TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Премиерот Груевски сведочеше против Фрчкоски

Утрински - 04.12.2008

Мотив за поднесувањето на приватната тужба биле нарушените чест и углед на премиерот. На вчерашното продолжение од судскиот процес, инициран со приватна тужба на Никола Груевски против професорот Љубомир Фрчкоски, во својство на сведок се појави премиерот.

Судот не даде Љубчо и Стевчо да го бранат Фрчко од тужбата на Груевски

Дневник - 04.12.2008

Обвинетиот колумнист, несудениот сведок и навредениот премиер: Љубомир Фрчкоски, Љубчо Георгиевски и Никола Груевски. Со невистини, навреди и префрлувања за кривично дело, изнесени во колумна во „Дневник“, тешко ми се повредени честа и угледот, а последиците од тоа и сега ги чувствувам бидејќи кај дел од граѓаните написот предизвика недоверба кон мене.

Трајанов бара да се испитаат мотивите на Љубомир Фрчкоски

Дневник - 04.12.2008

Трајанов бара да се испитаат мотивите на Љубомир Фрчкоски. МВР и јавниот обвинител да спроведат истрага за мотивите и за одговорноста на Љубомир Фрчкоски во врска со неговите пишувања за атентатот на Киро Глигоров, побара вчера лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

ДНЕВНИК: Судот не даде Љубчо и Стевчо да го бранат Фрчко од тужбата на Груевски

Нетпрес - 04.12.2008

ДНЕВНИК: Судот не даде Љубчо и Стевчо да го бранат Фрчко од тужбата на Груевски Со невистини, навреди и префрлувања за кривично дело, изнесени во колумна во „Дневник“, тешко ми се повредени честа и угледот, а последиците од тоа и сега ги чувствувам бидејќи кај дел од граѓаните написот предизвика недоверба кон мене.

Груевски го тужи Фрчковски за штета врз угледот

Телма - 03.12.2008

- Јас работам и живеам од угледот и честа и благодарение на угледот и честа, уживам доверба кај граѓаните. На таква основа станав и премиер. Намалувањето на довербата кај мене како личност и како премиер, дури и само кај еден граѓанин, како последица на напишаните невистини за мене, е тешка последица.

Груевски го тужи Фрчковски

Алфа - 03.12.2008

Двајца премиери, актуелниот Груевски и поранешниот Бучковски денеска на суд. Едниот тужи, другиот обвинет. Во судницата каде Бучковски одговараше за „тенковите“ влезот за јавноста беше слободен, во онаа каде Груевски го тужи професорот Фрчкоски, блокада за медиумите.

Груевски го тужи Фрчкоски за клевета

Кирилица - 03.12.2008

Како што соопшти владината прес-служба, во исказот во врска со тужбата која ја дава како приватно лице, тој потенцира дека со невистините, навредите и префрлувањата изнесени од Фрчкоски во неговата колумна, тешко му ги повредува угледот и честа. - Јас работам и живеам од угледот и честа и благодарение на угледот и честа јас уживам доверба кај граѓаните, на таа основа станав и премиер.

Груевски и Фрчковски се соочија пред суд

Канал5 - 03.12.2008

Премиерот Никола Груевски и професорот Љубомир Фрчковски се соочија во судница откако Груевски му поднесе кривична пријава за клевета омаловажување и навреда. Груевски пред судот изјави дека Фрчковски со невистини и навреди, изнесени во колумна за ОКТА, му го нарушил угледот и честа и предизвикал недоверба кај граѓаните.

Премиерот Груевски даде исказ пред Судот во врска со неговата тужба за клевета против Фрчкоски

Сител - 03.12.2008

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска даде исказ пред Судот во рамки на неговата тужба за клевета против Љубомир Фрчкоски за „невистини изречени во неговата колумна во Дневник во септември 2007 година“. Како што соопшти владината прес-служба, во исказот во врска со тужбата која ја дава како приватно лице, тој потенцира дека со невистините, навредите и ...

Фрчко не бил свесен ни што збори ни што пишува

Вечер Прес - 03.12.2008

Фрчкоски како тужен за клевета на суд изјави дека не се сеќава што пишувал во својот коментар, дека текстовите по објавувањето во весниците не ги чита, а Дневник објавил негов текст кој не му го дале на авторизација. Поголема навреда за Дневник и плукање врз себе како ова одамна не е видено. Премиерот Никола Груевски вчера на суд се соочи со професорот Љубомир Фрчкоски.

Премиерот Груевски го тужи Фрчковски

Нетпрес - 03.12.2008

Премиерот Никола Груевски денеска дадл исказ пред судот, во рамките на неговата тужба за клевета против Љубомир Фрчковски за невистини изречени во неговата колумна. Како што информираа од владиниот кабинет во овој исказ на премиерот во врска со тужбата која ја поднесува како приватно лице тој потенцира дека со невистините, навредите и префрлувањата изнесени од Фрчковски во неговата колумна во ...