TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Белград ќе се разгледува извештајот од С.О.С сигналот

А1 - 14.03.2004

Утре од Сараево во Белград треба да стигне извештајот од ЈАТ за С.О.С сигналот, кој го примил авион на оваа компанија испратен од црната кутија само час и половина по уривањето на претседателскиот авион кај Мостар. Оваа информација ќе биде споредена со досегашните, вклучувајќи ги и најновите ...

Бегиќ: „Побаравме од ЈАТ да ни достави информации за пилотот“

А1 - 13.03.2004

Истрагата за авионската несреќа во која загинаа претседателот Трајковски и македонската делегација е во завршна фаза. За А1, шефот на специјалната босанска комисија, Салко Бегиќ вели ги очекуваме резултатите за црната кутија од Германија и писмената изјава од пилотот на ЈАТ, но и без тоа ги имаме ...

Црната кутија дешифрирана, податоците тајна

Дневник - 13.03.2004

ИСТРАГА Комисијата за истражување на причините за несреќата на владиниот авион "кингер" кај Мостар ги комплетира податоците од регистарот на податоци за летот и регистарот на разговори од црната кутија, кои беа на анализа во лабораторија во Германија, соопшти Управата за цивилна воздушна пловидба ...

Податоците за урнатиот "кингер" комплетирани, истрагата продолжува во Сараево

Вест - 13.03.2004

Комисијата за истражување на причините за несреќата на авионот во кој загина претседателот Трајковски и уште осум лица, ги комплетираше податоците од Регистерот на податоци и регистерот на разговори од црната кутија кои беа на анализа во Германија.

Реконструкција на авионската несреќа од понеделник

Утрински - 13.03.2004

Истрагата и натаму без нови информации Најавената информација од Управата за цивилна воздушна пловидба, која вчера, во вид на соопштение, беше испратена до медиумите, а од која се очекуваше дека ќе даде барем првични информации за сознанијата до кои е дојдено по преслушување на делот од црната ...

Мемеди: „Грешката е во авијацијата, најголемиот терет останува кај нас“

А1 - 12.03.2004

„Јас за жал немам информација за тоа дека некој авион на ЈАТ слушнал нешто. Слушнав за тоа меѓутоа многу ми е жал за мистериозниот колега од ЈАТ зошто тоа не го кажал уште веднаш, бидејќи со тоа ќе ни помогнеше и нас во истрагата на 26 февруари.

Комисијата за заврши истрагата во Скопје за падот на авионот

А1 - 12.03.2004

Комисијата за истражување на причините за уривање на претседателскиот македонски авион, со кој загина шефот на државата Борис Трајковски и осум члена членови на делегацијата и на екипажот, ги заврши испитувањата во Скопје, официјално соопшти денеска Министерството за сообраќај и врски на Босна и ...

Податоците од Скопје се уште не стигнале во Сараево

Вест - 12.03.2004

ГОТОВ ПРЕЛИМИНАРНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА НЕСРЕЌАТА НА КИНГЕРОТ Информацијата е доставена до ИКАО, македонската Влада и федералната воздухопловна администрација во САД. Од понеделникот, во Скопје се наоѓа дел од тимот кој работи на собирање на податоците кои треба да г Прелиминарниот извештај на Комисијата ...

Неисправната црна кутија нема да ја спречи истрагата

Дневник - 12.03.2004

ПРВ ИЗВЕШТАЈ Неправилната работа на регистраторот на податоци за летот од црната кутија не би требало да ја попречи истрагата за причините за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, сметаат воздухопловните експерти.

Црните кутии нема да ја расветлат несреќата

Вест - 12.03.2004

Флајт дата рикордерот и снимките од разговорите во пилотската кабина во авионот со кој загина претседателот Борис Трајковски нема многу да го расветлат случајот околу несреќата, бидејќи и двата уреда биле стари и неисправни, ја пренесе вчера изјавата на Салко Бегиќ, агенцијата АП.

БиХ располога со доволно податоци за авионската несреќа во Мостар

А1 - 11.03.2004

Босанската владина комисија задолжена за истрагата на несреќата на „Кингерот“ располага со доволно податоци за расветлување на причините на несреќата. Се работи внимателно за да се избегнат шпекулациите, а вистината за несреќата ќе биде објавена и пред законскиот рок од 60 дена, изјави за А1 ...

Можно е никогаш да не се откријат причините за несреќата

Време - 11.03.2004

ИЛИР МЕХМЕТИ, ДИРЕКТОР НА УЦВ Емил Зафировски Четворица босански и еден домашен експерт три дена во Скопје ги испитуваат причините за авионската несреќа во која животите ги загубија претседателот Борис Трајковски и осумте негови сопатници.

Босанските истражни органи ги сослушаа француските контролори

Утрински - 11.03.2004

Според претседателот на Комисијата за истражување на причините на падот на авионот на Трајковски Сараево - Членови на Комисијата од БиХ, што ја водат истрагата околу причините за уривањето на авионот во кој се наоѓаше македонскиот претседател Борис Трајковски, разговарале со француските контролори ...

„Кингерот“ летал со неисправна црна кутија

Дневник - 11.03.2004

ИСТРАГАТА ВО ГЕРМАНИЈА УТВРДИЛА Десет минути откако ја загубил радиоврската со авионот, СФОР упатил две патроли во потрага, но тие „кингерот“ го барале далеку од местото на уривањето Црната кутија во владиниот „кингерр“ била неисправна уште пред да полета од Скопскиот аеродром кон Мостар, каде што ...

Утре првични резултати од истрагата за несреќата на претседателот

А1 - 10.03.2004

Утре, според најавите треба да бидат соопштени првичните резултати од досегашната истрагата за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и македонската делегација. Веќе 3 дена, во Скопје се експертски тимови на комисијата за истрага при Владата на Босна и Херцеговина, кои ...

Кингерот бил технички исправен

А1 - 09.03.2004

Кингерот бил технички исправен и се е во ред со лиценците и здравствените уверенија на пилотите. Ова во предстражната постапка го утврдиле македонските истражни органи. Сите документи кои го потврдуваат тоа, се во ресорното министерство за транспорт и врски.

Вистината за падот на „кингерот“ ќе се знае за еден месец

Време - 09.03.2004

СПОРЕД НАЈАВИТЕ НА ИСТРАЖНАТА КОМИСИЈА Емил Зафировски Мистеријата во врска со авионската несреќа на македонскиот „кингер“, во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови сопатници, останува неразјаснета и единаесет дена по трагичниот настан.

Дешифрирани првите податоци од црната кутија

Дневник - 09.03.2004

ИСТРАГАТА ПРОДОЛЖУВА ВО СКОПЈЕ Сослушани се сите лица вмешани во случајот и собрани се квалитетни материјални докази Истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски продолжува во Скопје со увид во податоците за членовите на екипажот и за авионот, соопштуваат од ...

Преслушана лентата со разговорите во кингерот, деталите не се соопштуваат

Утрински - 09.03.2004

Тимот за анализа на податоците од црната кутија во неделата се врати од Германија во Сараево со прелиминарна анализа Тимот за анализа на податоците од црната кутија што беше извадена од владиниот "кингер" што се урна кај Мостар и во кој животот го загубија претседателот Борис Трајковски, неговите ...

Во Сараево донесени податоците од црните кутии

А1 - 08.03.2004

Тимот за анализа на податоците од регистрите на податоците за летот и на разговори од црната кутија од Германија во Сараево ги донесе прелиминарните резултати од анализата. Прелиминарните резултати од анализата на надлежната Комисија детално ќе ги анализира и ќе ги спореди со другиот доказен ...

Истрагата за несреќата на авионот се префрли во Скопје

А1 - 08.03.2004

Истрагата за несреќата на авионот во кој беа претседателот Борис Трајковски и македонската делегација се префрли во Скопје. Претставници на комисијата за истрага, од Босна и Херцеговина заедно со претставници од република Македонија овде во управата на дирекцијата за цивилно воздушна пловидба, зад ...