TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски: Исправени сме гордо пред европското семејство

А1 - 11.04.2004

„Јас и вие сме новото лице на Македонија. Христос воскресна“, рече претседателскиот кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски на вечерашниот митинг пред жителите на општината Кисела Вода, кој се одржа пред трговскиот центар „Бисер“.

Црвенковски: Пред нас е историска шанса да побегнеме од блаканската кал

А1 - 10.04.2004

„Пред нас е историска шанса да се одлепиме и побегнеме од оваа балканска кал, предрасуди и омрази. Македонија во 2006 година ќе ја добие поканата, а во 2007 ќе стане членка на НАТО. Со тоа прашањето за територијалниот интегритет, границите, безбедноста сигурноста и нашето опстојување еднаш ...

Никако да му го погодам гравот

Вест - 10.04.2004

ЖЕНИТЕ НА СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ -ЈАСМИНА ЦРВЕНКОВСКА Како пасионирана вљубеничка во готвењето, Јасмина Црвенковска (44), дип. инг. информатичар, можете често да се видите како сама купува во супермаркетите и на пазарите низ Скопје До сопругата на премиерот, а сега и претседателски кандидат ...

Македонија повторно пред одлука

Време - 10.04.2004

МИТИНГ НА СДСМ ВО ВЕЛЕС Во Македонија само во декември влегле 46 милиони долари странски инвестиции. Тоа не е податок од Владата, туку од Народната банка на РМ - рече на завчерашниот митинг во Велес претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски.

Црвенковски вети дека ќе ги смири меѓуетничките тензии

Утрински - 10.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ престојуваше во Куманово и во Кратово КУМАНОВО - "Се кандидирам да бидам претседател на Република Македонија кој ќе ги сплотува и обединува луѓето, претседател кој ќе прави слога. Или ќе бидам таков пртседател, или нема ништо да бидам", рече кандидатот за ...

Црвенковски во новото лице гледа стари проблеми

Дневник - 10.04.2004

СДСМ ВО КУМАНОВО И ВО КРИВА ПАЛАНКА Не смеат да бидат потценувани меѓуетничките односи, бидејќи ако во една држава има омраза, нема напредок, рече Црвенковски Со промените во 1998 година Македонија ја снајде елементарна непогода, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ...

Црвенковски: „Со кандидатурата не бегам туку се соочувам со одговорноста“

А1 - 09.04.2004

По тринаесет години политичка кариера Бранко Црвенковски од позиција на Премиер за прв пат на претседателски избори непосредно ќе провери колку тој лично ја има довербата на македонските граѓани. И денеска тврди дека да не биле ова вонредни избори немало да се кандидира, а на критиките дека со овој ...

Црвенковски најави голем инвестициски циклус

Дневник - 09.04.2004

СДСМ ВО ВЕЛЕС Треба да се има доверба во Македонија за да се инвестира во неа, а ние во изминатите 15 месеци успеавме да ги вратиме инвеститорите во земјава. За последните четири месеци во Македонија се внесени 70-ина милиони долари, рече претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски на ...

Црвенковски: Сакам да го сплотам народот

Време - 08.04.2004

МИТИНГ НА СДСМ ВО ГЕВГЕЛИЈА Единството на граѓаните од сите припадности е основата врз која мораме да ја градиме заедничката иднина. Токму за такво единство ќе се борам - порача претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски, на предизборниот митинг во Гевгелија.

Југот на Македонија иднината ја гледа во земјоделството

Утрински - 08.04.2004

Карванот на претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, ги посети Миравци, Пирава, Валандово, Дојран и Гевгелија Жителите на Миравци му порачаа на Бранко Црвенковски дека †чарето сега е само во земјоделството" Борис Георгиевски Жителите на Миравци, Пирава, Валандово, Стар и Нов Дојран, ...

"Промените" и "новите лица" ја уназадија државата, тврди Црвенковски

Дневник - 08.04.2004

СДСМ ВО ГЕВГЕЛИЈА Невработеноста во државата расте зашто на површина излегоа сите грабежи што ги направила претходната власт, рече претседателот на ЛДП Ристо Пенов Петнаесет месеци ги расчистуваме урнатините што минатата власт ги остави зад себе за да создадеме услови за економски развој, рече ...

Бранко оди со четири принципи

Вест - 07.04.2004

Добри меѓуетнички односи, мир, безбедност и сигурност, членство во НАТО и во ЕУ и Македонија почитувана, се четирите изборни принципи на Бранко Црвенковски, претседателски кандидат на коалицијата "Заедно", кои беа промовирани на вчерашната прес-конференција.

Со иднината на Македонија не смее да се експериментира

Време - 07.04.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ВО СТРУМИЦА И ВО КАВАДАРЦИ Со чист образ и мирна совест ја барам поддршката за претседател на државата бидејќи знам дека имам знаење и сила да продолжам по вистинскиот пат за просперитетна, стабилна и мирна евроатлантска Македонија.

Црвенковски: "Новото лице" е старата амбалажа на "промените"

Утрински - 07.04.2004

Претседателскиот кандидат на СДСМ вчера го посети југот на земјава "Имам чист образ и мирна совест и затоа ја барам вашата поддршка. Можам да ве гледам в очи затоа што во изминативе 13 години и кога се радувавме и кога тагувавме секогаш бевме заедно, бидејќи бев со мојот народ.

Црвенковски се повлекува од премиер и лидер на СДСМ ако ги загуби изборите

Утрински - 07.04.2004

Порака од шефот на македонската Влада и претседателски кандидат на владејачката коалиција Црвенковски во интервју за Телма најави "повеќе варијанти" при евентуален неуспех на претседателските избори. "Треба да се види зошто не успеале.

Црвенковски: Ни треба претседател кој знае да носи вистински одлуки

А1 - 06.04.2004

„Следната недела нема да се гласа дали сме задоволни или не со животот, нема да се гласа за тоа дали сме богати, дали имаме доволно вработени. Тогаш ќе треба да се избере претседател во кој имаме доверба дека кога ќе се одлучува помеѓу мир и војна ќе знае да ја донесе вистинската одлука, кога ќе ...

Црвенковски: Никогаш повеќе во Македонија нема да има странски војски

Утрински - 06.04.2004

Кандидатот на СДСМ во Битола, Ресен, Демир Хисар и во Струмица Македонија денес има пријатели во светот и од држава која беше на работ на граѓанската војна, стана стабилна држава Претседателскиот кандидат на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски вчера во прилично набиен тајминг својата ...

Црвенковски ветува држава со среќни и вработени луѓе

Дневник - 06.04.2004

СДСМ ВО СТРУМИЦА Зад новото лице на Кедев стојат луѓе што донесоа војна и ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа - рече Никола Поповски Опозицијата вели дека ни е потребно ново лице, нов почеток. Тој почеток го почувствувавме во периодот од 1998 до 2002 година.

Ќе се одлепиме од балканската кал

Време - 05.04.2004

КАРВАНОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ ВО КАВАДАРЦИ И ВО ПРИЛЕП Тврдам и знам дека во 2006 година Македонија ќе ја добие поканата, а во 2007 ќе стане полноправна членка на НАТО. Со влегувањето во Алијансата прашањето за границата и територијалниот интегритет, безбедноста и сигурноста еднаш засекогаш ќе биде ...

Иднината на Косово и иднината на Македонија не се поврзани

Време - 05.04.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ЗА РАДИОТО СЛОБОДНА ЕВРОПА Причината поради која се кандидирав за претседател е фактот што е исклучително значајно Македонија да има успешни претседателски избори, односно да се избере претседател и да не се дозволи да се влезе во некоја институционална, а подоцна можеби и во политичка ...

Црвенковски: На Македонија и ја вративме стабилноста и безбедноста

Утрински - 05.04.2004

Кандидатот на коалицијата "За Македонија заедно" во Струмица и во Прилеп прилеп -"Денеска сум тука со вас и ја барам вашата поддршка затоа што бевме заедно и во 2001 година кога ја зачувавме државата и повторно ќе бидеме заедно.

Последниот митинг на Црвенковски пред 14 април во Штип

Утрински - 05.04.2004

Прес во СДСМ Претседателскиот кандидат на коалицијата ?За Македонија заедно", Бранко Црвенковски, последниот митинг пред првиот изборен круг закажан за 14 април ќе го одржи во Штип. Денеска и утре изборниот карван на Црвенковски продолжува со активности во Битола и во Гевгелија.

Во Македонија никогаш нема да има странски војници

Дневник - 05.04.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПРИЛЕП Државата еднаш се создава, но мора постојано да се чува. Мирот, стабилноста и меѓуетничките односи се работи со кои нема играње. Македонија е мала земја, но во неа има место за сите луѓе со добра волја, рече претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски на ...