TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

По сомнителната смена на ректорот на тетовскиот универзитет реакциите не стивнуваат

Канал5 - 15.10.2006

Една недела по смената на ректорот на тетовскиот универзитет, полицијата и просветните инспектори и натаму го чешлаат работењето на разрешениот ректор – од тетовскиот универзитет велат дека ќе чекаат истрагата да заврши, за да излезат со својот став – во меѓувреме според информации на Канал 5 се ...

Внимателно со одлуката за тетовскиот универзитет

Време - 14.10.2006

ЕУ СО НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мисијата на Европската Унија вчера ги поздрави напорите на Владата да го истражи назначувањето на новиот в.д. ректор на Државниот универзитет во Тетово Сади Беџети, но предупреди дека секоја конечна одлука мора да биде во согласност со закон и Устав.

Право во неправо

Дневник - 14.10.2006

Едно е да е во право министерот Сулејман Рушити за негативните појави во Тетовскиот универзитет, а сосема друго е дали е правно издржана неговата одлука да упаѓа во автономијата на универзитет! На една новинарска работилница во МИМ, еден од младите новинари доби задача да пишува како одредени ...

Фадил Сулејмани за хаосот ја обвини својата ДУИ

Дневник - 14.10.2006

Го поддржувам Министерството за образование, кое сака да воведе ред на тетовскиот државен универзитет, оти тој по легализацијата стана место за семејни вработувања Го поддржувам Министерството за образование, кое сака да воведе ред на тетовскиот државен универзитет, оти тој по легализацијата стана ...

Полицијата ги прегледува досиејата на Тетовскиот универзитет

Утрински - 14.10.2006

Незаконски поставениот ректор Сади Беџети донесува нелегитимни одлуки Билјана Јовановска Една недела по упадот на министерот за образование, Сулејман Рушити, во автономијата на Тетовскиот универзитет и смената на ректорот, оваа високообразовна институција од вчера е подложена на полициска обработка ...

Интересот на професорите над оној на студентите на Тетовски

А1 - 13.10.2006

Приватниот интерес на дел од професорите над интересот на студентите. Вака работел третиот државен универзитет. Се отпуштале професори, а се вработиле нестручни лица и цели семејства на раководството на универзитетот. Никогаш немало избори за универзитетските тела, а луѓето биле назначени дирекно ...

Рушити вели дека е законски чист за Тетовскиот универзитет

Утрински - 13.10.2006

На универзитетот контролата пронашла криминални акти, но министерот за образование одби да ги посочи На вчерашната прва средба со медиумите по петочниот упад во автономијата на Државниот универзитет во Тетово каде што изврши смена на првиот човек на институцијата, министерот за образование, ...

Три клана го уништиле Тетовскиот универзитет

Вест - 13.10.2006

СТУДЕНТИТЕ УШТЕ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ БАРАЛЕ ДА СЕ РАСЧИСТИ СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА Унијата на студенти тврди дека за сите состојби во Универзитетот се виновни три клана - струшкиот на Азис Положани, кичевскиот на Али Ахмети и тетовскиот на Неџмедин Беадини Непотизмот, односно фамилијарноста на ...

Инспекција за сите факултети

Дневник - 13.10.2006

Државниот просветен инспекторат ќе ги „чешла“ и државните и приватните високообразовни институции, а за тетовскиот универзитет ќе биде формирана специјална комисија, најави министерот за образование Сулејман Рушити. Вчера прв пат министерот за образование јавно проговори за случувањата на ...

И мисијата на ЕУ во Македонија се огласи за случувањата на тетовскиот универзитет

Канал5 - 13.10.2006

За случувањата во Тетовскиот универзитет и смената на врвот на оваа образовна институција се огласи и мисијата на Европската унија во Скопје. За случувањата во Тетовскиот универзитет и смената на врвот на оваа образовна институција се огласи и мисијата на Европската унија во Скопје.

Полицијата ги проверува фалсификатите на тетовскиот универзитет

Време - 13.10.2006

ПО НАОДИТЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ РУШИТИ Полицијата од вчера почнала да го испитува евентуалното издавање на фалсификувани дипломи на Државниот универзитет во Тетово, потврдија вчера од МВР. Министерот за образование Сулејман Рушити, како што веќе објавивме, ја известил Владата дека лидерот ...

Сенатот на Тетовскиот универзитет не е легитимен

Вечер Прес - 13.10.2006

Незаконска постапка за избор на членови на Сенатот, недостаток на оригинални или заверени копии од дипломите на вработените кадри, пропусти во постапката за избор на наставни и наставно-научни звања, се дел од недоследностите на работата на Тетовскиот универзитет што ги утврдил Државниот просветен ...

Рушити законски дејствувал при смената на Беадини

А1 - 12.10.2006

По речиси една недела, конечно се огласи министерот за образование Сулејман Рушити за случувањата во неговиот ресор. Вели, законски дејствувал во смената на поранешниот ректор Неџбедин Беадини, по првичните сознанија од Државниот просветен инспекторат.

Беадини е законски разрешен- се огласи министерот за Образование -инспекцијата ги открива грешките

Канал5 - 12.10.2006

Министерот за образование Сулејман Рушити се брани - законски го разрешив ректорот на тетовскиот универзитет Неџбедин Беадини. Вели дека е почитувана процедурата и не е нарушена автономијата на универзитетот. Прво утврдиле неправилности па го презеле чекорот.

Али Ахмети „дипломирал“ за еден месец

Дневник - 12.10.2006

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, експресно, за еден месец, добил диплома на катедрата за филозофија на Државниот универзитет во Тетово, дознава „Дневник“ од владини извори Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, експресно, за еден месец, добил диплома на катедрата за филозофија на Државниот универзитет во Тетово, ...

Ахмети со фалсификувана диплома?

Време - 12.10.2006

ВЛАДАТА ГО ТРЕСЕ ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Мери Јордановска Лидерот на ДУИ Али Ахмети за еден месец дипломирал на филозофија на Државниот универзитет во Тетово. Ваков доказ доставил на завчерашната владина седница министерот за образование Сулејман Рушити, кој ја образложувал ситуацијата на тетовскиот ...

Груевски е неодреден за постапката на министерот Рушити

Канал5 - 11.10.2006

Премиерот Груевски е воздржан за постапката на министерот Рушити за смена на ректорот на тетовскиот универзитет. Разговарале за случајот, се отвориле многу прашања, но додека не добиел дополнителни информации, Груевски не можел да каже како стојат работите.

Рушити без објаснување за случувањата на Тетовски

А1 - 10.10.2006

Пет дена по случувањето на Тетовскиот универзитет, министерот за образование Сулејман Рушити ниту денеска не се почувствува одговорен да објасни на јавноста што се случува на овој универзитет. По два часа чекање за договорената изјава на ресорниот министер, неколкупати одложена од владиниот ...

„Се тури Дебор“

Дневник - 10.10.2006

Не е можно да се формираат два стандарда, министерот да може да смени ректор на тетовскиот, а да не може на скопскиот или битолскиот универзитет. Ако таква одредба стои во посебниот закон за тетовскиот универзитет, таа е НЕУСТАВНА.

Министерот за образование Сулејман Рушити втор ден си игра закажи откажи прес конференција

Канал5 - 10.10.2006

Министерот за образование Сулејман Рушити и денеска не собра храброст за јавно изјаснување- зошто се решил да си земе за право тој да го менува ректорот на тетовскиот универзитет. И денеска како и вчера закажа прес конференција и пак се предомисли и ја откажа.

Рушити: Штулов и Тетовски ќе се обединат, ако се подобрува квалитетот

Вест - 10.10.2006

СЕ АКТУЕЛИЗИРА СТАРАТА ИДЕЈА ЗА ДВАТА УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ТЕТОВО Министерот за образование Сулејман Рушити ја поддржува идејата за обединување на државниот универзитет и на приватниот универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Во саботата, кога со решение со неговиот потпис беше сменет досегашниот ...

Професоре, вие сте за ДУИ или за ДПА?

Време - 10.10.2006

СЕ ВЖЕШТУВА АТМОСФЕРАТА НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Мери Јордановска Претставниците на сенатот вршеле огромни притисоци врз професорите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) да ја бојкотираат наставата и да не го поддржуваат новопоставениот ректор Сади Беџети, тврдат извори од универзитетот.

Фалсификувани дипломи го смениле ректорот

Дневник - 10.10.2006

Сенатот реагира дека прекршоците не биле утврдени со никаков документ, а инспекцијата дошла во петокот , кога и е разрешен Беадини Фалсификувани дипломи, нелегален сенат, финансиски малверзации, професори што немале право да предаваат...

Смената на ректорот во Тетово го разниша угледот на државата

Утрински - 10.10.2006

Неофицијално, во петочната смена на Тетовскиот универзитет, покрај ректорот, биле „тргнати" уште 50-ина вработени Билјана Јовановска Четири дена владее молк по грубиот упад во автономијата на Тетовскиот универзитет што го направи министерот за образование, Сулејман Рушити, со незаконската и ...

Универзитетски резил

Време - 10.10.2006

Пишува:Мери Јордановски „ДУИ или ДПА?“. Ова е најсоодветниот наслов на лекција што набргу би требало да ја научат студентите на Државниот универзитет во Тетово како услов да се стекнат со диплома ако точно одговорат на прашањето.

ДУИ со интерпелација за Рушити

Вечер Прес - 10.10.2006

Министерот за образование молчи, а во ДПА велат дека причина за разрешувањето на ректорот Беадини се неправилности во работата на Универзитетот што ги утврдил Државниот инспекторат за образование Пратеничката група на коалицијата ДУИ - ПДП најави интерпелација на министерот за образование Сулејман ...

Фуере: Случувањата на Тетовски не се добри за имиџот на Македонија

А1 - 09.10.2006

Случувањата на Тетовскиот универзитет и во Парламентот не се добри за имиџот на Македонија, оцени евроамбасадорот Фуере. Коментирајќи ги состојбите, рече дека нема впечаток оти смената на ректорот е направена според редовната процедура.

Реакција на Сенатот на Тетовскиот државен универзитет за назначувањето нов ректор

Канал5 - 09.10.2006

Сенатот на Тетовскиот државен универзитет смета дека именувањето на новиот ректор Сади Беџети од страна на министерот за образование Сулејман Рушити е направено насилно и во спротивност со член 46 на Уставот и на Законот за високо образование.

Ректорот протеран, се бара оставка од министерот Рушити

Време - 09.10.2006

ТЕТОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Неџбедин Беадини, спротивно на Уставот и на законите бил протеран од оваа установа и принуден да си замине од функцијата, обвинуваат извори од универзитетот. Правните експерти коментираат дека ваквата постапка на министерот за ...

Интерпелација за министерот Рушити

Дневник - 09.10.2006

ДУИ и ПДП денеска до Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за образование Сулејман Рушити поради, како што велат, незаконската смена на ректорот на Државниот универзитет во Тетово Неџбедин Беадини. Пратеничките групи го обвинуваат Рушити дека ја прекршил автономијата на универзитетот и ...

Сади Беџети нов в.д. ректор на Тетовскиот универзитет

Вест - 09.10.2006

"Ќе ги искорнеме сите злоупотреби, газењата на законските, педагошките и академските норми, како и измамите на релација професор - студент. Ќе им се спротивставиме на овие негативни појави со преземање соодветни мерки" - изјави во саботата Сади Беџети, по "ректорскиот пуч" новоизбраниот вршител на ...

ДУИ најавува интерпелација за Рушити поради смената на ректорот

Утрински - 09.10.2006

ТЕТОВО - Смената на Неџбедин Беадини од функцијата ректор на Тетовскиот универзитет предизвика остра реакција од страна на ДУИ. Партијата на Али Ахмети најави и интерпелација за министерот за образование, Сулејман Рушити, кој во петокот го назначи Сади Беџети за нов ректор на Државниот универзитет ...

ДУИ го брани тетовскиот ректор со интерпелација за министерот Сулејман Рушити

Канал5 - 09.10.2006

Интерпелација за министерот- е одговорот на опозициската Демократска Унија за интеграција за смената на ректорот на тетовскиот универзитет. Сулејман Рушити постапил против законски- не ја почитувал процедурата и го изолирал Универзитетскиот сенат.

Фуере ја критикува смената во Тетовскиот универзитет

Макфакс - 09.10.2006

Охрид Случувањата на Тетовскиот универзитет и во Парламентот не се добри за имиџот на земјата, изјави денеска во Охрид евроамбасадорот Ерван Фуере, јави дописникот на Макфакс. „Се уште не сум го разгледал целосниот извештај, но, од она што го видов, не добив впечаток дека смената на ректорот на ...