TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Охридското раководство на НСДП премина во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 24.02.2008

Целото раководство и уште 300 членови на охридската НСДП денеска ги вратија партиските книшки и со потпишување пристапници преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Има најави дека во најголемата владејачка партија ќе преминат уште 1.000 или речиси сите охридски членови на НСДП.

Мирјана Секуловска од НСДП во ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 23.02.2008

Пратеничката Мирјана Секуловска вчера ја напушти НСДП и премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како причина за заминувањето ги посочи несогласувањата со ставовите на НСДП. - Долго и' робував на пратеничката група на НСДП и констатирав дека е илузорно да очекувам трансформација во нивните ставови со кои ...

НСДП се раситни во Собранието

Време - 23.02.2008

ПРАТЕНИЧКИ ПОМЕСТУВАЊА Пратеничката од НСДП Мирјана Секуловска, вчера, во Собранието објави дека преминува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од собрани-ската говорница објави дека отсега во Парламентот ќе ги застапува интересите на владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ купува пратеници, обвини НСДП

Утрински - 23.02.2008

Мирјана Секуловска, конечно, премина во ВМРО-ДПМНЕ, а со неа и разгранокот на НСДП во Охрид Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со аплауз го поздравија трансферот на Секуловска, по што следуваше и честење во Клубот на пратениците: од поранешните седници на Собранието Потпретседателот на НСДП, Иван ...

Жените бегаат од Тито

Вест - 23.02.2008

КРИЗА ВО НСДП По Јагнула Куновска, вчера пратеничката група на НСДП ја напушти и Мирјана Секуловска, која премина во ВМРО-ДПМНЕ Владината НСДП е во криза оти нејзини пратеници постојано преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ. По Јагнула Куновска, вчера пратеничката група ја напушти и пратеничката Мирјана ...

И пратеничката Секуловска премина во ВМРО-ДПМНЕ

Вечер Прес - 23.02.2008

Со бурен аплауз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера го поздравија преминувањето на пратеничката Мирјана Секуловска од НСДП, во редовите на нивната партија. Таа својата одлука ја соопшти од собраниската говорница, по што заедно прославија во собранискиот Клуб на пратеници.

Пратеничка премина од НСДП во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 22.02.2008

НСДП се ситни. Пратеничката од Охрид, Мирјана Секуловска, премина во ВМРО-ДПМНЕ. Од собраниската говорница свечено објави дека од денеска во Парламентот ќе ги застапува интересите на партијата на Груевски. „Долго време јас робував на моето најнепосредно опкружување во Собранието, а тоа е ...

Продолжува да се ситни пратеничката група на НСДП

Канал5 - 22.02.2008

По Јагнула Куновска уште една пратеничка на Петковски замина во ВМРО ДПМНЕ. Лидерот Петковски вели дека потегот на Секулоска бил очекуван и дека не е загрижен за најновата ситуација во неговата партија. - Сакам да ве информирам дека од овој момент натаму јас ќе дејствувам како пратеник на ВМРО ...

Бумерангот на лидерот Петковски

Вечер Прес - 22.02.2008

Наспроти јавно декларираната демократија во партијата, Петковски со "чисти удбашки методи" почнал да се пресметува со своите неистомисленици, обвинува Секуловска Ескалира расколот во Новата социјадемократска партија на Тито Петковски, во пресрет на првиот Конгрес на партијата, што треба да се одржи ...

СТЕЧАЈЦИТЕ ОД КУМАНОВО ГО ИСВИРКАА ЛИДЕРОТ НА НСДП

Вест - 18.02.2008

Дваесетина стечајни работници вчера напладне протестираа пред Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, додека партијата НСДП ја одбележуваше двегодишнината од постоењето. Со свирежи и извици на негодување го пречекаа лидерот на партијата Тито Петковски.

Петковски_ НСДП не стравува од предвремени избори

Утрински - 18.02.2008

КУМАНОВО - „ВМРО-ДПМНЕ секој ден се однесува како да е во изборна кампања. Не е значајно прашањето дали ќе има избори, туку колку се потребни во овој период. НСДП не стравува од предвремени избори, без разлика на внатрешните турбуленции“, изјави вчера лидерот на НСДП Тито Петковски вчера во ...

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ навестува предвремени избори

Вест - 18.02.2008

Како што работат премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ - секоја вечер, секој ден се некаде на кампања, навестува дека ќе има избори, смета лидерот на НСДП Тито Петковски. "Пресудно е да има 61 пратеник што ќе го притиснат зеленото копче во Парламентот за предвремени избори.