TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Првпат интерпелација за пратеник

Утрински - 05.12.2008

Александар Николовски сепак ја доби довербата. Парламентарното мнозинство вчера ја отфрли како неоснована интерпелацијата за работата на претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, ...

Николоски лесно ја преживеа интерпелацијата

Дневник - 05.12.2008

Со меѓусебни обвинувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој е поголем мајстор за одземање пратенички имунитет, вчера во Собранието се расправаше за интерпелацијата за Александар Николоски, претседател на Комисијата за ...

Хашките случаи ја одржуваат владината коалиција

Н.Македонија - 05.12.2008

Хашките случаи, откако стапнаа на територијата на Македонија, не претставуваат ништо друго освен начин за да се држи сплотена коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Николовски се спаси од одговорност за исчезнатиот Џемаили

Н.Македонија - 05.12.2008

Собранието не ја прифати интерпелацијата за пратеникот Александар Николовски што ја поднесе СДСМ, обвинувајќи дека тој како претседател на Комисијата за мандатно - имунитетни прашања не го ставил на гласање ...

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на пратеникот Александар Николовски

Сител - 05.12.2008

Собранието попладнево во рамки на 33-та седница не ја прифати интерпелацијата за работатата на пратеникот Александар Николовски како претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, ...

Интерпелација за Николовски дека гарантирал појавување на Џемаили

А1 - 04.12.2008

Интерпелацијата за претседателот на Мандатната комисија е мотивирана од внатрешно-политички причини на опозициската партија за евтин политички маркетинг, сметаат пратениците на мнозинството, отфрлајќи ја како ...

Џемаили боледува од исчезнување

Време - 04.12.2008

Судскиот процес „Мавровски работници“ за еден од четирите хашки предмети не се одржа ни вчера. Кривичниот суд третпат го одложи главниот претрес за 24 овој месец, повторно поради отсуство на најголемиот број обвинети, меѓу кои и пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили.

Судот не знаел за потрагата по Џемаили

Утрински - 04.12.2008

И вчерашното рочиште за обвинетите за случајот „Мавровски работници“ се одложи, исто како и во претходните три случаи поради неприсуство на најголемиот дел од обвинетите. Во скопска „единица“ дојдоа само осудениот Саит Рушити и Фадиљ Ферати, како и нивните роднини и пријатели.

Обвинети се бранат со писмо од Карла дел Понте

Дневник - 04.12.2008

Обвинети се бранат со писмо од Карла дел Понте. Роднините на Шкодран Идризи и на Фадил Ферати обвинети за хашкиот случај за малтретираните работници на „Маврово“ вчера бараа тие да бидат ослободени од обвинението, бидејќи тоа веќе го направила Карла дел Понте во 2002 година.

Полицијата си поигрува со судот за случајот „Мавровски работници“

Н.Македонија - 04.12.2008

Полицијата повторно не ги спроведе пред судот обвинетите за случајот „Мавровски работници“. Главниот претрес, како што беше очекувано, повторно се одложи. Веќе трет месец по ред случајот тапка во место, а рочиштата се одржуваат во празна судница.

Собранието не ja прифати интерпелацијата за Николовски

Форум - 04.12.2008

Собранието на Република Македонија денеска не ја прифати интерпелацијата на пратеникот Александар Николовски, кого опозиционата СДСМ го обвини дека на седницата на Комисијата за деловнички и ...

Интерпелација за Александар Николовски

Алфа - 04.12.2008

Во жестока расправа опозицијата обвинуваше дека Николовски под партиски притисок направил пазар со ДУИ и до собранискиот спикер Вељановски доставил два наводно невистинити извештаи за заклучоците на комисијата ...

Интерпелација за претседателот на мандатно имунитетната комисија – мнозинството против

Канал5 - 04.12.2008

Опозицијата тврди дека претседателот на мандатно имунитетната комисија Александар Николовски треба да понесе одговорност зашто на комисиската седница не ги ставил на гласање барањата на судот за одредување ...

Собранието расправаше за интерпелација на Николоски

Вечер Прес - 04.12.2008

Собранието расправаше за интерпелација на Николоски. Пратениците во Собранието вчера ја започнаа расправата за интерпелација на работата на претседателот на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни ...

И денеска не почна судењето за случајот „мавровски работници“

А1 - 03.12.2008

Одложувањето на процесот Мавровски работници стана пракса. Речиси три месеци стои во место, а причините се исти - судот сеуште бара од полицијата да ги донесе обвинетите. Од таму тврдат дека трагаат по нив, а адвокатите и обвинетите уверуваат дека нив никој не ги побарал. Ниту овојпат иако беше наложено, полицијата не го удостои судот со одговор дали обвинетите се достапни.

Џемаили повторно не се појави пред судот

Телма - 03.12.2008

Пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили и по трет пат не се појави на судскиот процес за киднапирање и малтретирање на мовровските работници во 2001 година. По него како и по дваесетината други обвинети во процесот сеуште трага полицијата иако потерницата беше распишана уште пред два месеца.

Случајот „Мавровски работници“ повторно ќе се одржи во празна судница

Н.Македонија - 03.12.2008

Во пресрет на денешниот главен претрес за случајот „Малтретирани мавровски работници“, ништо не е сменето во однос на лоцирањето на обвинетите за случајот. Повторно се очекува дека судењето ќе се одржи во празна судница, третпат по ред, со оглед на тоа што полицијата повторно не успеа да лоцира ниту еден од обвинетите по кои е распишана потерница и одредена им е мерка притвор.

Продолжува судењето за малтретираните работници на ГП Маврово во 2001

Алфа - 03.12.2008

Судскиот процес за „малтретираните работници на ГП Маврово“, кој е еден од четирите предмети од конфликтот во 2001, што Хашкото обвинителство ги врати на процесуирање во Македонија, денеска треба да продолжи во Основниот суд Скопје - 1. Првото рочиште за овој процес беше одржано во октомври, кога судијата Горан Бошевски соопшти дека до МВР е доставена наредба за издавање потерници по обвинетите.

Продолжува судењето за малтретираните работници на ГП Маврово во 2001

Алсат-М - 03.12.2008

Судскиот процес за „малтретираните работници на ГП Маврово“, кој е еден од четирите предмети од конфликтот во 2001, што Хашкото обвинителство ги врати на процесуирање во Македонија, денеска треба да продолжи во Основниот суд Скопје - 1. Првото рочиште за овој процес беше одржано во октомври, кога судијата Горан Бошевски соопшти дека до МВР е доставена наредба за издавање потерници по обвинетите.

Одложено судењето за “мавровски работници“

Форум - 03.12.2008

Третото продолжение на судскиот процес за малтретирањето на работниците на “Маврово“, денеска, не се одржа, поради отсуство на повеќето обвинети. Судијата, Горан Бошевски, го закажа следното рочиште за 24 декември. Судијата Бошевски, рече дека не е постапено по наредба на судот за обезбедување на дел од обвинетите. Судот, од МВР, не добил известување дали е постапено по наредбата.

Џемаили не се појави на рочиштето за „Мавровските работници“

Алсат-М - 03.12.2008

Поради отсуство на обвинетите, и денеска не се одржа судскиот процес за случајот “Мавровски работници“. Од 23 обвинети, пред судот се појавија само Фадил Ферати, како и и Саит Рушити и Хавзи Муслиу, кои издржуваат затворска казна за други дела. На денешното рочиште не се појави ниту пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, поради, според неговиот адвокат, здравствени проблеми.

Трето одложување на судскиот процес за малтретираните мавровски работници

Алфа - 03.12.2008

Судијата Горан Бошевски и денеска во судница попусто го чекаше Хисен Џемаили пратеник на ДУИ обвинет за малтретирање на градежните работници во 2001 та. Џемаили се разболе, го оправда непојавувањето во судот неговиот адвокат Таип Елези. Побара од судијата да го укине притворот на Џемаили оти немало опасност тој да избега надвор од државата. Во барањето го понуди пасошот како гаранција.

Продолжува судењето за малтретираните работници на ГП Маврово во 2001

Кирилица - 03.12.2008

На листата од 23 обвинети први се Фадил Ферати и Шкодран Идризи, кои веќе беа притворени пред да се отстапи предметот на Хаг, но и ослободени, од кога им се губи трагата. Распишани се потерници по нив, бидејќи се недостапни за органите на ...

Продолжува судењето за малтретираните работници на ГП Маврово во 2001

Канал5 - 03.12.2008

Судскиот процес за „малтретираните работници на ГП Маврово“, кој е еден од четирите предмети од конфликтот во 2001, што Хашкото обвинителство ги врати на процесуирање во Македонија, денеска треба да продолжи во Основниот суд Скопје - 1. Првото рочиште за овој процес беше одржано во октомври, кога судијата Горан Бошевски соопшти дека до МВР е доставена наредба за издавање потерници по обвинетите.

Пратеникот Хисен Џемаили недостапен за судот

Сител - 03.12.2008

Трет неуспешен старт на судењето за случајот “Мавровски работници”. По три месеци од почетокот на процесот полицијата нема обезбедено ниту еден од 19-те обвинети против кои има распишано потерница. Како и досега на судењето беа донесени само Саит Рушити и Фазли Мусли кои веќе издржуваат казна затвор и Фадиљ Ферати кој доброволно се пријави во судот.

Повторно не почна судењето за случајот „Мавровски работници“

Канал5 - 03.12.2008

Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили никако да одговори на поканата за судење и на налогот за притвор. И денеска пропадна уште еден обид за старт на судењето за малтретираните мавровски работници. Судот само заклучи дека полицијата не ги пронашла обвинетите за воено злосторство и го одложи судењето за 24 декември. За сега судијата Горан Бошевски не се решава да му суди на пратеникот во отсуство.

Судот бара притвор, МВР трага, Џемаили на слобода

Вечер Прес - 03.12.2008

Поради повеќе неоправдани отсуства Собранието му ја намали платата на Џемаили за шеесет проценти. Случајот "Мавровски работници" е еден од четирите кои трибуналот во Хаг ги врати во Македонија. Владеачката ДУИ смета дека за нив важи законот за амнестија. Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили обвинет за случајот "Малтретирање градежни работници" од конфликтот во 2001 година вчера не се појави ниту на ...

По трет пат одложен судскиот процес за мавровските работници

Вечер Прес - 03.12.2008

По трет пат одложен судскиот процес за мавровските работници. Почетокот на судскиот процес малтретирани мавровски работници, денеска по трет пат е одложен, бидејќи од 22 обвинети за воени злосторства, во Основниот суд Скопје 1, беа присутни само тројца.

Процесот “Мавровски работници“ повторно одложен

Нетпрес - 03.12.2008

Судскиот процес за малтретирањето на работниците на “Маврово“, и денеска, не се одржа поради не присуство и на повеќето обвинети. Главниот претрес се одложува по трет пат. Новото рочиште е закажано за 24 декември. Судијата Горан Бошевски информираше дека не е постапено по наредба на судот за обезбедување на дел од обвинетите. Не добиле известување од МВР, дали постапиле по наредбата.

Судот го чека пратеникот на ДУИ

Макфакс - 03.12.2008

Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили обвинет за инволвираност во малтретирањето на градежните работници за време на конфликтот во 2001 година денеска треба да се појави пред Судот во Скопје. Џемаили, иако во Парламентот јавно вети дека ќе се појавува на судењето во скопскиот кривичен суд, досега тоа не го стори. Судот и полицијата досега не успеаја да обезбедат присуство на пратеникот на судењата.

Одложен процесот Мавровски работници

Макфакс - 03.12.2008

Судскиот процес „Мавровски работници“ денеска повторно е одложен поради отсуство на обвинетите. Процесот веќе три месеци „тапка во место“ поради неажурноста на органите кои не обезбедуваат информации за обвинетите. Судот упорно бара од полицијата да ги најде обвинетите, од полицијата пак континуирано информираат дека по нив се трага, а адвокатите на обвинетите наведуваат дека нив воопшто никој не ...

Џемаили ќе дојде ако му е ќеф

Време - 02.12.2008

Во Основниот суд Скопје 1 утре треба да се одржи судскиот процес за малтретирањето на петтемина работници на ГП „Маврово“ извршено во 2001 година од тогашните припадници на паравоената формација ОНА. Се уште е неизвесно дали првообвинетиот Хисен Џемаили, кој сега е пратеник на ДУИ во парламентот, ќе се појави во судницата. Џемаили не присуствуваше на претходните претреси.

Јанкуловска: Нема резултати од потрагата по Хисен Џемаили

Алфа - 02.12.2008

Неизвесно е дали пратеникот Хисен Џемаили утре ќе се појави на судењето за малтретирањето на петте градежни работници во конфликната 2001. И неговиот адвокат Таип Елези не знае што ќе се случи утре иако за Алфа пред речиси два месеци тврдеше дека Џемаили ќе доаѓа на судските рочишта и дека не бегал од полицијата. Тврдеше и уште дека пратеникот е во државава и дека не знае зошто МВР не го апси.

Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили останува недостапен за полицијата

Канал5 - 02.12.2008

Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили останува недостапен за полицијата и пред утрешниот обид за почеток на судскиот процес за малтретираните мавровски работници. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска рече дека полицијата досега не успеала да го изврши судскиот налог и да го обезбеди Џемаили за утрешното рочиште.

Ни трага ни глас од хисен Џемаили

Сител - 02.12.2008

Иако третото рочиште е закажано за утре, од стартот на судењето пред три месеци и потерници против сите, полицијата нема обезбедено ниту еден од обвинетите. - Министерството за надворешни работи постапува по наредбата на судот. Ние работиме, трагаме по обвинетите, но се уште намаме конкретни податоци.