TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сомалиските пирати собрале 150 милиони долари откуп

Вест - 23.11.2008

НАЈРОБИ, 22 ноември (АП) - Сомалиските пирати собрале повеќе од 150 милиони долари откуп минатата година, соопшти вчера министерот за надворешни работи на Кенија, порачувајќи им на сопствениците на бродови да не плаќаат кога им се киднапирани бродовите.

Сомалиските пирати побарале 25 млн. долари за танкерот

Утрински - 22.11.2008

Сомалиските пирати побарале 25 млн. долари за танкерот. ДУБАИ - Американската морнарица и операторите на саудискиот танкер со нафта, киднапиран од страна на сомалиски пирати, вчера не можеа да ги потврдат информациите дека киднаперите побарале откуп од 25 милиони долари.

Обид за одземање на танкерот Сириус стар од пиратите

Форум - 22.11.2008

Локалниот сомалски старешина изјавил дека во петокот десетина исламистички борци влегле во месноста Могадишу. Ги барале гусарите и супер танкерот Сириус Стар. Се мисли дека сакале на гусарите да им го земат највредниот брод и за него да бараат откупнина. Сирисус Стар е долг 303 метри, може да издржи тежина до 2 милиони барели нафта.

Пиратите „заработиле“ над 150 милиони долари

Н.Македонија - 22.11.2008

Пиратите од Африка во изминатите 12 месеци добиле повеќе од 150 милиони американски долари откуп за киднапираните бродови, изјавил министерот за надворешни работи на Кенија Мозес Вентагула. Министерот ги повикал сопствениците на бродови да не плаќаат откуп кога нивните бродови ќе бидат киднапирани од пирати, бидејќи тоа им дава сила на разбојниците да продолжат со своите напади.

Заканата од пиратите е сериозна

Утрински - 21.11.2008

Заканата од пиратите е сериозна. АКРА – „ Заканата од пиратите на Рогот на Африка и на други места е многу сериозен предизвик и мора да му се спротивстави меѓународната заедница“, изјави вчера генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер. Тој рече дека воените бродови на НАТО веќе ги придружуваат испораките на храна во Сомалија и патролираат во Аденскиот Залив, но тој не гледа дека Алијансата е ...

Пиратите бараат 25 милиони долари за саудискиот танкер

Време - 21.11.2008

Пиратите бараат 25 милиони долари за саудискиот танкер Сомалиските пирати што го киднапираа саудискиот супертанкер „Сириус стар“ вчера побараа 25 милиони долари за откуп, давајќи десет дена рок за исплата, пренесуваат светските агенции. - Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања за донесување на одлуката.

ОН одобри санкции против пиратите во Сомалија

Алсат-М - 21.11.2008

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска едногласно гласаше за наметнување санкции за пиратите и криумчарите на оружје во Сомалија, со цел да се воведе ред во тој дел на Африка. Советот за безбедност го прифати британскиот план во кој што се споменуваат имиња на луѓе и групи, чии што финансиски средства ќе се замрзнат и на кои ќе им биде забрането патување надвор од земјата.

НАТО ќе се бори против пиратите

Вест - 21.11.2008

АКРА, 21 ноември (Ројтерс) - Заканата од пирати во водите кај Рогот на Африка и други места е многу сериозен проблем и мора да се реши од меѓународната заедница, изјави вчера генералниот секретар на ОН Јап де Хоп Шефер. Тој изјави дека воените бродови на НАТО веќе ги придружуваат пратките со хуманитарна храна за Сомалија и патролираат низ Аденскиот Залив, но смета дека алијансата не се ангажира ...

ОН одобри санкции против пиратите во Сомалија

Макфакс - 21.11.2008

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска едногласно гласаше за наметнување санкции за пиратите и криумчарите на оружје во Сомалија, со цел да се воведе ред во тој дел на Африка. Советот за безбедност го прифати британскиот план во кој што се споменуваат имиња на луѓе и групи, чии што финансиски средства ќе се замрзнат и на кои ќе им биде забрането патување надвор од земјата.

Пиратите бараат 25 милиони долари за „Сириус Стар“

Н.Македонија - 21.11.2008

Сомалиските пирати побарале 25 милиони долари откуп за киднапираниот саудиски супертанкер „Сириус Стар“, чија вкупна вредност заедно со двата милиони барели нафта изнесува околу 250 милиони долари. Пиратите дале десет дена рок за исплата на откупот. - Бараме откуп од 25 милиони долари од саудиските сопственици. Не сакаме долгорочни дискусии.

Конференција за гусарство во Каиро

BBC - 20.11.2008

Арапските земји околу Црвеното море одржуваат итни разговори во Каиро околу се' поголемата закана од пиратството, главно крај брегот на Сомалија. Високи претставници од Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Судан и Јемен расправаат за проблемот за кој Меѓународното поморско биро рече дека е вон контрола.

Сомалиските пирати побарале 25 милиони долари откуп

А1 - 20.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус Стар“ денеска побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата, соопшти еден од пиратите. „Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања околу донесување на одлуката.

НАТО нема да ги спасува Африканците од пиратите

Дневник - 20.11.2008

Пентагон оцени дека употребата на сила не е решение за проблемот со пиратите во Сомалија и ги повика приватните бродски компании да поработат повеќе на својата заштита. Северноатлантскиот сојуз е решен да ја зајакне безбедноста на Африка, но очекува од земјите од континентот самите да ја водат војната против пиратите што пустошат покрај бреговите.

Пиратите соопштија - или 25 милиони долари или катастрофа со саудискиот танкер

Телма - 20.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус Стар“ денеска побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата, соопшти еден од пиратите. - Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања околу донесување на одлуката.

Сомалиските пирати годинава од откупи собрале 30 милиони долари, покажуваат податоци на ОН

Канал5 - 20.11.2008

Сомалиските пирати годинава собрале приближно 30 милиони долари од откупи, објави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во извештајот за Советот за безбедност на светската организација. Зголемувањето на пиратските напади и вооружените грабежи врз бродови крај бреговите на Сомалија сериозно се одрази врз трговијата, ја засили хуманитарната криза и ја ослабна се уште преодната федерална Влада на ...

Пиратството е голем бизнис во Сомалија

Утрински - 20.11.2008

Годинава профитот од пиратството е на пат да достигне рекордни 50 милиони долари. БУСАСО - Ова е можеби е еден од најопасните градови во Сомалија, место каде што може да бидете киднапирани побрзо отколку што можете да трепнете. Меѓутоа, тој е еден од најпросперитетните. Дилерите на пари се движат наоколу со купче банкноти од по сто долари.

Пиратите грабаат, ама и тонат

Дневник - 20.11.2008

Се чувствуваат надмоќни: Пирати чуваат стража на плажа кај Хобјо на Аденскиот Залив, 540 километри североисточно од Могадишу. Сомалиските пирати вчера изгубија еден чамец, но успеаја да грабнат грчки товарен брод, и покрај присуството на борбени бродови во регионот на Аденскиот Залив.Грчкиот товарен брод беше третиот голем плен на сомалиските пирати во период од 24 часа.

Сомалиските пирати побарале 25 милиони долари откуп

Алсат-М - 20.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус Стар“ денеска побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата. - Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања околу донесување на одлуката.

Индиска морнарица потопи пиратски брод

Време - 20.11.2008

Индиската фрегата „ИНС Табар“ размени оган со пиратски „матичен брод“ во Аденски Залив, при што е потопен пиратскиот брод, соопшти индиската морнарица. Инцидентот се случил во вторникот навечер кога „ИНС Табар“ забележила сомнителен брод 525 километри западно од пристаништето Салах во Оман.

Пентагон смета дека употребата на сила не е соодветен одговор против пиратите од Сомалија

Канал5 - 20.11.2008

Американското Министерство за одбрана изјави дека употребата на сила не е соодветен одговор на зголемувањето на пиратските напади крај бреговите на Сомалија, пренесоа светските агенции. -Таму можат да се разместат сите военопоморски сили од светот со нивните бродови, па дури ни тоа никогаш да не го реши овој проблем, уверува портпаролот на Пентагон Џеф Морел.

Сомалиските пирати киднапираа грчки трговски брод

Вест - 20.11.2008

ДУБАИ - Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма ...

Сомалиските пирати побарале 25 милиони долари откуп за саудискиот супер-танкер

Канал5 - 20.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус Стар“ денеска побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата, соопшти еден од пиратите. - Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања околу донесување на одлуката.

Сомалиските пирати годинава од откупи собрале 30 милиони долари

Кирилица - 20.11.2008

Според оценки на ОН, од почетокот на 2008 година на пиратите им биле платени меѓу 25 и 30 милиони долари за откупи, се наведува уште во извештајот. Оваа сума не ги вклучува евентуалните откупи за 17 бродови и над 300 морнари, кои се уште се во рацете на пиратите.

Воена операција против сомалиските пирати на 8. декември

Макфакс - 20.11.2008

Военопоморската операција на Европската унија(ЕУ) против сомалиските пирати во Аденскиот залив ќе започне на 8 декември, соопшти францускиот министер за одбрана Ерве Морен. Според Морен, во операцијата ќе учествуваат пет или шест воени брода, што првенствено ќе ги придружуваат и заштитуваат бродовите кои ќе побараат помош.

Сомалиските пирати годинава од откупи собрале 30 милиони долари

Алфа - 20.11.2008

Сомалиските пирати годинава собрале приближно 30 милиони долари од откупи, објави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во извештајот за Советот за безбедност на светската организација. Зголемувањето на пиратските напади и вооружените грабежи врз бродови крај бреговите на Сомалија сериозно се одрази врз трговијата, ја засили хуманитарната криза и ја ослабна се уште преодната федерална Влада на ...

Сомалиските пирати се огласија со барање за откуп за саудискиот супер-танкер

Кирилица - 20.11.2008

- Побаравме откуп од 25 милиони долари од сопственикот на саудискиот танкер. Ние не сакаме долги размислувања околу донесување на одлуката. Саудијците имаат рок 10 дена, по кои ќе преземеме катастрофални активности, изјави Мохамед Саид од бродот кој се наоѓа вкотвен во близина на сомалиското ...

Пентагон смета дека употребата на сила не е соодветен одговор против пиратите крај бреговите на Сомалија

Кирилица - 20.11.2008

Портпаролот на Пентагон забележа дека пред август 53 отсто од пиратските обиди за грабнување бродови биле успешни, но во октомври - по испраќањето на странски борбени бродови во регионот, овој процент опадна на 31 отсто. ...

За "Сириус Стар" - откуп од 25 мил. $

Вечер Прес - 20.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер "Сириус Стар" вчера побараа откуп од 25 милиони долари, давајќи 10 дена рок за исплата, соопшти еден од пиратите. Нападите на пиратите, вклучувајќи го и овој случај, беа повод за вчерашната вонредна средба во Каиро на претставниците на шесте арапски земји, кои имаат излез на Црвеното Море во обид да изготват заедничка стратегија за ...

Сомалиските пирати киднапираа грчки брод

А1 - 19.11.2008

Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за ...

Сомалиските пирати киднапираа грчки брод

Алсат-М - 19.11.2008

Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за ...

Сомалиските пирати киднапираа грчки брод

Канал5 - 19.11.2008

Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за ...

Грабнатиот танкер „тежи“ сто милиони долари

Утрински - 19.11.2008

Со товар од два милиона барели „Сириус стар“ е најголемиот танкер што бил киднапиран. НАЈРОБИ - Огромниот саудиски танкер кој беше киднапиран од пирати во Индискиот Океан се приближува кон брегот на Сомалија, соопшти американската морнарица.

Сомалиски пирати грабнаа полн супертанкер

Дневник - 19.11.2008

„Сириус стар“ носел околу 2 милиона барели нафта, повеќе од една четвртина од вкупниот дневен извоз на Саудиска Арабија. Сомалиски пирати грабнаа саудиски супертанкер со товар вреден 100 милиони долари и го закотвија на брегот јужно од Могадишу, јави Ројтерс.Американската Петта флота објави дека супертанкерот фрлил котва кај Харадхере и дека се безбедни 25-те грабнати морнари од Хрватска, ...

Модерните пирати Не запираат - грабнаа и грчки брод

Телма - 19.11.2008

Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за ...

Сомалиски пирати бараат откуп за саудискиот супертанкер

Канал5 - 19.11.2008

Сомалиски пирати побараа откуп за киднапираниот саудиски нафтен супертанкер „Сириус стар“, јави АФП. Лице, кое се претставило како портпарол на пиратите, кои го киднапирале танкерот, изјавило дека во моментот се водат преговори за износот на откупот, кој треба да биде платен за да биде ослободен бродот. Износот на бараниот откуп не беше соопштен.

Продолжува пиратската приказна во водите на источна Африка

Алсат-М - 19.11.2008

Морнарицата на Индија успеа да им го уништи и потопи главниот брод на сомалиските пирати кои деновиве го грабнаа саудискиот супер танкер Сириус стар. Морнарицата го забележала осомничениот пиратски кораб опремен со два глисера на околу 500 километри од пристаништето Салалах во Оман. По повеќето експлозии бродот се запалил, но пиратите успеале да избегаат.

Нови пиратски напади пред брегот на Сомалија

Форум - 19.11.2008

Индиската морнарица во заливот Аден се судри со пиратите кои во изминативе денови киднапираа неколку бродови. Според последните информации уништен е еден пиратски брод, а два се во бегство. Во меѓувреме е потврдено дека покрај саусискиот супер танкер „Сириус Стар“ киднапирани се уште три брода.

Нов напад на пиратите од Сомалија

Форум - 19.11.2008

Сомалиските пирати од заливот Аден вчера заробиле товарен брод регистриран во Хонг Конг, кој носел 36.000 тони жито во Иран. Бродот Дилајт со екипаж од 25 луѓе бил заробен во близина на Јемен, со што стана седмиот успешен пиратски напад во изминативе 12 дена.

Киднаперите на саудискиот супер танкер бараат откуп

Макфакс - 19.11.2008

Сомалиските пирати кои го киднапираа саудискиот супер танкер „Сириус стар“ бараат откуп за да ги ослободат екипажот и бродот. Ова денеска за „Ал Џезеира“ го изјави маж, кој катарската телевизија го претстави како еден од пиратите. „Преговарачите се наоѓаат на палубата на бродот и на копно.

Сомалиски пирати бараат откуп за саудискиот супертанкер

Кирилица - 19.11.2008

Извори од военопоморските сили на САД соопштија дека последниот киднапиран брод е ирански, регистриран во Хонгконг. Портпарол на Меѓународното биро за пловење во Куала Лумпур тврди дека во понеделникот во Аденскиот залив бил киднапиран и тајландски рибарски ...

Сомалиските пирати киднапираа грчки брод

Алфа - 19.11.2008

Сомалиските пирати киднапираа грчки товарен брод и покрај зајакнатото присуство на меѓународните поморски сили во водите на Сомалија, каде владее беззаконие. Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за ...

Сомалиските пирати киднапираа грчки брод

Кирилица - 19.11.2008

Грчкиот брод е киднапиран вчера во Аденскиот залив, како втор по ред кои го заземале модерните пирати по спектакуларното киднапирање на саудискиот супер-танкер изминатиот викенд, се наведува во соопштението на Источноафриканската програма за помош на поморскиот сообраќај.

Денес пиратите не се еднооки!

Вечер Прес - 19.11.2008

Големите заработки од платениот откуп за киднапирани бродови им овозможуваат на пиратите да живеат со најубавите девојки, да градат огромни куќи, да возат нови автомобили... Сомалиските пирати побараа откуп за киднапираниот саудиски нафтен супертанкер "Сириус стар", јави АФП.

Саудискиот танкер киднапиран од пирати се наоѓа крај бреговите на Северна Сомалија

Канал5 - 18.11.2008

Саудискиот нафтен танкер, киднапиран од пирати со товар вреден 100 милиони долари, стигнал крај бреговите на Северна Сомалија, изјави претставник на регионална морнарска асоцијација. Според координаторот на Асоцијацијата на морнарите од Источна Африка Ендрју Муагура танкерот бил виден во близина на пристаништето Ејл, кое често е користено од сомалиски пирати.

Сомалија: Пиратите го носат саудискиот танкер кон брегот

Алсат-М - 18.11.2008

Сомалиските пирати кои го грабнаа саудискиот супер танкер во близина на бреговите на источна Африка, сè уште не се огласиле со било какви барања. Сепак, американската армија потврдува дека пиратите танкерот го носат кон брегот на Сомалија. На него се наоѓа една четвртина од дневното производство на нафта на Саудиска Арабија, а товарот има вредност од над 100 милиони долари.

Сомалиските пирати го извршија најдрскиот напад досега во Индискиот Океан

Канал5 - 18.11.2008

Најголемата закана на индискиот океан, фамозните сомалиски пирати го водат пленот од својот досега најдрзок напад на африканскиот брег, супер танкерот „Сириус Стар“, назад во пристаниште во Сомалија. Танкерот чиј товар е вреден повеќе од 100 милиони долари, е најголемиот брод што е заробен од пиратите досега, поголем од американските носачи на авиони, со должина од околу три фудбалски игралишта.

Пирати киднапираа саудиски супертанкер

Утрински - 18.11.2008

Пирати киднапираа саудиски супертанкер. Дубаи - Саудискиот супертанкер „Сириус стар“ беше нападнат и киднапиран на брегот на Кенија во Арапското Море, изјави портпаролот на Петтата американска флота во Бахреин. - Бродот е под контрола на пиратите, изјави портпаролот за АФП, откако претходно беше соопштено дека танкерот, кој е во сопственост на „Сауди Арамко“, бил нападнат на повеќе од 450 ...

Сомалија: Киднапираниот саудиски танкер со нафта стигнал до брегот на Сомалија

Р.С.Европа - 18.11.2008

Американската морнарица јави дека Саудискиот супер танкер киднапиран од пирати со 100 милиони долари нафта стигнал до брегот на Сомалија. Звездата на Сириус е три пати поголеама од носач на авиони и беше киднапирана со два милиона барели нафта, а на бродот имаше 25 член екипаж. Танкерот беше киднапиран на 800 километри од кенискиот брег.

Супер танкерот „Сирису Стар“ вкотвен во Сомалија

Макфакс - 18.11.2008

Саудискиот супертанкер, кој беше грабнат од пирати со товар нафта вредна 100 милиони долари, денеска е вкотвен во водите на Сомалија. Ова денеска го изјави сопственикот на компанијата што го поседува танкерот, кој додаде дека екипажот е добар. „Сите 25 членови на екипажот се добро“, соопшти компанијата Вела Интернешнал, при тоа додавајќи дека „сега се очекуваат понатамошни контакти со пиратите“.

Сомалиските пирати киднапираа џиновски танкер

Алсат-М - 17.11.2008

Најголем лов досега на сомалиските пирати откако тие во близина на кениското крајбрежје го киднапираа џиновскиот саудиски танкер „Сириус стар“ на компанијата „Арамко“. Бродот е долг 330 метри, а заедно со него е киднапиран и 25-члениот екипаж. Танкерот може да пренесува и до два милиони барели сурова нафта.

Сомалиските пирати киднапирале саудиски танкер

Нетпрес - 17.11.2008

Сомалиските пирати ја преземале контролата над саудискиот танкер “Сириус стар“, кој пренесувал нафта за САД, и киднапирале 25 членови на екипажот, соопштува денес американската подморница. Саудиската телевизија “Ал Арабија“ повикувајќи се на неименувани извори од Ријад, пренесува дека “Сириус стар“ е ослободен, но американската војска и компанија “Сауди Арамко“, која е сопственик на танкерот, не ...

Пирати киднапираа саудиски супертанкер во Арапското Море

Кирилица - 17.11.2008

- Бродот е под контрола на пиратите, изјави портпаролот на АФП, откако претходно беше соопштено дека танкерот, кој е во сопственост на Сауди Арамко, бил нападнат на повеќе од 450 наутички милји југоисточно од Момбаса, во ...

Сомалиските пирати повторно киднапираа брод

Н.Македонија - 17.11.2008

Пиратите во територијалните води на Сомалија киднапирале јапонски товарен брод со 23 морнари, пет Јужнокорејци и 18 Филипинци, јави АФП. Властите во Сеул нагласиле дека планираат да испратат воен брод во реонот каде што се киднапирани јужнокорејски државјани, со цел да ги заштити своите бродови и морнари.