TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Папандреу побара Арапската лига да соработува околу Ирак

А1 - 16.02.2003

Арапските држави силно ја осудуваат едностраната воена интервенција во Ирак и предупредуваат дека нема да учествуваат или да пружат било каква помош за таква воена разврска. Ова се наведува во декларацијата што ја усвои Арапската лига на денешниот самит во Каиро, на кој учествуваше и шефот на ...

НАТО пред компромисно решение

А1 - 16.02.2003

Белгија понуди компромисен предлог во врска спорот во НАТО околу помошта на Турција во случај на војна во Ирак. Ги Верховштад, белгискиот премиер рече, неговата земја би го повлекла ветото на одлуката на НАТО под улов Алијансата јасно да се произнесе дека воената помош на Турција е исклучиво од ...

Франција, Германија и Белгија обвинети за „вандализација“ со НАТО

А1 - 15.02.2003

Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ги обвини Франција, Германија и Белгија поради ветото на одлуката за воена помош за Турција во случај да биде нападната од Ирак. Тоа значи „вандализација“ со НАТО, се вели во писмото кое белгиската телевизија го прикажа на својата програма, а кое има ...

Антивоени протести ширум светот

А1 - 15.02.2003

За денеска и утре во околу 500 градови во 75 држави во светот се најавени масовни протести против евентуална војна во Ирак. Најмасовни протести се очекуваат во државите кои се солидарни со САД во настојувањето кризата да се реши со воена интервенција.

Стотина скопјани протестираа против војна во Ирак

А1 - 15.02.2003

Неколку стотина граѓани, под мотото „Војната е последниот излез на глупавиот“, попладнево во Скопје одржаа мировен протест против употреба на воена сила за решавање на кризата околу Ирак. Учениците на протестот упатија барање до македонските власти, а особено до претседателот Борис Трајковски, „да ...

Садам го забрани оружјето за масовно уништување

Вест - 15.02.2003

БАГДАД, 15 февруари (Ројтерс) - Ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера се согласи со барањето на шефовите на инспекцијата на ОН да воведе забрана за увоз или производство на оружје за масовно уништување. Неколку часа пред шефовите на инспекцијата на ОН да го поднесат извештајот пред Советот за ...

Ирак нема објаснување за дел од оружјето

Утрински - 15.02.2003

Ханс Бликс изнесе дилеми околу ирачкото оружје, но потврди дека Ирак соработувал ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Главниот инспектор на ОН за оружје Ханс Бликс вчера изјави дека Ирак не дал објаснување за многу парчиња забрането оружје и дека мора да објасни што се случило со осомничените резерви на антракс, ...

Протести против војна во Ирак

Дневник - 15.02.2003

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Три одвоени мировни протести ќе се спроведат денеска во центарот на Скопје, со што македонската метропола ќе се вклучи со другите градови во светот во кои се организираат масовни протести против најавите за воена интервенција против Ирак.

Мировен протест против војната во Ирак

Утрински - 15.02.2003

ДЕНЕСКА Хелсиншкиот комитет соопшти дека денеска во Скопје ќе бидат организирани мирни протести против воената интервенција во Ирак. Хелсиншкиот комитет, како што се наведува во соопштението, ги поддржува протестите против воена интервенција кои се организираат низ целиот свет и наедно ги повикува ...

Судирот во НАТО ќе се прекрши врз Македонија

Дневник - 15.02.2003

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ Според изјавите на државниот врв, во Македонија безбедносната состојба е стабилна и нема услови за дестабилизација од поголеми размери, бидејќи во "кризните" региони дејствуваат помали криминални групи. Државниот врв укажува дека се можни провокации, терористички акции (урбан ...

Проектилот со спорен дострел ќе му пресуди на Багдад?

Дневник - 15.02.2003

НОВ РАПОРТ НА ИНСПЕКТОРИТЕ ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Израел, Сирија, Саудиска Арабија и Иран, четирите историски и можни непријатели на режимот на Садам Хусеин, имаат балистички проектили со многу поголем дострел од тој на "Ал самуд" Ирачкиот проектил, кој наводно може да лета 40 километри ...

Американските командоси работат со полна пареа во Ирак

Дневник - 15.02.2003

ПЕНТАГОН ПОТВРДИ Анонимен функционер во Пентагон ги потврди извештаите дека елитни одреди на американските специјални сили дејствуваат на територијата на Ирак и истакна дека тие работат со полна пареа, јави Ројтерс. Шефот на Пентагон, Доналд Рамсфелд, не го коментираше извештајот, но ги критикуваше ...

Франција, Русија и Германија со заеднички став за Ирак во ОН

Вест - 15.02.2003

Неколку милиони луѓе во целиот свет вчера излегоа на демонстрации против војната со Ирак БЕРЛИН /ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 15 февруари (Ројтерс) - Германскиот канцелар Герхард Шредер вчера соопшти дека министрите за надворешна политика на Франција, Русија и Германија ќе држат заеднички став за Ирак пред ...

НАТО нема да заседава за ирачката криза

А1 - 14.02.2003

Постојаниот совет на НАТО денеска нема да заседава, откако раководството на Алијансата одлучи да го чека исходот од состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на ирачката криза. Амбасадорите на 19-те земји-членки на НАТО ќе го почекаат новиот извештај на шефовите на инспекциските тимови за ...

Инспекторите не нашле оружје за масовно уништување во Ирак

А1 - 14.02.2003

„Се избира меѓу војна и мир“, ја опиша денешната состојба во ОН, ирачкиот амбасадор Ал-Дури. „Инспекциите не нашле никакво нуклеарно или друго оружје за масовно уништуванје“, е кусиот заклучок од денешните извештаи на главниот инспектор за оружје, Бликс и првиот човек на Меѓународната агенција за ...

Утре мировен протест против војна во Ирак

А1 - 14.02.2003

Македонскиот хелсиншки комитет ги повикува невладините организации и сите граѓани да се придружат на мирниот протест против воената интервенција во Ирак, што ќе се одржи утре во 13,30 часот на плоштадот „Македонија“. Под мотото „Насилството е последен излез за глупавиот“ ќе се поддржат протестите ...

Советот за безбедност на ОН денеска ќе заседава за Ирак

Вест - 14.02.2003

Њујорк, 14 февруари - САД можат да очекуваат поддршка најверојатно само од три од 15 членки на Советот за безбедност на ОН на денешниот состанок ако се гласа за нова резолуција, со која ќе се одобри употреба на сила врз Ирак.

Американски специјалци веќе оперираат во Ирак

Утрински - 14.02.2003

„Вашингтон пост" пишува дека Пентагон ги финализира подготовките ВАШИНГТОН - Американските единици за специјални операции веќе оперираат во различни делови на Ирак, трагајќи по локации за производство на оружје, воспоставувајќи комуникациска мрежа и барајќи потенцијални дезертери од ирачките воени ...

Се подготвува најмасовниот антивоен собир во историјата

Дневник - 14.02.2003

В САБОТА ВО СКОПЈЕ И ВО УШТЕ 350 ГРАДА ВО СВЕТОТ Милиони граѓани од 60 земји, од Антарктикот, па до најизолираните пацифички острови, утре ќе протестираат против најавената воена интервенција врз Ирак. И Скопје ќе биде дел од најмасовните антивоени демонстрации во историјата.

Ирак има ракети со поголем домет од дозволениот

Вест - 14.02.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 14 февруари (АП) - Стручни лица проценуваат дека ирачките проектили "ал-Самуд 2" имаат дострел поголем од лимитот од 150 километри кој е дозолен според резолуциите на ОН - капацитет што САД го карактеризираат како сериозен прекршок.

Шредер ќе се бори за мирен расплет на кризата

Утрински - 14.02.2003

Германскиот канцелар вчера во Бундестагот жестоко ја бранеше својата мировна политика БЕРЛИН - Германскиот канцелар Герхард Шредер вчера изјави дека с? уште е можно мирно решение на кризата со Ирак и додаде дека тој заедно со Франција, Русија и другите земји ќе се бори за тоа.

Блер се фати за ирачки проектил како давеник за сламка

Дневник - 14.02.2003

КУЛМИНАЦИЈА НА ДИПЛОМАТСКАТА ВОЈНА ЗА ИРАК Клучен фактор за исходот на пресметките во Обединетите нации и во НАТО ќе биде новиот рапорт на инспекторот Ханс Бликс, кој ќе го каже својот став и за спорниот проектил "Ал самуд 2" Британскиот премиер Тони Блер, во очајнички обид да обезбеди поддршка за ...

Митрева: НАТО ќе ја задржи советодавната компонента во државава

Утрински - 13.02.2003

ОЦЕНА Скопје - Доаѓањето на евросилите во Македонија не значи и заминување на Северноатлантската алијанса, која во државава ќе остане со нејзината советодавна компонента, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Илинка Митрева, по посетата на Штабот на НАТО во Скопје.

Франција не попушта во НАТО

Утрински - 13.02.2003

Алијансата размислува за компромисен план за Ирак за да излезе од тешкиот ќор-сокак Се чека извештајот на Ханс Бликс во ОН БРИСЕЛ - НАТО вчера направи нов обид да го надмине ќор-сокакот околу планирањето одбранбени мерки во случај на војна врз Ирак предводена од САД, но Франција сигнализираше дека ...

За Русија доказите на САД против Ирак се неубедливи

Вест - 13.02.2003

ПАРИЗ, 13 февруари (АП) - Доказите што САД ги презнетираа пред Советот за безбедност кои требаше да покажат дека Ирак поседува или купува оружје за масовно уништување "не се убедливи", изјави вчера рускиот министер за надворешна политика Игор Иванов.

НАТО не може да се договори за напад врз Ирак

Вест - 13.02.2003

БРИСЕЛ, 13 февруари (АП) - Со предупредувањата упатени од САД дека кредибилитетот на алијансата е изложен на ризик НАТО вчера се обиде да најде компромис кој ќе ги убеди Франција, Германија и Белгија да се откажат од своите планови за ставање вето на плановите за одбрана на Турција од евентуален ...

Хелсиншкиот комитет организира протести против нападот врз Ирак

Дневник - 13.02.2003

В САБОТА СКОПЈЕ ЌЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА СТО СВЕТСКИ МЕТРОПОЛИ Според истражувањето на "Галуп", граѓаните на Македонија се најголеми европски противници на интервенцијата во Ирак Противниците на идејата за сојузнички напад на Ирак, предводени од Хелсиншкиот комитет за човекови права, в сабота ќе одржат ...

Азнар и Шредер на две страни околу Ирак

Утрински - 13.02.2003

Продолжува поделбата меѓу лидерите во ЕУ КОСТА ДЕ ТЕГУС, ШПАНИЈА - Лидерите на Шпанија и на Германија, двете членки на Советот за безбедност на ОН, не успеаја да ги надминат несогласувањата како да се справат со Ирак, одразувајќи ја длабоката европска поделба за ова прашање.

Алијансата не може да го скрши антиамериканскиот инает на "Старата Европа"

Дневник - 13.02.2003

МАЧНИ ДЕБАТИ ЗА ИРАК ВО БРИСЕЛ Амбасадорите на НАТО и вчера не постигнаа решение за воената помош на Турција, која со вето ја блокираа Франција, Германија и Белгија и му зададоа силен удар на сојузништвото во Алијансата, јави Ројтерс.

Либија задолжена за човековите права, а Ирак за разоружувањето во ОН!?

Капитал - 13.02.2003

Апсурдна ситуацијаЛибија задолжена за човековите права, а Ирак за разоружувањето во ОН!?Штотуку стивнаа протестите поради преземањето на претседавачкото место во Комисијата на Обединетите нации за заштита на човековите права од страна на Либија, на ред е нов шок.

НАТО сеуште во ќорсокакот

А1 - 12.02.2003

Советот на амбасадорите на НАТО претпладнево повторно ја прекина расправата по барањето на САД и Турција за превентивна воена помош за турција пред евентуалната војна во Ирак поради ветото на Франција, Германија и Белгија кои сметаат дека со тој потег Алијансата прејудицира воено решение на кризата.

Македонскиот хелсиншки комитет против војна во Ирак

А1 - 12.02.2003

Македонскиот хелсиншки комитет најостро се спротивставува на идејата за воена интервенција во Ирак. Хелсиншкиот комитет, во исто време, најостро ја осудува и поддршката што Владата ја даде на идејата и можноста за директно инволвирање на Република Македонија во воените активности.

Ирак со закон ќе го забрани оружјето за масовно уништување

Дневник - 12.02.2003

по притисокот од ОН Багдад прексиноќа се согласи со двете главни барања на инспекторите за оружје - да дозволи надлетувања на американските шпионски авиони "У-2" и да усвои закон за забрана на оружје за масовно уништување, јави Ројтерс.

Кризата во НАТО не ги блокира евросилите за Македонија

Дневник - 12.02.2003

РЕАКЦИЈА ОД БРИСЕЛ ПО ПИШУВАЊЕТО НА "ДНЕВНИК" Сите коментари дека разликите во НАТО во врска со ирачката криза може да го одложат на неодредено време доаѓањето на европските сили во Македонија се шпекулации, изјавил вчера официјален претставник на НАТО во Брисел за Македонската информативна ...

Ирак се согласи за летови на шпионските авиони "У-2"

Утрински - 12.02.2003

Багдад го прифати главното барање на инспекторите на ОН Ирак се согласи да им дозволи на авионите од типот "У-2" да ги извршат своите набљудувачки летови - што е главното барање од страна на инспекторите за оружје на Обединетите нации што сакаат да видат поголема соработка од Багдад.

Тројката Ширак, Путин и Шредер заеднички против војната

Утрински - 12.02.2003

Во Европа се создава оска за спротивставување на плановите на САД за напад на Ирак ПАРИЗ - Франција, Русија и Германија, во смел чекор да го запрат импулсот за војна со Ирак предводена од САД, побараа поголеми напори за мирно разоружување на Ирак.

НАТО демантира дека ќе се одложи доаѓањето на евросилите во земјава

Утрински - 12.02.2003

РЕАКЦИЈА Скопје - Сите коментари дека разликите во НАТО околу ирачката криза може да го одложат на неодредено време доаѓањето на европските сили во Македонија се шпекулации, изјави официјален претставник на НАТО во Брисел. "Ова прашање не е поставено во тој контекст на ниедна формална сесија на ...

НАТО влезе во ќор-сокак околу Ирак

Утрински - 12.02.2003

Северноатлантските сојузници се наоѓаат во една од најголемите кризи од 1949 година Алијансата бара одговори во дипломатскиот коридор БРИСЕЛ - Северноатлантската алијанса, погодена од криза, вчера го откажа состанокот за решавање на длабоките поделби во однос на Ирак, избирајќи ја неофицијалната ...

Британија, Бугарија и Белгија застанаа зад САД, сите други се против

Дневник - 12.02.2003

РАСКОЛ И ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Единаесет членки на Советот за безбедност се за продолжување на инспекторската мисија на ОН во Ирак, а воените повици на САД имаат поддршка само од три членки - Бугарија, Британија и Шпанија, изјави за Ројтерс висок германски функционер, кој настојувал да ...

Само 4 земји во Советот за безбедност сакаат војна со Ирак

Вест - 12.02.2003

Илјадници демонстранти вчера протестираа против САД во Техеран, главниот град на Иран БЕРЛИН, 12 февруари (АП) - Само четири од 15-те земји членки на Советот за безбедност на ОН се противат на напорите на Германија, Франција и Русија да се бара мирно решение за Ирак, соопшти вчера официјален ...

Македонија ќе ги следи препораките на ОН за Ирак

Утрински - 12.02.2003

СТАВ "Македонија ја поддржува имплементацијата на Резолуцијата 1441 за Ирак, а како претендент за прием во НАТО и како член на Вилнус- групата даде поддршка на аргументите изнесени од американскиот државен секретар Колин Пауел", изјави вчера шефицата на дипломатијата, Илинка Митрева, околу ...

Македонија прва во Европа против евентуална војна во Ирак

А1 - 11.02.2003

Граѓаните на Македонија се најголеми противници меѓу европските жители на евентуална воена операција против Ирак, покажува истражувањето што го спроведе влијателната агеција „Галуп интернешнл“. На прашањето „Сметате ли дека нашата земја би требало да ја поддржи воената акција против Ирак, во случај ...

Кризата во НАТО ќе ги одложи евросилите?

А1 - 11.02.2003

„Кризата што го тресе НАТО во врска со Ирак може да се одрази врз Македонија и да го одложи на неодредено време доаѓањето на европските сили за брза реакција“, изјавил за денешен „Дневник“ висок дипломат во Брисел. Американците, според истиот извор, најавиле дека ќе го блокираат доаѓањето на ...

Декларација на Париз, Берлин и Москва за ирачкото прашање

А1 - 11.02.2003

Германија, Франција и Русија очекуваат да ги обединат и останатите членови на Советот за безбедност на ОН околу алтернативата за мирно разоружување на Ирак и во Декларација доставена до Советот бараат зајакнување на инспекторската мисија.

Симитис одлучи да ја преземе иницијативата

Утрински - 11.02.2003

Грција во својство на претседавач на ЕУ најавува дебата за Ирак АТИНА - Претседавачот на Европската унија, Грција, вчера предложи на самитот на ЕУ како и на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој треба да се одржи следната недела да се дискутира за кризата во Ирак.

Клучот е во ирачката соработка

Утрински - 11.02.2003

Ханс Бликс: нема нови докази кои се однесуваат на ирачкото оружје за масовно уништување АТИНА - Шефот на инспекторите за оружје на Обединетите нации Ханс Бликс вчера изјави дека нема нови докази кои се однесуваат на ирачкото оружје за масовно уништување во документите што Багдад му ги достави за ...

Путин и Шредер не гледаат причина за војна

Утрински - 11.02.2003

Заедништво БЕРЛИН - Германија и Русија изразија надеж дека Ирак би можел мирно да се разоружа, додека Москва соопшти дека Франција, Германија, Русија и Кина имаат усогласени мислења. Германскиот канцелар Герхард Шредер и рускиот претседател Владимир Путин ги дадоа коментарите по состанокот во ...

Франција, Германија и Белгија блокираа НАТО одбрана за Турција од Ирак

Вест - 11.02.2003

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон рече дека "ситуацијата во алијансата е многу сериозна" БРИСЕЛ, 11 февруари (АП) - Франција, Германија и Белгија вчера ги блокираа напорите на НАТО да почне изготвувањето на планови за евентуални ирачки напади врз Турција со што уште повеќе се продлабочија ...

Американците ги ставаат евросилите во Македонија во залог за Ирак

Дневник - 11.02.2003

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО НАТО На ветото на Франција, Германија и на Белгија ставено во НАТО за помошта на Турција во евентуална војна со Ирак, Американците се очекува да одговорат со блокада на евросилите Кризата што го тресе НАТО во врска со ирачката криза може да се одрази врз Македонија и да го одложи ...

Бликс се врати од Ирак со полни торби ветувања

Дневник - 11.02.2003

ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ НА УНСКОМ ПРЕД НОВИОТ РАПОРТ ВО ОН Шефот на инспекторскиот тим на Обединетите нации, Ханс Бликс, вчера изјави дека при посетата на Багдад добил многу ветувања дека Ирак ќе ја продлабочи соработката со меѓународната заедница, но истакна дека не добил нови докази за ирачкото ...

Франција и Германија ги блокираа плановите на НАТО за Ирак

Утрински - 11.02.2003

Алијансата западна во ќор-сокак и се разниша нејзиниот и така нарушен кредибилитет БРИСЕЛ - Франција, Германија и Белгија вчера ставија вето на плановите на НАТО за одбрана на Турција во случај на војна против Ирак, предизвикувајќи ја Анкара формално да побара консултации за одбрана на нејзината ...

Бликс: Багдад ќе понуди нови методи во истрагата

Вест - 11.02.2003

Ирачкиот граќанин Сахиб Ал-Хадад, осомничен дека е вмешан во шверц со оружје со Ирак, вчера беше изведен пред судотот во Софија, каде е уапсен во ноември лани. Германија бара екстрадиција на Ал-Хадад Атина, 11 февруари - Шефот на тимот инспектори на ОН во Ирак Ханс Бликс вчера соопшти дека Багдад ...

Раздорот околу Ирак го блокираше НАТО

А1 - 10.02.2003

Германија, Франција и Белгија ставија вето на американските барања НАТО да ја зајакне одбраната на Турција при евентуална војна во Ирак, тврдејќи дека подготовките за одбрана на Анкара би можеле да им наштетат на дипломатските напори насочени кон избегнување на судирот.

Нафтата и понижувањата ги водат САД во Ирак

Утрински - 10.02.2003

Според белгискиот премиер Луис Мишел БРИСЕЛ - Белгија ќе ги блокира плановите на НАТО за заштита на Турција во случај на војна во Ирак, изјави вчера белгискиот министер за надворешни работи, Луис Мишел. На прашањето дали Белгија ќе ја прекине "процедурата на молк", што ја побара генералниот ...

Наместо војна, Париз и Берлин туркаат мировен план

Утрински - 10.02.2003

Франција и Германија со контраиницијатива спрема САД МИНХЕН - Германскиот министер за одбрана, Питер Штрук, потврди дека Берлин и Париз ќе претстават заеднички план пред Советот за безбедност на ОН, во обид да се избегне војна во Ирак со засилување на инспекциите за оружје.

Ирак предал документи околу нуклеарното оружје

Утрински - 10.02.2003

Пред да заминат инспекторите на ОН од земјата БАГДАД - Ирак вчера им предаде нови документи на главните инспектори за оружје, за време на втората рунда клучни разговори за разоружувањето во Багдад, изјавија извори на ОН. Ханс Бликс, одговорен за потрагата по хемиско, биолошко и балистичко оружје, и ...

Германија и Франција со антивоен план за Ирак во ОН

Вест - 10.02.2003

МИНХЕН, 10 февруари (Ројтерс) - Германскиот министер за одбрана Петер Штрук вчера потврди дека Берлин и Париз ќе поднесат до Советот за безбедност на ОН заеднички план со кој ќе се обидат да ја спречат војната со Ирак со зајакнување на инспекциите за вооружување.

Ирак им предаде нови документи на главните инспектори на ОН

Вест - 10.02.2003

БАГДАД 10 февруари (Ројтерс) - Во вториот круг на разговори за разоружување Ирак им предаде нови документи на шефовите на инспекциите за оружје вчера во Багдад. Документите се од областа на нуклеарното вооружување, јавува извор близок на ОН.

Париз, Берлин и Москва предлагаат "инвазија" врз Ирак со мировници на ОН

Дневник - 10.02.2003

ДОДЕКА САД ТРУПААТ ОРУЖЈЕ ВО ЗАЛИВОТ Додека Вашингтон испрати и петти носач на авиони во регионот на Ирак, подготвувајќи се за воена инвазија, Германија и Франција завчера предложија нова мировна иницијатива, чии белези се засилување на инспекторската мисија и испраќање мировници од Обединетите ...