Љубљана Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска треба да допатува во неколкудневна посета на Словенија, јавија локалните гласила. Според истите извори, Бучковски ќе има разговори со словенечкиот премиер Јанез Јанша за билатералната соработка и интеграција на Македонија во Европската унија (ЕУ) ...
Скопје Средба на владејачката коалиција е закажана за денеска во скопскиот Клуб на пратеници, официјално е соопштено. Според истите извори, состанокот на кој ќе присуствуваат премиерот Владо Бучковски, и лидерите на Либерално-демократската партија (ЛДП) Ристо Пенов и на Демократската унија за ...
На Бранко Црвенковски мора да му е ужасно здодевно во Претседателскиот кабинет и во извршувањето на државничките работи. Неделава, реши да излезе надвор и да ги протегне нозете низ Широк сокак во Битола, а се прошета и низ Охридскиот регион.
Партискиот врв на СДСМ завчера го исклучи Тито Петковски од членство во Претседателството и Централниот одбор на Партијата. Неговото место во Претседателството го зазеде Ацо Ѓурчевски, директор на Јавното претпријатие "Македонски шуми".
Скопје Претседателот на Владата Владо Бучковски, ќе оствари средба со претседателот на Земјоделската партија, Марјан Ѓорчев, соопштено е од Кабинетот на премиерот. По оваа средба во Владата, премиерот Бучковски ќе има разговори со претседателот на Партијата за демократски просперитет, Абдулади ...
Претседателството на СДСМ сношти требаше да донесе одлука за одземање на членството на Тито Петковски во ова партиско тело и наедно и од Централниот одбор. Ваквата одлука била договорена на консултациите што лидерот на СДСМ Владо Бучковски ги направи со потпретседателите Радмила Шеќеринска и Илинка ...
ЛЕГЕНДА: Гордо и оптимистички по средбата со Буш: премиерот Владо Бучковски Република Македонија од САД доби поддршка за успешно градење на демократско, мултиетничко и мултикултурно општество. Од Вашингтон е добиено признание и за постигнувањата на Македонија за евроатлантска интеграција и за ...
"Од гордото до смешното има само еден чекор. Веројатно и Џорџ Буш е горд што се сретнал со Владо Бучковски", е коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на изјавата на премиерот Бучковски дека сите треба да бидеме горди на неговата посета на САД.
Премиерот Владо Бучковски вчера имаше куса средба со делегација на 11 класа завршени потпоручници на Воената академија "Генерал Михајло Апостолски" и без никакви заклучоци закажа нова средба со нив на 11 ноември. На средбата, во кабинетот на премиерот, присуствувал и министерот за одбрана Јован ...
Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска ќе и се обрати на јавноста во врска со неговата посета на Соединетите Американски држави. Премиерот Бучковски вчера се врати во земјата по повеќедневната посета на Вашингтон, каде што беше примен од американскиот претседател Џорџ Буш и високи ...
Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во обраќањето до јавноста како “многу значајна” ја оцени посета на САД и средбата со претседателот Џорџ Буш, од кого Македонија добила поддршка на моделот на демократско, мултиетничко и мултикултурно општество.
Претседателот на државата Бранко Црвенковски, завчера, во Охрид се сретнал со претседателите на општинските организации на СДСМ од Охрид, Струга, Ресен и Кичево, потврдија вчера од претседателскиот кабинет. "Состанокот беше непартиски и неформален.
Тито Петковски уште еднаш дојде во Штип и овој пат гостуваше на локалната телевизија "Ирис". Во едночасовниот разговор, Тито Петковски во свој стил ги повтори веќе кажаните ставови околу причините за напуштањето на СДСМ. Потсети дека во последните три години не му било дозволено да учествува во ...
(Дневник) - среда, 09.11.2005 БИТОЛА Премиерот Владо Бучковски и министерот за одбрана Јован Манасиевски заработија кривична пријава од Здружението на граѓани за почитување на прописите со седиште во Битола. Тие се товарат за недомаќинско трошење на парите од граѓаните зашто четири години дозволиле ...
Скопје Последните три години од владеењето на СДСМ и коалицијата "За Македонија заедно" со ДУИ, беа во сериозен расчекор со моите очекувања од програмата, односно од спроведувањето на програмските определби на теренот. Ова го изјави Тито Петковски во интервју за Радио Слободна Европа, ...
Скопје Премиерот Владо Бучковски денеска треба да се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП и на Либералната партија по повод позитивното мислење од Брисел за кандидатски статус за во ЕУ, како и за спроведувањето на измените во Уставот.
Одлуката на пратеникот Тито Петковски да си замине од СДСМ нема да доведе до одлевеање на членството, но е контрапродуктивна од аспект на стабилноста на државата, оценува вицепремиерката Радмила Шекеринска. "Јас не очекувам дека членството или структурата на СДСМ ќе претрпи одлевање, поради тоа што ...