TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија е за компромис, но таква треба да биде и Грција

BBC - 06.11.2008

При денешната официјална посета на Хрватска, македонскиот претседател Бранко Црвенковски ја оцени 2008 како неуспешна година за Македонија бидејќи не е добиен датум за преговори со Европската Унија. Тој рече дека извештајот е објективен и дека Македонија не ги постигналан резултатите во најважните области.

Црвенковски: спремни сме за компромис за името

Форум - 06.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски призна дека Грција не е подготвена за компромис во спорот што таа го има за уставното име на Република Македонија и дека го блокира патот на државата во Европската унија и НАТО. Сепак, Црвенковски од официјалната посета на Загреб порачува дека Македонија треба да направи компромис во преговорите со името со цел да се деблокира евроатланската интеграција.

Резолуцијата усвоена, поделбите останаа

Утрински - 05.11.2008

Расправата во Собранието во сенка на разрешувањето на Димитров. Оливера Војновска. Македонскиот парламент со огромно мнозинство ја усвои Резолуцијата за утврдување државна стратегија за решавање на спорот за името, но документот зад кој застанаа 93 пратеници од власта и од опозицијата (единствено Павле Трајанов беше против) не го постигна посакуваното единство во државниот врв.

За името не чекаат 40 пеколни дена

Време - 04.11.2008

Ана Велјановска Притисокот на меѓународната заедница во следните 40 дена, пред средбата на ЕУ, ќе биде особено силен врз Македонија и ќе се инсистира да се најде решение за спорот со името со Грција, изјави премиерот Никола Груевски на завчерашната ТВ-дебата меѓу членовите на Владата и претставници на некои медиуми, по повод стоте дена од нејзиниот мандат.

Власта и опозицијата ја испеглаа резолуцијата за името

Вест - 04.11.2008

Собранието вчера попладне ја започна расправата за резолуцијата за името поднесена од пратениците на НСДП. Дебатата за името беше планирана да почне напладне, но неколку пати беше одложена, бидејќи спикерот на Собранието Трајко Вељаноски и координаторите на пратеничките групи не можеа да се договорот за барањето на ВМРО-ДПМНЕ во резолуцијата да се вгради обврската секое решение за името да оди на ...

Конечно, договор за Резолуцијата

Утрински - 04.11.2008

Малку недостигаше да пропадне обидот за единствен став околу проблемот со името. Оливера Војновска. По целодневни договарања и консултации, вчера доцна попладнето власта и опозицијата ги испеглаа ставовите околу резолуцијата за решавање на наметнатиот спор за името и Собранието.

Груевски најави пеколен период околу името

Утрински - 04.11.2008

Фронтот за одбрана на името се шири напоредно со предупредувањата на Брисел и на Вашингтон. Соња Крамарска. Стоте дена на Владата првпат испровоцираа кај премиерот Никола Груевски појасна изјава во врска со тешката ситуација во која се наоѓа Македонија во однос на надворешната политика и спорот со Грција.

Молкот на Брисел поопасен од наци-маршот

Дневник - 04.11.2008

ЕУ и НАТО, иако истакнуваат дека се неутрални во спорот, всушност, се ставаат на страна на Грција со тоа што молчат за прекршувањето меѓународен договор и многу принципи и кодекси на однесување. Последен пат Брисел молчеше по неодамнешната воена парада во Солун и наци-скандирањата на грчката војска. Грција е галениче на меѓународната заедница е заклучокот до кој ќе дојдете ако го анализирате ...

Црвенковски го жртвува Димитров за единство

Дневник - 04.11.2008

Македонско единство во преговорите со Грција, побараа и премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски, кој рече дека е дури подготвен и да го повлече преговарачот Никола Димитров за да се избегне сегашното двојство.На седницата на која македонските пратеници со 93 гласа „за“ ја усвоија Резолуцијата за решавање на спорот за името, премиерот Никола Груевски рече дека секое решение ќе ...

Груевски очекува нов предлог за името и жесток притисок

Н.Македонија - 04.11.2008

Премиерот Никола Груевски на телевизиската дебата по повод 100-те дена од работата на Владата рече дека во следните 40 дена очекува нов предлог од посредникот Метју Нимиц, но и жесток притисок од меѓународната заедница за да се реши спорот за името, кој може да биде поистоветен со вистински пекол.

Донесена резолуција за името - Црвенковски и Груевски јавно се скараа

Н.Македонија - 04.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски еден со друг се обвинуваа кој е одговорен за тоа што не се решава спорот за името со Грција, на вчерашната собраниска седница, на која со 93 гласа „за“ и само 1 „против“ беше усвоена резолуцијата за решавање на спорот. Таа треба да значи и државна стратегија што во иднина ќе ја спроведува Македонија.

Петковски: Македонија не можеше со два преговарачи

Форум - 04.11.2008

Македонија не може да продолжи со два преговарачи во процесот за решавање на спорот со името и разрешувањето на Никола Димитров од во прилог на решавање на проблемот, тврди пратеникот Тито Петковски по чија иницијатива вчера се донесе Резолуција за името на која претседателот Бранко Црвенковски ја објави својата одлука. „Беше неодржлива состојбата Македонија да има два преговарачи.

Собранието усвои Резолуција за утврдување државна стратегија за името

Кирилица - 04.11.2008

Со Резолуцијата се бара во најкус можен рок да се утврди државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска за името на Република Македонија во која јасно и недвосмислено ќе бидат вградени единствени ставови на политичките субјекти директно вклучени во преговарачкиот процес.

Обраќање на претседателот Бранко Црвенковски

Кирилица - 04.11.2008

Почитуван Претседателе,. Почитувани членови на Владата, Почитувани пратеници, Ја поддржав иницијативата за одржување на оваа седница и прифатив да учествувам во нејзината работа, затоа што сметам дека е корисна секоја идеја, секој предлог и напор насочен кон изградба на најширок консензус и државно единство во однос на надминување на спорот со Грција и деблокирање на нашите Евро и Евро-атлантски ...

Груевски: Потребна е државна стратегија за името што ќе ги опфати сите аспекти на прашањето

Кирилица - 04.11.2008

Тој рече дека некои луѓе кои оттогаш се занимаваат со проблемот дури сега сфатиле дека нема стратегија и оти наместо тоа, дозволувале ад хок-решенија, политика ден за ден и убедувања дека времето работи за нас, без да ги предвидат потезите на Грција.

Црвенковски го разреши Никола Димитров

Кирилица - 04.11.2008

Потребна е нова државна стратегија за прашањето за името бидејќи по Самитот на НАТО во Букурешт има сосема поинаква реалност, радикално променети околности кои бараат нов поинаков пристап, рече претседателот Бранко Црвенковски обраќајќи се пред пратениците во Собранието во врска со Предлог-резолуцијата за решавање на спорот за името на Република Македонија, поденсена од НСДП.

Се бара државна стратегија за името

Вечер Прес - 04.11.2008

Со резолуцијата која ја усвои Собранието се бара во најкус можен рок да се изгради државна стратегија за името, која треба да ги рефлектира единствените ставови на политичките субјекти инволвирани во преговарачкиот процес. На агресивната грчка дипломатија, како што истакна предлагачот Тито Петковски, Македонија треба да одговори со сите расположливи потенцијали.

Македонското собрание ја усвои резолуцијата за името

Макфакс - 04.11.2008

Македонското собрание ја усвои резолуцијата за решавање на спорот за името која предвидува усвојување на државна стратегија за решение на прашањето. За резолуцијата гласаа 93 пратеници, а еден беше против. Во документот како една од главните точки се акцентира сочувувањето на македонскиот национален идентитет.

Груевски: Не очекуваат 40 дена вистински пекол за името

А1 - 03.11.2008

Очекуваме силен притисок од меѓународната заедница во следните 40 дена, пред средбата на Европската унија, за изнаоѓање решение за спорот со името со Грција. Ова синоќа, на отворената средба на Владата со главните уредници на македонските медиуми, а по повод 100-те дена на Владата, го изјави премиерот Никола Груевски. „Тој притисок може да биде поистоветен со вистински пекол“, изјави Груевски.

Разрешен преговарачот Димитров

Телма - 03.11.2008

Амбасадорот Никола Димитров е разрешен од функцијата претставник на Македонија во разговорите за надминување на разликите за името, што со Грција се водат под покровителство на Обединетите Нации. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го соопшти денеска во парламентарната расправа за резолуцијата за името.

Собранието ќе расправа за името

Алсат-М - 03.11.2008

Предлог на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија ќе се најде денеска на дневен ред на 27-та собраниска седница. Предлогот на резолуција беше поднесен од страна на пратеничката група на Нова социјалдемократска партија(НСДП). Со резолуцијата се бара македонското Собрание да ги утврди црвените линии под кои не може да се оди во преговорите за името.

Името пред пратениците

Форум - 03.11.2008

Резолуцијата за името поднесена од опозициските НСДП и СДСМ денеска ќе се најде пред пратениците. Собраниската расправа околу изградба на државна стратегија во спорот за името што Македонија го има со Грција дојде на ред после месец и половина од иницијативата на Тито Петковски.

ВМРО бара референдум за името да влезе во Резолуцијата

Форум - 03.11.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара во Резолуцијата за името која денеска треба да се најде пред пратениците да се вметне обврската за референдум за оној предлог што би бил прифатен од државниот врв во преговорите во спорот за името. Резолуцијата е поднесена од страна на опозициските партии СДСМ и НСДП и во неа е предвидено да се изгради единствена државна стратегија со која ќе настапува Македонија во ...

Власта договара референдумско прашање

Форум - 03.11.2008

Нова координативна средба закажана за 15.30 ја одложи собраниската расправа околу спорот за името. Координаторите на политичките партии го услогласуваат текстот на Резолуцијата која ја поднесоа СДСМ и НСДП за да се изгради единсвтена државна стратегија во преговорите за името што Македонија ги води со Грција во посредство на Обединтетите нации. Како што претходно објавивме, проблемот настанал ...

Пролонгирана собраниската дебата за името

Алсат-М - 03.11.2008

Седницата на македонското Собрание на која треба да се расправа за Предлог резолуцијата за решавање на спорот за името на Република Македонија, се уште не започната иако беше закажана за 12 часот. Во тек е координација меѓу парламентарните групи во врска со текстот на резолуцијата. Расправата во врска со спорот за името беше иницирана од пратениците на НСДП.

Расправа без дебата за името

Форум - 03.11.2008

Тито Петковски, како предлагач на Резолуцијата за утврдување на државната стратегија не ги прифатил предлозите на владејачката ВМРО - ДПМНЕ и премирот Никола Груевски во неа да се стави и референдумско изјаснување по однос на тоа дали е потребна промена на името т.е. на времената референца.

Собранието ја усвои предлог резолуцијата за решавање на спорот за името

Алсат-М - 03.11.2008

Собранието со 93 гласа За, еден против и без воздржани ја усвои Предлог-резолуцијата за решавање на спорот за името на Република Македонија поднесена од НСДП. Пратениците во резолуцијата се согласија дека во спорот за името до Грција црвената линија која не треба да се премине во преговорите се зачувувањето на идентитетот на македонскиот народ, културата и јазикот.

Донeсeна Резолуција за името

Форум - 03.11.2008

Пратениците вечерва со 93 гласа „за“ и еден против ја усвои Резолуцијата за решавање на спорот за името на Република Македонија Со Резолуцијата се бара во најкус можен рок да се утврди државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска за името на Република Македонија во која јасно и недвосмислено ќе бидат вградени единствени ставови на политичките субјекти директно ...

Пратениците ќе расправаат денеска по Предлогот на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија

Кирилица - 03.11.2008

Расправата во врска со спорот за името беше иницирана од пратениците на НСДП, но седница не беше закажана поради тоа што Предлогот немаше поддршка од дваесет пратеници. Откако НСДП ја обезбеди потребната поддршка точката беше ставена на дневен ред на дваесет и седмата седница, како последна.

Предлогот на резолуција за името пред пратениците

Сител - 03.11.2008

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи дваесет и седмата седница со расправа по Предлогот на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија. Расправата во врска со спорот за името беше иницирана од пратениците на НСДП, но седница не беше закажана поради тоа што Предлогот немаше поддршка од дваесет пратеници.

Груевски - предлогот за името мора да оди на референдум

Сител - 03.11.2008

Притисокот и во моментов е видлив по последниот предлог на Нимиц. Премиерот Никола Груевски очекува нов, можеби и конкретен предлог од медијаторот следниве недели, но клучно, дали и кога тој ќе биде ставен на референдум ќе зависи од јасната слика за македонскиот идентитет. Во моментов нема сигнали дека Грција би можела да попушти во тој поглед.

Собранието ја усвои Резолуцијата за решавање на спорот за името

Канал5 - 03.11.2008

Скопје, 3 ноември (МИА) - Македонското Собрание вечерва со 93 гласа „за“ и еден против ја усвои Резолуцијата за решавање на спорот за името на Република Македонија. Со Резолуцијата се бара во најкус можен рок да се утврди државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска за името на Република Македонија во која јасно и недвосмислено ќе бидат вградени единствени ставови на ...

Црвенковски и Груевски ги соопштија ставовите за преговорите за името

Канал5 - 03.11.2008

Претседателот и Премиерот на собраниска седница ги соопштија ставовите за преговорите за името. Според шефот на државата, решение со кое би се зачувале идентитетот и јазикот е можно, а двојната формула излегува од игра зашто, како што рече Црвенковски, не е позиција за компромис туку за прекинување или замрзнување на процесот.

Обраќање на Претседателот бранко црвенковски во Собранието

Сител - 03.11.2008

Ја поддржав иницијативата за одржување на оваа седница и прифатив да учествувам во нејзината работа, затоа што сметам дека е корисна секоја идеја, секој предлог и напор насочен кон изградба на најширок консензус и државно единство во однос на надминување на спорот со Грција и деблокирање на нашите Евро и Евро-атлантски интеграции.

Потребна е државна стратегија за името што ќе ги опфати сите аспекти на прашањето

Сител - 03.11.2008

Само како таква, резолуцијата би можела да биде прифатена, а се друго би било нова, непријатна и штетна игра, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето за Предлог-резолуцијата, кое го почна со ретроспектива на проблемот од неговиот почеток пред 17 години.

Следните 40 дена не очекува вистински пекол за името

Вечер Прес - 03.11.2008

Очекуваме силен притисок од меѓународната заедница во следните 40 дена, пред средбата на Европската унија, за изнаоѓање решение за спорот со името со Грција. Ова синоќа, на отворената средба на Владата со главните уредници на македонските медиуми, а по повод 100-те дена на Владата, го изјави премиерот Никола Груевски. "Тој притисок може да биде поистоветен со вистински пекол", изјави Груевски.

Референдумот за името ги подели власта и опозицијата

Вечер Прес - 03.11.2008

Дали референдумот за името да биде составен дел од резолуцијата на НСДП за името,дали резултатот од него да биде обврзувачки или само консултативен и дали прашањето кое ќе биде поставено на граѓанското изјаснување ќе биде резултат нас консензус или пак ќе го постави Владата.Ова беа трите прашања околу кои се кршеа копјата на вчерашната повеќечасовна координација во Собранието пред почетокот на ...

Пратениците расправаат по Предлогот на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија

Нетпрес - 03.11.2008

Народните избраници започнаа, по продолжението на дваесет и седмата седница, започнаа со расправа по Предлогот на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија. Оваа расправа ја иницираа пратениците од редовите на НСДП. На седниуцата после обраќањето на лидерот на НСДП, Тито Петковски, како предлагач на иницијативата, ќе има обраќање и на по еден говорник од секоја пратеничка ...

Скај: Барањата на Грција не се однесуваат само на името, изјави Груевски

Нетпрес - 03.11.2008

Барањата на Грција не се базираат само на прашањето за името, но и прашањаат за националниот идентитет и јазикот, изјави Никола Груевски по повод одбележувањето на првите 100 дена од Владата, објавува грчкото радиот “Скај“. Премиерот, се додава во онформацијата, смета дека на средбата на врвот на ЕУ, Скопје ќе биде под силен притисок од страна на меѓународната јавност за наоѓање на решение за ...

Донесена резолуција за името

Нетпрес - 03.11.2008

Собранието ја донесе резолуцијата за изнаоѓање на стратегија за наметнатиот спор од страна на Грција за македонското уставно име. Предлог резолуцијата е изгласана со вкупно 94 гласови, од кој 93 “за“ а само еден пратеник гласа против резолуцијата.

Собранието ќе расправа за името

Макфакс - 03.11.2008

Предлог на резолуција за решавање на спорот за името на Република Македонија ќе се најде денеска на дневен ред на 27-та собраниска седница. Предлогот на резолуција беше поднесен од страна на пратеничката група на Нова социјалдемократска партија(НСДП). Со резолуцијата се бара македонското Собрание да ги утврди црвените линии под кои не може да се оди во преговорите за името.

Груевски – Следните 40 дена нè очекува вистински пекол за името

Макфакс - 03.11.2008

Очекуваме силен притисок од меѓународната заедница во следните 40 дена, пред средбата на Европската унија, за изнаоѓање решение за спорот со името со Грција. Ова синоќа, на отворената средба на Владата со главните уредници на македонските медиуми, а по повод 100-те дена на Владата, го изјави премиерот Никола Груевски. „Тој притисок може да биде поистоветен со вистински пекол“, изјави Груевски.