TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бик-заборавете на проблемите

Дневник - 22.02.2002

Ве очекуваат проблеми со колегите на работа, а постои можност да влезете и во некој посериозен конфликт, па затоа ве советуваме да не обрнувате многу внимание на ситници што може да ви ја загрозат положбата. Ќе бидете нервозни па сето тоа може и негативно да влијае на вашиот партнер.

Бик-развеселете се

Дневник - 21.02.2002

Мала емотивна криза со вашиот партнер, која можеби и нема да има лоши последици, но секако ќе ја почувствувате. Немате среќа во обидите моментната ситуација да ја насочите кон ваша корист. За тоа и нема да има потреба, а ако имате повеќе доверба во саканата личност, се може да заврши без многу ...

Бик-организирајте се

Дневник - 20.02.2002

Нема да бидете многу заинтересирани за работа, па можеби е најдобро да се одморите за момент и добро да ја организирате работата што треба да ја завршите. Односите со спротивниот пол нема да ве задоволат, но не грижете се, вашиот шарм нема да остане незабележан.

Бик-кон подобро

Дневник - 19.02.2002

Вашата работа тргнува кон подобро, па може да се рече токму така како што посакувате. Комуникациите не се најдобри. Навистина ќе треба да преземете посериозни мерки, а особено да внимавате како се однесувате со луѓето од кои на некој начин зависите. Сепак, воопшто добро ќе се чувствувате.

Бик-подобрување

Дневник - 18.02.2002

Денот ви носи целосно подобрување, што е резултат на поволното влијание на вашата планета Венера. Единствено Меркур ќе ви задава проблеми. Затоа ви советуваме да бидете внимателни во комуникациите. Избегнувајте состаноци и поголеми собири и не проширувајте го кругот на пријателите.