TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Алхемија во статистиката

Утрински - 23.06.2007

ЕДИТОРИЈАЛ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Кога паѓа индустриското производство или домашниот бруто-производ, тогаш за властите е виновна статистиката, а не нивните лоши економски мерки. Во такви случаи, најчесто, прва паѓа методологијата, а набрзо потоа и директорот на Државниот завод за статистика.

Плимата ги крева сите лотки

Утрински - 23.06.2007

Анализа ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ Стопанството секаде во регионот расте, па таа плима, конечно, би можела и да ја крене и македонската лотка Најновите бројки за стопанските движења во Македонија се охрабрувачки, бидејќи почнуваат да личат на оние кои во последно време се вообичаени за целиот регион.

Ако џи-ди-пито ни расте, зошто Македонија паѓа?

Време - 23.06.2007

Пишува: Зоран Андоновски Секој може да сочувствува со страдањата на пријателот, но треба многу напори за да се радуваш на успехот на непријателот - рекол мојот омилен циник Оскар Вајлд. А, пак, на неговиот побратим по релјефно дефинирање на нештата, Марк Твен, пак, му ја препишуваат познатата ...

Бизнисмените со поделени мислења за порастот на БДП од 7 отсто

Утрински - 23.06.2007

Експертите и стопанството бараат од Владата да објасни во кои фирми пораснала продуктивноста МАЈА ТОМИЌ Македонските бизнисмени се поделени во мислењата за порастот на БДП од 7 отсто за првиот квартал од годинава. Дел од нив се воздржани за каква било изјава или коментар, дел сметаат дека порастот ...

Бура околу растот на БДП, дали се тоа вистинските бројки

Утрински - 22.06.2007

Статистичари тврдат дека ништо во економијата не доживеало таков скок за толкав раст на БДП МАЈА ТОМИЌ Нема реални шанси бруто-домашниот производ да достигне толкав голем пораст во првиот квартал од годинава како што во средата соопштија премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески, ...

Лага е дека БДП пораснал за седум проценти

Вест - 22.06.2007

СДСМ "Заводот за статистика по наредба на Владата на почетокот на годината извршил политички мотивирана измена на методологијата за пресметка на индексот на индустриското производство", тврди Игор Ивановски, потпретседател на СДСМ.

Сомнеж во владините бројки за порастот на БДП

Дневник - 22.06.2007

Во Заводот за статистика потврдија дека се променети пондерите за пресметување, но уверуваат дека измените не се од таков размер за да прикажат нереален пораст Скептицизам кај експертите, целосна недоверба кај опозицијата, поделеност кај бизнисмените се реакциите откако премиерот Никола Груевски ...

Порастот на БДП најголема лага на Владата

Време - 22.06.2007

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ОБВИНУВААТ Заводот за статистика по наредба на Владата во почетокот на 2007 изврши политички мотивирана измена на начинот на пресметка на индексот на индустриското производство, а со цел штимање на бројките, велат во партијата н Заводот за статистика по наредба на Владата во ...

Бизнисмени ќе оценуваат дали статистиката ја отсликува реалноста

Време - 22.06.2007

ОТКАКО ВЛАДАТА ОБЈАВИ ИСТОРИСКИ ПОРАСТ НА БДП Сојузот на стопански комори со анкета на стопанствениците ќе го испитува мислењето по однос на владината објава дека на Македонија и се случува историски скок на бруто-домашниот производ.

СДСМ ја обвини владата за манипулации со економскиот раст

Вечер Прес - 22.06.2007

СДСМ вчера ја обвини Владата дека ја манипулирала јавноста со невистини, објавувајќи дека во првиот квартал од годинава е забележан раст од 7 проценти на бруто-домашниот производ (БДП). Партијата побара разрешување на директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, бидејќи по ...

Во првиот квартал БДП пораснал за 7 проценти

Утрински - 21.06.2007

Владата тврди дека растот се должи на добрите остварувања во сите индустриски сектори МАЈА ТОМИЌ Во првиот квартал од оваа година, поточно од јануари до крајот на април, бруто-домашниот производ пораснал за 7 проценти. За споредба, ланскиот пораст на БДП во првиот квартал изнесувал 2 отсто, во ...

Економијата порасна за седум проценти

Дневник - 21.06.2007

Бруто-домашниот производ во првото тримесечје пораснал за седум проценти, објави вчера премиерот Никола Груевски. - Ова е историски пораст во 17-годишното постоење на Македонија и се должи на раст во речиси сите сектори, рударство, транспорт, трговија, банкарство, услуги - рече Груевски.

Од порастот на БДП-то не треба да се прави еуфорија велат експертите - опозицијата не верува на број

Канал5 - 21.06.2007

Премногу рано се влегува во еуфорија поради растот на Бруто домашниот производ од 7 проценти. Добро е што се зголемил, но тоа може да се само флуктуации, коментираат експертите. Премногу рано се влегува во еуфорија поради растот на Бруто домашниот производ од 7 проценти.

Историски економски раст од седум проценти

Вечер Прес - 21.06.2007

Според премиерот Никола Груевски, оваа убава вест е значајна затоа што станува збор за најважниот показател за движењето на економијата во земјава Во првиот квартал од годинава е остварен историски раст од 7 проценти, споредено со истиот период лани, соопшти премиерот Никола Груевски повикувајќи се ...

Македонската економија пораснала за 7%

А1 - 20.06.2007

Владата ги објави економските резултати за првите три месеци годинава. Македонската економија пораснала за 7%. Ваквиот пораст на бруто-домашниот производ го објаснува со раст во сите сектори, индустриското производство и извозот.

Рекордни седум отсто раст на БДП објави денеска премиерот за првиот квартал од годината

Канал5 - 20.06.2007

Првиот квартал од 2007 година влезе во историјата на македонската економија, а тоа се должи на порастот на Бруто домашниот производ се пофали Премиерот и економските министри. Првиот квартал од 2007 година влезе во историјата на македонската економија, а тоа се должи на порастот на Бруто домашниот ...