TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Платите за средно образование поделени, за основното в понеделник

Утрински - 28.02.2004

Според информациите од надлежното министерство Вработените во средното образование вчера ги добија јануарските плати, а оние во основното се очекува да добијат пари в понеделник. Оваа информација ја потврдија и директори на скопски средни и на основни училишта.

Денеска плати за средното образование, утре за основното

Утрински - 26.02.2004

Министерството за финансии го информирало СОНК Вработените во средното образование денеска ќе ја добијат јануарската плата, а утре пари ќе им бидат поделени и на наставниците од основното образование. Ова е информацијата што Министерството за финансии му ја пренело на претседателот на Синдикатот за ...

Денеска се решава дали ќе има штрајк

Време - 26.02.2004

НЕМА ПЛАТА ЗА ПРОСВЕТНИТЕ, КУЛТУРНИТЕ И НАУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ Триесетте илјади просветни, културни и научни работници ниту вчера не ја добија јануарската плата. Синдикатот за образование и наука на денешната седница на Советот ќе одлучи дали ќе го реактивира штрајкот. - Немаме добиено плата.

Вработените во СОНК и денеска не добија плата

А1 - 25.02.2004

Вработените во основното и средното образование и во културните институции денеска не ја добија јануарската плата и покрај најавите од Владата дека најдоцна до крајот на денешниот работен ден ќе им биде исплатена платата на сите 37.000 вработени во образованието, науката и културата.

Денеска плати за просветарите

Дневник - 25.02.2004

ОБРАЗОВАНИЕ Просветарите денеска ќе добијат плати. Од јануарската ќе им бидат скратени 10 отсто поради петдневниот штрајк, а февруарската ќе ја добијат целосно, најави министерот за образование Азис Положани. - Платите доцнеа бидејќи чекавме училиштата да ни испратат списоци на вработените и на ...

Вработените во образованието, наука и култура и денеска останаа со куси ракави

Канал5 - 25.02.2004

Просветните работници и денеска не ја добија јануарската плата. Утре, Советот на СОНК ќе донесе одлука дали ќе го реактивира штрајкот во образованието, науката и културата поради доцнењето на платите. Како што информираат од Синдикатот, од Просветните работници и денеска не ја добија јануарската ...

Положани вети дека просветарите денеска ќе земат плата

Утрински - 25.02.2004

По заканите на СОНК за реактивирање на штрајкот Просветарите, најверојатно, денеска ќе добијат јануарска плата, потврди вчера министерот за образование и наука, Азис Положани, одговарајќи на заканите на Синдикатот за образование, наука и култура, кои најавија активирање на штрајкот во образованието.

Професорите денеска ќе добијат плата

Време - 25.02.2004

МИНИСТЕРОТ ПОЛОЖАНИ ВЕТИ Просветните, културните и научните работници денеска ќе ја добијат јануарската плата, вети Азис Положани, министер за образование и наука. - Загрижува фактот што доцнат платите, но тоа произлегува од административни проблеми. Со интензивна работа тоа ќе го надминеме.

ДОЦНЕЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Е ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТНИТЕ СПИСОЦИ

Канал5 - 24.02.2004

Владата на денешната седница констатира дека доцнењето на исплатата на јануарските плати во одредени институции кои учествуваа во штрајкот е поради доцнење на платните списоци што ги доставуваат директорите на училиштата. Се очекува до утре овие Владата на денешната седница констатира дека ...

Повторно штрајк?

Вест - 24.02.2004

СОНК ГИ ПРЕКИНА ПРЕГОВОРИТЕ СО ВЛАДАТА ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ Во четврток, на седница на Советот на СОНК постои можност повторно да се активира генералниот штрајк, доколку Владата не соопшти зошто се уште не ги исплаќа платите во образованието, науката и културата Поради доцнење на исплатата на ...

Ако не се исплатат платите до четврток, штрајкот во образованието продолжува

Утрински - 24.02.2004

СОНК незадоволен од доцнењето на примањата на наставниците Доколку до четврток, 26 февруари, не се исплатат платите на вработените во науката, образованието и културата, членовите на нивниот синдикат (СОНК), најверојатно ќе го продолжат генералниот штрајк, кој на 15 февруари беше ставен во мирување.

Од петок пак без школо?

Дневник - 24.02.2004

СОНК СЕ ЗАКАНУВА Ако до четврток, за кога е закажана седница на Советот на СОНК, не се надминат проблемите со исплатата на јануарската плата во образованието, културата и во наука, најверојатно СОНК повторно ќе ги прекине преговорите и ќе го активира генералниот штрајк, изјави на вчерашната ...

СОНК повторно во штрајк ако не им се исплатат нивните плати

А1 - 23.02.2004

Вработените во образованието, науката и културата ќе стапат повторно во штрајк ако до четврток не им бидат исплатени јануарските плати кои доцнат две недели, тврди нивниот синдикален лидер Цветановски. „Доколку најдоцна до четврток не се надмине проблемот со исплата на платите на вработените во ...