Идниот месец ќе биде познато кој ќе го замени претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, кој наскоро заминува на амбасадорската должност во Вашингтон. Ова, како што јавува дописникот на Макфакс од Битола, го најави денеска премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ...
Премиерот ја постигна целта. Ги сретна денеска првите луѓе на ДПА. Но не во нивното седиште, туку некаде во средина меѓу Скопје и Тетово. Така било подобро, за да не им се повреди суетата на двете страни. Разговараа два часа. Си разменија мислења на многу теми, но сепак, договор не постигнаа .
ПРЕГОВОРИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Премиерот Владо Бучковски вчера повеќе од три часа дебатираше со лидерите на опозицијата околу изборното законодавство. Неофицијално се дозна дека власта начелно била согласна со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на Државната изборна комисија да се предлага ...
КОНСУЛТАЦИИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Двете најголеми коалиции, владејачката „За Македонија заедно“ и опозициската „За подобра Македонија“ вчера беа блиску до договорот за новото изборно законодавство, откако лидерот на опозицијата Никола Груевски претходно, во знак на протест, одби да се ...
ДОГОВори за фер избори Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) ќе го предлагаат опозициските ВМРО-ДПМНЕ и ДПА со писмена согласност од владејачките СДСМ и ДУИ. Тоа го договориле лидерите од опозицијата и од власта, Никола Груевски и Владо Бучковски, на вчерашната маратонска средба во ...
Средбата на премиерот Владо Бучковски со лидерите на опозиционите партии за изборното законодавство, вчера се одржа зад затворени врати. По барање на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, фотографирање на средбата не беше дозволено.
Бучковски прифати девет од вкупно 11 барања на Груевски. Ова е резултатот од денешната маратонска средба. По четири часа Бучковски го прифати и предлогот ВМРО-ДПМНЕ да го предложи претседателот на ДИК. „Нашата најкрупна отстапка ја направивме во поглед на изборот на првиот човек на ДИК.
ШТО ЌЕ БАРА ОПОЗИЦИЈАТА ОД ПРЕМИЕРОТ? Сашо Кокаланов Четворицата опозициски лидери Никола Груевски, Марјан Ѓорчев, Стојан Андов и Љубисав Иванов-Ѕинго денеска на средбата со премиерот Владо Бучковски и со другите владејачки лидери ќе изнесат петнаесетина забелешки на изборните закони што ги ...
НОВА РУБРИКА Зошто неформалната предизборна кампања за годинашниве парламентарни избори партиите ја почнаа толку рано и колку тоа може негативно или позитивно да се одрази врз процесот на реформите што се спроведуваат во земјава и врз исполнувањето на условите што ни ги постави Европската унија со ...
Бучковски и Груевски во друштво со коалициските партнери денеска ќе ги пеглаат разликите за изборното законодавство Неизвесно е дали Бучковски ќе се сретне со Џафери. ДПА сў уште е цврста во ставот дека нема да оди на средба.
Во Клубот на пратеници во Скопје во тек е средба на премиерот Владо Бучковски со лидерите на опозицијата, но од речиси тричасовната средба се уште нема никакви изјави. Скопје, 12 јануари (МИА) - Во Клубот на пратеници во Скопје во тек е средба на премиерот Владо Бучковски со лидерите на ...
Трајко Славески Опозицијата, заменета во ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, повторно стана опсесија на челните луѓе од власта, во моментов носители на високи и одговорни државни функции. Имаше мала пауза од неколку недели во пресрет на одлуката за кандидатскиот статус на Република Македонија за прием во ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја прифати поканата на премиерот Владо Бучковски за учество во новата рунда разговори меѓу лидерите на политичките партии за изготвување на ново изборно законодавство. Тој вчера со писмо го информирал Бучковски дека заедно со своите коалициони партнери ќе ...
Груевски утре кај Премиерот. Ќе настапи со конкретни предлози. Од Бучковски ќе побара да се согласи со идејата, Претседателот на ДИК да биде предложен од опозиционите партии, кои на минатите избори освоија повеќе пратенички места. Тоа се ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.
СРЕДБИ ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВМРО-Народна партија ќе гласа за изборните закони ако власта им прифати барем едно од две барања: целосна професионализација на изборните органи и претседателот на ДИК да се избира или со ждрепка или со двотретинско мнозинство во Собранието, дознаваме од партиски ...
ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО КРУШЕВО Поп sвездата Тоше Проески за време на новогодишните празници и пеел на увце на сопругата на премиерот Анета Бучковска. Тоше специјално за Анета испеал неколку песни, кои таа ги одбрала, а подоцна и запеала со него.
Молк за изборниот датум. Бучковски и Јаневска не разговарале за тоа. Канал 5 дознава дека премиерот го избегнал одговорот на прашањето од претседателката на ВМРО Народна – дали 9 јули е денот кога ќе се одржат парламентарните избори? Инсистирал на дебата за изборниот законик..
ЕКСПРЕСНО ЗАВРШИ СУДСКИОТ СПОР ВО КОЈ Д-Р ЃОРЃЕ МАРЈАНОВИЌ ГО ТУЖЕШЕ Д-Р ВЛАДО БУЧКОВСКИ ЗА КЛЕВЕТА "Обајцата почнуваме некоја предизборна кампања да покажеме пред народот дека Македонија е правна држава. Ова не се случило, премиер да се одзве на тужба", кажа професорот Марјановиќ откако премиерот ...
ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ Од албанскиот политички блок само ДПА нема да се сретне со премиерот Владо Бучковски за изборното законодавство. Неизвесно е и дали Бучковски ќе има кој да го прими во Тетово ако евентуално реши да појде таму, бидејќи лидерот на ДПА Арбен Џафери најверојатно деновиве ќе биде ...
ПОФАЛБА "Не знам колку добил премиерот на испит, ама судијката има десетка", рече Марјановиќ кога беше прекинато вчерашното рочиште за неговиот случај откако премиерот Бучковски му се извини за обвинувањата. Најавувајќи дека почнуваат предизборна кампања за да покажат пред народот дека Македонија е ...
ПРЕСУДА ЗА КЛЕВЕТА Премиерот Владо Бучковски вчера во Основниот суд Скопје 1 јавно му се извини на лидерот на Лигата за демократија, професорот Ѓорѓи Марјановиќ, за нанесена клевета, со што заврши судскиот процес. Кривичната пријава за клевета беше поднесена минатата година откако премиерот ...
ЏЕНТЛМЕНСКА НАМЕСТО СУДСКА РАЗВРСКА Лидерот на Лигата за демократија и советник во Советот на Скопје, Ѓорѓи Марјановиќ, вчера ја повлече тужбата за клевета против премиерот Владо Бучковски откако тужениот јавно му се извини за обвинувањето дека ја злоупотребил советничката позиција за да го вработи ...
Пензионираниот професор по кривично право ја повлече тужбата за клевета против премиерот Премиерот Владо Бучковски на првиот претрес закажан вчера во Основниот суд Скопје 1 јавно му се извини на пензионираниот професор по кривично право и почесен претседател на Лигата за демократија, Ѓорѓи ...
По серијата преписки, конечно падна договорот - на петок 13 ти, ќе се сретнат Бучковски и Груевски. На утрешната средба влегуваат со дијаметрално различни позиции, партнерите на Груевски наспроти коалицијата предводена од СДСМ.
Партиите преговараат во потрага по политички консензус за изборното законодавство КАТИЦА ЧАНГОВА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и СДСМ ќе направат изборен пазар, обвини вчера в.д. претседателката на ВМРО-Народна партија, Весна Јаневска, по првата официјална консултативна средба со ...
БУЧКОВСКИ И ЈАНЕВСКА СЕ ДОГОВОРИЈА Фер и демократски избори се побитни од терминот за нивното одржување и од резултатите што партиите ќе ги остварат, се согласија вчера премиерот и лидер на СДСМ Владо Бучковски и в.д. претседателката на ВМРО-НП Весна Јаневска.
Со договорната средба на сите коалициони владини партнери, како и со одвоената консултативна средба со делегација на ВМРО-Народна, премиерот Владо Бучковски вчера ја отвори новата рунда разговори за изборното законодавство. Од првата внатрекоалициска средба не се дадоа никакви детали, оставајќи ...
Премиерот Владо Бучковски и претседателот на Лигата за демократија, Ѓорѓи Марјановиќ се спогодија на суд. Премиерот јавно се извини за пресилно изречениот збор, а неговиот поранешен професор ја повлече тужбата за клевета. По вчерашното појавување на Бучковски уште на првото рочиште во судот, ...
Марјановиќ версус Бучковски, судски случај што вчера ја разбранува јавноста. Премиерот се појави сам на обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1, против својот некогашен професор, подоцна колега, но и политички противник.
Почнаа консултациите околу изборните закони. Некој конкретен договор денеска не падна. Премиерот Бучковски само ги слушна забелешките на политичките партии. Од опозицијата, први кај него отидоа ВМРО-Народна. Му ги изнесоа нивните предлози. Бараат целосна департизација на изборните органи.
Премиерот Бучковски му се извини на професорот Марјановиќ, во судница за кажана клевета минатата година. Процесот заврши експресно. Двајцата насмеани од судницата. Не кажаа дали затоа што одамна се немаат видено или пак судијката ги развесели.
КОАЛИЦИЈАТА " ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА" ГИ СТОКМИ НОСИТЕЛИТЕ ЗА ПАРЛАМЕТАРНИТЕ ИЗБОРИ Коалицијата "ЗА" предводена од СДСМ ги договорила носителите на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Во првата изборна единица носител е лидерот на социјалдемократите Владо Бучковски.
ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Четворицата опозициски лидери Никола Груевски, Марјан Ѓорчев, Стојан Андов и Љубисав Иванов-Ѕинго се уште не одговориле на писмената покана на претседателот на СДСМ и премиер Владо Буковски за средба в петок, на која ќе се зборува за изборното ...
Премиерот Владо Бучковски денеска јавно на суд му се извини на професорот Ѓорѓе Марјановиќ оти го наклеветил преку весник. Со тоа и заврши судската постапка што Марјановиќ ја покрена против Бучковски негов студент и колега од Правниот факултет за клевета.
ПРЕД ДЕБАТАТА ЗА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА Александра М. Митевска Со допишувања меѓу премиерот Владо Бучковски и опозиционерите предводени од Никола Груевски почна потрагата по консензус за новото изборно законодавство, кое треба да овозможи фер и демократски избори, какви што препорачува ЕУ.
Со средбата со претставници од ВМРО-Народна премиерот Владо Бучковски денеска ќе ги почне партиските консултациите за донесувањето на новиот изборен кодекс. Во делегацијата на ВМРО-Народна ќе бидат в.д. претседателот Весна Јаневска и пратениците Блаже Стојановски и Љупчо Балковски кои на премиерот ...
Груевски ќе му праќа ново писмо на Бучковски. Според информации на А1, со него дефинитивно ќе ја потврди средбата најавена за в петок, на тема изборно законодавство. Извори во ВМРО-ДПМНЕ велат, дека се изненадени од одговорот на Бучковски, во кој најавува дека со себе ќе ги земе и своите компањони ...
Парламентарните партии од власта и од опозицијата на заедничка маса за изборното законодавство Партиските лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговарат и за можниот датум на избори КАТИЦА ЧАНГОВА Владо Бучковски и Никола Груевски ќе ги отворат картите за изборите најверојатно в петок, 13 јануари, на ...
ПРОДОЛЖУВА ПРЕПИСКАТА МЕЃУ ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА Премиерот Владо Бучковски в петок ги кани на заедничка средба за новата изборна регулатива лидерите на парламентарните партии од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Иако претходно планираше поединечни разговори, премиерот се премисли откако лидерите ...
ОТКАКО СИ РАЗМЕНИЈА ПИСМА Претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски вчера прифати средба за изборното законодавство со опозициските лидери на која ќе нема заеднички фотографирања и поздравувања. Тој со писмо ги известил за ова претседателите на ВМРО ДПМНЕ - Никола Груевски, на ЛП - Стојан ...
Политичарите се допишуваат преку медиумите. Бучковски му одговори на Груевски, а тој пак доби писмо од Џафери. Тема - изборното законодавство како причина кој да испадне поголем фајтер. Бучковски го информираше Груевски дека наспроти него, Андов, Ѓорчев и Иванов, на средбата ги повикал да седнат ...
БУЧКОВСКИ ВО ТЕТОВСКО Премиерот Владо Бучковски вчера го посети селото Жилче, едно од поплавените места во општината Јегуновце. За време на престојот од петнаесетина минути ја виде состојбата во две куќи. - Државата напролет ќе почне два проекта со кои ќе треба целосно да се реши проблемот со ...
И премиерот нема да остане сам. На средбата со Груевски и неговите коалициски партнери, ќе ја седне на маса целата коалиција „За Македонија заедно“. И премиерот нема да остане сам. На средбата со Груевски и неговите коалициски партнери, ќе ја седне на маса целата коалиција За Македонија заедно .
Александра М. Митевска Александра М. Митевска Помал одѕив на гласачи е варијантата што би и одговарала на власта на претстојните парламентарни избори, поради што се размислува гласањето да биде во јули. Тогаш владејачките партии би се потпреле на својата стабилна гласачка маса, користејќи ја ...
По поканата на претседателот на Владата до партиите за постигнување консензус околу изборниот законик ДПА не можела да отстапи од нивните стојалишта †поради вештачко градење на добар имиџ во одредени кругови" КАТИЦА ЧАНГОВА Груевски ќе му оди на Бучковски на разговор за изборниот законик, но заедно ...
ЌЕ ИМА ЛИ СРЕДБА ЗА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ? Лидерите на опозициските ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, Земјоделска-народна партија и Социјалистичка партија ќе ја прифатат поканата на премиерот Владо Бучковски да разговараат за новото изборно законодавство ако состанокот не биде искористен за лажно демонстрирање на ...
Премиерот Владо Бучковски оптимист за иднината на земјава "Мора да обезбедиме фер и демократски избори и тука треба да имаме нула толеранција. Организирањето на ваков вид избори ќе покаже две клучни придобивки. Првата, дека сме успеале да изградиме институции што имаат капацитет да ги апсорбираат ...
КОЈ СО КОГО НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ? Диана Младеновска Со влегувањето во изборната година се очекува да почнат меѓупартиските средби заради дефинирање на односот на силите на претстојните парламентарни избори. Во опозицискиот блок нема официјални најави дека пред изборите би можело да има некакви ...
Скопје Премиерот Владо Бучковски до крајот на неделава треба да оствари средба со опозиционите лидери во врска со изборното законодавство. Минатата недела премиерот испрати покани до Марјан Ѓорчев од Земјоделската Народна Партија, Стојан Андов од Либералната партија, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, ...
Премиерот Владо Бучковски ќе го прифати барањето на опозициските лидери Никола Груевски, Стојан Андов, Марјан Ѓорчев и Љубисав Иванов-Ѕинго, наместо одвоени, да одржат заедничка работна средба во врска со изборното законодавство.