време - 17.12.2004

ВО ЕКСПОЗЕТО ЕДНО, ВО ИЗЛАГАЊЕТО ДРУГО Мандатарот Владо Бучковски во завчерашниот говор пред пратениците, осврнувајќи се на Кондово, ја испуштил реченицата „со сите законски средства ќе ги решаваме проблемите и тука нема да се прават никакви компромиси“, иако таа е запишана во неговото експозе.

Опозицијата го обвини Бучковски дека нуди лажни надежи

Утрински - 17.12.2004

Собранието во празна сала и во издишана атмосфера расправаше за новата Влада Парламентот вчера во речиси празна собраниска сала и во невообичаено издишана атмосфера расправаше за новиот владин кабинет на Владо Бучковски. Корупцијата и Кондово и во текот на вчерашниот втор ден од дебатата беа главна ...

Избрана новата влада на Владо Бучковски

Канал5 - 17.12.2004

,,Ќе бидам премиер различен од оние кои ги видовте досега,,.. Ова е пораката на новиот претседател на владата Владо Бучковски, кој изминатите три денови внимателно ги ислушал забелешките од опозициските пратеници и пофалбите од владејачките..

Согласни само за влезот во НАТО и ЕУ

Вечер Прес - 17.12.2004

Собраниската дебата околу изборот на новата влада, очекувано, минува во знак на несогласување на позицијата и опозицијата околу програмата и предложените министри од мандатарот Бучковски. Сите се согласуваат само во едно, дека нема разлики околу стратешкиот интерес на земјата за приклучување во ...

Познато сценарио

Вечер Прес - 17.12.2004

ПИШУВА: Далиборка ДЕМЈАНСКА "До крајот на мандатот на новата Влада, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Нашите граѓани - студенти, туристи, бизнисмени, ќе можат слободно да патуваат во европските земји, без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим.

Жестоки критики на опозицијата до Бучковски

А1 - 16.12.2004

Втор ден од собраниската расправа за новата влада на Бучковски. Пратениците секој со своја причина за довербата кон мандатарот, оние од власта зошто ја имаат, а од опозицијата зошто ја немаат довербата, во она што го кажа мандатарот од говорницата.

Нереални ветувања и список на желби

Време - 16.12.2004

РЕАКЦИИ НА ГОВОРОТ НА БУЧКОВСКИ - Експозето изобилуваше со премногу со декларативни заложби и ветувања, така што повеќе личи на домашна задача, оцени вчера Ганка Самоилова-Цветановска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, Бучковски како да пишувал новогодишен состав „Како би сакал да ја ...

Бучковски со пароли сака да ја прероди Македонија

Време - 16.12.2004

ЕКСПОЗЕ НА ИДНИОТ ПРЕМИЕР Дојде време конечно да ја преродиме Македонија. Денес многу наши граѓани се без работа и немаат услови за достоинствен живот. Тоа мора да престане. Овие и други пароли вчера мандатарот Владо Бучковски ги изнесе во експозето пред пратениците, во почетокот на собраниската ...

Дојдете во Македонија

Вест - 16.12.2004

БУЧКОВСКИ ПОВИКУВА Новиот премиер вети : до крајот на 2006 -членство во НАТО, кандидат за ЕУ укинати Шенген визи Македонија до крајот на 2006 година ќе добие покана за членство во НАТО и ќе добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија.

Сите луѓе на Претседателот

Вест - 16.12.2004

Експозето на мандатарот Владо Бучковски во Собранието внимателно и замислено, од висина, од претседателската ложа, го следеа и луѓето од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Наташа Савова, генерален секретар, Горјан Тозија, советник за внатрешна политика и Валентин Николовски, портпарол ...

Андов: Добрите намери на Бучковски не се доволни

Вест - 16.12.2004

Стојан Андов, лидер на Либерланата партија вчера изрази соменевање за искрените намери на мандатарот Владо Бучковски за брзи промени на состојбите во Македонија. "Мандатарот има немера да се бори за битни промени во Македонија, но јас се сомневам дека има такви намери.

Опозицијата очекува од Владата да се сврти кон економијата

Утрински - 16.12.2004

Пратениците најмногу критики упатија за Кондово, како и за предвидувањата во Буџетот Економскиот развој ќе биде една од приоритетните цели на оваа Влада. Затоа, ќе предложиме мерки за подобрување на конкурентноста, стратегии за развој на извозно ориентираните сектори во индустриските гранки.

Бучковски вети просперитет

Утрински - 16.12.2004

Експозе на мандатарот Владо Бучковски пред македонскиот парламент "Владата што ја предлагам нуди јасен концепт за иднината на земјата и за нејзиниот развој. Меѓуетничките прашања и исцрпувачките, но јалови политички борби ни одземаат толку многу време и енергија што не можеме да се посветиме на ...

Бучковски вети мед и млеко

Дневник - 16.12.2004

СОБРАНИЕТО ИЗБИРА НОВА ВЛАДА На седницата на која мандатарот ја претстави програмата на новата влада, не беа присутни од дипломатскиот кор Крај за маките на граѓаните, препород, нова визија и исчекор во развојот на земјава, вчера на граѓаните на Македонија им вети Владо Бучковски, мандатар за ...

За опозицијата празни, за власта храбри пораки

Дневник - 16.12.2004

РЕАКЦИИ НА ЕКСПОЗЕТО НА БУЧКОВСКИ Опозициските пратеници сметаат дека експозето на мандатарот е празно и декларативно, а тие од владејачкото мнозинство го оценија како охрабрувачки проект, кој мора да се спроведе. - Излагањето на Владо Бучковски изобилуваше со декларативни заложби, флоскули, ...

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВА ВЛАДА

Канал5 - 16.12.2004

Драго Шајноски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната расправа по експозето на мандатарот Владо Бучковски, рече дека досега не видел при избор на кандидат за министер да се набројат неговите успешни проекти и не видел програма за работа на новата влада со временс Драго Шајноски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната ...

И чудата се можни

Вечер Прес - 16.12.2004

-До крајот на овој мандат, Македонија ќе добие покана за членство во НАТО. Нашите граѓани - студенти, туристи, бизнисмени, ќе можат слободно да патуваат во европските земји, без да се судираат со тешкиот шенгенски визен режим, вети мандатарот Владо Бучковски во вчерашното експозе пред пратениците ...

Бучковски во Собранието ја бранеше програмата на новата Влада

А1 - 15.12.2004

Амбиентот, во кој третиот премиер на Владата на СДСМ и ДУИ го изложи своето експозе, три години по Охридскиот договор, повторно е амбиент на неизвесност и страв за безбедносната состојба. Бучковски го признава неуспехот на претходните влади на неговата коалиција, манирот на владеење низ јалови ...

Случајот Кондово запоставен во експозето на Бучковски

А1 - 15.12.2004

Кондово е приоритет број еден на новата Влада, барем така беше дента кога Бучковски го прими мандатот. Денеска, во неговото 40-минутно излагање пред пратениците, за овој проблем мандаторот посвети едвај две реченици. Свесно или не, Бучковски ја прескокна клучната мисла, содржана во писмениот дел од ...

Критики од опозицијата по експозето на Бучковски

А1 - 15.12.2004

Опозицијата не верува дека новата Влада и според составот и според програмата, што ја нуди мандатарот, има капацитет да ги исполни ветувањата за решавање на проблемите, пред се економските. „Со декларативни заложби, флоскули и ветувања и наликуваше повеќе на домашна задача, односно состав во ...

Македонија ќе биде членка на НАТО и кандидат за ЕУ, ветува мандатарот

Утрински - 15.12.2004

Мандатарот Владо Бучковски денеска од пратениците и особено од опозицијата ќе побара поддршка за "агендата 2006" Агендата 2006 предвидува и крајно либерализиран визен режим, бескомпромисна борба со корупцијата и организираниот криминал СаШко Димевски Македонскиот парламент денеска треба да ја ...

Бучковски најавува дека Македонија ќе стане големо градилиште

Утрински - 15.12.2004

Економскиот тим на мандатарот има идеја како да ја извлече државата од кризата Македонија ќе се претвори во големо градилиште. Тоа е главната идеја-водилка на економскиот тим на идниот премиер Владо Бучковски, кој има сериозни намери да ја заживее македонската економија и да ја извлече земјата од ...

Владо Бучковски најави нов почеток, најави препород на Македонија

Канал5 - 15.12.2004

Владо Бучковски најави нов почеток, најави препород на Македонија.. Ако се обединиме, можни се и чуда, оптимист е мандатарот.. Пред пратениците и пред граѓаните порача дека основната цел на новата влада ќе биде за кусо време да се направи пресврт во севку Владо Бучковски најави нов почеток, најави ...

Расправа по експозето на мандатарот Бучковски

Канал5 - 15.12.2004

,, Mандатаре, фокусирајте се на решавање на економските проблеми,,.. Ова е пораката за идниот премиер Владо Бучковски, од пратениците на опозицијата.. Либералот Стојан Андов рече дека изминатите две години не е направено речиси ништо во областа на ,, Mандатаре, фокусирајте се на решавање на ...

Љубчо типувал на Бучко

Вечер Прес - 15.12.2004

postamble(); Откако прексиноќа престојуваше во Тетово, стана појасно зошто Љубчо Георгиевски беше меѓу првите опозиционери, кој на својот политички ривал Владо Бучковски му го честиташе изборот за лидер на владејачкиот СДСМ. Според неговата и партиските проценки, најопасен кандидат за СДСМ ќе беше ...

Реформите тешко се спроведуваат на пола од мандатот на Владата

Утрински - 14.12.2004

Во економскиот пакет од својата програма идниот премиер ветува одржлив економски развој Славески: Најверојатно, власта сега ќе ја загуби и желбата да завлезе во подлабоки реформи, бидејќи веќе се троши нејзиниот мандат НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Неспорно е дека економските реформи ќе бидат еден од ...

Рамковниот договор на прво место

Време - 13.12.2004

БУЧКОВСКИ ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА Рамковниот договор и интеграцијата во ЕУ и во НАТО се врвни приоритети во политичката агенда на новата влада, под водство на Владо Бучковски. Борбата против корупцијата и економските мерки се во вториот дел од програмата.

Економските приоритети на Владата остануваат исти

Утрински - 13.12.2004

СРЕДБА Министрите од економскиот сектор и гувернерот на Народната банка во саботата го испија првото заедничко кафе со мандатарот за состав на новата влада, Владо Бучковски, дискутирајќи околу три часа на неформалната средба посветена на економската политика на идната влада.

Стари рецепти против невработеноста

Дневник - 13.12.2004

СРЕДБА НА БУЧКОВСКИ СО МИНИСТРИТЕ ШТО ЈА ВОДАТ ЕКОНОМИЈАТА Економската политика на новата влада за наредните две години завчера беше повод првпат да седнат на една маса мандатарот Владо Бучковски, предложените министри во економските ресори и гувернерот Петар Гошев.