TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вирусот на птичји грип мутираше во поопасен облик

А1 - 13.11.2005

Научниците во Витнам, каде од птичји грип починаа 42 лица, соопштија дека смртоносниот вирус Х5Н1 мутирал во поопасен облик, кој полесно се шири меѓу цицачите, објавија денеска државните медиуми. Електронското издание на весникот „Внекспрес“ ја пренесува изјавата Цао Бао Ван, директор на ...

Вирусот на птичји грип мутираше, тврди виетнамски научник

Канал5 - 13.11.2005

Научниците во Витнам, каде од птичји грип починаа 42 лица, соопштија дека смртоносниот вирус Х5Н1 мутирал во поопасен облик, кој полесно се шири меѓу цицачите, објавија денеска државните медиуми. Ханој, 13 ноември (МИА) - Научниците во Витнам, каде од птичји грип починаа 42 лица, соопштија дека ...

Апетитот поопасен од грипот

Дневник - 12.11.2005

за Кокошките нема спас Десет дена откако британскиот Институт во Вејбриџ потврди дека нашата кокошка од Могила е здрава, по битката против птичјиот грип се појавија многу генерали. Министрите за економија и за земјоделство, Фатмир Бесими и Садула Дураку, вчера јавно дегустираа пилешки производи за ...

Бесими и Дураки се омрсија со пилешко

Време - 12.11.2005

ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Министрите за економија и за земјоделство, Фатмир Бесими и Садула Дураки, заедно со директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски и претставници од живинарските фарми, вчера каснаа печено пилешко месо и јајца од македонските живинарски фарми.

Бесими и Дураку се налапаа пилешко

Вест - 12.11.2005

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПТИЧЈИ ГРИП Министерот за економија Фатмир Бесими не се плаши од птичји грип. Тој вчера го поддржа живинарството, и со пилешко и јајца ги почести својот колега од земјоделскиот ресор Садула Дураку, директорот на Ветеринарната Управа Слободен Чокревски и најголемите производители ...

Министри ја враќаат довербата во домашното пилешко месо

Утрински - 12.11.2005

Потрошувачите и натаму скептични околу консумирање живински производи Владата е во акција живинарите да се вратат на традиционалните пазари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Домашното производство на пилешко месо и јајца е безбедно за консумирање, порачаа министрите Фатмир Бесими и Садула Дураку, кои заедно ...

Бесими и Дураку тестираа пилешко

Вечер Прес - 12.11.2005

Со мало задоцнување и Македонија се вклучи кон земјите кои сакаат да им покажат на дело на своите граѓани дека пилешкото месо и јајца што ги произведуваат се здрави за јадење. За да потврдат дека нема птичји грип во домашната живина, во ресторанот "Маракана" во Градскиот парк во Скопје, пред ...

Пилешкото е сигурно за јадење, порачаа надлежните

А1 - 11.11.2005

Конечно се одржа долго најавуваната парада - јадење пилешко пред камери. Министрите Бесими и Дураку, кој со копан, кој со крилце, покажаа дека домашното пилешко месо и јајца се здрави и вкусни. „Не пробаа само пилешко, пробаа и јајца, варени, пржени.

Сите како министерот Бесими да јадете пилешко

Канал5 - 11.11.2005

Журка со пилешко и јајца во „Маракана“. Ја организираше министерот за економија Фатмир Бесими. Се појави и министерот за земјоделство Садула Дураку во друштво на директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски и живинарите денеска ја враќаа довербата кај народот.

Нови случаи на птичји грип во Кувајт и Кина

А1 - 10.11.2005

Во Кувајт се откриени два нови случаи на птичји грип, соопшти денеска шеик Фахед Салем ал-Али ал-Сабах, надлежен за земјоделство и рибни ресурси. Заразените птици кои биле откриени на различни локации, се уништени. И во североисточните делови на Кина се регистрирани два нови случаи на смртоносната ...

Прв случај на птичји грип во Италија

А1 - 10.11.2005

Италијанските власти денеска соопштија дека е откриен прв случај на птичји грип во земјата. Според италијанското Министерство за здравство, вирусот Х5Н1 е откриен кај една дива патка, која е фатена во реонот на Падова. „Вирусот генетски е различен од оној кој е откриен во Азија, и е сличен на оние ...

Нема пари за живинарите

Утрински - 10.11.2005

Живинарските фарми нема да ги добијат бараните 45 милиони денари Владата ќе помогне да се вратат поранешните пазари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Освен обновување на деловните контакти со пазарите на кои порано нашите живинари извозуваа јајца, Владата засега нема стратегија како да Ј помогне на оваа ...

Нови случаи на птичји грип во Кувајт и Кина

Канал5 - 10.11.2005

Во Кувајт се откриени два нови случаи на птичји грип, соопшти денеска шеик Фахед Салем ал-Али ал-Сабах, надлежен за земјоделство и рибни ресурси. Заразените птици кои биле откриени на различни локации, се уништени. Ријад/Пекинг, 10 ноември (МИА) - Во Кувајт се откриени два нови случаи на птичји ...

Чувари против птичји грип во парк

Вест - 10.11.2005

СИНГАПУР (АП) - Државата-град Сингапур за да ја спречи појавата на птичји грип постави тим неконвенционални чувари во својот национален парк за птици - кокошки кои би требало да откријат било каква болест кај птиците. Деветнаесет "кокошки чувари" се распоредени меѓу птиците во паркот "Џуронг" за да ...

Кокошките на принуден пост

Време - 10.11.2005

ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАЈЦА Фармерите ги ставија кокошките на принуден пост. Наместо секој ден, храна и вода им даваат на секои три дена. Оваа мерка, позната како митарење, пред неколку дена почнале да ја применуваат голем дел од живинарите за да го намалат производството на јајца, вели Вили Кичуков, ...

Борбата против птичјиот грип ќе чини милијарда долари

Вест - 10.11.2005

ЖЕНЕВА, 10 ноември (Ројтерс) - Светската банка вчера соопшти дека потребни ќе бидат до милијарда долари во наредните три години за финансирање на глобалната стратегија за спречување на птичјиот грип Х5Н1. На последниот ден од тридневната средба на Светската здравствена организација, претставници на ...

Наместо пари, Владата ќе им најде пазар!

Вечер Прес - 10.11.2005

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема да им ги даде бараните околу 45 милиони евра на живинарските фарми поради претрпените штети по најавите дека има можност во земјава да има птичји грип, што резултираше со намален промет.

Живинарите најавуваат масовно колење на живината

А1 - 09.11.2005

Живинарските фарми од врата на врата веќе еден месец бараат државата да помогне да се спаси живинарството. Ни по средбата со Министерот за земјоделство нема излезно решение. За спас на кокошките допрва ќе расправа Владата. Но, живинарите немаат време за чекање.

Почна обесштетувањето за уништената живина во Могила

Утрински - 09.11.2005

Решенија Битола - Живинарите во битолското село Могила, чија перната живина беше одземена и уништена во рамките на акцијата "Стампинг аут", вчера почнаа да потпишуваат решенија за обесштетување. Со обештетувањето се опфатени 5.000 птици, кои ќе се плаќаат по 250 денари за кокошка, 350 денари за ...

Могилци добија решенија, чекаат и пари

Дневник - 09.11.2005

ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА УНИШТЕНАТА ЖИВИНА ВО БИТОЛСКО Во битолското село Могила од вчера се делат решенија за обесштетување на сопствениците на живина, која беше уништена во минатиот месец, поради сомнеж дека е инфицирана со вирус на птичји грип.

Птичјиот грип во Виетнам однесе уште еден живот

Утрински - 09.11.2005

Прва жртва во најновиот бран на ширење на смртоносниот вирус Триесет и петгодишниот Виетнамец од Ханој почина кон крајот на минатиот месец откако јадел пилешко месо ХАНОЈ - Птичјиот грип уби уште еден Виетнамец, кој е 42. жртва од оваа земја и прва во најновиот бран на ширење на вирусот меѓу ...

Фармерите со живина бараат помош од државата

Макфакс - 09.11.2005

Скопје Претставници на групацијата за живинарство при Стопанската комора претпладнево ќе остварат средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Садула Дураку. На средбата, како што е соопштено, ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат живинарските фарми, по забраната за ...

Меѓународен собир за птичјиот грип

Макфакс - 09.11.2005

Атина Високи раководители од областа на здравството од Балканот и земјите од источна Европа, ќе договараат денеска во Атина координирање на активности во борбата против птичјиот грип. На состанокот, освен министерот за здравство Владо Димов, ќе учествуваат и ресорните министри од Албанија, Босна и ...

СЗО повтори дека пандемија на птичји грип е неизбежна

А1 - 08.11.2005

Пандемија со формата на вирусот на птичји грип што е опасна за човекот е неизбежна, повторно предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација Ли Чон Ук. „Тоа е само прашање на време, кога вирусот Х5Н1 ќе почне да се шири од човек на човек“, изјави првиот човек на СЗО на ...

Пандемија на птичји грип ќе го чини светот 800 милијарди долари

Вест - 08.11.2005

ЖЕНЕВА, 8 ноември (АП) - Нова смртоносна глобална пандемија на обичен грип кај луѓето ќе биде неизбежна и не ќе може да се проценат штетите ако светот не го дочека подготвено, соопшти вчера шефот на Светската здравствена организација на ОН.

Во Кина уништени шест милиони птици

Утрински - 08.11.2005

Масовен помор на живината Досега нема потврден случај за пренесување од човек на човек ПЕКИНГ - Државните медиуми во Кина соопштија дека шест милиони домашни птици се убиени во масовното уништување на живина во кинеската провинција погодена од птичји грип.

СЗО повтори дека пандемијата на птичји грип е неизбежна

Макфакс - 08.11.2005

Женева Пандемија со формата на вирусот на птичји грип што е опасна за човекот е неизбежна - повторно предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација Ли Чон Ук. „Тоа е само прашање на време, кога вирусот H5N1 ќе почне да се шири од човек на човек“ - изјави првиот човек на СЗО ...

Обештетувањето во Могила започнува наредните денови

Макфакс - 08.11.2005

Битола Повеќе од 250 решенија за обештетување на околу пет илјади уништени птици, во акцијата што ја спроведоа ветеринарните власти по појавата на сомнителен примерок на птичји грип во битолското село Могила, ќе издадат властите во наредните неколку дена, јавува Макфакс.

Во Русија откриен уште еден случај на смртоносниот птичји грип

А1 - 07.11.2005

Одделот на руското Министерство за вонредни ситуации за областа Челјабинск соопшти дека во селото Озеро-Сосновка е регистриран Х5Н1 вирусот на птичјиот грип, поттип што е смртоносен за човекот. Вирусот бил изолиран од една од 12-те мртви птица пронајдени во селото, соопшти портпаролот на ...

СЗО предупреди на опасноста од пандемија на птичјиот грип

А1 - 07.11.2005

Прашање на време е кога некој од вирусите на птичјиот грип ќе мутира и ќе стане опасен по луѓето, изјави денеска во Женева директорот на Светската здравствена организација Ли Јонг Вук, на отварањето на светската конференција посветена на проблемот со „авијан инфлуенца“.

ЕУ на Азија ќе и даде 30 милиони евра за борба против птичјиот грип

А1 - 07.11.2005

Европската унија на Азија ќе и даде помош од 30 милиони евра за борба против птичјиот грип, соопшти денеска еврокомесарот за здравство и заштита на потрошувачите Маркос Киприану. Киприану вчера пристигна во тридневна посета на Виетнам во рамките на 10-дневната турнеја по југоисточна Азија, а тема ...

Кина уништи уште шест милиони кокошки поради птичјиот грип

А1 - 07.11.2005

Кинеските власти уништиле вкупно шест милиони кокошки, пилиња и друга живина и затвориле 168 пазари во Пекинг на кои се продава живина, со што државата спроведе енергична акција против птичјиот грип. Лекарите, како што јавуваат медиумите, и натаму истражуваат три сомнителни случаи на птичји грип ...

Британските лекари да се подготват за пандемија на птичји грип

Дневник - 07.11.2005

МЕДИЦИНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПОВИКУВААТ Британскиот Кралски колеџ повика британските лекари да се подготват за евентуална пандемија на птичји грип и да подготват стратегија за борба против болеста, јави Ројтерс. - Ако избие епидемија, приватните ординации ќе мораат да се справат со продолженото работно ...

Кина уништи шест милиони кокошки во борбата против птичјиот грип

Макфакс - 07.11.2005

Пекинг Кинеските власти уништиле вкупно шест милиони кокошки, пилиња и друга живина и затвориле 168 пазари во Пекинг на кои се продава живина, со што државата спроведе енергична акција против птичјиот грип. Лекарите, како што јавуваат медиумите, и натаму истражуваат три сомнителни случаи на птичји ...

Нови две жртви од птичји грип во Индонезија

Макфакс - 07.11.2005

Џакарта Уште две лица умреле од птичји грип во Индонезија, со што вкупниот број на жртви од болеста во оваа земја се искачи на седум лица, потврди денеска Светската здравствена организација (СЗО). “Потврдивме дека 11 луѓе заболеле од птичји грип, седуммина умреле, а четворица преживејаа“, изјави ...

Нов случај на птичји грип во Русија

Макфакс - 07.11.2005

Москва Нов случај на смртоносниот вирус на птичјиот грип Х5Н1, што може да биде опасен за луѓето, е откриен во едно село на Урал во Русија, соопшти денеска руското Министерство за вонредни состојби. Вирусот е откриен кај една угината птица во селото Озеро-Сосновка, во областа Чељабинск, која веќе е ...

Две нови жаришта на птичји грип во Кина

Макфакс - 07.11.2005

Пекинг Две нови жаришта на птичји грип се регистрирани денеска во Кина, едно во централната провинција Хубеи, додека другото во северозападниот Синцзан-Ујгурски автономен регион, соопштија кинеските власти. Според истите извори, сега бројката на жаришта на птичји грип во Кина изнесува 13.