TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јаќимовиќ: Можеме да бидеме релативно задоволни

Утрински - 23.10.2004

Олимпискиот првак од Истанбул за досегашниот настап на 36. Олимпијада Олимпискиот шампион од Истанбул 2000, велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ (рејтинг 2445), го оценува како релативно задоволувачки настапот на двете македонски селекции во првата половина од 36.

Пораз на нашата машка шаховска репрезентација од Италија

А1 - 22.10.2004

Вчерашниот ден одмор не влијаеше баш позитивно на македонската машка шаховска репрезентација. Во денешното седмо коло на Олимпијадата во шпанскиот град Калвија загуби од ослаборангираната селекција на ...

Несреќен пораз на мажите, девојките повторно успешни

Време - 22.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Македонските репрезентации остварија половичен успех во шестото коло од 36. шаховска олимпијада, што до 31 октомври се одржува во шпанското градче Калвија. Мажите го претрпеа третиот пораз на турнирот, од 33-то рангираната селекција на Естонија со 1,5-2,5, а ...

Незаслужен пораз по одлична игра

Утрински - 22.10.2004

Македонија загуби од Естонија со 1,5-2,5 во шестото коло на 36. Шаховска олимпијада Женската репрезентација ја совлада Боливија со убедливи 2,5-0,5 РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Македонските шахисти (38-ми на стартната табела) претрпеа минимален пораз од Естонија од 1,5-2,5, иако во шестото коло на 36.

xНеискористена предност против Естонците

Дневник - 22.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Македонските шаховски репрезентации забележаа половичен успех во 6. коло на 36. шаховска олимпијада во Калвија, Шпанија. Дамите (61. според рејтинг) ја забележаа третата победа, овој пат против репрезентацијата на Боливија (74.) со 2,5 - 0,5, а машката селекција (38.

Половичен успех на нашите

Вест - 22.10.2004

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА - 6. КОЛО Нашите селекции остварија половичен успех во шестото коло на 36. Шаховска олимпијада во Калвија Мајорка, Шпанија. Дамите успеаја убедливо да ја совладаат Боливија со 2,5:0,5, додека машката селекција е поразена од Естонија со 2,5:1,5.

Владимир Георгиев спречи сензација

Утрински - 21.10.2004

Неочекувано тешка победа на Македонија над Луксембург од 2,5-1,5 во 5. коло на 36. Олимпијада И женската селекција славеше минимално против Ирак РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Психолошкиот пад по дебаклот против Шпанија (0,5-3,5) во претходната рунда се одрази врз македонските шахисти и во петтото коло од 36.

Половичен ефект на нашите шаховски репрезентации на Олимпијадата

А1 - 20.10.2004

Половичен ефект на македонските шаховски репрезентации, во денешното 6 коло на Олимпијадата во шпанскиот град Калвија. Шахистите минимално поразени од Естонија, а дамите убедливи против ...

Катастрофални порази на нашите репрезентации

Време - 20.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Репрезентациите на Македонија во машка и во женска конкуренција претрпеа убедливи порази во четвртото коло од 36. шаховска Олимпијада, која се одржува во Калвија (Шпанија). Мажите загубија од А-селекцијата на Шпанија со 0, 5-3, 5, а девојките беа поразени од Перу со ...

Дебакл и на двете наши селекции

Утрински - 20.10.2004

Порази на Македонија од Шпанија 0,5-3,5 и од Перу 0-3 во 4. коло на 36. Олимпијада РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Од можни седум, двете македонски селекции заедно откинаа само пола поен во четвртото коло на 36. Шаховска олимпијада што од 15 до 30 октомври се одржува во Калвија, Шпанија.

Само половина поен на седум македонски табли

Дневник - 20.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Тешки порази на македонските шаховски репрезентации во 4. коло на 36. шаховска олимпијада во Калвија, Шпанија. Мажите го забележаа премиерниот пораз, и тоа од најдобрата селекција на домаќинот Шпанија со 0,5 - 3,5, а дамите со три нули го завршија мечот против Перу.

Можност за рехабилитација на нашите шаховски селекции

А1 - 19.10.2004

По вчерашните нули на нашите шаховски селекции на олимпијадата во Мајорка можност за рехабилитација во денешното петто коло. Мажите за противник го имаат Луксембург, а жените ...

Грците извлекоа реми против Македонија

Време - 19.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Македонската машка шаховска репрезентација (38. според просечен рејтинг) одигра нерешено, 2-2, со Грција (24) во третото коло од 36. Олимпијада, која се одржува во шпанското гратче Калвија. Иако поделбата на поените со подоброрангираниот противник е солиден резултат, ...

Недев повторно победи за реми со Грците

Дневник - 19.10.2004

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО МАЈОРКА Жените без Коскоска поразени од Куба 0,5-2,5 Реми со Грција 2-2 во машка конкуренција и пораз на дамите од 0,5 - 2,5 против Куба е учинокот на македонските шаховски репрезентации во 3. коло на 36. Олимпијада во Мајорка.

Мажите ремизираа со Грците, втор пораз на дамите

Вест - 19.10.2004

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА - 3. КОЛО По почетните два триумфа, нашата машка селекција во третото коло на 36. Шаховска олимпијада во Калвија Мајорка, Шпанија, одигра нерешено 2:2 со соседот Грција. Единствено Трајче Недев (рејтинг 2528) забележа победа на втората табла во дуелот со Халкијас Стелиос (2526), ...

Хет-трик на Недев на втората табла

Утрински - 19.10.2004

Македонија ремизира 2-2 со Грција во третото коло на 36. Шаховска олимпијада во Шпанија Женската репрезентација декласирана од Куба со 0,5-2,5 РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Македонските шахисти не успеаја да и се реваншираат на Грција за минималниот пораз од пред две години во Блед, но и нерешениот резултат ...

Шах: Катастрофален ден за нашите репрезентации на Олимпијадата

А1 - 18.10.2004

Катастрофален ден за македонските шаховски репрезентации на Олимпијадата во Калвија. Од можни седум освоивме само половина поен. Дамите загубија од Перу, а мажите од домаќинот, селекцијата на Шпанија. По триумфот на стартот и двете нерешени средби, нашите шахисти во 4-тото коло го доживеаја првиот ...

Трикратниот олимписки шампион Унгарија на колена!

Утрински - 18.10.2004

Одличен почеток на македонските шахисти на 36. Олимпијада во Калвија, Шпанија Митков - Метјуз 1. е4 ц5 2. Сц3 Сц6 3. Сф3 е6 4. д4 ц:д4 5. С:д4 Дц7 6. Ле3 Сф6 7. Лд3 а6 8. О-О Ле7 9. ф4 д6 10. Дф3 О-О 11. Тае1 С:д4 12. Л:д4 е5 13. Ле3 б5 14. а3 Тб8 15. ф5 б4 16. а:б4 Т:б4 17. г4 Т:б2 18. Сд1 Т:ц2 19.

Мажите подобри од олимпискиот вицешампион

Време - 18.10.2004

ШАХ - 36. ОЛИМПИЈАДА ВО КАЛВИЈА Машката шаховска репрезентација на Македонија направи големо изненадување во второто коло од 36. Олимпијада, која се одржува во Калвија, Шпанија, совладувајќи го актуелниот вицешампион Унгарија со високи 3-1.

Убедлив триумф над велесилата Унгарија

Вест - 18.10.2004

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА МАШКАТА СЕЛЕКЦИЈА НА 36. ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА Две убедливи победи во првите две кола за нашата машка репрезентација на 36. Шаховска олимпијада, што се одржува во Калвија Мајорка, Шпанија. На стартот, очекувано, со 3,5-0,5 ја совладавме Јамајка (Митков-Метјуз 1:0, Недев-Роу 1:0, ...

СЕНЗАЦИОНАЛНА ПОБЕДА ПРОТИВ УНГАРИЈА!

Вечер Прес - 18.10.2004

Извонреден старт на нашата машка шаховска репрезентација под водство на селекторот Иван Кочовски, на собирот на најсилните во Калвија. По двете стартни кола на 38. Шаховска олимпијада, Македонија, со 6,5 освоени поени е на делба од 13 до 20 место, откако постигна две победи.